осветување Archives - Република https://republika.mk/tema/osvetuvane/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Apr 2024 13:57:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png осветување Archives - Република https://republika.mk/tema/osvetuvane/ 32 32 Од денес погледот кон небото нема да е ист: На Цветници осветени два нови крста, меѓу кои вториот најголем во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/od-denes-pogledot-kon-neboto-nema-da-e-ist-na-tsvetnitsi-osveteni-dva-novi-krsta-megu-koi-vtoriot-najgolem-vo-makedonija/ Sun, 28 Apr 2024 14:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=771920

Денеска, на големиот верски празник Цветници, во пресрет на Велигден, беа осветени два нови крста во Македонија - во Зрновци и во Драчево.

Крстот во Драчево,  кој е висок 63,5 метри, е втор по големина во државата.

Церемонијата на осветување на крстот ја предводеше поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. На настанот присуствуваат градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, како инвеститор на објектот, и голем број на граѓани.

Од денес погледот кон небото нема да е ист. Од денес, над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата, надежта и љубовта. Крстот е икона на верата, симбол на возвишеноста на човекот пред бескрајната моќ на небото. Во неговите контури е собрано целото значење на христијанството, каде се преплетуваат симболиката на жртвата, спасението и вечната љубов кон Бога. Осветувањето на овој Македонски крст е чин на почитта кон минатото, вера во иднината и мост кој нè спојува сите нас. Тој ќе стои тука, како светилник на нашата заедница, потсетувајќи нè на човековите вредности, на моралот и на нашиот пат кон почит и човекољубие, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека силно верува оти Бог нè осветлува и нè води, потсетувајќи нè дека секој наш чекор, секој наш обид да градиме нешто во Негово име, е благословен и благодатен.

И затоа ова е богатството и заветот што го оставаме за следните генерации, нагласи Ѓорѓиевски.

Тој им се заблагодари на Светскиот Македонски Конгрес, на МПЦ-ОА и г.г Стефан и на сите кои дале свој придонес за изградбата на крстот.

Посебно ми е драго што неговото осветување се случува денес, кога го славиме празникот Цветници, во предвечерјето на најголемиот ден за христијаните-Велигден. Празникот кој ја слави победата на животот над смртта и кој на највисок пиедестал ја издигнува верата. Денешниот ден е силен одек за времињата што доаѓаат, за промените што веќе започнаа да се случуваат, за новите историски моменти кои допрва ќе ги испишуваме во историјата на нашата Македонија. Со Божји благослов продолжуваме напред со проекти, со дела кои ќе бидат нашиот потпис и влог во иднината што ја оставаме на следните поколенија, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Изградбата на крстот во центарот на Драчево, во „Паркот на бранителите“, почна на 16 април 2022 година.

Неговото осветување денес е најголемата молитва пред Господа за победата на животот над смртта, за спасение на човештвото, на Македонците по род и државјанство, и на државата Македонија, истакна претседателот на СМК Петров.

Крстот во Драчево е дванаесетти во светот, а втор во Македонија. Висок е 63,5 метри, широк четири метри, со распон на краците 34 метри, секој крак по 15 метри. Постаментот е 12,5 метри, на три нивоа, темелната плоча е со дебелина од еден метар. Во Македонскиот Крст во Драчево е вградена челична конструкција од 80 тона, премачкана со алкална жолта боја.

На крстот е изведена светлечка инсталација со енергетска самоодржливост, што ќе претставува вистинска атракција во овој дел од градот Скопје и општината Кисела Вода. Вечерва ќе нè огрее неговата светлина. Крстот претставува симбол на мирот и љубовта наспроти омразата и војната и затоа, радоста е заемна и благодатна за сите граѓани на државата Македонија, за сите Македонци по род и државјанство. За многаја лета Крстот, кој денес се освети, за многаја лета Драчево и општината Кисела Вода, за многаја лета Скопје метрополата и државата Македонија! Нека овој свет крст биде светилник на верата во Бога и на љубовта за татковината Македонија! Нека Господ Бог нè благослови сите нас, нека Господ Бог ја благослови Македонија, рече Петров, кој потоа, како инвеститор на објектот им додели плакети и благодарници на сите кои ја помогнаа изградбата на ова свето здание.

Настанот беше дополнет со музичка програма од музичари: Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски како и мешаниот камерен хор „Свети Климент Охридски“ и дечињата од КУД „Китка“.

Во Зрновци, пак,  на голем црковно-народен собир кај филтер станицата за вода во Зрновци, беше осветен Македонскиот крст на чие поставување се работеше во текот на овој месец.

Чинот на осветувањето го изведе митрополитот брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, а крстот е поставен по барање на жителите на Зрновци со донација од нивен сограѓанин.

Крстот е изработен од метална решетка, има височина од 18,5 метри, а ширината на краците изнесува 14 метри. Материјалите и поставувањето се донација од семејството на Јоце Гоцев. Јас и Советот на Општината помогнавме со усвојување на соодветна одлука за локацијата, за пробивање на сообраќајниот пристап и партерното уредување на целиот простор, како и за обезбедување електрична енергија и осветлување на крстот. По чинот на осветувањето тој е предаден во владение на МПЦ ОА и нејзината Брегалничка епархија, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Митрополитот брегалнички Иларион упати благослов до донаторите и сите кои помогнале за поставување на Македонскиот крст, порачувајќи тој да стане радост за сите жители, а неговата околина да прерасне во место за духовно обединување, како доказ дека на овие простори живееле и ќе живеат христијански граѓани кои ќе го чуваат и ќе сведочат за православието.

The post Од денес погледот кон небото нема да е ист: На Цветници осветени два нови крста, меѓу кои вториот најголем во Македонија appeared first on Република.

]]>

Денеска, на големиот верски празник Цветници, во пресрет на Велигден, беа осветени два нови крста во Македонија - во Зрновци и во Драчево. Крстот во Драчево,  кој е висок 63,5 метри, е втор по големина во државата. Церемонијата на осветување на крстот ја предводеше поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. На настанот присуствуваат градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, како инвеститор на објектот, и голем број на граѓани.
Од денес погледот кон небото нема да е ист. Од денес, над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата, надежта и љубовта. Крстот е икона на верата, симбол на возвишеноста на човекот пред бескрајната моќ на небото. Во неговите контури е собрано целото значење на христијанството, каде се преплетуваат симболиката на жртвата, спасението и вечната љубов кон Бога. Осветувањето на овој Македонски крст е чин на почитта кон минатото, вера во иднината и мост кој нè спојува сите нас. Тој ќе стои тука, како светилник на нашата заедница, потсетувајќи нè на човековите вредности, на моралот и на нашиот пат кон почит и човекољубие, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека силно верува оти Бог нè осветлува и нè води, потсетувајќи нè дека секој наш чекор, секој наш обид да градиме нешто во Негово име, е благословен и благодатен.
И затоа ова е богатството и заветот што го оставаме за следните генерации, нагласи Ѓорѓиевски.
Тој им се заблагодари на Светскиот Македонски Конгрес, на МПЦ-ОА и г.г Стефан и на сите кои дале свој придонес за изградбата на крстот.
Посебно ми е драго што неговото осветување се случува денес, кога го славиме празникот Цветници, во предвечерјето на најголемиот ден за христијаните-Велигден. Празникот кој ја слави победата на животот над смртта и кој на највисок пиедестал ја издигнува верата. Денешниот ден е силен одек за времињата што доаѓаат, за промените што веќе започнаа да се случуваат, за новите историски моменти кои допрва ќе ги испишуваме во историјата на нашата Македонија. Со Божји благослов продолжуваме напред со проекти, со дела кои ќе бидат нашиот потпис и влог во иднината што ја оставаме на следните поколенија, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Изградбата на крстот во центарот на Драчево, во „Паркот на бранителите“, почна на 16 април 2022 година.
Неговото осветување денес е најголемата молитва пред Господа за победата на животот над смртта, за спасение на човештвото, на Македонците по род и државјанство, и на државата Македонија, истакна претседателот на СМК Петров.
Крстот во Драчево е дванаесетти во светот, а втор во Македонија. Висок е 63,5 метри, широк четири метри, со распон на краците 34 метри, секој крак по 15 метри. Постаментот е 12,5 метри, на три нивоа, темелната плоча е со дебелина од еден метар. Во Македонскиот Крст во Драчево е вградена челична конструкција од 80 тона, премачкана со алкална жолта боја.
На крстот е изведена светлечка инсталација со енергетска самоодржливост, што ќе претставува вистинска атракција во овој дел од градот Скопје и општината Кисела Вода. Вечерва ќе нè огрее неговата светлина. Крстот претставува симбол на мирот и љубовта наспроти омразата и војната и затоа, радоста е заемна и благодатна за сите граѓани на државата Македонија, за сите Македонци по род и државјанство. За многаја лета Крстот, кој денес се освети, за многаја лета Драчево и општината Кисела Вода, за многаја лета Скопје метрополата и државата Македонија! Нека овој свет крст биде светилник на верата во Бога и на љубовта за татковината Македонија! Нека Господ Бог нè благослови сите нас, нека Господ Бог ја благослови Македонија, рече Петров, кој потоа, како инвеститор на објектот им додели плакети и благодарници на сите кои ја помогнаа изградбата на ова свето здание.
Настанот беше дополнет со музичка програма од музичари: Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски како и мешаниот камерен хор „Свети Климент Охридски“ и дечињата од КУД „Китка“. Во Зрновци, пак,  на голем црковно-народен собир кај филтер станицата за вода во Зрновци, беше осветен Македонскиот крст на чие поставување се работеше во текот на овој месец. Чинот на осветувањето го изведе митрополитот брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, а крстот е поставен по барање на жителите на Зрновци со донација од нивен сограѓанин.
Крстот е изработен од метална решетка, има височина од 18,5 метри, а ширината на краците изнесува 14 метри. Материјалите и поставувањето се донација од семејството на Јоце Гоцев. Јас и Советот на Општината помогнавме со усвојување на соодветна одлука за локацијата, за пробивање на сообраќајниот пристап и партерното уредување на целиот простор, како и за обезбедување електрична енергија и осветлување на крстот. По чинот на осветувањето тој е предаден во владение на МПЦ ОА и нејзината Брегалничка епархија, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.
Митрополитот брегалнички Иларион упати благослов до донаторите и сите кои помогнале за поставување на Македонскиот крст, порачувајќи тој да стане радост за сите жители, а неговата околина да прерасне во место за духовно обединување, како доказ дека на овие простори живееле и ќе живеат христијански граѓани кои ќе го чуваат и ќе сведочат за православието.

The post Од денес погледот кон небото нема да е ист: На Цветници осветени два нови крста, меѓу кои вториот најголем во Македонија appeared first on Република.

]]>
Осветување на новиот крст во Драчево https://republika.mk/zivot/servisi/osvetuvane-na-noviot-krst-vo-drachevo/ Sun, 28 Apr 2024 06:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=771840

На верскиот празник Цветници, денеска, во 12 часот, ќе биде осветен крстот во Драчево, поставен од Општина Кисела Вода во соработка со Светскиот Македонски Конгрес.

Осветувањето на крстот ќе го изврши поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Пред чинот на осветувањето, ќе настапат пејачите Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, како и мешаниот камерен хор „Свети Климент Охридски”.

The post Осветување на новиот крст во Драчево appeared first on Република.

]]>

На верскиот празник Цветници, денеска, во 12 часот, ќе биде осветен крстот во Драчево, поставен од Општина Кисела Вода во соработка со Светскиот Македонски Конгрес. Осветувањето на крстот ќе го изврши поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Пред чинот на осветувањето, ќе настапат пејачите Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, како и мешаниот камерен хор „Свети Климент Охридски”.

The post Осветување на новиот крст во Драчево appeared first on Република.

]]>
Во сеќавање на убиените деца: Осветен манастирот Свети 40 Маченици на Смилковско езеро https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-sekavane-na-ubienite-detsa-osveten-manastirot-sveti-40-machenitsi-na-smilkovsko-ezero/ Sat, 13 Apr 2024 11:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=765673

Се освети манастирот Св. 40 Маченици изграден на Смилковското езеро во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски кои пред 12 години беа кукавички убиени на ова место.

Со изградбата на овој манастир, грозоморниот чин на убиството нема никогаш да се заборави и никогаш да не се повтори! Чинот на осветување го изврши неговото блаженство, Архепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски, кој денска присуствуваше на осветувањето заедно со лидерот на партијата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, како и градоначалниците на општина Гази Баба и Бутел, Бобан Стефковски и Дарко Костовски, напиша на Фејсбук, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

The post Во сеќавање на убиените деца: Осветен манастирот Свети 40 Маченици на Смилковско езеро appeared first on Република.

]]>

Се освети манастирот Св. 40 Маченици изграден на Смилковското езеро во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски кои пред 12 години беа кукавички убиени на ова место. Со изградбата на овој манастир, грозоморниот чин на убиството нема никогаш да се заборави и никогаш да не се повтори! Чинот на осветување го изврши неговото блаженство, Архепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски, кој денска присуствуваше на осветувањето заедно со лидерот на партијата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, како и градоначалниците на општина Гази Баба и Бутел, Бобан Стефковски и Дарко Костовски, напиша на Фејсбук, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

The post Во сеќавање на убиените деца: Осветен манастирот Свети 40 Маченици на Смилковско езеро appeared first on Република.

]]>
Осветен манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево https://republika.mk/vesti/makedonija/osveten-manastirot-sveto-preobrazhenie-gospodovo-vo-krushevo/ Sun, 24 Sep 2023 11:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=684654

Манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, во чија изградба придонесе и Тоше Проески, денеска е осветен во присуство на голем број верници.

Чинот на осветување го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

 

Со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир го добива својот целосен сјај.

 

The post Осветен манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево appeared first on Република.

]]>

Манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, во чија изградба придонесе и Тоше Проески, денеска е осветен во присуство на голем број верници. Чинот на осветување го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.   Со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир го добива својот целосен сјај.  

The post Осветен манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-ke-se-osveti-sechesniot-hram-na-majkata-bozhja-vo-selo-rostushe/ Sat, 29 Jul 2023 09:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=666563

Црквата посветена на Пресвета Богородица, во долнореканското село Ростуше, која е изградена со многу љубов и големи заложби на Бигорското братство, предводено од апископот Антаниски г. Партениј и на иницијативниот одбор од ова село, утре ќе биде осветена, а според програмата активностите почнуваат од вечерва.

Во сабота, 29 јули 2023 година, со почеток во 18 часот ќе се изврши Отворањето на Дверите на новоизградениот Храм на Пресвета Богородица во с. Ростуше. Во продолжение ќе биде отслужена голема празнична архиерејска Вечерна, на којашто ќе претстои игуменот на Свештената Бигорска Обител, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. За време на Вечерната богослужба, за поклонение ќе бидат изложени Светите Мошти коишто ќе бидат вградени во Светата Трпеза, информираат од Бигорскиот манастир.

По Вечерната богослужба, со своја културно-музичка програма ќе настапи хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кој ќе изведе традиционални византиски каланди.

Утре, 30 јули, со почеток во 9 часот, ќе биде извршено осветувањето на Храмот од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. По осветувањето следува Божествена архиерејска Литургија, наведуваат од манастирот.

По историскиот чин на осветувањето и архиерејската Литургија со своја традиционална културно-уметничка програма ќе настапат составот „Чалгија мерак“, како и ансамблот „Македонија“.

По тој повод Свештената бигорска обител, со голема чест и радост ги поканува почитуваните верници, сите ростушани и пријатели на Река и на Мијачкиот крај, да присуствуваат на овој свет и значаен настан за овој крај.

Според историски извори, со сигурност се знае дека во ова долнореканското село суштествувал велелепен храм посветен на Пресвета Богородица, уште од византиско време, но бил разурнат и на негово место изграден друг објект.

Храмот е идејно обмислен од страна на владиката Партениј, изграден е од камен и од тули, во препознатливиот византиски стил опус микстум, и структурно наликува на старата црква што била на сред село, крстообразна, со голема купола на средината, со конхи од страните и со камбанарија над тремот.

The post Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше appeared first on Република.

]]>

Црквата посветена на Пресвета Богородица, во долнореканското село Ростуше, која е изградена со многу љубов и големи заложби на Бигорското братство, предводено од апископот Антаниски г. Партениј и на иницијативниот одбор од ова село, утре ќе биде осветена, а според програмата активностите почнуваат од вечерва.
Во сабота, 29 јули 2023 година, со почеток во 18 часот ќе се изврши Отворањето на Дверите на новоизградениот Храм на Пресвета Богородица во с. Ростуше. Во продолжение ќе биде отслужена голема празнична архиерејска Вечерна, на којашто ќе претстои игуменот на Свештената Бигорска Обител, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. За време на Вечерната богослужба, за поклонение ќе бидат изложени Светите Мошти коишто ќе бидат вградени во Светата Трпеза, информираат од Бигорскиот манастир.
По Вечерната богослужба, со своја културно-музичка програма ќе настапи хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кој ќе изведе традиционални византиски каланди.
Утре, 30 јули, со почеток во 9 часот, ќе биде извршено осветувањето на Храмот од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. По осветувањето следува Божествена архиерејска Литургија, наведуваат од манастирот.
По историскиот чин на осветувањето и архиерејската Литургија со своја традиционална културно-уметничка програма ќе настапат составот „Чалгија мерак“, како и ансамблот „Македонија“. По тој повод Свештената бигорска обител, со голема чест и радост ги поканува почитуваните верници, сите ростушани и пријатели на Река и на Мијачкиот крај, да присуствуваат на овој свет и значаен настан за овој крај. Според историски извори, со сигурност се знае дека во ова долнореканското село суштествувал велелепен храм посветен на Пресвета Богородица, уште од византиско време, но бил разурнат и на негово место изграден друг објект. Храмот е идејно обмислен од страна на владиката Партениј, изграден е од камен и од тули, во препознатливиот византиски стил опус микстум, и структурно наликува на старата црква што била на сред село, крстообразна, со голема купола на средината, со конхи од страните и со камбанарија над тремот.

The post Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше appeared first on Република.

]]>