осумгодишно девојче Archives - Република https://republika.mk/tema/osumgodishno-devojche/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 12:00:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png осумгодишно девојче Archives - Република https://republika.mk/tema/osumgodishno-devojche/ 32 32 Осумгодишно девојче од Германија се удави во Јадранското море https://republika.mk/zivot/semejstvo/osumgodishno-devojche-od-germanija-se-udavi-vo-jadranskoto-more/ Tue, 27 Aug 2024 12:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=810589

Осумгодишно девојче од Германија се удавило додека пливало во Јадранското Море во близина на одморалиштето Бибионе, источно од Венеција.

Девојчето била на одмор со семејството кога очигледно се случил некој проблем додека пливала и се удавила.

Другите капачи, кои биле во близина на осумгодишното девојче, набрзо забележале дека нејзиното тело лебди по водата и дека детето не се движи.

Веднаш го вклучиле алармот, поради што спасувачите дошле на местото на настанот.

Спасувачите го одвлекле безживотното тело на девојчето до плажата и почнале со реанимација.

На местото на настанот пристигнал хеликоптер, но по еден час реанимација, кај девојчето било констатирано смрт, пренесува Билд.

The post Осумгодишно девојче од Германија се удави во Јадранското море appeared first on Република.

]]>

Осумгодишно девојче од Германија се удавило додека пливало во Јадранското Море во близина на одморалиштето Бибионе, источно од Венеција. Девојчето била на одмор со семејството кога очигледно се случил некој проблем додека пливала и се удавила. Другите капачи, кои биле во близина на осумгодишното девојче, набрзо забележале дека нејзиното тело лебди по водата и дека детето не се движи. Веднаш го вклучиле алармот, поради што спасувачите дошле на местото на настанот. Спасувачите го одвлекле безживотното тело на девојчето до плажата и почнале со реанимација. На местото на настанот пристигнал хеликоптер, но по еден час реанимација, кај девојчето било констатирано смрт, пренесува Билд.  

The post Осумгодишно девојче од Германија се удави во Јадранското море appeared first on Република.

]]>
Осумгодишно девојче од Охрид со медикоптер пренесено на операција во Истанбул https://republika.mk/zivot/zdravje/osumgodishno-devojche-od-ohrid-so-medikopter-preneseno-na-operatsija-vo-istanbul/ Mon, 27 May 2024 15:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=782135

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно девојче до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради хируршки зафат (операција) на ‘рбетниот столб.

Транспортот е спроведен со хеликоптер на МВР кој поседува преносна медицинска опрема, а детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул и за кратко време хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје.

– На 13 мај 2024 година, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, а потоа дополнително преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи, било упатено барање од родителот на детето за транспорт од Охрид до болницата во Истанбул. Детето кое се транспортира со хеликоптер, имало проблем со моториката, не може самостојно да оди, не зборува и има голем степен на искривување на ‘рбетниот столб, повеќе од 80 отсто. Поради наведените здравствени проблеми, долготрајниот транспорт е можно дополнително да се одрази негативно врз здравствената состојба на детето. Ако се земе предвид дека оваа операција на ‘рбетот спаѓал во тешки и ризични операции, а постоперативното опоравување е долгорочно и многу тешко, особено во таква состојба, констатирано е дека друг вид транспорт со толкаво времетраење е многу ризичен и опасен по животот на девојчето – наведува ЦУК.

По упатеното барање во ЦУК, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено.

The post Осумгодишно девојче од Охрид со медикоптер пренесено на операција во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно девојче до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради хируршки зафат (операција) на ‘рбетниот столб. Транспортот е спроведен со хеликоптер на МВР кој поседува преносна медицинска опрема, а детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул и за кратко време хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје.