отселување Archives - Република https://republika.mk/tema/otseluvanje/ За подобро да се разбереме Sun, 19 May 2024 18:05:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отселување Archives - Република https://republika.mk/tema/otseluvanje/ 32 32 Дури 42,5 отсто од луѓето на возраст меѓу 40 и 49 години планираат да ја напуштат Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/duri-42-5-otsto-od-lugeto-na-vozrast-megu-40-i-49-godini-planiraat-da-ja-napushtat-makedonija-2/ Sun, 19 May 2024 18:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=779903

Секој трет човек во Македонија размислува да се исели од државата, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 32,3% од анкетираните рекле дека размислуваат или некогаш размислувале да се иселат од државата додека 63,6% не размислувале на оваа тема.

Иако не се големи разликите, сепак изненадува фактот што за иселување најмногу размислуваат луѓето меѓу 40 и 49 години каде 42,5% рекле дека имале или се уште имаат планови да ја напуштат државата. Слични бројки од 42,2% граѓани кои размислуваат да се иселат има и во возрасната група меѓу 30 и 39 години додека кај најмладите, оние кои имаат под 30 години 37,8% размислувале или размислуваат да се иселат од државата.

Споредбата со анкетите од претходните години кои за Детектор исто така ги спроведуваше ИПИС не покажуваат некои значителни промени во ставовите на граѓаните. Во сите анкети во последните 5 години, процентот на граѓани кои размислувале или размислуваат да се иселат е над 30%.

Сепак, 52,7% од сите анкетирани граѓани рекле дека во наредните 5 години нема шанси да се преселат од Македонија додека сигурни дека ќе си заминат во истиот период се 11,5% од анкетираните. Поредбата со анкетите од претходните години не покажува некои значителни отстапувања.

За иселување граѓаните најчесто се решаваат поради повисоките плати (17,2%), подобрите услови за работа (15,7%) и подобрите можности кои им се нудат на децата (12,2%) како и подобриот здравствен и образовен систем кој го нудат странските земји (11,5%). Кај младите под 30 години, очекувано повисоките плати (21,7%) и подобрите услови за кариера (20,6%)се главната причина поради која тие си заминуваат или би си заминале од земјава.

Најпосакувана дестинација за преселба се земјите од Европската Унија. 42,7% од граѓаните рекле дека ако решат да се иселат, би се преселиле во некоја од земјите членки на Еврпоската Унија. 6,1% би се селеле во САД или Канада, 4,4% од Австралија или Нов Зеланд а 4,9% би одбрале некој друг дел од светот. 83,1% од анкетираните сметаат дека степенот на иселување во земјава, во споредба со изминатите 5 години се зголемува. Само 6,1% велат дека тој се намалува а 8,7% дека останува ист.

Анализата на етничката структура на граѓаните кои одговарале покажува дека 20% од етничките Албанци сметаат дека процентот на иселување се намалува во споредба со претходните години, став кој го делат само 2% Македонци од кои пак речи си 90% сметаат дека денеска луѓето повеќе се иселуваат што е значително повеќе од оние 65% етнички Албанци кои делат ваков став.
Две третини од граѓани веќе имаат некој близок кој се преселил во странство. Споредбата со анкетите од последните 5 години покажува дека бројот на граѓани кои имаат свои блиски кои се иселиле од Македонија скокнал од 60% лани на 66,6% оваа година.
Во таа насока очекуван е и одговорот на граѓаните дека пред 5 години се живеело подобро од денеска. Ваков став делат 53% од анкетираните. 8,6% велат дека сега живеат подобро од пред 5 години додека 35,7% не чувствуваат никаква промена.

Со исклучок на анкетата во 2019 кога само една третина од граѓаните тврдеа дека пред 5 години живееле подобро, и лани и оваа година над

половина од анкетирнаите велат дека животот пред 5 години бил подобар.

Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.

The post Дури 42,5 отсто од луѓето на возраст меѓу 40 и 49 години планираат да ја напуштат Македонија appeared first on Република.

]]>

Секој трет човек во Македонија размислува да се исели од државата, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 32,3% од анкетираните рекле дека размислуваат или некогаш размислувале да се иселат од државата додека 63,6% не размислувале на оваа тема. Иако не се големи разликите, сепак изненадува фактот што за иселување најмногу размислуваат луѓето меѓу 40 и 49 години каде 42,5% рекле дека имале или се уште имаат планови да ја напуштат државата. Слични бројки од 42,2% граѓани кои размислуваат да се иселат има и во возрасната група меѓу 30 и 39 години додека кај најмладите, оние кои имаат под 30 години 37,8% размислувале или размислуваат да се иселат од државата. Споредбата со анкетите од претходните години кои за Детектор исто така ги спроведуваше ИПИС не покажуваат некои значителни промени во ставовите на граѓаните. Во сите анкети во последните 5 години, процентот на граѓани кои размислувале или размислуваат да се иселат е над 30%. Сепак, 52,7% од сите анкетирани граѓани рекле дека во наредните 5 години нема шанси да се преселат од Македонија додека сигурни дека ќе си заминат во истиот период се 11,5% од анкетираните. Поредбата со анкетите од претходните години не покажува некои значителни отстапувања. За иселување граѓаните најчесто се решаваат поради повисоките плати (17,2%), подобрите услови за работа (15,7%) и подобрите можности кои им се нудат на децата (12,2%) како и подобриот здравствен и образовен систем кој го нудат странските земји (11,5%). Кај младите под 30 години, очекувано повисоките плати (21,7%) и подобрите услови за кариера (20,6%)се главната причина поради која тие си заминуваат или би си заминале од земјава. Најпосакувана дестинација за преселба се земјите од Европската Унија. 42,7% од граѓаните рекле дека ако решат да се иселат, би се преселиле во некоја од земјите членки на Еврпоската Унија. 6,1% би се селеле во САД или Канада, 4,4% од Австралија или Нов Зеланд а 4,9% би одбрале некој друг дел од светот. 83,1% од анкетираните сметаат дека степенот на иселување во земјава, во споредба со изминатите 5 години се зголемува. Само 6,1% велат дека тој се намалува а 8,7% дека останува ист. Анализата на етничката структура на граѓаните кои одговарале покажува дека 20% од етничките Албанци сметаат дека процентот на иселување се намалува во споредба со претходните години, став кој го делат само 2% Македонци од кои пак речи си 90% сметаат дека денеска луѓето повеќе се иселуваат што е значително повеќе од оние 65% етнички Албанци кои делат ваков став. Две третини од граѓани веќе имаат некој близок кој се преселил во странство. Споредбата со анкетите од последните 5 години покажува дека бројот на граѓани кои имаат свои блиски кои се иселиле од Македонија скокнал од 60% лани на 66,6% оваа година. Во таа насока очекуван е и одговорот на граѓаните дека пред 5 години се живеело подобро од денеска. Ваков став делат 53% од анкетираните. 8,6% велат дека сега живеат подобро од пред 5 години додека 35,7% не чувствуваат никаква промена. Со исклучок на анкетата во 2019 кога само една третина од граѓаните тврдеа дека пред 5 години живееле подобро, и лани и оваа година над половина од анкетирнаите велат дека животот пред 5 години бил подобар. Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.

The post Дури 42,5 отсто од луѓето на возраст меѓу 40 и 49 години планираат да ја напуштат Македонија appeared first on Република.

]]>
По распустот уште 50 училишни столчиња осамнаа празни во Штип https://republika.mk/zivot/po-raspustot-ushte-50-uchilishni-stolchina-osamnaa-prazni-vo-shtip/ Mon, 22 Jan 2024 15:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=735547

Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале да живеат во странство, пишува Плусинфо.мк.

Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24.

Целиот текст овде.

The post По распустот уште 50 училишни столчиња осамнаа празни во Штип appeared first on Република.

]]>

Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале да живеат во странство, пишува Плусинфо.мк. Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24. Целиот текст овде.

The post По распустот уште 50 училишни столчиња осамнаа празни во Штип appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Младите си заминуваат затоа што со владата на СДС и ДУИ нема квалитетен живот https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-mladite-si-zaminuvaat-zatoa-shto-so-vladata-na-sds-i-dui-nema-kvaliteten-zhivot/ Tue, 09 May 2023 17:36:30 +0000 https://republika.mk/?p=638951

Младите во Македонија за жал енормно ја напуштаат нашата држава, додека пак оние кои што се останати тука се заборавени од власта на СДС и ДУИ, изјави Мартин Андоновски, генерален секретар на УМС на денешната трибина насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“.

Андоновски рече дека Македонија е една од ретките држави ако не и единствена држава во која дури 58 проценти од младите сакаат да си заминат

Македонија е една од ретките држави, ако не и единствена во која што 58 проценти на анкета на младите сакаат да се отселат од Република Македонија. тоа е една поразителна бројка, кажа тој.

Андоновски рече дека во разговор со неговите врсници причината за отселување од државата е поради немање на квалитетно образование и здравство, како и квалитетен живот за младите.

Во разговор секогаш кога прашуваме која е причината зошто сакате да се отселите од Република Македонија, истото ова прашање да го поставевме пред 25 или 30 години ќе го добиевме одговорот поради егзистенцијални причини, но сега е од немање на квалитетен живот, поради руинирани студентски домови, немање квалитетно здравство, немаме квалитетно образование - рече тој.

Андоновски на трибината објасни дека порано во државата доаѓале странски инвестиции и се отворале нови работни места, но сега младите се иселуваат и работат во истите тие странски компании но во друга држава.

Порано во Македонија се отвораа странски инвестиции каде што имавме млада работна сила која што можеше да се вработи таму. Но сега за жал истата таа млада работна сила се отселува и работи во истите тие странски инвестиции но во друга држава. Ни беше ветено дека ќе се отворат Гоогле и Фејсбук но за жал се отворија само вратите и портите и младите луѓе заминуваат - истакна Андоновски и нагласи дека единствено што направи владата на СДС и ДУИ е полнење на автобусите и иселување на младите луѓе.

Единствено нешто што оваа влада направи е да ги наполни џебовите на поединци во владата и да ги наполни автобусите со млади луѓе кои што си заминуваат од државата, додаде тој.

Андоновски го потенцираше и предлогот на УМС до пратениците за покачување на студентскиот оброк од 120 денари на 160 денари, меѓутоа како што рече владејачкото мнозинство на СДС и ДУИ го одбиле и нагласи дека секој човек треба да даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа е партијата која се грижи за младите, а со тоа дава и поддршка за иднината на Македонија.

The post Андоновски: Младите си заминуваат затоа што со владата на СДС и ДУИ нема квалитетен живот appeared first on Република.

]]>

Младите во Македонија за жал енормно ја напуштаат нашата држава, додека пак оние кои што се останати тука се заборавени од власта на СДС и ДУИ, изјави Мартин Андоновски, генерален секретар на УМС на денешната трибина насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“. Андоновски рече дека Македонија е една од ретките држави ако не и единствена држава во која дури 58 проценти од младите сакаат да си заминат Македонија е една од ретките држави, ако не и единствена во која што 58 проценти на анкета на младите сакаат да се отселат од Република Македонија. тоа е една поразителна бројка, кажа тој. Андоновски рече дека во разговор со неговите врсници причината за отселување од државата е поради немање на квалитетно образование и здравство, како и квалитетен живот за младите.
Во разговор секогаш кога прашуваме која е причината зошто сакате да се отселите од Република Македонија, истото ова прашање да го поставевме пред 25 или 30 години ќе го добиевме одговорот поради егзистенцијални причини, но сега е од немање на квалитетен живот, поради руинирани студентски домови, немање квалитетно здравство, немаме квалитетно образование - рече тој.
Андоновски на трибината објасни дека порано во државата доаѓале странски инвестиции и се отворале нови работни места, но сега младите се иселуваат и работат во истите тие странски компании но во друга држава.
Порано во Македонија се отвораа странски инвестиции каде што имавме млада работна сила која што можеше да се вработи таму. Но сега за жал истата таа млада работна сила се отселува и работи во истите тие странски инвестиции но во друга држава. Ни беше ветено дека ќе се отворат Гоогле и Фејсбук но за жал се отворија само вратите и портите и младите луѓе заминуваат - истакна Андоновски и нагласи дека единствено што направи владата на СДС и ДУИ е полнење на автобусите и иселување на младите луѓе.
Единствено нешто што оваа влада направи е да ги наполни џебовите на поединци во владата и да ги наполни автобусите со млади луѓе кои што си заминуваат од државата, додаде тој. Андоновски го потенцираше и предлогот на УМС до пратениците за покачување на студентскиот оброк од 120 денари на 160 денари, меѓутоа како што рече владејачкото мнозинство на СДС и ДУИ го одбиле и нагласи дека секој човек треба да даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа е партијата која се грижи за младите, а со тоа дава и поддршка за иднината на Македонија.

The post Андоновски: Младите си заминуваат затоа што со владата на СДС и ДУИ нема квалитетен живот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Трипати повеќе млади се иселиле од државата последниве неколку години https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-tripati-povekje-mladi-se-iselile-od-drzavata-poslednive-nekolku-godini/ Sat, 26 Feb 2022 14:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=464324

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан во Велес „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ обелодени податок на европската статистика ЕВРОСТАТ кој покажува дека три пати повеќе млади луѓе се иселени од Македонија последниве неколку години додека е оваа влада предводена од СДСМ.

За разлика од оваа влада која оставаше празни чевли пред зградата на Илинденска и броеше, така од ракав колку си заминале од земјава, и после кога ги зграбија фотелјите се заборавија, ќе споделам еден податок кој е официјален и го објавува еврропската статистика ЕВРОСТАТ-ако во 2012 та година биле издадени 9 317 работни дозволи од земјите на ЕУ за македонски државјани, во 2019 та година бројот на издадени дозволи е 26 653 дозволи или три пати повеќе луѓе отишле да работат во странство затоа што со СДСМ, со Зоран Заев и администраторот Ковачевски тие буквално не гледаат никаква иднина во Македонија, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека наша задача е да ги вратиме овие луѓе и да им кажеме дека ќе се бориме за сите луѓе подеднакво затоа што Македонија е за сите луѓе и затоа што оваа држава мора да има иднина, бидејќи како стојат сега работите со оваа власт народот се сели заради тоа што се живее лошо и животот станува се поскап.

Дома имаме работа со поимот стагфлација што е комбинација од висока инфлација, високи цени и стагнирање на економијата. Денес секое семејство пред се го мачи тоа што бензините за две и пол години се покачени за 70 проценти, струјата е повисока за 30 проценти, цените на лебот, млекото и маслото вртоглаво растат. Можен е нов ценовен шок на енергенсите, додека државата се уште одбива да се откаже од акцизата за горива која ја зголеми. Нема никаква дополнителна набавка на стокови резерви во состојба кога целиот регион посветува внимание на оваа тема, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи и дека владата не негира дека ќе донесе нова одлука за Евро обврзница што ќе значи нов рекорд за задолжување кое треба да го платат сите граѓани и неродените генераци, додека во исто време заради власта енергетската криза не чини се повеќе.

Енергетската криза нѐ чинеше до сега повеќе од 200 милиони евра, висок износ на средства кој можеше да се искористат за справување со инфлацијата, за соодветен раст на пензииите и платите, од што корист ќе имаа сите граѓани. Наместо тоа плаќаме скап увоз на струја, којшто дополнително ја разгорува инфлацијата а плаќаме скап увоз на струја затоа што не произведуваме. Затоа што наместо да произведуваат во Битола и во Осломеј и во сите оние хидроцентрали тие увезуваат, а увезуваат за да делат пари, за да делат од рекетот кој го спроведуваат на грбот на народот и потоа ќе ви речат дека политиката е стабилна и владата водела сметка. Ниту владата води сметка, ниту политичката состојба е стабилна. Сам што не се урнала како кула од карти. Затоа денеска народото осиромашува а единствени кои се богатат се оние кои ги газат дебелите црвени килими на Илинденска број 2. Ќе потсетам дека денеска домашното произвдоство на електрична енергија изнесува нецели 34% од вкупните домашни потреби, додека историскиот просек е 62%, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Трипати повеќе млади се иселиле од државата последниве неколку години appeared first on Република.