ОУ „Крсте Мисирков“ Archives - Република https://republika.mk/tema/ou-krste-misirkov/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 12:12:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОУ „Крсте Мисирков“ Archives - Република https://republika.mk/tema/ou-krste-misirkov/ 32 32 Јаневска: По шест децении се гради нов објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во Гази Баба https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-po-shest-detsenii-se-gradi-nov-objekt-na-ou-krste-misirkov-vo-gazi-baba/ Fri, 18 Oct 2024 12:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=828501

Премногу долго траеја овие монтажни бараки. Конечно по 6 децении ќе бидат заменети со нов, достоен објект за образување и за ова треба да му се честита на градоначалникот, на советот, на пратениците и на сите кои беа истрајни во изминатиот период за да стигнат до овој момент – конечно целта да почне да се реализира, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, на поставувањето камен темелник за изградба на нов училишен објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во општина Гази Баба.

Инвестирањето во образованието е темел на секое современо и просперитетно општество. Нам како Влада тоа ни е сосема јасно и затоа оваа област е поставена меѓу високите приоритети во програмските определби“, рече Јаневска, додавајќи дека инфраструктурата е еден од трите столбови на кои се потпира квалитетот на образованието, покрај наставните програми и учебниците, и мотивираните наставници.

Министерството за образование и наука во моментов реализира 36 крупни капитални инвестиции, односно изградби на училишта и темелни реконструкции, како и 40 помали санации во училишни објекти.

Камо среќа да затекневме полна каса пред три месеци, наместо целосно испразнета, па да можевме уште повеќе да го помогнеме образованието и сите негови чинители. Затоа пак, следната година планираме буџет од над 40 милијарди денари што е значително зголемување во споредба со претходните кои достигнуваа до 30 милијарди. Уверувам дека ќе го вратиме образованието на вистинскиот пат, со добра стратегија и со поддршка на локалните самоуправи, на граѓанскиот сектор и на меѓународните партнери“ изјави министерката.

Новиот училишен објект ќе има два спрата со 30 училници и вкупна површина од 3.128 квадратни метри. Вредноста на инвестицијата е 170 милиони денари обезбедени од Владата. Изградбата на училиштето ќе се реализира за 24 месеци.

The post Јаневска: По шест децении се гради нов објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во Гази Баба appeared first on Република.

]]>