отстапка Archives - Република https://republika.mk/tema/otstapka/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Oct 2022 12:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отстапка Archives - Република https://republika.mk/tema/otstapka/ 32 32 Груевски: Потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на „најчист“ македонски е кампања за некоја следна отстапка на национален план https://republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-potpishuvanjeto-na-dogovorot-so-fronteks-na-najchist-makedonski-e-kampanja-za-nekoja-sledna-otstapka-na-nacionalen-plan/ Thu, 27 Oct 2022 12:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=566400

Ова со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на „најчист” македонски јазик, разбирам дека е некаква кампања за некоја следна отстапка на национален план, со која треба да ни се набилда егото дека поразите и капитулациите на национален план всушност се победи, но незнам дали навистина народот толку затупел или овие од власта така го третираат и доживуваат?, пишува во статус на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.

Сите меѓудржавни договори и договори со меѓународни институтиции, и порано и сега, и во иднина се потпишуваат и ќе се потпишуваат на македонски јазик, со кирилично писмо, кој нема чиста или нечиста верзија, нема две или повеќе верзии, ниту се потпишува на дијалекти и најчесто покрај на македонски јазик се потпишува уште и на англиски и/или некој друг јазик, зависно со кого потпишуваме.

На ист начин функционираат сите држави.
Никој досега не побарал од Македонија да не биде така.
Тоа не е предмет на спор или дебата со никого.
Тоа не е тема во ниту еден спор.

Отворениот спор од надвор е за тоа како се викал тој јазик(плус нација/националност и историја) до 2. Август 1944 година, а не како се вика потоа и денес.

Како се викале јазикот, историјата и нацијата до августц1944 година. Дали сите предци на оние кои денес се произнесуваме Македонци, реално се чуствувале бугари по националност, говореле бугарски јазик а нашата историја до тој момент дали е бугарска.

Никој, апсолутно никој, досега не побарал од Македонија да не го користи македонскиот јазик во усна или писмена комуникација со неговото кирилично писмо во земјата или надвор, како и во меѓународните договори или да го замени со чешки, грчки или дански или пак бугарски или српски.

Од секогаш во политиката насекаде имало т.н. спинови и пропагандни кампањи и флоскули, ама никогаш немало толку евтини и приземни.
На прва би рекол дека ја потценуваат интелегенцијата на цел еден народ, но кога подобро ќе се размисли всушност тоа е само ниско ниво на интелегенција на власта и оние кои им ги осмислуваат, подржуваат и учествуваат во овие кампањи.

По оваа логика, власта може да направи нова кампања, а потоа да прослави голем успех и јавно на плоштадот Македонија да отвори можеби и славенички шампањ, дека на пример владата испратила телеграма со честитки за католички Божиќ до папата, или до некој претседател или премиер на ЧИСТ, НАЈЧИСТ, НАЈ НАЈ ЧИСТ, ОРГИНАЛЕН, ОРТОДОКСЕН и 100% македонски јазик. И плус литературен! Или каков друг збор нема да им падне на памет…

И?

Ние сите демек треба да “паднеме во несвест” и да го отцениме тоа како некоја голема победа за Македонија и да честитаме на владата?

Неверојатно е со какви глупости го занимаваат или само мислат дека го занимаваат.
После поминат долг период во политиката одговорно им тврдам дека помала фрустрација и бес ќе создадат, иако и таа сеуште ќе биде мошне голема, ако отворено, искрено и без интриги и вакви трикови кажат што и зошто прават, колку и тоа да не е исправно, наместо луѓето да ги прават “будали” кои не само што ќе треба веруваат во тоа, туку и да прослават триумф!
Народот, граѓаните, луѓето во Македонија, дури и кога длабоко не се согласуваат со нешто, ја ценат искреноста, која сама по себе преставува искажување на минимално ниво на почит кон другиот.

И спротивно, бесот и гневот се удвојува кога покрај се, уште и се мамат со трикови кои тешко поминуваат и кај деца од 10-12 годишна возраст.

Всушност тоа е универзално правило, пишува Груевски.

The post Груевски: Потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на „најчист“ македонски е кампања за некоја следна отстапка на национален план appeared first on Република.

]]>

Ова со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на „најчист” македонски јазик, разбирам дека е некаква кампања за некоја следна отстапка на национален план, со која треба да ни се набилда егото дека поразите и капитулациите на национален план всушност се победи, но незнам дали навистина народот толку затупел или овие од власта така го третираат и доживуваат?, пишува во статус на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски. Сите меѓудржавни договори и договори со меѓународни институтиции, и порано и сега, и во иднина се потпишуваат и ќе се потпишуваат на македонски јазик, со кирилично писмо, кој нема чиста или нечиста верзија, нема две или повеќе верзии, ниту се потпишува на дијалекти и најчесто покрај на македонски јазик се потпишува уште и на англиски и/или некој друг јазик, зависно со кого потпишуваме. На ист начин функционираат сите држави. Никој досега не побарал од Македонија да не биде така. Тоа не е предмет на спор или дебата со никого. Тоа не е тема во ниту еден спор. Отворениот спор од надвор е за тоа како се викал тој јазик(плус нација/националност и историја) до 2. Август 1944 година, а не како се вика потоа и денес. Како се викале јазикот, историјата и нацијата до августц1944 година. Дали сите предци на оние кои денес се произнесуваме Македонци, реално се чуствувале бугари по националност, говореле бугарски јазик а нашата историја до тој момент дали е бугарска. Никој, апсолутно никој, досега не побарал од Македонија да не го користи македонскиот јазик во усна или писмена комуникација со неговото кирилично писмо во земјата или надвор, како и во меѓународните договори или да го замени со чешки, грчки или дански или пак бугарски или српски. Од секогаш во политиката насекаде имало т.н. спинови и пропагандни кампањи и флоскули, ама никогаш немало толку евтини и приземни. На прва би рекол дека ја потценуваат интелегенцијата на цел еден народ, но кога подобро ќе се размисли всушност тоа е само ниско ниво на интелегенција на власта и оние кои им ги осмислуваат, подржуваат и учествуваат во овие кампањи. По оваа логика, власта може да направи нова кампања, а потоа да прослави голем успех и јавно на плоштадот Македонија да отвори можеби и славенички шампањ, дека на пример владата испратила телеграма со честитки за католички Божиќ до папата, или до некој претседател или премиер на ЧИСТ, НАЈЧИСТ, НАЈ НАЈ ЧИСТ, ОРГИНАЛЕН, ОРТОДОКСЕН и 100% македонски јазик. И плус литературен! Или каков друг збор нема да им падне на памет… И? Ние сите демек треба да “паднеме во несвест” и да го отцениме тоа како некоја голема победа за Македонија и да честитаме на владата? Неверојатно е со какви глупости го занимаваат или само мислат дека го занимаваат. После поминат долг период во политиката одговорно им тврдам дека помала фрустрација и бес ќе создадат, иако и таа сеуште ќе биде мошне голема, ако отворено, искрено и без интриги и вакви трикови кажат што и зошто прават, колку и тоа да не е исправно, наместо луѓето да ги прават “будали” кои не само што ќе треба веруваат во тоа, туку и да прослават триумф! Народот, граѓаните, луѓето во Македонија, дури и кога длабоко не се согласуваат со нешто, ја ценат искреноста, која сама по себе преставува искажување на минимално ниво на почит кон другиот. И спротивно, бесот и гневот се удвојува кога покрај се, уште и се мамат со трикови кои тешко поминуваат и кај деца од 10-12 годишна возраст. Всушност тоа е универзално правило, пишува Груевски.

The post Груевски: Потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на „најчист“ македонски е кампања за некоја следна отстапка на национален план appeared first on Република.

]]>