отворено студио Archives - Република https://republika.mk/tema/otvoreno-studio/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Jun 2022 19:04:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отворено студио Archives - Република https://republika.mk/tema/otvoreno-studio/ 32 32 Отворено студио пред влада: Оваа река на народ кажува дека е премногу од политиките на владата на СДСМ, потребни се промени и предвремени парламентарни избори, граѓаните сами да одлучат за својата иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/otvoreno-studio-pred-vlada-ovaa-reka-na-narod-kazuva-deka-e-premnogu-od-politikite-na-vladata-na-sdsm-potrebni-se-promeni-i-predvremeni-parlamentarni-izbori-gragjanite-sami-da-odluchat-za-svojata-idni/ Sat, 18 Jun 2022 19:04:49 +0000 https://republika.mk/?p=516996

Она што се случува е заокружување на една авантура во која оваа власт влезе пред пет години со промената на името на државата и го отвори процесот на нејзиното обезличување така што ова е едно крешчендо што се случува во односите со Бугарија. Односно заокружување на еден процес кој почна со преспанскиот договор а треба да се заврши со договорот за добрососедство со Бугарија“ истакна поранешниот амбасадор и професор Звонимир Јанкуловски во Отвореното студио пред влада на Протестот за промени – Премногу е!.

Јанкуловски истакна и дека власта не доведе до ситуација на маѓепсан круг во надворешните односи и безалтернативност.

Оваа авантура како што гледате во основа не доведе до ситуација на еден маѓепсан круг, круг на безнадежност, безизлезност и она што е најтрагично за една надворешна политика а тоа е безалтернативност. Она што оваа влада ни го понуди е без алтернативноста во надворешната политика и би рекол наивноста да не употребам полош збор затоа што да верувате на ветување во надворешната политика е малку повеќе од наивно. Да немате исцртани црвени линии односно национални интереси кои треба да ги следите во надворешната политика тоа е многу страшно, тоа го видовме, а кога немате исцртани јасни национални интереси ова што ви се случува е само последица на тоа, додаде Јанкуловски.

Во надворешната политика доминантен е интересот а не љубовта или довербата едни кон други така што оваа влада токму тоа го запостави. Наместо да се концентрираме на реформите и внатре во државата целиот напор што владата го прави е надворешно политичко рекомпонирање или репозиционирање на Македонија, притоа губејќи го она суштинското она битното а тоа е идентитетот на државата, изјави тој.

Игор Николов, претседател на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ вели дека се праќа јасна порака дека на народот му е доста и бараат компетентно и професионално решавање и на здравствената и на останатите кризи и дека едно е сигурно, вака не смее да продолжи.

Изминативе години сведоци сме на неспособност. Ние бевме сведоци на криза без преседан менаџирана на најнеспособен начин која ја плативме со големи жртви. Пораката која доаѓа денеска е дека после таа здравствена криза, неспособни се да лечат економска криза, изјави Николов.

Николов како пример за неспособното работење на СДСМ потенцираше дека дојде фактурата за прекинување на проектот за клинички Мајка Тереза и таа чини 8,5 милиони евра затоа што договорот е прекинат.

Според универзитетската професорка и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, Собранието личи на сопственост на Претседателот на Собранието, а тој не личи на Претседател на Собранието туку на Каудиљо.

Собранието личи на сопственост на Претседателот на Собранието, а тој не личи на Претседател на Собранието туку на Каудиљо. Човек кој доаѓа 2 саати по предвиденото време, кој си дава збор кога сака и зборува колку сака тогаш тој е човек кој не верува во демократијата. Собранието е затворено. Единствената комисија која е Уставна е комисијата за заштита на слободите и правата. Таа не може да се состане бидејќи требало согласнот од Претседателот, рече Силјановск Давкова во Отвореното студио пред влада на големиот протест за промени – Премногу е!

Извештаите за работата на различни органи сеуште не се дневен ред. Ова е единственото Собрание на планетава кое нема календар. Кој диктира кога ќе имаме седници ? Тоа е Претседателот. Тоа го нема никаде во Европа, затоа таквото Собрание не треба да постои. Потребни се нови парламентарни избори на кое ние навистина ќе се водиме од она што се нарекува „Жан Моне“ процес воден од европскиот парламент, објасни Силјановска Давкова.

Линковско вклучување во Отвореното студио имаше и пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков вели време е владата да се освести и веднаш да се оди на предвремени парламентарни избори, како и дека молкот не опција, масовниот протест покажал дека граѓаните сакаат сами да одлучат за својата судбина и иднина.

Огромни реки од луѓе одат кон владата и покажуваме и докажуваме дека е  жива Македонија. Молкот не е опција затоа што оние кои ја водат државата не можат да не го сакаат сопствениот народ. Не можете да ја водите државата а да бидете криминалци, не можете да ја водите државата а да не го слушате гласот на народот. Овде пред владата сме да порачаме еве го тој напатен македонски народ кој што секој ден живее потешко со политиките на оваа влада, со оние кои што не се избрани од никого а седат во владата и ги трошат народните пари. Овде сме да им порачаме дека секој од нас има право на глас и бараме што побрзо предвремени парламентари избори, за да можеме ние и овој народ кој што ќе го видите оваа вечер сам да одлучува за својата судбина, судбината и иднината на нашите деца. Бараме владата конечно да се освести и предвремени парламентарни избор, неизбраниот да си оди од власт, порача Лефков.

The post Отворено студио пред влада: Оваа река на народ кажува дека е премногу од политиките на владата на СДСМ, потребни се промени и предвремени парламентарни избори, граѓаните сами да одлучат за својата иднина appeared first on Република.

]]>

Премногу е, потребни се промени во енергетиката, образованието, владата на СДСМ и ДУИ донесе порази – рекоа соговорниците пред Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/premnogu-e-potrebni-se-promeni-vo-energetikata-obrazovanieto-vladata-na-sdsm-i-dui-donese-porazi-rekoa-sogovornicite-pred-vladata/ Sat, 18 Jun 2022 18:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=516953

5 години сме сведоци на едно Собрание коешто не функционира, имено преку непочитување на опозицијата Собранието е само продолжена рака на Владата предводена од СДСМ и ДУИ. И денеска овој протест гледаме дека ќе има огромен одзив, огромна масовност, пристигнуваат автобуси од цела Македонија кои се незадоволни. Голем дел од сето тоа има и Собранието, функционирањето на поделбата на власта. Она што можеби и јас како пратеник најмногу можам да го видам од Собранието е тоа што генерално имаме насила носење на закони кои се многу чести за лични, лукративни интереси, закони кои што не значат добро на граѓаните и закони на кои ние мораме да ставиме крај и мораме да ги сопреме и да кажеме доволно е и дека ова што се случуваше досега веќе не може да продолжи да се случува, истакна Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Отвореното студио пред влада на Протестот за промени – Премногу е!

Панова додаде дека на протестот ќе присуствуваат голем број на граѓани бидејќи се незадоволни од владеењето на СДСМ и ДУИ, бидејќи како што рече голем број на проблеми со кои се соочуваат граѓаните не им се решени.

Самиот одзив кога ги каневме граѓаните да дојдат да ни се придружат и да присуствуваат на овој сенароден протест беше огромен. Се бараше превоз плус за да може да пристигнат повеќе луѓе кои сакаат на овој начин да покажеме дека навистина е премногу и навистина е доволно. Доаѓаат многу автобуси, колони автомобили затоа што ние од тој крај одблиску видовме со што ќе се соочува цела Македонија затоа што имено СДСМ со Зоран Заев кој е од тој крај, можеби ние најблиски од таму знаеме каков е начинот на владеење на Заев, каков е начинот на владеење на СДСМ, предупредувавме, зборувавме на граѓаните што ќе следува но требаше да помине некое време за самите да го видат тоа. Многу е големо незадоволство, има многу големи проблеми кои се наталожени и мислам како поминуваат годините мислам таму конечно ќе падне тој бастион кој беше на СДСМ, кажа Панова.

Елена Маркова претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во Отворено студио пред Влада, нагласи дека состојбата во енергетиката е катастрофална, укажувајќи дека тимот на власта кој што ја води енергетиката ја доведе земјава до една таква катаклизмична ситуација од која ќе треба многу години за да од минусот се стигне до нула, а потоа да се надгради.

Состојбата во енергетиката е катастрофална, дури би рекла и катаклизмична. Состојба на константно зголемување на цените на сите енергенси. Меѓутоа и состојба која што мене навистина ме плаши, затоа што ние имаме една ситуација во која постојано го намалуваме домашното производство, а цените на берза на електричната енергија и на сите енергенси растат. Постојаното зголемување на цената на енергенсите влијае на цената на продуктите кои што ги набавува народот, рече таа и додаде:

Под плаштот на светската енергетска и европската енергетска криза успеваат да се прикријат СДСМ. Меѓутоа од власта како што ја водат енергетиката едно е јасно уште од јули 2020-та година го имавме првото покачување на електричната енергија, па потоа јули 2021 година и тоа во период кога светот не познаваше енергетска криза. А, веќе декември 2021 година започна енергетската криза. И она што е многу страшно значи имаме константно покачување на цените на енергенсите, посебно на електричната енергија, а намалување на домашното производство и создавање на загубари на домашните енергетски компании, вели Маркова.

Тимот на власта кој што ја води енергетиката земјава ја доведе до една таква катаклизмична ситуација од која ќе треба многу години за да од минусот се стигне до нула, а потоа да се надгради. Тимот не е во можност постоечките објекти да ги одржува и раководи, а не пак да изгради нови, објасни Маркова.

Претседателка на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска истакна дека со СДСМ ни се случува катастрофа во образованието и таа се зголеми со концепцијата која СДСМ ја воведе има многу фалинки, но и е неспроведлива, со која сакаа да ја укинат македонската историја и да се пишува според потребите на туѓи интереси, а исто така со неа се укина правото на учениците да имаат бесплатно образование, а дигитализацијата воопшто испадна дека не е дигитализација, и Направија и драстична дискриминација помеѓу сиромашните и богатите.

Тој концепт ќе мора да се ревидира. После концепцијата следеа други катастрофи, не проработи Националната платформа која силно ја најавуваа, па мораше школската година да се одложи за еден месец. И тогаш не им пречеше што заради нивна грешка се изгуби еден месец, но им пречеше штрајкот на наставниците. Наставниците се малтретирани од сите страни, трпат разни притисоци. За платите да не зборуваме, дури и со ова покачување што ќе го добијат ќе имаат плата помала од просечната, и да не зборуваме дека тие пари во октомври инфлацијата ќе ги изеде. Штрајкот беше прекинат брутално со манипулација и нелегално искористување на закон и со јавни закани дека ќе изгубат работа, нагласи Јаневска.

Се вклучуваме директно од пред Собранието, една од трите клучни точки од каде што тргнуваат граѓаните. Позади мене се собираат повеќе од десет илјади луѓе кои што ги гледам со пркост и желба за промени. Ова ќе биде еден од најголемиот протести кои што и се случиле на Македонија, а во организација на ВМРО-ДПМНЕ, изјави во линковското вклучување од пред Собрание Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновски нагласи дека овој протест е за националните порази кои ги прави владата на СДСМ и ДУИ на отворена сцена и дома, додавајќи дека време е за промени и конечно државата да се движи напред.

Oна прашање кое што најмногу го слушам од граѓаните со кои поразговарав тука, но и со оние кои што разговарав изминатиот период се националните омаловажувања. Тие сакаат овие порази да престанат. Овој протест е најмногу за националните порази кои ни се случуваат на отворена сцена и дома, но и надвор од Република Македонија. Не треба да ги споменувам двата најнови, најсвежи примери, едниот кога не нарекуваа Западна Бугарија, а второто кое се случи овие два дена, тоа се предлози со кои се негира македонскиот идентитет, македонската посебност, јазик и македонската историја, смета Андоновски.

На овој начин граѓаните сакаат да кажат дека им е доста од овие анационални политики, граѓаните знаат и се сеќаваат дека Македонија може да води политика која што носи победи и успеси, токму за таква политика денеска протестираме. Затоа што е време да ги заборавиме поразите и да одиме напред. Се гледаме пред владата, рече Андоновски.

The post Премногу е, потребни се промени во енергетиката, образованието, владата на СДСМ и ДУИ донесе порази – рекоа соговорниците пред Владата appeared first on Република.

]]>

5 години сме сведоци на едно Собрание коешто не функционира, имено преку непочитување на опозицијата Собранието е само продолжена рака на Владата предводена од СДСМ и ДУИ. И денеска овој протест гледаме дека ќе има огромен одзив, огромна масовност, пристигнуваат автобуси од цела Македонија кои се незадоволни. Голем дел од сето тоа има и Собранието, функционирањето на поделбата на власта. Она што можеби и јас како пратеник најмногу можам да го видам од Собранието е тоа што генерално имаме насила носење на закони кои се многу чести за лични, лукративни интереси, закони кои што не значат добро на граѓаните и закони на кои ние мораме да ставиме крај и мораме да ги сопреме и да кажеме доволно е и дека ова што се случуваше досега веќе не може да продолжи да се случува, истакна Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Отвореното студио пред влада на Протестот за промени – Премногу е! Панова додаде дека на протестот ќе присуствуваат голем број на граѓани бидејќи се незадоволни од владеењето на СДСМ и ДУИ, бидејќи како што рече голем број на проблеми со кои се соочуваат граѓаните не им се решени.
Самиот одзив кога ги каневме граѓаните да дојдат да ни се придружат и да присуствуваат на овој сенароден протест беше огромен. Се бараше превоз плус за да може да пристигнат повеќе луѓе кои сакаат на овој начин да покажеме дека навистина е премногу и навистина е доволно. Доаѓаат многу автобуси, колони автомобили затоа што ние од тој крај одблиску видовме со што ќе се соочува цела Македонија затоа што имено СДСМ со Зоран Заев кој е од тој крај, можеби ние најблиски од таму знаеме каков е начинот на владеење на Заев, каков е начинот на владеење на СДСМ, предупредувавме, зборувавме на граѓаните што ќе следува но требаше да помине некое време за самите да го видат тоа. Многу е големо незадоволство, има многу големи проблеми кои се наталожени и мислам како поминуваат годините мислам таму конечно ќе падне тој бастион кој беше на СДСМ, кажа Панова.
Елена Маркова претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во Отворено студио пред Влада, нагласи дека состојбата во енергетиката е катастрофална, укажувајќи дека тимот на власта кој што ја води енергетиката ја доведе земјава до една таква катаклизмична ситуација од која ќе треба многу години за да од минусот се стигне до нула, а потоа да се надгради. Состојбата во енергетиката е катастрофална, дури би рекла и катаклизмична. Состојба на константно зголемување на цените на сите енергенси. Меѓутоа и состојба која што мене навистина ме плаши, затоа што ние имаме една ситуација во која постојано го намалуваме домашното производство, а цените на берза на електричната енергија и на сите енергенси растат. Постојаното зголемување на цената на енергенсите влијае на цената на продуктите кои што ги набавува народот, рече таа и додаде:
Под плаштот на светската енергетска и европската енергетска криза успеваат да се прикријат СДСМ. Меѓутоа од власта како што ја водат енергетиката едно е јасно уште од јули 2020-та година го имавме првото покачување на електричната енергија, па потоа јули 2021 година и тоа во период кога светот не познаваше енергетска криза. А, веќе декември 2021 година започна енергетската криза. И она што е многу страшно значи имаме константно покачување на цените на енергенсите, посебно на електричната енергија, а намалување на домашното производство и создавање на загубари на домашните енергетски компании, вели Маркова.
Тимот на власта кој што ја води енергетиката земјава ја доведе до една таква катаклизмична ситуација од која ќе треба многу години за да од минусот се стигне до нула, а потоа да се надгради. Тимот не е во можност постоечките објекти да ги одржува и раководи, а не пак да изгради нови, објасни Маркова. Претседателка на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска истакна дека со СДСМ ни се случува катастрофа во образованието и таа се зголеми со концепцијата која СДСМ ја воведе има многу фалинки, но и е неспроведлива, со која сакаа да ја укинат македонската историја и да се пишува според потребите на туѓи интереси, а исто така со неа се укина правото на учениците да имаат бесплатно образование, а дигитализацијата воопшто испадна дека не е дигитализација, и Направија и драстична дискриминација помеѓу сиромашните и богатите.
Тој концепт ќе мора да се ревидира. После концепцијата следеа други катастрофи, не проработи Националната платформа која силно ја најавуваа, па мораше школската година да се одложи за еден месец. И тогаш не им пречеше што заради нивна грешка се изгуби еден месец, но им пречеше штрајкот на наставниците. Наставниците се малтретирани од сите страни, трпат разни притисоци. За платите да не зборуваме, дури и со ова покачување што ќе го добијат ќе имаат плата помала од просечната, и да не зборуваме дека тие пари во октомври инфлацијата ќе ги изеде. Штрајкот беше прекинат брутално со манипулација и нелегално искористување на закон и со јавни закани дека ќе изгубат работа, нагласи Јаневска.
Се вклучуваме директно од пред Собранието, една од трите клучни точки од каде што тргнуваат граѓаните. Позади мене се собираат повеќе од десет илјади луѓе кои што ги гледам со пркост и желба за промени. Ова ќе биде еден од најголемиот протести кои што и се случиле на Македонија, а во организација на ВМРО-ДПМНЕ, изјави во линковското вклучување од пред Собрание Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ. Андоновски нагласи дека овој протест е за националните порази кои ги прави владата на СДСМ и ДУИ на отворена сцена и дома, додавајќи дека време е за промени и конечно државата да се движи напред.
Oна прашање кое што најмногу го слушам од граѓаните со кои поразговарав тука, но и со оние кои што разговарав изминатиот период се националните омаловажувања. Тие сакаат овие порази да престанат. Овој протест е најмногу за националните порази кои ни се случуваат на отворена сцена и дома, но и надвор од Република Македонија. Не треба да ги споменувам двата најнови, најсвежи примери, едниот кога не нарекуваа Западна Бугарија, а второто кое се случи овие два дена, тоа се предлози со кои се негира македонскиот идентитет, македонската посебност, јазик и македонската историја, смета Андоновски. На овој начин граѓаните сакаат да кажат дека им е доста од овие анационални политики, граѓаните знаат и се сеќаваат дека Македонија може да води политика која што носи победи и успеси, токму за таква политика денеска протестираме. Затоа што е време да ги заборавиме поразите и да одиме напред. Се гледаме пред владата, рече Андоновски.

The post Премногу е, потребни се промени во енергетиката, образованието, владата на СДСМ и ДУИ донесе порази – рекоа соговорниците пред Владата appeared first on Република.

]]>