овчи сипаници Archives - Република https://republika.mk/tema/ovchi-sipanitsi/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 07:37:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png овчи сипаници Archives - Република https://republika.mk/tema/ovchi-sipanitsi/ 32 32 551 лице со овчи сипаници во јуни, пад во однос на заболени во мај https://republika.mk/zivot/zdravje/551-litse-so-ovchi-sipanitsi-vo-juni-pad-vo-odnos-na-zaboleni-vo-maj/ Sat, 13 Jul 2024 08:26:50 +0000 https://republika.mk/?p=796306

Во текот на јуни, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 551 пријавено лице. Се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници, како во однос на претходниот месец мај - 837, така и во однос на јуни 2023 кога евидентирани биле 760 заболени, покажува најновиот месечен билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движење на заразни заболувања за јуни.

Потоа следуваат ентероколитиси, голема кашлица, салмонелози, бактериски алиментарни инфекции и интоксикации, па шуга.

- Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, регистрирани се девет заболени лица. Од нив, шест случаи на инфекција со хламидија, два случаја на сифилис и еден случај на вирусен хепатитис Ц, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Во јуни пријавени биле еден потврден случај на ХИВ и два случаја на СИДА, сите од машки пол. Во однос на возраста - по едно лице кое припаѓа на возрасната група од 20 до 29, од 30 до 39 и од 50 до 59 години.

- Во вкупниот број на пријавените случаи на вакцино - превентабилни болести, 98.3 проценти се случаи на голема кашлица, како резултат на тековната епидемија на територијата на град Скопје и на Куманово. Во оваа група на заболувања, регистрирани се и два случаја на заразни заушки на возраст од три односно седум години, вакцинирани согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во Република Македонија. Дијагнозата е лабораториски потврдена. Во текот на јуни, пријавен е еден случај на мали сипаници. Се работи за шестгодишно дете од село Лабуништа, Струга, хоспитализирано на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Детето не е вакцинирано со МРП-вакцина, пишува во извештајот.

Претходниот месец, Клиниката за детски болести во Скопје го пријавила и првиот случај на акутна флакцидна парализа (АФП), во текот на 2024 година.

- Регистрираниот случај е 13,5-годишно дете од село Рогле, општина Желино, тетовско. АФП случајот е редовно вакциниран со пет дози на ОПВ согласно возраста и Календарот за имунизација. Од АФП случајот и два блиски контакта се земени примероци за вирусолошко испитување на полиомиелит и други ентеровируси, кои се испратени во Референтната лабораторија на СЗО во Софија, Pепублика Бугарија. Добиените резултати се негативни, односно во тестираните материјали не се изолирани ентеровируси, појаснуваат од ИЈЗ.

Во текот на месец јуни, пристигната била една пријава за заразно заболување кај странски државјанин - голема кашлица кај лице од Косово, кое престојувало во државава.

За истиот период, во ИЈЗ била пристигната една пријава за епидемија на заразна болест.

- На 17 јуни, ЦЈЗ - Скопје пријави епидемија на toxoinfectio alimentaris на територијата на град Скопје. Епидемијата е пријавена со седум заболени лица од вкупно 70 експонирани, кои консумирале храна подготвена во ист објект, хоспитализирани нема. ЦЈЗ - Скопје во соработка со АХВ и ДСЗИ изврши санитарно - хигиенски и епидемиолошки увид во објектот каде била подготвувана храната. Земени се материјали за микробиолошка анализа - од мостри храна, брисеви од работни површини и испироци од раце на вработените. Од страна на ЦЈЗ - Скопје, предложени се соодветни санитарно - хигиенски и против епидемиски мерки. Објектот беше затворен до добивање негативни резултати од земените материјали. Епидемијата е одјавена на 26 јуни, пишува во извештајот на ИЈЗ.

The post 551 лице со овчи сипаници во јуни, пад во однос на заболени во мај appeared first on Република.

]]>

Во текот на јуни, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 551 пријавено лице. Се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници, како во однос на претходниот месец мај - 837, така и во однос на јуни 2023 кога евидентирани биле 760 заболени, покажува најновиот месечен билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движење на заразни заболувања за јуни. Потоа следуваат ентероколитиси, голема кашлица, салмонелози, бактериски алиментарни инфекции и интоксикации, па шуга. - Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, регистрирани се девет заболени лица. Од нив, шест случаи на инфекција со хламидија, два случаја на сифилис и еден случај на вирусен хепатитис Ц, пишува во извештајот на ИЈЗ. Во јуни пријавени биле еден потврден случај на ХИВ и два случаја на СИДА, сите од машки пол. Во однос на возраста - по едно лице кое припаѓа на возрасната група од 20 до 29, од 30 до 39 и од 50 до 59 години. - Во вкупниот број на пријавените случаи на вакцино - превентабилни болести, 98.3 проценти се случаи на голема кашлица, како резултат на тековната епидемија на територијата на град Скопје и на Куманово. Во оваа група на заболувања, регистрирани се и два случаја на заразни заушки на возраст од три односно седум години, вакцинирани согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во Република Македонија. Дијагнозата е лабораториски потврдена. Во текот на јуни, пријавен е еден случај на мали сипаници. Се работи за шестгодишно дете од село Лабуништа, Струга, хоспитализирано на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Детето не е вакцинирано со МРП-вакцина, пишува во извештајот. Претходниот месец, Клиниката за детски болести во Скопје го пријавила и првиот случај на акутна флакцидна парализа (АФП), во текот на 2024 година. - Регистрираниот случај е 13,5-годишно дете од село Рогле, општина Желино, тетовско. АФП случајот е редовно вакциниран со пет дози на ОПВ согласно возраста и Календарот за имунизација. Од АФП случајот и два блиски контакта се земени примероци за вирусолошко испитување на полиомиелит и други ентеровируси, кои се испратени во Референтната лабораторија на СЗО во Софија, Pепублика Бугарија. Добиените резултати се негативни, односно во тестираните материјали не се изолирани ентеровируси, појаснуваат од ИЈЗ. Во текот на месец јуни, пристигната била една пријава за заразно заболување кај странски државјанин - голема кашлица кај лице од Косово, кое престојувало во државава. За истиот период, во ИЈЗ била пристигната една пријава за епидемија на заразна болест. - На 17 јуни, ЦЈЗ - Скопје пријави епидемија на toxoinfectio alimentaris на територијата на град Скопје. Епидемијата е пријавена со седум заболени лица од вкупно 70 експонирани, кои консумирале храна подготвена во ист објект, хоспитализирани нема. ЦЈЗ - Скопје во соработка со АХВ и ДСЗИ изврши санитарно - хигиенски и епидемиолошки увид во објектот каде била подготвувана храната. Земени се материјали за микробиолошка анализа - од мостри храна, брисеви од работни површини и испироци од раце на вработените. Од страна на ЦЈЗ - Скопје, предложени се соодветни санитарно - хигиенски и против епидемиски мерки. Објектот беше затворен до добивање негативни резултати од земените материјали. Епидемијата е одјавена на 26 јуни, пишува во извештајот на ИЈЗ.

The post 551 лице со овчи сипаници во јуни, пад во однос на заболени во мај appeared first on Република.

]]>
Зголемен е бројот на заболени со овчи сипаници, пријавени се 825 случаи, има и шуга и заушки https://republika.mk/zivot/zdravje/zgolemen-e-brojot-na-zaboleni-so-ovchi-sipanitsi-prijaveni-se-825-sluchai-ima-i-sluchai-na-shuga-i-zaushki/ Mon, 22 Apr 2024 09:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=769189

Во текот на март пријавени сe вкупно 1.431 заболени од акутни заразни заболувања што е зголемување за 27 проценти во однос на февруари. Најчесто акутно заболување биле овчите сипаници, а регистрирани се и случаи на заушки и шуга, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според извештајот, пријавени се два случаи на заразни заушки и тоа кај лице над 60 години, невакцинирано и кај дете во возрасна група од 5 до 9 години, вакцинирано.

Во текот на март регистрирани се и случаи на шуга кај странски државјанин од Турција и инфективна мононуклеоза кај странски државјанин од Косово.

Во текот на март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 825 пријавени лица. Тие во вкупниот број заболени во месецот учествуваат со 57,7 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 58,5 проценти. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 24,8 отсто, додека во однос на месец март 2023, се регистрира намалување за 9,4 проценти, наведува ИЈЗ.

На второ место по бројот на пријавени заболени во март е големата кашлица.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се 19 заболени лица. Пријавени се девет случаи на сифилис, шест случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на вирусен хепатит Ц и еден случај на инфекција со хламидија.

Пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА во текот на март. Од машки пол се пет лица и еден од женски пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години.

Регистрирани се и шест случаи на вирусен хепатитис Б и три случаи на пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски, пишува во извештајот на ИЈЗ.

The post Зголемен е бројот на заболени со овчи сипаници, пријавени се 825 случаи, има и шуга и заушки appeared first on Република.

]]>

Во текот на март пријавени сe вкупно 1.431 заболени од акутни заразни заболувања што е зголемување за 27 проценти во однос на февруари. Најчесто акутно заболување биле овчите сипаници, а регистрирани се и случаи на заушки и шуга, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Според извештајот, пријавени се два случаи на заразни заушки и тоа кај лице над 60 години, невакцинирано и кај дете во возрасна група од 5 до 9 години, вакцинирано. Во текот на март регистрирани се и случаи на шуга кај странски државјанин од Турција и инфективна мононуклеоза кај странски државјанин од Косово.
Во текот на март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 825 пријавени лица. Тие во вкупниот број заболени во месецот учествуваат со 57,7 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 58,5 проценти. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 24,8 отсто, додека во однос на месец март 2023, се регистрира намалување за 9,4 проценти, наведува ИЈЗ.
На второ место по бројот на пријавени заболени во март е големата кашлица. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се 19 заболени лица. Пријавени се девет случаи на сифилис, шест случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на вирусен хепатит Ц и еден случај на инфекција со хламидија. Пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА во текот на март. Од машки пол се пет лица и еден од женски пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години.
Регистрирани се и шест случаи на вирусен хепатитис Б и три случаи на пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски, пишува во извештајот на ИЈЗ.
   
The post Зголемен е бројот на заболени со овчи сипаници, пријавени се 825 случаи, има и шуга и заушки appeared first on Република.

]]>
Детето е изолирано, нема никаква опасност, вели директорката за случајот со овчи сипаници на Детска клиника https://republika.mk/vesti/makedonija/deteto-e-izolirano-nema-nikakva-opasnost-veli-direktorkata-za-sluchajot-so-ovchi-sipanitsi-na-detska-klinika/ Tue, 21 Mar 2023 12:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=622055

Директорката на Детската клиника Стојка Нацева- Фуштиќ потврди дека кај нив е примено 17-годишно момче кое има овчи сипаници.

Нацева-Фуштиќ во изјава за МИА вели дека нема никаква опасност од детето бидејќи тоа е изолирано и има протоколи по кои се работи.

Станува збор за дете со церебрална парализа, неподвижно, на респираторна поддршка беше цел месец ипол на интензивна, пуштено е пред неколку дена, доаѓа тука со тешко дишење, интубирано е, сместено е на Одделот пулмологија во посебна контактна изолација. Таму се работи со посебна сестра, која носи заштитна опрема и мантил и маска, визер, ракавици. Има протоколи по кои се работи, нагласи Нацева-Фуштиќ.

Таа појасни дека се работи за 17 - годишник со 15 килограми и апелираше да се почитува приватноста на пациентите и да се внимава при пренесување на информации во јавноста.

The post Детето е изолирано, нема никаква опасност, вели директорката за случајот со овчи сипаници на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Директорката на Детската клиника Стојка Нацева- Фуштиќ потврди дека кај нив е примено 17-годишно момче кое има овчи сипаници. Нацева-Фуштиќ во изјава за МИА вели дека нема никаква опасност од детето бидејќи тоа е изолирано и има протоколи по кои се работи.
Станува збор за дете со церебрална парализа, неподвижно, на респираторна поддршка беше цел месец ипол на интензивна, пуштено е пред неколку дена, доаѓа тука со тешко дишење, интубирано е, сместено е на Одделот пулмологија во посебна контактна изолација. Таму се работи со посебна сестра, која носи заштитна опрема и мантил и маска, визер, ракавици. Има протоколи по кои се работи, нагласи Нацева-Фуштиќ.
Таа појасни дека се работи за 17 - годишник со 15 килограми и апелираше да се почитува приватноста на пациентите и да се внимава при пренесување на информации во јавноста.

The post Детето е изолирано, нема никаква опасност, вели директорката за случајот со овчи сипаници на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Младо момче со овчи сипаници примено на Интензивна, било во контакт со бебиња и критично болни https://republika.mk/zivot/zdravje/mlado-momche-so-ovchi-sipanitsi-primeno-na-intenzivna-bil-vo-kontakt-so-bebina-i-kritichno-bolni/ Mon, 20 Mar 2023 19:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=621759

Шеснаесетгодишно дете, кое било заразено со варичела – овчи сипаници било хоспитализирано на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“.

Наводно детето било примено на интензивна нега, а денес во текот на денот е изолирано на Одделот за пулмологија на истата клиника.

Нашите извори уште додаваат дека детето е во лоша здравствена состојба, а според резултатите е високо инфективно, односно во моментот има највисок степен на зараза. Но, тоа што е најстрашно во целата приказна е што детето вчера кога било примено веднаш било однесено на Интензивна, каде што било во контакт со сите бебиња и деца, кои лежат таму, а се најкритични и најтешко болни, со што се ставаат во опасност да им биде пренесена заразата, а на тој начин и животот им е во ризик, пишува Фокус.

Освен децата, во опасност од зараза е цел персонал, кој се движи низ сите одделенија и со самото тоа, опасноста од зараза е сериозна и за сите хоспитализирани деца во моментот.

Оттука, се поставуваат прашањата дали постои можност од епидемија од овчи сипаници на Детската клиника во Скопје? Дали постојаните протоколи се почитуваат, дали овие деца се изолираат и како е заштитен персоналот, кој работи со нив, со оглед на тоа што станува збор за една од најзаразните болести.

The post Младо момче со овчи сипаници примено на Интензивна, било во контакт со бебиња и критично болни appeared first on Република.

]]>

Шеснаесетгодишно дете, кое било заразено со варичела – овчи сипаници било хоспитализирано на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“. Наводно детето било примено на интензивна нега, а денес во текот на денот е изолирано на Одделот за пулмологија на истата клиника.
Нашите извори уште додаваат дека детето е во лоша здравствена состојба, а според резултатите е високо инфективно, односно во моментот има највисок степен на зараза. Но, тоа што е најстрашно во целата приказна е што детето вчера кога било примено веднаш било однесено на Интензивна, каде што било во контакт со сите бебиња и деца, кои лежат таму, а се најкритични и најтешко болни, со што се ставаат во опасност да им биде пренесена заразата, а на тој начин и животот им е во ризик, пишува Фокус.
Освен децата, во опасност од зараза е цел персонал, кој се движи низ сите одделенија и со самото тоа, опасноста од зараза е сериозна и за сите хоспитализирани деца во моментот. Оттука, се поставуваат прашањата дали постои можност од епидемија од овчи сипаници на Детската клиника во Скопје? Дали постојаните протоколи се почитуваат, дали овие деца се изолираат и како е заштитен персоналот, кој работи со нив, со оглед на тоа што станува збор за една од најзаразните болести.

The post Младо момче со овчи сипаници примено на Интензивна, било во контакт со бебиња и критично болни appeared first on Република.

]]>
Зголемен бројот на заболени деца од варичела во Куманово https://republika.mk/zivot/zdravje/zgolemen-brojot-na-zaboleni-detsa-od-varichela-vo-kumanovo/ Wed, 28 Dec 2022 12:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=590974

Зголемен е бројот на деца заболени од варичела или познато како овчи сипаници во Куманово, информираа денеска епидемиолози од Центарот за јавно здравје.

Лекарите од јавната здравствена установа велат дека трендот на зголемување на бројката на заболени, пред сè деца, почнал од октомври, годинава.

Станува збор за акутно заболување, карактеристично за детска возраст. Речиси 80 проценти од заболените во Куманово се деца од предучилишна и училишна возраст од нула до 14 години, има и новороденчиња, но и возрасни членови на семејствата на заболените дечиња, изјави доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.

Таа појаснува дека станува збор за капкова инфекција, што се пренесува преку кашлање, кивање, говор и преку непосреден допир. Педијатрите ги пријавуваат заболените. Болеста се манифестира со појава на осип што започнува од главата. Лекувањето во најголем дел е во домашни услови бидејќи најчесто, заболените деца поминуваат со лесна клиничка слика, но, има и случаи со воспаление на белите дробови при намален имунитет.

The post Зголемен бројот на заболени деца од варичела во Куманово appeared first on Република.

]]>

Зголемен е бројот на деца заболени од варичела или познато како овчи сипаници во Куманово, информираа денеска епидемиолози од Центарот за јавно здравје. Лекарите од јавната здравствена установа велат дека трендот на зголемување на бројката на заболени, пред сè деца, почнал од октомври, годинава.