отело Archives - Република https://republika.mk/tema/otelo/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Oct 2023 07:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отело Archives - Република https://republika.mk/tema/otelo/ 32 32 „Народен непријател“ на МНТ го отвори Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ https://republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-go-otvori-megunarodniot-teatarski-festival-otelo/ Tue, 10 Oct 2023 07:52:42 +0000 https://republika.mk/?p=689701

Со изведбата на претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар (МНТ) по текст на Хенрик Ибзен и во режија на Нина Николиќ, синоќа започна седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар.

Пред гостиварската публика во Центарот за култура „АСНОМ“ беа претставени програмата за оваа издание и жирито кое ќе ги додели наградите за најдобар актер, актерка, режисер и претстава.

Освен МНТ, годинава со свои претстави на „Отело ќе настапат и народните театри од Косово и Албанија, и три други државни театри: од Габрово (Бугарија),Тетовскиот и театарот од Лесковац (Србија).

Фестивалот продолжува вечерва со претставата „Се надевам ќе играат добро“ по текст на Луц Хибнер во продукција на драмскиот театар „Рачо Стојанов“ од Габрово (Бугарија).

Најавените претстави ќе се играат на големата сцена во центарот за култура АСНОМ, а влезот е бесплатен.

Фестивалот ќе биде затворен во недела со изведба на „Први и последни“ на Народниот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“ од Тирана (Албанија) и доделување на наградите.

The post „Народен непријател“ на МНТ го отвори Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ appeared first on Република.

]]>

Со изведбата на претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар (МНТ) по текст на Хенрик Ибзен и во режија на Нина Николиќ, синоќа започна седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар. Пред гостиварската публика во Центарот за култура „АСНОМ“ беа претставени програмата за оваа издание и жирито кое ќе ги додели наградите за најдобар актер, актерка, режисер и претстава. Освен МНТ, годинава со свои претстави на „Отело ќе настапат и народните театри од Косово и Албанија, и три други државни театри: од Габрово (Бугарија),Тетовскиот и театарот од Лесковац (Србија). Фестивалот продолжува вечерва со претставата „Се надевам ќе играат добро“ по текст на Луц Хибнер во продукција на драмскиот театар „Рачо Стојанов“ од Габрово (Бугарија). Најавените претстави ќе се играат на големата сцена во центарот за култура АСНОМ, а влезот е бесплатен. Фестивалот ќе биде затворен во недела со изведба на „Први и последни“ на Народниот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“ од Тирана (Албанија) и доделување на наградите.

The post „Народен непријател“ на МНТ го отвори Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ appeared first on Република.

]]>
Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-otelo-na-rezhiserkata-oksana-dmitrieva-od-ukraina-vecherva-go-zatvora-festivalot-ruta-vo-dramski-teatar/ Sun, 08 Oct 2023 11:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=689213

Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина, работена по текстот на Вилијам Шекспир вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје во 20 часот. Претставата е копродукција на театарот Улисис од  Хрватска и Сарајевски ратни театар од Босна и Херцеговина.

На прес конференцијата за претставата актерската екипа говореше за процесот на создавање на истата, за безвременоста на текстот на Отело и пост трауматскиот синдром на луѓето што биле учесници во воените дејствија. Тоа што регионот и Сараево го преживеаја во деведесеттите, Киев во изминатата година, а овие денови го преживуваат луѓето во Израел и појасот Газа е стравотно и остава далекусежни трауми на повеќе генерации.

Актерската екипа ја истакна благодарноста за соработката со режисерката Оксана Дмитриева и нејзиниот тим од Украина. Нивна трајна придобивка е можноста да се запознаат со поинаква театарска школа и да дадат свој придонес во испреплетувањето на различни културолошки влијанија во самиот процес на подготовка на претставата.

Премиерата на претставата беше на Бриони во јули каде што се играла неколкупати и по сараевската премиера, вечерва во Скопје „Отело“ ќе биде изведена на затворањето на  фестивалот РУТА.

Фестивалската публика на годинешнава РУТА имаше можност да проследи шест претстави на ансамблите членки на РУТА и неколку театарски копродукции што го збогати фестивалот и поврзувањето на театарските куќи во регионот.

 

 

 

The post Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина, работена по текстот на Вилијам Шекспир вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје во 20 часот. Претставата е копродукција на театарот Улисис од  Хрватска и Сарајевски ратни театар од Босна и Херцеговина. На прес конференцијата за претставата актерската екипа говореше за процесот на создавање на истата, за безвременоста на текстот на Отело и пост трауматскиот синдром на луѓето што биле учесници во воените дејствија. Тоа што регионот и Сараево го преживеаја во деведесеттите, Киев во изминатата година, а овие денови го преживуваат луѓето во Израел и појасот Газа е стравотно и остава далекусежни трауми на повеќе генерации. Актерската екипа ја истакна благодарноста за соработката со режисерката Оксана Дмитриева и нејзиниот тим од Украина. Нивна трајна придобивка е можноста да се запознаат со поинаква театарска школа и да дадат свој придонес во испреплетувањето на различни културолошки влијанија во самиот процес на подготовка на претставата. Премиерата на претставата беше на Бриони во јули каде што се играла неколкупати и по сараевската премиера, вечерва во Скопје „Отело“ ќе биде изведена на затворањето на  фестивалот РУТА. Фестивалската публика на годинешнава РУТА имаше можност да проследи шест претстави на ансамблите членки на РУТА и неколку театарски копродукции што го збогати фестивалот и поврзувањето на театарските куќи во регионот.      

The post Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар appeared first on Република.

]]>