откажан перформанс Archives - Република https://republika.mk/tema/otkazhan-performans/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 11:09:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png откажан перформанс Archives - Република https://republika.mk/tema/otkazhan-performans/ 32 32 Мултимедијалниот перформанс „Во моите чевли“ на Скопско лето откажан https://republika.mk/vesti/kultura/multimedijalniot-performans-vo-moite-chevli-na-skopsko-leto-otkazhan/ Sat, 27 Jul 2024 11:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=800735

Aвторката на перформансот „Во моите чевли” Јована Зајкова, за жал, го откажа вечерашниот настап.

„Сигурно сте слушнале за чудовиштата што живеат под креветот. Излегуваат навечер - спремни да нападнат ако се осмелиш да ги вознемириш. Некои деца се плашат, некои пак уживаат во своите мирни соништа без воопшто да помислат на нив. Но, дали некогаш сте се прашале каде се чудовиштата преку ден? Јас знам…Тие се кријат во моите чевли.”

-Втора награда на Фестивалот за кореографски минијатури во Белград, 2023

Заедно со изведувачот, публиката патува низ палета на различни чевли, кои претставуваат различни карактери, предизвици и гледишта, во внимателен хармонично-хаотичен свет. Оваа приказна во себе содржи многу хумор и дури може да наликува на перформанс наменет за деца. Сепак, во овој лесен и шеговит пристап се крие многу силна порака за отворање на срцето, живеење на животот до максимум и пронаоѓање на убавината во тешкотиите на животот.

Јована Зајкова е професионален танчер и кореограф. Таа ги завршува додипломските студии при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип во 2020г., каде што се здобива со диплома за современ танчер под менторство на проф. д-р Рисима Рисимкин. Во тек на студиите Јована стажира како дел од Скопје Танцовиот Театар и учествува во голем број изведби на фестивали во земјата и надвор. Таа се појавува како кореограф и изведувач на повеќе авторски проекти, меѓу кои: „Парадоксот на Диоген”, „УПМ”, „Јовано, Јованке”, „Самовили и демони”. Во 2023г. Јована го кореографира солото „Во моите чевли“ со кое настапува на фестивали во Полска, Србија, Белгија, Германија и Хрватска. Покрај работа како професионален танчер на сцена, во музички спотови и реклами, Јована држи часови по танц и работилници за деца и возрасни.

 

The post Мултимедијалниот перформанс „Во моите чевли“ на Скопско лето откажан appeared first on Република.

]]>

Aвторката на перформансот „Во моите чевли” Јована Зајкова, за жал, го откажа вечерашниот настап.

„Сигурно сте слушнале за чудовиштата што живеат под креветот. Излегуваат навечер - спремни да нападнат ако се осмелиш да ги вознемириш. Некои деца се плашат, некои пак уживаат во своите мирни соништа без воопшто да помислат на нив. Но, дали некогаш сте се прашале каде се чудовиштата преку ден? Јас знам…Тие се кријат во моите чевли.” -Втора награда на Фестивалот за кореографски минијатури во Белград, 2023 Заедно со изведувачот, публиката патува низ палета на различни чевли, кои претставуваат различни карактери, предизвици и гледишта, во внимателен хармонично-хаотичен свет. Оваа приказна во себе содржи многу хумор и дури може да наликува на перформанс наменет за деца. Сепак, во овој лесен и шеговит пристап се крие многу силна порака за отворање на срцето, живеење на животот до максимум и пронаоѓање на убавината во тешкотиите на животот. Јована Зајкова е професионален танчер и кореограф. Таа ги завршува додипломските студии при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип во 2020г., каде што се здобива со диплома за современ танчер под менторство на проф. д-р Рисима Рисимкин. Во тек на студиите Јована стажира како дел од Скопје Танцовиот Театар и учествува во голем број изведби на фестивали во земјата и надвор. Таа се појавува како кореограф и изведувач на повеќе авторски проекти, меѓу кои: „Парадоксот на Диоген”, „УПМ”, „Јовано, Јованке”, „Самовили и демони”. Во 2023г. Јована го кореографира солото „Во моите чевли“ со кое настапува на фестивали во Полска, Србија, Белгија, Германија и Хрватска. Покрај работа како професионален танчер на сцена, во музички спотови и реклами, Јована држи часови по танц и работилници за деца и возрасни.  

The post Мултимедијалниот перформанс „Во моите чевли“ на Скопско лето откажан appeared first on Република.

]]>