Озирис-Рекс Archives - Република https://republika.mk/tema/oziris-reks/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jul 2023 14:37:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Озирис-Рекс Archives - Република https://republika.mk/tema/oziris-reks/ 32 32 НАСА вежбаше прифаќање и безбедно складирање на примероци од астероид донесени со вселенско летало https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-vezhbashe-prifakane-i-bezbedno-skladirane-na-primerotsi-od-asteroid-doneseni-so-vselensko-letalo/ Wed, 26 Jul 2023 18:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=660733

Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) изведе симулација на својата прва мисија за прифаќање, пренос и безбедно складирање примероци од астероид на Земјата.

Планот е вселенското летало „Озирис-Рекс“ (OSIRIS-REx) на НАСА да испорача примероци од астероидот Бену на нашата планета на 24 септември, а тимот што треба да стигне до нив, мора да дејствува многу брзо. Имено, капсулата што ги носи примероците, ќе падне со падобран во пустината во Јута, а тимот мора да стигне таму што е можно поскоро за да се избегне контаминација од Земјата што би го расипала примерокот.

Капсулата ќе биде прикачена за хеликоптер и пренесена по воздушен пат. Токму затоа тимот на мисијата „Озирис-Рекс“ го спроведе тестот, како подготовка за она што треба да се случи за два месеца.

Леталото „Озирис-Рекс“ веќе слета на Бену пред три години и собра примерок од неговата карпеста површина, па сега е во последната етапа од своето патување назад кон Земјата. Мисијата „Озирис-Рекс“ е првиот обид на НАСА да испорача примерок земен од астероид, но Јапонската вселенска агенција - ЈАКСА веќе го направи тоа двапати за време на двете мисии „Хајабуса“.

Американското летало беше лансирано на 8 септември 2016 година, а на астероидот Бену слета во октомври 2020 година. Научниците се надеваат дека собраните примероци ќе дадат нови сознанија за улогата на астероидите во овозможувањето живот на Земјата. Можно е вселенските астероиди да донеле дел од градивата на нашата планета.

Според предвидудањата и плановите на НАСА, леталото во 2029 година има нова цел, односно треба да лета кон астероидот Апофис.

The post НАСА вежбаше прифаќање и безбедно складирање на примероци од астероид донесени со вселенско летало appeared first on Република.

]]>

Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) изведе симулација на својата прва мисија за прифаќање, пренос и безбедно складирање примероци од астероид на Земјата. Планот е вселенското летало „Озирис-Рекс“ (OSIRIS-REx) на НАСА да испорача примероци од астероидот Бену на нашата планета на 24 септември, а тимот што треба да стигне до нив, мора да дејствува многу брзо. Имено, капсулата што ги носи примероците, ќе падне со падобран во пустината во Јута, а тимот мора да стигне таму што е можно поскоро за да се избегне контаминација од Земјата што би го расипала примерокот. Капсулата ќе биде прикачена за хеликоптер и пренесена по воздушен пат. Токму затоа тимот на мисијата „Озирис-Рекс“ го спроведе тестот, како подготовка за она што треба да се случи за два месеца. Леталото „Озирис-Рекс“ веќе слета на Бену пред три години и собра примерок од неговата карпеста површина, па сега е во последната етапа од своето патување назад кон Земјата. Мисијата „Озирис-Рекс“ е првиот обид на НАСА да испорача примерок земен од астероид, но Јапонската вселенска агенција - ЈАКСА веќе го направи тоа двапати за време на двете мисии „Хајабуса“. Американското летало беше лансирано на 8 септември 2016 година, а на астероидот Бену слета во октомври 2020 година. Научниците се надеваат дека собраните примероци ќе дадат нови сознанија за улогата на астероидите во овозможувањето живот на Земјата. Можно е вселенските астероиди да донеле дел од градивата на нашата планета. Според предвидудањата и плановите на НАСА, леталото во 2029 година има нова цел, односно треба да лета кон астероидот Апофис.

The post НАСА вежбаше прифаќање и безбедно складирање на примероци од астероид донесени со вселенско летало appeared first on Република.

]]>