откажана Archives - Република https://republika.mk/tema/otkazana/ За подобро да се разбереме Wed, 17 May 2023 12:32:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png откажана Archives - Република https://republika.mk/tema/otkazana/ 32 32 Поради поплавите во Италија – откажана е Ф1 трката во Имола https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/poradi-poplavite-vo-italija-otkazhana-e-f1-trkata-vo-imola/ Wed, 17 May 2023 12:32:10 +0000 https://republika.mk/?p=641808

Челните луѓе во Формула 1 донесоа одлука овој викенд да нема трка на патеката „Имола“ во Италија, поради обилните врнежи и поплавите кои го зафатија овој регион. Поради тоа Формула 1 неочекувано мора да ги мењнува натпреаврувачките планови.

Информацијата за откажаната трка меѓу првите ја сподели „Скај спортс“, официјалниот пренесувач на Ф1 во Влика Британија, споделувајќи и видео-материјали од самото место.

Италија ја зафатија обилни дождови, кои направија масовни поплави во тој дел на Италија, во Тоскана и во Емилија-Ромања, па проблемите се насетија уште во понеделникот. Според протоколот, екипажите уште тогаш ја истоваруваат својата опрема на патеката каде што ќе се вози, со таа разлика што сега, само што се истовариле, добиле насока да го напуштат целиот комплекс на „Аутодромо Енцо е Дино Ферари“, во Имола.

Оттогаш, екипажите на екипите не можеле да пристапат до патеката поради поплавените патишта. Видеото на „Скај спортс“ покажува како реката Сантерно, која тече веднаш близу патеката е, речиси, на исто ниво со брегот и сето тоа придонесе, едноставно, Формула 1 да ја откаже трката.

Ова значи дека штом ќе биде возможно и безбедно, тимовите ќе го товарат својот багаж и целата опрема и ќе се насочат кон Монте Карло, за следната трка, предвидена за 28 мај.

 

The post Поради поплавите во Италија – откажана е Ф1 трката во Имола appeared first on Република.

]]>

Челните луѓе во Формула 1 донесоа одлука овој викенд да нема трка на патеката „Имола“ во Италија, поради обилните врнежи и поплавите кои го зафатија овој регион. Поради тоа Формула 1 неочекувано мора да ги мењнува натпреаврувачките планови. Информацијата за откажаната трка меѓу првите ја сподели „Скај спортс“, официјалниот пренесувач на Ф1 во Влика Британија, споделувајќи и видео-материјали од самото место. Италија ја зафатија обилни дождови, кои направија масовни поплави во тој дел на Италија, во Тоскана и во Емилија-Ромања, па проблемите се насетија уште во понеделникот. Според протоколот, екипажите уште тогаш ја истоваруваат својата опрема на патеката каде што ќе се вози, со таа разлика што сега, само што се истовариле, добиле насока да го напуштат целиот комплекс на „Аутодромо Енцо е Дино Ферари“, во Имола. Оттогаш, екипажите на екипите не можеле да пристапат до патеката поради поплавените патишта. Видеото на „Скај спортс“ покажува како реката Сантерно, која тече веднаш близу патеката е, речиси, на исто ниво со брегот и сето тоа придонесе, едноставно, Формула 1 да ја откаже трката. Ова значи дека штом ќе биде возможно и безбедно, тимовите ќе го товарат својот багаж и целата опрема и ќе се насочат кон Монте Карло, за следната трка, предвидена за 28 мај.  

The post Поради поплавите во Италија – откажана е Ф1 трката во Имола appeared first on Република.

]]>
Oткажана уште една манифестација поради недобиена поддршка од Министерството за култура https://republika.mk/vesti/kultura/otkazhana-ushte-edna-manifestatsija-poradi-nedobiena-poddrshka-od-ministerstvoto-za-kultura/ Wed, 15 Feb 2023 17:34:54 +0000 https://republika.mk/?p=609433

Деветтото издание на традиционалната театарско-музичка манифестација И ТЕТОВСКИТЕ ГЛУМЦИ ПОА, манифестација која изминатите 8 години ја полни салата на НУ ЦК „Иљо Антески Смок“, за огромна на жал на тетовци оваа година нема да биде одржано, поради комплетно одбиениот проект од страна на Министерството за култура, соопшти организаторот, режисерот Сашо Серафимовски.

Освен минатогодишната бледа подршка од ресорното министерство од 115.369 денари, оваа година аматерскиот театар во Тетово останува и без таа бледа поддршка. Да напоменеме дека традицијата на театар во Тетово датира од далечната 1898 година. Театарџиите во Тетово се директен наследник на некогашниот градски народен театар затворен 1955та година. Најсилниот адут на оваа манифестација се преполните сали, оригиналниот хумор, музиката во живо со 10 член професионален оркестар, професионално озвучување и осветлување кое чини многу пари. Досега сето ова било овозможено преку ентузијазмот на членовите и несебичната поддршка на градските мецени. Оваа година тетовци ќе останат покуси од одлична предновогодишна традиционална театарско-музичка манифестација, вели тој.

Пристигнаа доста реакции од уметниците на годинешната програма на Министерството, а претходно денеска беше соопштено дека по 21 година нема да се оддржи Оф фест.

https://republika.mk/vesti/kultura/otkazhan-of-fest-2023-nemame-namera-da-podnesuvame-zhalba-do-vtorostepenata-komisija-i-da-se-izlozhuvame-na-natamoshni-ponizhuvana/

The post Oткажана уште една манифестација поради недобиена поддршка од Министерството за култура appeared first on Република.

]]>

Деветтото издание на традиционалната театарско-музичка манифестација И ТЕТОВСКИТЕ ГЛУМЦИ ПОА, манифестација која изминатите 8 години ја полни салата на НУ ЦК „Иљо Антески Смок“, за огромна на жал на тетовци оваа година нема да биде одржано, поради комплетно одбиениот проект од страна на Министерството за култура, соопшти организаторот, режисерот Сашо Серафимовски.
Освен минатогодишната бледа подршка од ресорното министерство од 115.369 денари, оваа година аматерскиот театар во Тетово останува и без таа бледа поддршка. Да напоменеме дека традицијата на театар во Тетово датира од далечната 1898 година. Театарџиите во Тетово се директен наследник на некогашниот градски народен театар затворен 1955та година. Најсилниот адут на оваа манифестација се преполните сали, оригиналниот хумор, музиката во живо со 10 член професионален оркестар, професионално озвучување и осветлување кое чини многу пари. Досега сето ова било овозможено преку ентузијазмот на членовите и несебичната поддршка на градските мецени. Оваа година тетовци ќе останат покуси од одлична предновогодишна традиционална театарско-музичка манифестација, вели тој.
Пристигнаа доста реакции од уметниците на годинешната програма на Министерството, а претходно денеска беше соопштено дека по 21 година нема да се оддржи Оф фест. https://republika.mk/vesti/kultura/otkazhan-of-fest-2023-nemame-namera-da-podnesuvame-zhalba-do-vtorostepenata-komisija-i-da-se-izlozhuvame-na-natamoshni-ponizhuvana/

The post Oткажана уште една манифестација поради недобиена поддршка од Министерството за култура appeared first on Република.

]]>
Лавров ја откажа посетата на Србија откако Македонија не дозволи прелет на рускиот авион https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-ja-otkaza-posetata-na-srbija-otkako-makedonija-ne-dozvoli-prelet-na-ruskiot-avion/ Mon, 06 Jun 2022 07:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=511581

Откажана е посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Србија, откако Македонија, Црна Гора и Бугарија не дозволија прелет на авионот на рускиот дипломат.

Од макеонското МНР потврдиле дека го отфрлиле барањето на руската амбасада за прелет над македонска територија на авионот со кој Сергеј Лавров треба да патува кон Србија. Руското Министерство за надворешни засега не се појави со официјален коментар, а за денеска е најавена изјава на шефот на дипломатијата.

Прелетот не е дозволен поради санкциите воведени од поголем број држави од ЕУ и НАТО на кои се приклучи и Македонија откако Русија го почна нападот врз Украина.

Руски авиони не може да вршат прелети преку поголем дел од Европа, а линкот за прелети кон други делови од светот им е Турција која не се приклучи на воздушните санкции.

Лавров требаша да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ кој се приклучи на повеќе осуди на руската инвазија, но Србија не воведе санкции поради блиските врски со Москва и српската зависност од руски гас и енергенси.

Лавров требаша да ја посети Србија на 6-ти и 7-ми јуни со што пак се проблематизираше посетата на германскиот канцелар Шолц на Белград закажана на 10-ти јуни.

 

The post Лавров ја откажа посетата на Србија откако Македонија не дозволи прелет на рускиот авион appeared first on Република.

]]>

Откажана е посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Србија, откако Македонија, Црна Гора и Бугарија не дозволија прелет на авионот на рускиот дипломат. Од макеонското МНР потврдиле дека го отфрлиле барањето на руската амбасада за прелет над македонска територија на авионот со кој Сергеј Лавров треба да патува кон Србија. Руското Министерство за надворешни засега не се појави со официјален коментар, а за денеска е најавена изјава на шефот на дипломатијата. Прелетот не е дозволен поради санкциите воведени од поголем број држави од ЕУ и НАТО на кои се приклучи и Македонија откако Русија го почна нападот врз Украина. Руски авиони не може да вршат прелети преку поголем дел од Европа, а линкот за прелети кон други делови од светот им е Турција која не се приклучи на воздушните санкции. Лавров требаша да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ кој се приклучи на повеќе осуди на руската инвазија, но Србија не воведе санкции поради блиските врски со Москва и српската зависност од руски гас и енергенси. Лавров требаша да ја посети Србија на 6-ти и 7-ми јуни со што пак се проблематизираше посетата на германскиот канцелар Шолц на Белград закажана на 10-ти јуни.  

The post Лавров ја откажа посетата на Србија откако Македонија не дозволи прелет на рускиот авион appeared first on Република.

]]>