овации Archives - Република https://republika.mk/tema/ovacii/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 11:01:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png овации Archives - Република https://republika.mk/tema/ovacii/ 32 32 Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија https://republika.mk/vesti/kultura/bis-i-ovatsii-za-ana-durlovski-na-rodendenskiot-kontsert-go-slavime-jubilejot-na-filhamonija/ Fri, 11 Oct 2024 11:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=825485

Со бис и овации беше награден настапот на македонската оперска певица, сопранистката Ана Дурловски, синоќа на концертот „Го славиме јубилејот“ во Македонската филхармонија, која годинава одбележува 80 години од постоењето.

Македонската филхармонија, со полна сала, на најубав начин ја започна јубилејната сезона, насловена „Одисеја“.

Гостин диригент на концертот беше Јерухам Шаровски од Израел, кој за Ана Дурловски изјави дека е една од најдбрите оперски певици со кои работел во својата долгогодишна кариера.

Овој оркестар е моето срце, со него се врзани моите почетоци, првиот настап со оркестар го имав токму со Македонската филхармонија, кажа Ана Дурловски пред концертот.

Ана Дурловски, првенка во МОБ, и постојан член на ансамблот на Операта во Штутгард, Германија триумфално се врати на сцената по пауза од седум години.

За роденденскиот концерт беше изведена светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев и премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд. По паузата, на репертоарот беше симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски.

Следниот концерт е на 17 октомври и тогаш гостува францускиот пијанист Лука Дебарг, а ќе диригира Бар Авни од Израел.

The post Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија appeared first on Република.

]]>

Со бис и овации беше награден настапот на македонската оперска певица, сопранистката Ана Дурловски, синоќа на концертот „Го славиме јубилејот“ во Македонската филхармонија, која годинава одбележува 80 години од постоењето. Македонската филхармонија, со полна сала, на најубав начин ја започна јубилејната сезона, насловена „Одисеја“. Гостин диригент на концертот беше Јерухам Шаровски од Израел, кој за Ана Дурловски изјави дека е една од најдбрите оперски певици со кои работел во својата долгогодишна кариера.
Овој оркестар е моето срце, со него се врзани моите почетоци, првиот настап со оркестар го имав токму со Македонската филхармонија, кажа Ана Дурловски пред концертот.
Ана Дурловски, првенка во МОБ, и постојан член на ансамблот на Операта во Штутгард, Германија триумфално се врати на сцената по пауза од седум години. За роденденскиот концерт беше изведена светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев и премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд. По паузата, на репертоарот беше симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски. Следниот концерт е на 17 октомври и тогаш гостува францускиот пијанист Лука Дебарг, а ќе диригира Бар Авни од Израел.

The post Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија appeared first on Република.

]]>
Овации и бис на премиерата на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген https://republika.mk/scena/muzika/ovatsii-i-bis-na-premierata-na-muzichkiot-dokumentaren-film-efterklang-makedonium-bend-vo-kopenhagen/ Wed, 27 Mar 2024 08:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=759132

На 23 март 2024 во рамките на фестивалот CPH:DOX во Копенхаген, Данска се одржа светската премиера на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во режија на Андреас Јонсен, а прикажан во специјалната програма „Sound & Vision”.

Премиерата беше во концертната сала 2 на градиозниот објект DB Koncerthuset во срцето на Данска. Присустуваа повеќе од илјада гледачи на двете распродадени проекции, каде по истите следеа и двата настапи на музичкиот состав чиј наслов го носи и самиот филм. „Eфтеркланг: Македониум бенд” е прв филм во продукција на МКЦ Скопје, задно со Rumraket и Rosfort од Данска, како македонско - данска ко-продукција, соооштија од МКЦ.

Ефтеркланг: Македониум бенд е всушност мета музички бенд, составен од данскиот ансамбл Ефтеркланг, кои во нивната непрекината 20 годишна кариера, експерименталната музичка инспирација ја црпат од сите страни на светот. Од македонска страна, во составот се вбројуваат музичарите Дина Јашари, Ива Дамјановски, Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Мартина Баракоска, Јане Трајковски и Женскиот младински хор при МКЦ, секој како посебен, уникатен дел во прекрасниот музички калеидоскоп од 22 изведувачи на бина.

Оваа плејада на неверојатни уметници, на двата последователни концерти, изнудија овации од присутната публика која по вториот концерт и побараниот бис, се крена на нозе и развиори македонско оро кое продолжи и вон концертната просторија.

Оваа неверојатна ноќ, исполнета со невидени емоции која сите не донесе до солзи, делумно од тага, но и од неверојатна среќа и радост не потсети дека сите, на уметничко ниво, не врзуваат исти емоции. Убавата музика создадена од вистински поврзани уметнички души не ежи сите на ист начин секаде во светот, не тера да веруваме во поубаво утре и да создаваме подобар свет. Самите песни кои беа изведени се универзални пораки за неверојатната моќ на љубовта, на заедништвото, на храброста да се биде жив како и на потребата за убавина. Никогаш нема да го заборавиме, она што ни се случи таа вечер во Копенхаген. Триумф на универзалната љубов. Особено ми е драго што овој филм, е прв вистински документарен филм во продукција на МКЦ Скопје, што не прави сите особено горди“ - вели Владица Младеновски, музичкиот уредник во МКЦ и воедно еден од главните ликови во филмот.

Музичките настапи на 22 члениот музички состав на „Eфтеркланг: Македониум бенд” беа доказ дека Македонија е земја на вечна музичка инспирација, која се преведува на најубавиот можен јазик на светот, јазикот на срца кои бијат во ист такт.

За сега, филмот “Eфтеркланг: Македониум бенд” има закажни 18 проекции низ територијата на Данска, како и своја премиера на фестивалот “Milenium Docs Gravity” во Варшава, додека во Македонија, својата домашна премиера ќе ја има на отворањето на 23.издание на фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС во Скопје, на 11 јули 2024 година во МКЦ, со концерт на целокупниот ансамбл.

Филмот беше снимен во април 2023 година, каде дел од активностите врзани со неговата реализација беа финансирани од страна на Министерството за култура.

Фото: Младински културен центар

The post Овации и бис на премиерата на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген appeared first on Република.

]]>

На 23 март 2024 во рамките на фестивалот CPH:DOX во Копенхаген, Данска се одржа светската премиера на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во режија на Андреас Јонсен, а прикажан во специјалната програма „Sound & Vision”.
Премиерата беше во концертната сала 2 на градиозниот објект DB Koncerthuset во срцето на Данска. Присустуваа повеќе од илјада гледачи на двете распродадени проекции, каде по истите следеа и двата настапи на музичкиот состав чиј наслов го носи и самиот филм. „Eфтеркланг: Македониум бенд” е прв филм во продукција на МКЦ Скопје, задно со Rumraket и Rosfort од Данска, како македонско - данска ко-продукција, соооштија од МКЦ.
Ефтеркланг: Македониум бенд е всушност мета музички бенд, составен од данскиот ансамбл Ефтеркланг, кои во нивната непрекината 20 годишна кариера, експерименталната музичка инспирација ја црпат од сите страни на светот. Од македонска страна, во составот се вбројуваат музичарите Дина Јашари, Ива Дамјановски, Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Мартина Баракоска, Јане Трајковски и Женскиот младински хор при МКЦ, секој како посебен, уникатен дел во прекрасниот музички калеидоскоп од 22 изведувачи на бина. Оваа плејада на неверојатни уметници, на двата последователни концерти, изнудија овации од присутната публика која по вториот концерт и побараниот бис, се крена на нозе и развиори македонско оро кое продолжи и вон концертната просторија.
Оваа неверојатна ноќ, исполнета со невидени емоции која сите не донесе до солзи, делумно од тага, но и од неверојатна среќа и радост не потсети дека сите, на уметничко ниво, не врзуваат исти емоции. Убавата музика создадена од вистински поврзани уметнички души не ежи сите на ист начин секаде во светот, не тера да веруваме во поубаво утре и да создаваме подобар свет. Самите песни кои беа изведени се универзални пораки за неверојатната моќ на љубовта, на заедништвото, на храброста да се биде жив како и на потребата за убавина. Никогаш нема да го заборавиме, она што ни се случи таа вечер во Копенхаген. Триумф на универзалната љубов. Особено ми е драго што овој филм, е прв вистински документарен филм во продукција на МКЦ Скопје, што не прави сите особено горди“ - вели Владица Младеновски, музичкиот уредник во МКЦ и воедно еден од главните ликови во филмот.
Музичките настапи на 22 члениот музички состав на „Eфтеркланг: Македониум бенд” беа доказ дека Македонија е земја на вечна музичка инспирација, која се преведува на најубавиот можен јазик на светот, јазикот на срца кои бијат во ист такт. За сега, филмот “Eфтеркланг: Македониум бенд” има закажни 18 проекции низ територијата на Данска, како и своја премиера на фестивалот “Milenium Docs Gravity” во Варшава, додека во Македонија, својата домашна премиера ќе ја има на отворањето на 23.издание на фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС во Скопје, на 11 јули 2024 година во МКЦ, со концерт на целокупниот ансамбл. Филмот беше снимен во април 2023 година, каде дел од активностите врзани со неговата реализација беа финансирани од страна на Министерството за култура. Фото: Младински културен центар

The post Овации и бис на премиерата на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген appeared first on Република.

]]>
Стоечки овации за Трпчески во Ванкувер https://republika.mk/vesti/kultura/stoechki-ovatsii-za-trpcheski-vo-vankuver/ Wed, 31 Jan 2024 08:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=738835

Одлично е што се вратив во Ванкувер по некое време, со симфонијата на Ванкувер и маестро Николас Елис!, напиша на својот фејсбук профил Симон Трпчески по настапот во Ванкувер.

Ви благодариме за стоечките овации од топлата публика во Ванкувер 3 пати!

Прекрасно е да се сретнам со групата Македонци и пријатели далеку од дома!

До следниот пат...

The post Стоечки овации за Трпчески во Ванкувер appeared first on Република.

]]>

Одлично е што се вратив во Ванкувер по некое време, со симфонијата на Ванкувер и маестро Николас Елис!, напиша на својот фејсбук профил Симон Трпчески по настапот во Ванкувер.
Ви благодариме за стоечките овации од топлата публика во Ванкувер 3 пати! Прекрасно е да се сретнам со групата Македонци и пријатели далеку од дома! До следниот пат...

The post Стоечки овации за Трпчески во Ванкувер appeared first on Република.

]]>
Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Венеција https://republika.mk/scena/film/odlichni-kritiki-i-stoechki-ovatsii-za-domakinstvo-za-pochetnitsi-na-goran-stolevski-vo-venetsija/ Fri, 08 Sep 2023 19:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=680077

„Нов триумф на Горан Столевски со приказната за маргинализирани луѓе” - вака реномираното британско филмско списание Screen Daily ја започнува својата критика за најновото остварување на режисерот Столевски, а додека Deadline вели дека е режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил и е име коа треба да се запомни.

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје вчера ја имаше светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, во рамките на натпреварувачката програма „Orizzonti“. Публиката на популарната „Мостра“ во Венеција уште еднаш ќе може да го погледне филмот денеска со почеток во 15.30 часот.

Во преполната сала „Дарсена“ во Венеција, „Домаќинство за почетници“ ја воодушеви публиката, која со голем аплауз и долги стоечки овации ги награди режисерот Горан Столевски и актерската екипа во филмот.

Уште една потврда за квалитетот на филмот и неговиот одличен прием во Венеција се бројните критики објавени веднаш по вчерашната светска премиера.

Screen Daily во својата рецензија наведува дека: „Најновото дело на Горан Столевски е извонредно филмско остварување - нескротлива, дива детална драма која е набиена со таква енергија, што практично добивате статичен шок на екранот. Карактеристичниот глас на режисерот Столевски полн со самодоверба е препознатлив уште од самиот почеток. Тој исклучително самоуверено ја држи атмосферата помеѓу напнато расположение и страв од загубата и неговата нарација е свежа, автентична и навистина возбудлива“, се дел од пофалбите во критиката на Screen Daily.

Deadline, кој го карактеризира Горан Столевски како режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил истакнува дека се работи за име кое треба да се запомни:

„Сè што прави Столевски е насочено кон тоа да пренесе какво е секојдневието на луѓето заглавени во сопствените конфликти, во простор кој секогаш изгледа премал. Тој намерно ги притиска страните на секој кадар и делува како да нема доволно простор за протагонистите на снимката. Внатрешните простори никогаш не се дефинирани - камерата речиси секогаш се префрла меѓу лицата на луѓето, доловувајќи ги нивните изрази додека се надвикуваат еден со друг. Се работи за анасмбл од луѓе кој е толку природен во своето заедништо, што се чини дека ја живеат вистинската приказна“, нагласува Deadline во својата рецензија.

Cineuropa во својата критика наведува дека Столевски го испорачува еден од најдобрите филмови во Венеција оваа година. „Столевски во филмот се занимава со многу мали и големи трагедии и вистинско чудо е како успева сето тоа да изгледа дури и смешно. Режисерот има смисол за хумор, но е нежен, емпатичен и искрен и многу добрo ги кореографира неуредните групни сцени, правејќи ги лесни за следење. Сите ликови се грижат еден за друг, и бидејќи не се работи за американски филм – не мораат да кажат ‘те сакам’, секогаш кога ќе ја напуштат просторијата“, стои во рецензијата на Cineuropa.

„Домаќинство за почетници“ e во продукција на Лист Продукција – Скопје, и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а ќе биде дистрибуриран на територијата на САД, преку компанијата Focus Features. Universal Pictures ќе биде интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

Филмот на Горан Столевски оваа година ќе го отвори 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола, кое се одржува од 23 до 29 септември.

The post Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Венеција appeared first on Република.

]]>

„Нов триумф на Горан Столевски со приказната за маргинализирани луѓе” - вака реномираното британско филмско списание Screen Daily ја започнува својата критика за најновото остварување на режисерот Столевски, а додека Deadline вели дека е режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил и е име коа треба да се запомни. Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје вчера ја имаше светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, во рамките на натпреварувачката програма „Orizzonti“. Публиката на популарната „Мостра“ во Венеција уште еднаш ќе може да го погледне филмот денеска со почеток во 15.30 часот. Во преполната сала „Дарсена“ во Венеција, „Домаќинство за почетници“ ја воодушеви публиката, која со голем аплауз и долги стоечки овации ги награди режисерот Горан Столевски и актерската екипа во филмот. Уште една потврда за квалитетот на филмот и неговиот одличен прием во Венеција се бројните критики објавени веднаш по вчерашната светска премиера. Screen Daily во својата рецензија наведува дека: „Најновото дело на Горан Столевски е извонредно филмско остварување - нескротлива, дива детална драма која е набиена со таква енергија, што практично добивате статичен шок на екранот. Карактеристичниот глас на режисерот Столевски полн со самодоверба е препознатлив уште од самиот почеток. Тој исклучително самоуверено ја држи атмосферата помеѓу напнато расположение и страв од загубата и неговата нарација е свежа, автентична и навистина возбудлива“, се дел од пофалбите во критиката на Screen Daily. Deadline, кој го карактеризира Горан Столевски како режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил истакнува дека се работи за име кое треба да се запомни: „Сè што прави Столевски е насочено кон тоа да пренесе какво е секојдневието на луѓето заглавени во сопствените конфликти, во простор кој секогаш изгледа премал. Тој намерно ги притиска страните на секој кадар и делува како да нема доволно простор за протагонистите на снимката. Внатрешните простори никогаш не се дефинирани - камерата речиси секогаш се префрла меѓу лицата на луѓето, доловувајќи ги нивните изрази додека се надвикуваат еден со друг. Се работи за анасмбл од луѓе кој е толку природен во своето заедништо, што се чини дека ја живеат вистинската приказна“, нагласува Deadline во својата рецензија. Cineuropa во својата критика наведува дека Столевски го испорачува еден од најдобрите филмови во Венеција оваа година. „Столевски во филмот се занимава со многу мали и големи трагедии и вистинско чудо е како успева сето тоа да изгледа дури и смешно. Режисерот има смисол за хумор, но е нежен, емпатичен и искрен и многу добрo ги кореографира неуредните групни сцени, правејќи ги лесни за следење. Сите ликови се грижат еден за друг, и бидејќи не се работи за американски филм – не мораат да кажат ‘те сакам’, секогаш кога ќе ја напуштат просторијата“, стои во рецензијата на Cineuropa. „Домаќинство за почетници“ e во продукција на Лист Продукција – Скопје, и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а ќе биде дистрибуриран на територијата на САД, преку компанијата Focus Features. Universal Pictures ќе биде интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа. Филмот на Горан Столевски оваа година ќе го отвори 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола, кое се одржува од 23 до 29 септември.

The post Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Венеција appeared first on Република.

]]>
„Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис“ порача Орбан и доби овации во Тексас https://republika.mk/vesti/svet/pomalku-drag-kralici-i-povekje-chak-noris-poracha-orban-i-dobi-ovacii-vo-teksas/ Fri, 05 Aug 2022 07:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=536955

Со овации и громогласен аплауз беше поздравен вчерашниот говор на унгарскиот премиер Виктор Орбан на конференцијата на американските конзервативци во Далас, Тексас.

Во дел од говорот Орбан порача дека „христијански политичар не може да биде расист“ и дека оние кои го сметаат за расист или антисемитист се „едноставно идиоти“.

Веќе можам да ги видам утрешните наслови. „Екстремно десничарскиот европски расист и антисемитски моќник, Тројанскиот коњ на Путин, одржува говор на конзервативната конференција. Но, не сакам да им давам идеи, тие најдобро знаат како да пишуваат лажни вести, рече Орбан.

Унгарскиот премиер, исто така, рече дека „Западот е заглавен во судир на цивилизации“. Тој ги критикуваше поранешниот американски претседател Барак Обама, Џорџ Сорос и „глобалистите“.

Мораме да ги вратиме институциите во Вашингтон и во Брисел. Мораме да го координираме движењето на нашите војници, бидејќи се соочуваме со истиот предизвик, рече унгарскиот премиер.

Им порача на присутните дека имаат две години да се подготват, aлудирајќи на претседателските избори во САД во 2024 година.

Орбан предизвика овации кога читаше од унгарскиот устав, според кој бракот е само меѓу еден маж и една жена.

Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис, рече тој.

Во вторникот, Орбан го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговиот клуб за голф во Њу Џерси.

Трамп, кој го опиша Орбан во изјава како негов пријател, ќе се обрати до CPAC во сабота.

The post „Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис“ порача Орбан и доби овации во Тексас appeared first on Република.

]]>

Со овации и громогласен аплауз беше поздравен вчерашниот говор на унгарскиот премиер Виктор Орбан на конференцијата на американските конзервативци во Далас, Тексас. Во дел од говорот Орбан порача дека „христијански политичар не може да биде расист“ и дека оние кои го сметаат за расист или антисемитист се „едноставно идиоти“.
Веќе можам да ги видам утрешните наслови. „Екстремно десничарскиот европски расист и антисемитски моќник, Тројанскиот коњ на Путин, одржува говор на конзервативната конференција. Но, не сакам да им давам идеи, тие најдобро знаат како да пишуваат лажни вести, рече Орбан.
Унгарскиот премиер, исто така, рече дека „Западот е заглавен во судир на цивилизации“. Тој ги критикуваше поранешниот американски претседател Барак Обама, Џорџ Сорос и „глобалистите“.
Мораме да ги вратиме институциите во Вашингтон и во Брисел. Мораме да го координираме движењето на нашите војници, бидејќи се соочуваме со истиот предизвик, рече унгарскиот премиер.
Им порача на присутните дека имаат две години да се подготват, aлудирајќи на претседателските избори во САД во 2024 година. Орбан предизвика овации кога читаше од унгарскиот устав, според кој бракот е само меѓу еден маж и една жена.
Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис, рече тој.
Во вторникот, Орбан го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговиот клуб за голф во Њу Џерси. Трамп, кој го опиша Орбан во изјава како негов пријател, ќе се обрати до CPAC во сабота.    

The post „Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис“ порача Орбан и доби овации во Тексас appeared first on Република.

]]>
Овации за Народен театар Битола на европскиот фестивал во Темишвар https://republika.mk/vesti/kultura/ovacii-za-naroden-teatar-bitola-na-evropskiot-festival-vo-temishvar/ Tue, 24 May 2022 11:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=506373

Со долготраен аплауз и овации, синоќа во романскиот град Темишвар е награден ансамблот на НУ Народен театар-Битола чии актери ја изведоа претставата History of motherfuckers по Кориолан од Вилијам Шекспир во режија на Андраш Урбан.

Од НУ Народен теара-Битола информираат дека битолските актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски, по завршувањето на претставата невообичаено долго останале на сцената поздравени од домашната публика.

На регионалниот театарски европски фестивал во Темишвар годинава настапуваат ансамбли и театарски групи од Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Данска, Франција, Хрватска и Србија, а македонскската театарска сцена ја претставува НУ Народен театар-Битола со претставата која е одиграна на повеќе сцени во земјава и странство.

The post Овации за Народен театар Битола на европскиот фестивал во Темишвар appeared first on Република.

]]>

Со долготраен аплауз и овации, синоќа во романскиот град Темишвар е награден ансамблот на НУ Народен театар-Битола чии актери ја изведоа претставата History of motherfuckers по Кориолан од Вилијам Шекспир во режија на Андраш Урбан. Од НУ Народен теара-Битола информираат дека битолските актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски, по завршувањето на претставата невообичаено долго останале на сцената поздравени од домашната публика. На регионалниот театарски европски фестивал во Темишвар годинава настапуваат ансамбли и театарски групи од Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Данска, Франција, Хрватска и Србија, а македонскската театарска сцена ја претставува НУ Народен театар-Битола со претставата која е одиграна на повеќе сцени во земјава и странство.  

The post Овации за Народен театар Битола на европскиот фестивал во Темишвар appeared first on Република.

]]>
Овации за „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа во Битола https://republika.mk/vesti/kultura/ovacii-za-gospogjicite-od-avinjon-sinokja-vo-bitola/ Wed, 20 Apr 2022 09:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=491021

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ посветен на музите на Пикасо синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола

Ова музичко-сценско дело изведено од Националната опера и балет нè однесе на едно космополитско патување, задржувајќи го вниманието на публиката од првата до последната сцена.

Госпоѓиците од Авињон во претставата ги отелотворија, со извонредната балетска игра, Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија.

Олга Панго, која е и режисер на претставата, Горан Божинов и Саша Евтимова направија впечатлива кореографија, а заедно со сценографските елементи на Валентин Светозарев вклопени во приказната, но и играта на светлото за кое беше задолжен Милчо Александров, костимите на Раде Василев и шминкaта на Златица Поповска, ни овозможија неверојатна балетска магија.

За атрактивноста на оваа балетска приказна зборуваат и позитивните реакции на присутната публика синоќа во Битола, која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, и особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената.

фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

The post Овации за „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа во Битола appeared first on Република.

]]>

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ посветен на музите на Пикасо синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола

Ова музичко-сценско дело изведено од Националната опера и балет нè однесе на едно космополитско патување, задржувајќи го вниманието на публиката од првата до последната сцена. Госпоѓиците од Авињон во претставата ги отелотворија, со извонредната балетска игра, Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија. Олга Панго, која е и режисер на претставата, Горан Божинов и Саша Евтимова направија впечатлива кореографија, а заедно со сценографските елементи на Валентин Светозарев вклопени во приказната, но и играта на светлото за кое беше задолжен Милчо Александров, костимите на Раде Василев и шминкaта на Златица Поповска, ни овозможија неверојатна балетска магија. За атрактивноста на оваа балетска приказна зборуваат и позитивните реакции на присутната публика синоќа во Битола, која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, и особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената.  

фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

The post Овации за „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа во Битола appeared first on Република.

]]>
Овации за премиерата на претставата „Мајка“ во Битолски театар https://republika.mk/vesti/kultura/ovacii-za-premierata-na-pretstavata-majka-vo-bitolski-teatar/ Sat, 09 Apr 2022 13:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=485837

Синоќа на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во Народниот театар во Битола се одигра премиерата на претставата “Мајка“ во режија на Благој Мицевски.

Пиесата „Мајка“ е оптимално драматуршки функционален текст, со парадоксална структура која лесно се витка (п)од загатката што ни ја поставува авторот преку играта на реалностите (дали настаните навистина се случуваат или се предадени само преку претставата-халуцинација на Мајката, или се случува и едното и другото, или секој од ликовите носи своја претстава за настаните?) со јазик што е лексички едноставен и непретенциозен по смисла.

Текстот „Мајка“ остава впечаток дека е напишан со ноншалантност и леснотија поради префинетата духовитост и приемлив ритам на дијалозите, но неговата структура крие прецизна аутопсија на човечкото Јас во областа на секојдневните човечки односи, во кои опстојува смислата на постоењето.

Режијата е на Благој Мицевски, а во претставата играат: Соња Михајлова, Петар Горко, Марија Стефановска и Антонио Китановски.

Сценографијаат е на Валентин Светозарев, видео и костим Благој Мицевски, музика Александар Димовски, а светло го постави Игор Мицевски.

The post Овации за премиерата на претставата „Мајка“ во Битолски театар appeared first on Република.