отворен ден Archives - Република https://republika.mk/tema/otvoren-den/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Mar 2024 08:22:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отворен ден Archives - Република https://republika.mk/tema/otvoren-den/ 32 32 Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата https://republika.mk/vesti/makedonija/otvoren-den-na-armijata-po-povod-chetiri-godini-od-chlenstvoto-vo-nato-i-75-godini-od-formiraneto-na-alijansata/ Sun, 17 Mar 2024 08:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=755524

Министерството за одбрана и Армијата на Република  Македонија во соработка со Општина Тетово денеска на плоштадот во центарот на градот организираат отворен ден за граѓаните.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.

На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, приказ на борбени вештини на припадниците на специјалните сили и да се запознаат со дел од армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.

-Граѓаните ќе имаат можност во директна комуникација со армиските припадници да се запознаат со техничките карактеристики на воената опрема и возила, обученоста и опремата на специјалните единици на Армијата. Активноста ќе биде проследена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од локалната самоуправа, наведуваат од МО.

Отворениот ден во Тетово е дел од планирани настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република  Македонија во Алијансата. Досега граѓаните на Струмица, Кавадарци и Штип имаа можност да присуствуваат на овие настани, а следната недела отворени денови ќе се реализираат и во Охрид, Прилеп и во Скопје, стои во соопштението.

The post Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана и Армијата на Република  Македонија во соработка со Општина Тетово денеска на плоштадот во центарот на градот организираат отворен ден за граѓаните. Како што соопштија од Министерството за одбрана, настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата. На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, приказ на борбени вештини на припадниците на специјалните сили и да се запознаат со дел од армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата. -Граѓаните ќе имаат можност во директна комуникација со армиските припадници да се запознаат со техничките карактеристики на воената опрема и возила, обученоста и опремата на специјалните единици на Армијата. Активноста ќе биде проследена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од локалната самоуправа, наведуваат од МО. Отворениот ден во Тетово е дел од планирани настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република  Македонија во Алијансата. Досега граѓаните на Струмица, Кавадарци и Штип имаа можност да присуствуваат на овие настани, а следната недела отворени денови ќе се реализираат и во Охрид, Прилеп и во Скопје, стои во соопштението.

The post Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата appeared first on Република.

]]>
Отворен ден на Армијата во Штип https://republika.mk/vesti/makedonija/otvoren-den-na-armijata-vo-shtip/ Sat, 16 Mar 2024 15:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=755424

Со изложба на оружје, опрема, возила, музички точки, служење на војнички чај и војничко гравче како и тактичко технички вежби денеска во Штип се одбележа четири години од нашето членство во НАТО и 75 - годишнината од формирањето на Алијансата.

На локација кај градскиот стадион во Штип, граѓаните имаа можност одблизу да се запознаат со опремата и оружјето на Армијата. На денешниот настан присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска, која истакна дека со нашето членство во НАТО се гарантира сигурноста на државата.

-Со членството во НАТО државата е сигурна и безбедна земја, нашиот глас е слушнат, а нашиот придонес кон уште посилна колективна безбедност е почитуван и ценет. Армијата е во НАТО, но и НАТО стандардите се во Армијата. Минуваме низ сеопфатен процес на модернизација и опремување, но не забораваме дека подеднакво важно е инвестицијата во човечкиот капитал, вели Петровска.

Денешниот ден беше со цел граѓаните во Штип да може одблизу да се запознаат со возилата и опремата на штипската касарна „Јане Сандански“, а можеа да проследат и техничко - тактички вежби.

Фото: МО/МИА

The post Отворен ден на Армијата во Штип appeared first on Република.

]]>

Со изложба на оружје, опрема, возила, музички точки, служење на војнички чај и војничко гравче како и тактичко технички вежби денеска во Штип се одбележа четири години од нашето членство во НАТО и 75 - годишнината од формирањето на Алијансата. На локација кај градскиот стадион во Штип, граѓаните имаа можност одблизу да се запознаат со опремата и оружјето на Армијата. На денешниот настан присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска, која истакна дека со нашето членство во НАТО се гарантира сигурноста на државата.
-Со членството во НАТО државата е сигурна и безбедна земја, нашиот глас е слушнат, а нашиот придонес кон уште посилна колективна безбедност е почитуван и ценет. Армијата е во НАТО, но и НАТО стандардите се во Армијата. Минуваме низ сеопфатен процес на модернизација и опремување, но не забораваме дека подеднакво важно е инвестицијата во човечкиот капитал, вели Петровска.
Денешниот ден беше со цел граѓаните во Штип да може одблизу да се запознаат со возилата и опремата на штипската касарна „Јане Сандански“, а можеа да проследат и техничко - тактички вежби. Фото: МО/МИА

The post Отворен ден на Армијата во Штип appeared first on Република.

]]>
Отворен ден за вдомување кучиња во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ https://republika.mk/vesti/skopje/otvoren-den-za-vdomuvane-kuchina-vo-prifatilishteto-na-jp-lajka/ Sat, 10 Jun 2023 06:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=649797

Во ЈП „Лајка“ денеска ќе се одржи отворен ден за вдомување и дружење со кучињата од прифатилиштето, во периодот од 11 до 14 часот.

Оваа сабота ќе имате можност да се запознаете со кучињата кои чекаат да си го најдат својот дом, да прошетате во нашето прифатилиште, да се запознаете со вработените кои би Ви помогнале при изборот на вашиот нов домашен миленик и ќе ве воведат во процесот на вдомување, велат од „Лајка“ во поканата.

Во нивното прифатилиште имаат околу 120 кучиња кои, како што посочуават, чекаат да си го најдат својот дом, некои од нив се домашни миленици со откажана сопственост, некои напуштени на улица, но ниту едно од нив не се нашло во оваа ситуација по своја вина.

Секое едно од нив заслужува еднаква шанса за дом, секое едно куче може и треба да биде домашен миленик и да си има свое семејство, тие само сакаат да припаѓаат некому и да имаат можност да даваат од својата безусловна љубов. Кучето е најдобриот пријател на човекот и верувајте дека тоа пријателство трае засекогаш, порачуваат од ЈП „Лајка“.

The post Отворен ден за вдомување кучиња во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ appeared first on Република.

Утре отворен ден за граѓаните во касарните во Скопје, Штип и Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-otvoren-den-za-graganite-vo-kasarnite-vo-skopje-shtip-i-tetovo/ Mon, 03 Apr 2023 19:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=626842

Како дел од активностите за одбележување на Денот на НАТО и три години од нашето полноправно членство во Алијансата, Армијата на Република Македонија организира отворен ден за граѓаните во касарните „Илинден“ во Скопје, „Јане Сандански“ во Штип и „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово.

За време на отворениот ден ќе се прикажат дел од средствата и опремата како и воено показни вежби од единиците на Армијата стационирани во наведените касарни со кои присутните ќе имаат можност поблиску да се запознаат со опремата и обученоста на припадниците на Армијата.

Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на наведените активности потребно е да пристигнат пред влезот во касарните во период од 09.30 до 10.00 часот, поради потребните процедури за влез.

The post Утре отворен ден за граѓаните во касарните во Скопје, Штип и Тетово appeared first on Република.

]]>

Како дел од активностите за одбележување на Денот на НАТО и три години од нашето полноправно членство во Алијансата, Армијата на Република Македонија организира отворен ден за граѓаните во касарните „Илинден“ во Скопје, „Јане Сандански“ во Штип и „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово. За време на отворениот ден ќе се прикажат дел од средствата и опремата како и воено показни вежби од единиците на Армијата стационирани во наведените касарни со кои присутните ќе имаат можност поблиску да се запознаат со опремата и обученоста на припадниците на Армијата. Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на наведените активности потребно е да пристигнат пред влезот во касарните во период од 09.30 до 10.00 часот, поради потребните процедури за влез.  

The post Утре отворен ден за граѓаните во касарните во Скопје, Штип и Тетово appeared first on Република.

]]>
„Предложи идеја“ – граѓаните денес и утре можат да предлагаат проекти пред градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/predlozi-ideja-gragjanite-denes-i-utre-mozat-da-predlagaat-proekti-pred-gradonachalnicite-od-vmro-dpmne/ Sat, 03 Dec 2022 08:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=581217

Денес и во недела од 11 до 14 часот градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат своите врати за граѓаните и нивните идеи и проекти. Преку проектот „Отворен ден во твојата општина – Твоја идеја за промени“, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им нудат можност на граѓаните да предложат идеи и проекти кои подоцна ќе бидат разгледани од стручни лица и, како што се наведува, ќе бидат вклучени во општинскиот буџет за 2023 година.

Оние граѓани кои нема да бидат во можност да ги посетат општините, ќе имаат можност и онлајн преку веб страната budzet.mk да ги предложат своите предлог проекти.

„Градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ за само една година реализираа исклучително голем број на проекти, и со такво темпо се продолжува и следниот период. Граѓаните заслужуваат да живаеат во модерни, чисти, убави и средени општини во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби. И токму затоа секоја идеја, секој проект е добредојден. Концептот на овој голем проект „Твојата идеја за промени“ е граѓаните активно да се вклучат во креирање на локални политики за побрз економски развој на општините. А целта е да се создадат проекти каде што секој граѓанин ќе може да се идентификува“, велат од партијата.

The post „Предложи идеја“ – граѓаните денес и утре можат да предлагаат проекти пред градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Денес и во недела од 11 до 14 часот градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат своите врати за граѓаните и нивните идеи и проекти. Преку проектот „Отворен ден во твојата општина – Твоја идеја за промени“, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им нудат можност на граѓаните да предложат идеи и проекти кои подоцна ќе бидат разгледани од стручни лица и, како што се наведува, ќе бидат вклучени во општинскиот буџет за 2023 година. Оние граѓани кои нема да бидат во можност да ги посетат општините, ќе имаат можност и онлајн преку веб страната budzet.mk да ги предложат своите предлог проекти.
„Градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ за само една година реализираа исклучително голем број на проекти, и со такво темпо се продолжува и следниот период. Граѓаните заслужуваат да живаеат во модерни, чисти, убави и средени општини во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби. И токму затоа секоја идеја, секој проект е добредојден. Концептот на овој голем проект „Твојата идеја за промени“ е граѓаните активно да се вклучат во креирање на локални политики за побрз економски развој на општините. А целта е да се создадат проекти каде што секој граѓанин ќе може да се идентификува“, велат од партијата.

The post „Предложи идеја“ – граѓаните денес и утре можат да предлагаат проекти пред градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
„Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/otvoren-den-na-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-vo-skopje/ Fri, 19 Aug 2022 08:07:51 +0000 https://republika.mk/?p=541869

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје денеска организира „Отворен ден“.

Настанот ќе се одржи во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10 до 12 и од 12 до 14 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

„Отворениот ден на УКИМ“ нуди можност за матурантите да се запознаат со професорите и студентите – нивните идни колеги, да прашаат сè што ги интересира: за студиските програми, за можностите за стипендирање, за искуствата и активностите на студентите, за вклученост во научноистражувачките проекти, за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности. „Отворениот ден на УКИМ“ е одлична можност матурантите да се запознаат и уверат во одликите на УКИМ што го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот - велат од УКИМ.

The post „Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје денеска организира „Отворен ден“. Настанот ќе се одржи во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10 до 12 и од 12 до 14 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
„Отворениот ден на УКИМ“ нуди можност за матурантите да се запознаат со професорите и студентите – нивните идни колеги, да прашаат сè што ги интересира: за студиските програми, за можностите за стипендирање, за искуствата и активностите на студентите, за вклученост во научноистражувачките проекти, за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности. „Отворениот ден на УКИМ“ е одлична можност матурантите да се запознаат и уверат во одликите на УКИМ што го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот - велат од УКИМ.

The post „Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
„Лајка” организира отворен ден за сите љубители на животни https://republika.mk/vesti/skopje/lajka-organizira-otvoren-den-za-site-ljubiteli-na-zivotni/ Sat, 14 May 2022 06:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=502114

Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка” денеска организира отворен ден на кој граѓаните ќе имаат можност да се дружат или да вдомат домашен миленик.

Отворениот ден ќе трае од 11 до 15 часот, а посетителите и потенцијалните вдомувачи на куче ќе имаат можност да се запознаат подобро со кучињата за кои се заинтересирани и да ги добијат сите детални информации и одговори на нивните прашања.

Од ЈП „Лајка” најавуваат дека отворените денови планираат да ги организираат еднаш во текот на секој месец.

The post „Лајка” организира отворен ден за сите љубители на животни appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка” денеска организира отворен ден на кој граѓаните ќе имаат можност да се дружат или да вдомат домашен миленик. Отворениот ден ќе трае од 11 до 15 часот, а посетителите и потенцијалните вдомувачи на куче ќе имаат можност да се запознаат подобро со кучињата за кои се заинтересирани и да ги добијат сите детални информации и одговори на нивните прашања. Од ЈП „Лајка” најавуваат дека отворените денови планираат да ги организираат еднаш во текот на секој месец.

The post „Лајка” организира отворен ден за сите љубители на животни appeared first on Република.

]]>
Подобри урбанистички и инфраструктурни решенија се главните барања на центарци https://republika.mk/vesti/skopje/podobri-urbanistichki-i-infrastrukturni-reshenija-se-glavnite-baranja-na-centarci/ Thu, 05 May 2022 12:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=498015

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска имаше отворен ден со 50 граѓани на општината. Нивните барања во најголем дел се однесуваа на обезбедување на подобри урбанистички и инфраструктурни решенија.

На денешниот отворен ден со граѓаните разговарав за нивните потреби кои во најголема мера се однесуваат на подобри урбани и инфраструктурни проекти. Општина Центар веќе работи на подобри решенија и со истите ги запознав денеска граѓаните. Овие лични средби се одлична можност за спознавање на реалната слика и потребите на граѓаните. Ние како општина сме тука да одговориме на истите за да обезбедиме подобри услови за живот на сите жители на Центар, изјави Герасимовски.

На отворениот ден, покрај Герасимовски, присуствуваа и претставници од секторите во општината, кои исто така ги ислушаа граѓаните и прецизно одговорија на нивните барања.

The post Подобри урбанистички и инфраструктурни решенија се главните барања на центарци appeared first on Република.

Од денеска, секоја прва среда во месецот ќе се организира отворен ден со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција во Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-sekoja-prva-sreda-vo-mesecot-kje-se-organizira-otvoren-den-so-sovetnichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalicija-vo-grad-skopje/ Wed, 02 Mar 2022 11:01:18 +0000 https://republika.mk/?p=466396

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија денеска во просториите на Град Скопје во објектот – барака 1, во период од 16 – 18 часот организира отворен ден за заинтересирани граѓани и здруженија. Отворен ден со советничката група ќе се организира секоја прва среда во месецот почнувајќи од месец март, каде граѓаните ќе може со советниците отворено да разговараат и да ги предочат нивните, проблеми, потреби и предлог решенија кои ги имаат, а се однесуваат на делокругот на работа на Град Скопје и јавните претпријатија.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку отворените денови сака да ја приближи работата на градот до граѓаните.

Скопјани ќе можат своите предлози и сугестии да ги пратат и по електронски пат на: [email protected].

ВМРО-ДПМНЕ на дело спроведува нови политики и отворен пристап на институциите кон граѓаните. Институциите постојат за граѓаните и затоа ќе бидат отворени, а именуваните и избрани функционери достапни за комуникација.

The post Од денеска, секоја прва среда во месецот ќе се организира отворен ден со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција во Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија денеска во просториите на Град Скопје во објектот – барака 1, во период од 16 – 18 часот организира отворен ден за заинтересирани граѓани и здруженија. Отворен ден со советничката група ќе се организира секоја прва среда во месецот почнувајќи од месец март, каде граѓаните ќе може со советниците отворено да разговараат и да ги предочат нивните, проблеми, потреби и предлог решенија кои ги имаат, а се однесуваат на делокругот на работа на Град Скопје и јавните претпријатија. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку отворените денови сака да ја приближи работата на градот до граѓаните. Скопјани ќе можат своите предлози и сугестии да ги пратат и по електронски пат на: [email protected]. ВМРО-ДПМНЕ на дело спроведува нови политики и отворен пристап на институциите кон граѓаните. Институциите постојат за граѓаните и затоа ќе бидат отворени, а именуваните и избрани функционери достапни за комуникација.

The post Од денеска, секоја прва среда во месецот ќе се организира отворен ден со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција во Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Отворен ден во ЈП „Лајка“ за вдомување кучињата https://republika.mk/vesti/skopje/otvoren-den-vo-jp-lajka-za-vdomuvanje-kuchinjata/ Sat, 19 Feb 2022 07:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=460708

ЈП „Лајка“ денеска од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар.

На отворениот ден во „Лајка“, како што посочуваат од претпријатието, се поканети и сите граѓани кои сакаат да донираат за да се подобрат условите во прифатилиштето за кучиња. Добредојдени се донации во форма на храна и средства за хигиена.

Граѓаните кои планираат или размислуваат да вдомат куче и сакаат својот миленик да го изберат од прифатилиштето на „Лајка“, ќе имаат можност на отворениот ден да се подружат со кучињата за кои се заинтересирани, да добијат детални информации за секое од нив, како и за процесот на вдомување.

Дојдете во ЈП „Лајка“ да покажеме дека во Скопје постојат позитивни примери на граѓани, вистински љубители на кучиња кои се грижат и придонесуваат за подобрување на состојбата во која се наоѓаат овие бездомни животни, наведуваат од претпријатието.

The post Отворен ден во ЈП „Лајка“ за вдомување кучињата appeared first on Република.

]]>

ЈП „Лајка“ денеска од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар. На отворениот ден во „Лајка“, како што посочуваат од претпријатието, се поканети и сите граѓани кои сакаат да донираат за да се подобрат условите во прифатилиштето за кучиња. Добредојдени се донации во форма на храна и средства за хигиена. Граѓаните кои планираат или размислуваат да вдомат куче и сакаат својот миленик да го изберат од прифатилиштето на „Лајка“, ќе имаат можност на отворениот ден да се подружат со кучињата за кои се заинтересирани, да добијат детални информации за секое од нив, како и за процесот на вдомување.