отсечени Archives - Република https://republika.mk/tema/otsecheni/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Feb 2022 08:37:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отсечени Archives - Република https://republika.mk/tema/otsecheni/ 32 32 Герман четврти ден отсечен од светот, од Македонија пат велат не можат ништо против природата https://republika.mk/vesti/makedonija/german-chetvrti-den-otsechen-od-svetot-od-makedonija-pat-velat-ne-mozat-nishto-protiv-prirodata/ Sat, 05 Feb 2022 08:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=454440

Жителите на планинското село Герман во Ранковце четврти ден се без пристап до општината откако вечерта на 1-ви месецов наврна многу снег. Висината на снежната покривка изнесува околу седумдесет сантиметри.

Надлежните од Јавното претпријатие Македонија пат информираат дека во текот на вчерашниот ден расчистено е до село П’клиште, а од раните утрински часови специјално возило е повторно на терен и се очекува, согласно временските услови, патот денеска конечно да биде пробиен.

Станува збор за специфична конфигурација на теренот, деновиве интензивно, и по десетина часа се работеше активно за расчистување на овој регионален пат, но соспите што ги навева силниот ветер наместа надминуваат и метар и половина, така што нашите вработени прават натчовечки напори за пробивање на патот и очекуваме, ако времето ни биде наклонето, патот да се расчисти. Години наназад наидуваме на ист проблем и свесни сме дека не можеме ништо против природата, така што, правиме се што е во наша моќ и работиме согласно состојбата на теренот, информираат од ЈП Македонија пат.

Жителите информираат дека имаат потреба од набавка на лекови и намирници. Петнаесетте деца кои учат во основно училиште „Христијан Тодоровски – Карпош”, три дена следеа онлајн настава.

Во согласност со временските услови се прилагодивме и наставниот процес изминатите три дена за петнаесетте ученици од селото Герман се одвива онлајн. Тие се активно вклучени во наставата, со доделување наставни содржини, а дополнително, ќе се координираме и физички да се одржат часовите, изјави директорката на училиштето Христина Младеновска.

The post Герман четврти ден отсечен од светот, од Македонија пат велат не можат ништо против природата appeared first on Република.

]]>

Жителите на планинското село Герман во Ранковце четврти ден се без пристап до општината откако вечерта на 1-ви месецов наврна многу снег. Висината на снежната покривка изнесува околу седумдесет сантиметри. Надлежните од Јавното претпријатие Македонија пат информираат дека во текот на вчерашниот ден расчистено е до село П’клиште, а од раните утрински часови специјално возило е повторно на терен и се очекува, согласно временските услови, патот денеска конечно да биде пробиен.