Остен Archives - Република https://republika.mk/tema/osten/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 07:50:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Остен Archives - Република https://republika.mk/tema/osten/ 32 32 Изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски во Галерија „Остен“ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-sliki-tsrtezhi-i-grafiki-od-vangel-naumovski-vo-galerija-osten/ Fri, 28 Jun 2024 07:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=791458

Во галеријата Остен како дел од ОСТЕН Биенале Скопје 2024, е поставена изложбата на ликовниот уметник Вангел Наумовски. Во колекцијата на „Остен“ се наоѓаат 65 дела од Наумовски – слики, цртежи и графики.

Наумовски е добитник на награда „Светско културно наследство“ и изложбата се поставува во негова чест со цел да се слави неговото творештво кое ја однесе македонската ликовна уметност во светот.

Вангел Наумовски е роден во охридското село Скребатно 1924 година. Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е исклучен од истото како „неталентиран“. Првата негова работа е цртач во ателјето за резба во Охрид, додека неговата прва изложба е во родниот град Охрид во 1954 година. Потоа следувале нови изложби, награди и признанија.

Првпат во странство Наумовски се претставил во 1961, додека во 1967 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, кое на изложба во 1969 година му ја доделува наградата „Свадбен венец“. Истата година од градот Охрид ја добива наградата за сликарство „Седми ноември“ и тој почнува да се занимава исклучиво со сликарството како слободен уметник.

Во 1974 година, Наумовски е награден со Гран при за сликарство од Колекцијата „Винстон” во Женева, ја добил и наградата за сликарство „Нерешки мајстори” на ДЛУМ, а во 1979 година станал член на Италијанската академија за ликовни уметности (Academia Italia de belle Arti e del Lavoro), од каде што е номиниран и за академик. Во Италија е награден и со „Награда на Италија“ (Premio d’ Italia) во 1980 година. На првото Биенале на југословенската самоука ликовна уметност во Светозарево во 1981 година добил Откупна награда, а во истата година и Награда за цртеж од Музејот на современа уметност во Скопје. Во 1984 година италијанскиот Центар за студии и истражувања на нациите (Centro Studi e Ricerche delle Nazioni) му доделува „Светска награда за култура“ (Premio Mondale della Cultura) и „Статуа на победата 1984“ (Statuata della Vittoria 1984), a Европската академија од Италија наградата „Европско знаме на уметноста” со златен медал.

Наумовски има остварено над 30 самостојни и 100-тина групни изложби низ сите центри на модерната уметност како Париз, Рим, Лондон и Њујорк… а неговите дела се наоѓаат во многу музеи во Македонија и низ светот.

Починал на 13 јуни 2006 година во Охрид.

 

The post Изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски во Галерија „Остен“ appeared first on Република.

]]>

Во галеријата Остен како дел од ОСТЕН Биенале Скопје 2024, е поставена изложбата на ликовниот уметник Вангел Наумовски. Во колекцијата на „Остен“ се наоѓаат 65 дела од Наумовски – слики, цртежи и графики. Наумовски е добитник на награда „Светско културно наследство“ и изложбата се поставува во негова чест со цел да се слави неговото творештво кое ја однесе македонската ликовна уметност во светот. Вангел Наумовски е роден во охридското село Скребатно 1924 година. Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е исклучен од истото како „неталентиран“. Првата негова работа е цртач во ателјето за резба во Охрид, додека неговата прва изложба е во родниот град Охрид во 1954 година. Потоа следувале нови изложби, награди и признанија. Првпат во странство Наумовски се претставил во 1961, додека во 1967 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, кое на изложба во 1969 година му ја доделува наградата „Свадбен венец“. Истата година од градот Охрид ја добива наградата за сликарство „Седми ноември“ и тој почнува да се занимава исклучиво со сликарството како слободен уметник. Во 1974 година, Наумовски е награден со Гран при за сликарство од Колекцијата „Винстон” во Женева, ја добил и наградата за сликарство „Нерешки мајстори” на ДЛУМ, а во 1979 година станал член на Италијанската академија за ликовни уметности (Academia Italia de belle Arti e del Lavoro), од каде што е номиниран и за академик. Во Италија е награден и со „Награда на Италија“ (Premio d’ Italia) во 1980 година. На првото Биенале на југословенската самоука ликовна уметност во Светозарево во 1981 година добил Откупна награда, а во истата година и Награда за цртеж од Музејот на современа уметност во Скопје. Во 1984 година италијанскиот Центар за студии и истражувања на нациите (Centro Studi e Ricerche delle Nazioni) му доделува „Светска награда за култура“ (Premio Mondale della Cultura) и „Статуа на победата 1984“ (Statuata della Vittoria 1984), a Европската академија од Италија наградата „Европско знаме на уметноста” со златен медал. Наумовски има остварено над 30 самостојни и 100-тина групни изложби низ сите центри на модерната уметност како Париз, Рим, Лондон и Њујорк… а неговите дела се наоѓаат во многу музеи во Македонија и низ светот. Починал на 13 јуни 2006 година во Охрид.  

The post Изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски во Галерија „Остен“ appeared first on Република.

]]>
Гран-при за животно остварување на „Остен Биенале Скопје“ за италијанскиот уметник Микеланџело Пистолето https://republika.mk/vesti/kultura/gran-pri-za-zhivotno-ostvaruvane-na-osten-bienale-skopje-za-italijanskiot-umetnik-mikelandhelo-pistoleto/ Sat, 20 Apr 2024 19:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=768617

Меѓународното биенале за визуелни уметности „Остен Биенале Скопје“ ја соопшти одлуката на Советот на амбасадори на „Остен“ за главните награди на „Остен Биенале Скопје 2024“.

Добитник на Гран-при за животно остварување е Микеланџело Пистолето (1933), италијански уметник (сликар, уметнички акции, објекти) и теоретичар, еден од основачите и главен протагонист на „Арте повера“, радикално италијанско уметничко движење од минатиот век, чии уметници истражуваа низа неконвенционални процеси и примена на нетрадиционални „секојдневни“ материјали.

Наградата Светско културно наследство се доделува на Вангел Наумовски, еден од најголемите македонски ликовни уметници, кого теоретичарите го ставија во редот на самоуките надреалистички сликари. Со наградата пригодно ќе се оддаде почит на неговото творештво по повод 100-годишнината од неговото раѓање (1924 – 2006) и 100-годишнината од надреализмот (1924 – 2024).

Советот на „Остен“ одлучи оваа година „земја во фокус“ да биде Италија. „Остен“ веќе е во соработка со Лина Дамиани, координатор за Италија, која ќе анимира италијански уметници, а најава на одлуката е изложбата „Тркало на времето“ од италијанскиот уметник Марко Бањоли, која „Остен Биенале Скопје“ ја организира во НГМ – Чифте амам од 23 април до 5 мај во соработка со „Зеринтија“ – Асоцијација за современа уметност од Рим, а со поддршка на Италијанскиот институт за култура и Италијанската амбасада во Скопје.

The post Гран-при за животно остварување на „Остен Биенале Скопје“ за италијанскиот уметник Микеланџело Пистолето appeared first on Република.

]]>

Меѓународното биенале за визуелни уметности „Остен Биенале Скопје“ ја соопшти одлуката на Советот на амбасадори на „Остен“ за главните награди на „Остен Биенале Скопје 2024“. Добитник на Гран-при за животно остварување е Микеланџело Пистолето (1933), италијански уметник (сликар, уметнички акции, објекти) и теоретичар, еден од основачите и главен протагонист на „Арте повера“, радикално италијанско уметничко движење од минатиот век, чии уметници истражуваа низа неконвенционални процеси и примена на нетрадиционални „секојдневни“ материјали.
Наградата Светско културно наследство се доделува на Вангел Наумовски, еден од најголемите македонски ликовни уметници, кого теоретичарите го ставија во редот на самоуките надреалистички сликари. Со наградата пригодно ќе се оддаде почит на неговото творештво по повод 100-годишнината од неговото раѓање (1924 – 2006) и 100-годишнината од надреализмот (1924 – 2024). Советот на „Остен“ одлучи оваа година „земја во фокус“ да биде Италија. „Остен“ веќе е во соработка со Лина Дамиани, координатор за Италија, која ќе анимира италијански уметници, а најава на одлуката е изложбата „Тркало на времето“ од италијанскиот уметник Марко Бањоли, која „Остен Биенале Скопје“ ја организира во НГМ – Чифте амам од 23 април до 5 мај во соработка со „Зеринтија“ – Асоцијација за современа уметност од Рим, а со поддршка на Италијанскиот институт за култура и Италијанската амбасада во Скопје.

The post Гран-при за животно остварување на „Остен Биенале Скопје“ за италијанскиот уметник Микеланџело Пистолето appeared first on Република.

]]>
„Простор“ – самостојна изложба на романскиот уметник Владимир Паун – Врапциу https://republika.mk/vesti/kultura/prostor-samostojna-izlozhba-na-romanskiot-umetnik-vladimir-paun-vraptsiu/ Tue, 06 Feb 2024 08:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=740807

Самостојна изложба на романскиот уметник Владимир Паун– Врапциу со наслов „Простор“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата „ОСТЕН“, во Скопје. На отворањето најавено е обраќање на амбасадорката на Романија, Моника Аксинте.

„Простор“, како што наведуваат од галеријата, претставува проект во развој кој постојано добива нови форми и димензии, како што всушност се случува и во просторот околу нас, еден постојан, неограничен развој. Со истата изложба, Врапциу има гостувано во галеријата „Сафира и Вентура“ (Saphira&Ventura Gallery) во Њујорк од 01 до10 март 2022 година.

-Но, „Простор“ е повеќе од едноставно истражување на космичките мистерии; тоа е храбар напор да се соочиме со егзистенцијалните стравови што ја зафаќаат нашата колективна свест. Среде глобалната пандемија и безбројните грижи што ја придружуваат, оваа изложба се појавува како фројдовска катарза, терапевтско патување низ уметноста за да се помириме со нашите најдлабоки стравови. Овде, среде курираните форми, лежи доказ за издржливоста, потсетник дека и покрај неизвесноста, уметноста служи како светилник на утеха и исцелување. Бидејќи во прегратката на креативноста, наоѓаме не само светилиште, туку и сила да ги надминеме неволјите. Добредојдовте во „Простор“, каде уметноста станува сад за патување навнатре, кон разбирање, прифаќање и на крајот ослободување, стои во текстот за постановката на романскиот уметник Врапциу.

Кустососот и музеолог Александру Ангел од Романија ќе рече дека во просторот дефиниран од Врапциу, тој парадоксално ја претставува – слободата, која постои и покрај клаустрофобичната форма на живеалиштата на луѓето.

Импресивната количина на дела не му дозволува на уметникот да биде педантен или стабилен во групирањето или реконфигурирањето. Тој не преговара за идејата што доминира со него и не верува во еластичноста на емоциите. Како борец од прва линија, тој го лепи знамето на својата личност на местото избрано за освојување. Затоа неговата визија е полна со искреност, со јасен вкус, пишува универзитетскиот предавач д-р Јон Ангел.

Владимир Паун-Врапциу е современ романски уметник, кој завршува средно уметничко училиште во Бузау со фокус на декорацијата од 1991 до 1995 година. Дипломира архитектура и урбанизам на Факултетот за архитектура и урбанизам во Букурешт меѓу 1996 и 2003 година. Воден од страста за уметничко истражување, дополнително завршува магистерски студии по уметност на Националниот универзитет за уметност во Букурешт од 2019 до 2021 година.

Како успешен уметник, се здобива со меѓународно признание. Со гордост го претставува галеријата „Сонија Монти“ во Париз, Франција, означувајќи го неговото присуство на европската уметничка сцена. Дополнително, поврзан е со галеријата Сафира и Вентура во Њујорк, САД, каде го покажува глобалниот досег на неговото уметничко влијание. Активен член е на различни ценети организации, вклучувајќи го Редот на архитекти во Романија, Унијата на архитекти од Романија и Унијата на визуелни уметници во Романија.

Признанијата на уметникот ја вклучуваат престижната ОСТЕН НАГРАДА на Остен биеналето на цртеж во Скопје, Македонија, во 2020 година. „НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР УМЕТНИК“ од Биеналето во Фиренца и WAVA (Светска асоцијација за визуелни уметности) и „Награда на жирито“ на Биеналето во Фиренца.

Покрај неговите достигнувања во светот на уметноста, има успешна кариера и во архитектурата, особено познат по неговата експертиза во минимализмот. Во 2002/2003 година, тој се појавува како победник на архитектонски натпревар организиран од Фондацијата OAT FARM, спонзориран од принцот Чарлс, кој е претседател на жирито.

The post „Простор“ – самостојна изложба на романскиот уметник Владимир Паун – Врапциу appeared first on Република.

]]>

Самостојна изложба на романскиот уметник Владимир Паун– Врапциу со наслов „Простор“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата „ОСТЕН“, во Скопје. На отворањето најавено е обраќање на амбасадорката на Романија, Моника Аксинте. „Простор“, како што наведуваат од галеријата, претставува проект во развој кој постојано добива нови форми и димензии, како што всушност се случува и во просторот околу нас, еден постојан, неограничен развој. Со истата изложба, Врапциу има гостувано во галеријата „Сафира и Вентура“ (Saphira&Ventura Gallery) во Њујорк од 01 до10 март 2022 година. -Но, „Простор“ е повеќе од едноставно истражување на космичките мистерии; тоа е храбар напор да се соочиме со егзистенцијалните стравови што ја зафаќаат нашата колективна свест. Среде глобалната пандемија и безбројните грижи што ја придружуваат, оваа изложба се појавува како фројдовска катарза, терапевтско патување низ уметноста за да се помириме со нашите најдлабоки стравови. Овде, среде курираните форми, лежи доказ за издржливоста, потсетник дека и покрај неизвесноста, уметноста служи како светилник на утеха и исцелување. Бидејќи во прегратката на креативноста, наоѓаме не само светилиште, туку и сила да ги надминеме неволјите. Добредојдовте во „Простор“, каде уметноста станува сад за патување навнатре, кон разбирање, прифаќање и на крајот ослободување, стои во текстот за постановката на романскиот уметник Врапциу. Кустососот и музеолог Александру Ангел од Романија ќе рече дека во просторот дефиниран од Врапциу, тој парадоксално ја претставува – слободата, која постои и покрај клаустрофобичната форма на живеалиштата на луѓето.
Импресивната количина на дела не му дозволува на уметникот да биде педантен или стабилен во групирањето или реконфигурирањето. Тој не преговара за идејата што доминира со него и не верува во еластичноста на емоциите. Како борец од прва линија, тој го лепи знамето на својата личност на местото избрано за освојување. Затоа неговата визија е полна со искреност, со јасен вкус, пишува универзитетскиот предавач д-р Јон Ангел.
Владимир Паун-Врапциу е современ романски уметник, кој завршува средно уметничко училиште во Бузау со фокус на декорацијата од 1991 до 1995 година. Дипломира архитектура и урбанизам на Факултетот за архитектура и урбанизам во Букурешт меѓу 1996 и 2003 година. Воден од страста за уметничко истражување, дополнително завршува магистерски студии по уметност на Националниот универзитет за уметност во Букурешт од 2019 до 2021 година. Како успешен уметник, се здобива со меѓународно признание. Со гордост го претставува галеријата „Сонија Монти“ во Париз, Франција, означувајќи го неговото присуство на европската уметничка сцена. Дополнително, поврзан е со галеријата Сафира и Вентура во Њујорк, САД, каде го покажува глобалниот досег на неговото уметничко влијание. Активен член е на различни ценети организации, вклучувајќи го Редот на архитекти во Романија, Унијата на архитекти од Романија и Унијата на визуелни уметници во Романија. Признанијата на уметникот ја вклучуваат престижната ОСТЕН НАГРАДА на Остен биеналето на цртеж во Скопје, Македонија, во 2020 година. „НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР УМЕТНИК“ од Биеналето во Фиренца и WAVA (Светска асоцијација за визуелни уметности) и „Награда на жирито“ на Биеналето во Фиренца. Покрај неговите достигнувања во светот на уметноста, има успешна кариера и во архитектурата, особено познат по неговата експертиза во минимализмот. Во 2002/2003 година, тој се појавува како победник на архитектонски натпревар организиран од Фондацијата OAT FARM, спонзориран од принцот Чарлс, кој е претседател на жирито.

The post „Простор“ – самостојна изложба на романскиот уметник Владимир Паун – Врапциу appeared first on Република.

]]>
Во галеријата „Остен“ изложба на дела на Борко Лазески изработени во ателјето на Андре Лот во Париз https://republika.mk/vesti/kultura/vo-galerijata-osten-izlozhba-na-dela-na-borko-lazeski-izraboteni-vo-ateljeto-na-andre-lot-vo-pariz/ Wed, 20 Dec 2023 08:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=724715

Во Галеријата „Остен“ во Скопје, на 20 декември (19 ч). ќе биде отворена самостојна изложба на дела на познатиот македонски уметник Борко Лазески, изработени за време на неговиот престој на Лазески во Париз во ателјето на познатиот француски сликар, теоретичар и педагог Андре Лот, во периодот од 1946 до 1948 година. На изложбата ќе бидат претставени 23 дела од Лазески (два цртежи, молив на хартија; дваесет темпери на хартија и едно масло на хартија). На изложбата ќе биде претставено и едно дело од Андре Лот (цртеж, молив и пастел на хартија) од колекцијата на Остен музејот.

Оваа изложба претставува прекрасен увид во корените на сликарството на нашиот голем македонски сликар Борко Лазески. Престој на Борко Лазески во Париз како стипендист на француската влада од 1945 – 1948 година е клучен период во неговиот професионален развој и трајно го дефинира неговиот уметнички стил. Тоа особено се должи на престојот во ателјето на Андре Лот од 1946 – 1948 г., всушност меѓународна академија каде престојувале и уметнички се граделе голем број на млади сликари од целиот свет, вклучително уметници од тогашната Југославија. Може да се набројат повеќе славни имиња кои ја посетувале академијата на Андре Лот: Анри Картие-Бресон (Henri Cartie-Bresson), Франција; Вилиам Клајн (William Klein), САД; Тамара де Лемпицка (Tamara de Lempicka), Полска; Ханс Хартунг (Hans Hartung), Германија; Дора Мар (Dora Maar), Франција и други.

Борко Лазески е единствениот студент од Македонија во атељето на Андре Лот кој ги следел неговите предавања речиси три години, во повоениот период од 1946 до 1948 година.

 

The post Во галеријата „Остен“ изложба на дела на Борко Лазески изработени во ателјето на Андре Лот во Париз appeared first on Република.

]]>

Во Галеријата „Остен“ во Скопје, на 20 декември (19 ч). ќе биде отворена самостојна изложба на дела на познатиот македонски уметник Борко Лазески, изработени за време на неговиот престој на Лазески во Париз во ателјето на познатиот француски сликар, теоретичар и педагог Андре Лот, во периодот од 1946 до 1948 година. На изложбата ќе бидат претставени 23 дела од Лазески (два цртежи, молив на хартија; дваесет темпери на хартија и едно масло на хартија). На изложбата ќе биде претставено и едно дело од Андре Лот (цртеж, молив и пастел на хартија) од колекцијата на Остен музејот. Оваа изложба претставува прекрасен увид во корените на сликарството на нашиот голем македонски сликар Борко Лазески. Престој на Борко Лазески во Париз како стипендист на француската влада од 1945 – 1948 година е клучен период во неговиот професионален развој и трајно го дефинира неговиот уметнички стил. Тоа особено се должи на престојот во ателјето на Андре Лот од 1946 – 1948 г., всушност меѓународна академија каде престојувале и уметнички се граделе голем број на млади сликари од целиот свет, вклучително уметници од тогашната Југославија. Може да се набројат повеќе славни имиња кои ја посетувале академијата на Андре Лот: Анри Картие-Бресон (Henri Cartie-Bresson), Франција; Вилиам Клајн (William Klein), САД; Тамара де Лемпицка (Tamara de Lempicka), Полска; Ханс Хартунг (Hans Hartung), Германија; Дора Мар (Dora Maar), Франција и други. Борко Лазески е единствениот студент од Македонија во атељето на Андре Лот кој ги следел неговите предавања речиси три години, во повоениот период од 1946 до 1948 година.  

The post Во галеријата „Остен“ изложба на дела на Борко Лазески изработени во ателјето на Андре Лот во Париз appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Карикатурата е парадигма на пркосот и критичноста https://republika.mk/vesti/kultura/pendarovski-karikaturata-e-paradigma-na-prkosot-i-kritichnosta/ Thu, 23 Feb 2023 09:05:18 +0000 https://republika.mk/?p=612210

Карикатурата со својата интердисциплинарност која ги спојува визуелните уметности и јазичните метафорични пораки, за оние аспекти на светот кои не се пријатни и со кои не сакаме да се соочиме, е парадигма на пркосот, критичноста и совеста на уметниците, рече претседателот Стево Пендаровски на отворањето на изложбата на дела од 54. Светска галерија на карикатури на Остен и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022 во Чифте амам при Националната галерија, а која беше збогатена со доделување на награди и признанија за најуспешните уметници.

Претседателот напомена дека за една нација е голема работа што можеме да се пофалиме со пет ипол децениска историја на Светската галерија на карикатури, а ваквите настани, како што рече, се столбови на нашата култура и нашето општество воопшто.

На изложбата на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 се поставени дела на наградените и селектираните карикатуристи, додека на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, на кое учествувале 336 уметници од 52 земји со 1056 дела, изложени се дела на наградени и селектирани уметници.

Благодарение на селекција на дела во рамки на 54. Светска галерија на карикатури имаме можност да се запознаеме со врвни светски карикатуристи и да добиеме увид во актуелните случувања во една од најкомплексните и според некои, најхрабрите жанрови во визуелните уметности. Во време кога новите технологии преовладуваат во секоја сфера, па и во уметностите, и покрај интензивниот развој на дигитализацијата, карикатурата опстојува и продолжува да ја фасцинира и да привлекува внимание и интерес, токму затоа што во нејзе е вградена основната мисија на уметноста - да биде критичар и коректив на секоја општествена и човечка аномалија, рече Пендаровски во обраќањето.

Авторите на карикатурата, потенцира претседателот, преку својата вештина за цртање и длабочината на пораката, низ само еден цртеж, изразуваат ставови и пораки кои се вистински „остен“ што боде онаму каде што најмногу боли, во општествените рани, ослободувајќи го човештвото од лагата и лицемерието.

Колку карикатурата со својата хумористична димензија ни помага да ја разбереме и надминеме непријатната реалност што владее во светот? Која алатка ни останува да го подобриме светот и да се подобриме себе си? - Несомнено тоа се прашања блиски на оние кои ги поставува и карикатурата. Одговорите се наоѓаат во нашата подготвеност и нашата храброст да си ги поставуваме тие прашања себе си на другите и на заедницата. Несомнено, како и многу други уметнички и културни случувања, имаме обврска да ја негуваме и поддржуваме Светската галерија на карикатури, додаде Пендаровски.

На настанот беа доделени наградите за најуспешните автори, како и признанија на партнери и соработници на Остен.

Директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими во своето обраќање на наградените им честита за добиените награди, а на „остеновците“ им посака уште многу јубилејни изданија.

Чест ми е што Националната галерија изминативе години е домаќин на повеќето од огромните групни активности на „Остен“. И оваа соработка веќе станува традиционална, пријателска. Овој факт се должи не само на нашата отворена соработка со „Остен“ и со сите пријатели на уметноста, туку и пред се заради квалитетот на авторите, делата и севкупната претставувања самостојни и групни, кои ги организира. За исклучително успешните домашни и меѓународни автори од различни генерации и нивните претставени дела изработени во најразлични техники, говори и оваа групно претставување во целиот простор на атрактивниот Чифте амам - споменик на културата по втората половина на 15 век и еден од објектите на Националната галерија, рече Старова Ќерими.

Сликарот, карикатурист и директор на Остен, Мице Јанкуловски во своето обраќање рече дека Светската галерија на карикатури е најстарата светска манифестација од областа на современата карикатура и најголемиот светски бренд од областа на карикатурата.

Инаку, утре претседателот ќе приреди прием за меѓународните учесници на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, а во претседателскиот Кабинет ќе биде поставена изложба на најуспешните карикатури од досегашните 54 изданија на Светската галерија на карикатури.

The post Пендаровски: Карикатурата е парадигма на пркосот и критичноста appeared first on Република.

]]>

Карикатурата со својата интердисциплинарност која ги спојува визуелните уметности и јазичните метафорични пораки, за оние аспекти на светот кои не се пријатни и со кои не сакаме да се соочиме, е парадигма на пркосот, критичноста и совеста на уметниците, рече претседателот Стево Пендаровски на отворањето на изложбата на дела од 54. Светска галерија на карикатури на Остен и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022 во Чифте амам при Националната галерија, а која беше збогатена со доделување на награди и признанија за најуспешните уметници. Претседателот напомена дека за една нација е голема работа што можеме да се пофалиме со пет ипол децениска историја на Светската галерија на карикатури, а ваквите настани, како што рече, се столбови на нашата култура и нашето општество воопшто. На изложбата на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 се поставени дела на наградените и селектираните карикатуристи, додека на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, на кое учествувале 336 уметници од 52 земји со 1056 дела, изложени се дела на наградени и селектирани уметници.
Благодарение на селекција на дела во рамки на 54. Светска галерија на карикатури имаме можност да се запознаеме со врвни светски карикатуристи и да добиеме увид во актуелните случувања во една од најкомплексните и според некои, најхрабрите жанрови во визуелните уметности. Во време кога новите технологии преовладуваат во секоја сфера, па и во уметностите, и покрај интензивниот развој на дигитализацијата, карикатурата опстојува и продолжува да ја фасцинира и да привлекува внимание и интерес, токму затоа што во нејзе е вградена основната мисија на уметноста - да биде критичар и коректив на секоја општествена и човечка аномалија, рече Пендаровски во обраќањето.
Авторите на карикатурата, потенцира претседателот, преку својата вештина за цртање и длабочината на пораката, низ само еден цртеж, изразуваат ставови и пораки кои се вистински „остен“ што боде онаму каде што најмногу боли, во општествените рани, ослободувајќи го човештвото од лагата и лицемерието.
Колку карикатурата со својата хумористична димензија ни помага да ја разбереме и надминеме непријатната реалност што владее во светот? Која алатка ни останува да го подобриме светот и да се подобриме себе си? - Несомнено тоа се прашања блиски на оние кои ги поставува и карикатурата. Одговорите се наоѓаат во нашата подготвеност и нашата храброст да си ги поставуваме тие прашања себе си на другите и на заедницата. Несомнено, како и многу други уметнички и културни случувања, имаме обврска да ја негуваме и поддржуваме Светската галерија на карикатури, додаде Пендаровски.
На настанот беа доделени наградите за најуспешните автори, како и признанија на партнери и соработници на Остен. Директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими во своето обраќање на наградените им честита за добиените награди, а на „остеновците“ им посака уште многу јубилејни изданија.
Чест ми е што Националната галерија изминативе години е домаќин на повеќето од огромните групни активности на „Остен“. И оваа соработка веќе станува традиционална, пријателска. Овој факт се должи не само на нашата отворена соработка со „Остен“ и со сите пријатели на уметноста, туку и пред се заради квалитетот на авторите, делата и севкупната претставувања самостојни и групни, кои ги организира. За исклучително успешните домашни и меѓународни автори од различни генерации и нивните претставени дела изработени во најразлични техники, говори и оваа групно претставување во целиот простор на атрактивниот Чифте амам - споменик на културата по втората половина на 15 век и еден од објектите на Националната галерија, рече Старова Ќерими.
Сликарот, карикатурист и директор на Остен, Мице Јанкуловски во своето обраќање рече дека Светската галерија на карикатури е најстарата светска манифестација од областа на современата карикатура и најголемиот светски бренд од областа на карикатурата. Инаку, утре претседателот ќе приреди прием за меѓународните учесници на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, а во претседателскиот Кабинет ќе биде поставена изложба на најуспешните карикатури од досегашните 54 изданија на Светската галерија на карикатури.

The post Пендаровски: Карикатурата е парадигма на пркосот и критичноста appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ќе се обрати на отворањето на изложбата на 54. Светска галерија на карикатури – Скопје 2022, утре ќе има прием за учесниците https://republika.mk/vesti/kultura/pendarovski-ke-se-obrati-na-otvoraneto-na-izlozhbata-na-54-svetska-galerija-na-karikaturi-skopje-2022-utre-ke-ima-priem-za-uchesnitsite/ Wed, 22 Feb 2023 10:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=611833

Претседателот Стево Пендаровски денеска - 22.02.2023 година, среда, со почеток во 19:00 часот, во Чифте амам при Националната галерија на Република Македонија ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на изложбата на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022.

На изложбата на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 ќе бидат поставени дела на наградените и селектираните карикатуристи, додека на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, на кое учествувале 336 уметници од 52 земји со 1056 дела, ќе бидат изложени дела на наградени и селектирани уметници. На настанот ќе бидат доделени наградите за најуспешните автори, како и признанија на партнери и соработници на „Остен“.

Претседателот Стево Пендаровски утре - 23.02.2023 година, четврток, со почеток во 13:00 часот, во Кабинетот на Претседателот ќе приреди прием за меѓународните учесници на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, а во претседателскиот Кабинет ќе биде поставена изложба на најуспешните карикатури од досегашните 54 изданија на Светската галерија на карикатури.

The post Пендаровски ќе се обрати на отворањето на изложбата на 54. Светска галерија на карикатури – Скопје 2022, утре ќе има прием за учесниците appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска - 22.02.2023 година, среда, со почеток во 19:00 часот, во Чифте амам при Националната галерија на Република Македонија ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на изложбата на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022.

На изложбата на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 ќе бидат поставени дела на наградените и селектираните карикатуристи, додека на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, на кое учествувале 336 уметници од 52 земји со 1056 дела, ќе бидат изложени дела на наградени и селектирани уметници. На настанот ќе бидат доделени наградите за најуспешните автори, како и признанија на партнери и соработници на „Остен“.

Претседателот Стево Пендаровски утре - 23.02.2023 година, четврток, со почеток во 13:00 часот, во Кабинетот на Претседателот ќе приреди прием за меѓународните учесници на 54. Светска галерија на карикатури - Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, а во претседателскиот Кабинет ќе биде поставена изложба на најуспешните карикатури од досегашните 54 изданија на Светската галерија на карикатури.

The post Пендаровски ќе се обрати на отворањето на изложбата на 54. Светска галерија на карикатури – Скопје 2022, утре ќе има прием за учесниците appeared first on Република.

]]>
Изложби на Светската галерија на карикатури на Остен по повод 55-годишниот јубилеј https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbi-na-svetskata-galerija-na-karikaturi-na-osten-po-povod-55-godishniot-jubilej/ Wed, 22 Feb 2023 09:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=611794

По повод јубилејот 55-години Светска галерија на карикатури денеска во Националната галерија „Чифте амам“ во Скопје ќе бидат отворени изложбите од 54-тата Галерија „Скопје 2022“.

Станува збор за изложбите на „Остен биеналето на цртеж Скопје 2022“ и „Остен Арт фестивалот Скопје 2021/2022“.

The post Изложби на Светската галерија на карикатури на Остен по повод 55-годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>

По повод јубилејот 55-години Светска галерија на карикатури денеска во Националната галерија „Чифте амам“ во Скопје ќе бидат отворени изложбите од 54-тата Галерија „Скопје 2022“. Станува збор за изложбите на „Остен биеналето на цртеж Скопје 2022“ и „Остен Арт фестивалот Скопје 2021/2022“.

The post Изложби на Светската галерија на карикатури на Остен по повод 55-годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>
Самостојна изложба „Едноставност/Сложеност“ на Ненси Тонг во галеријата „Остен“, в петок разговор со уметницата https://republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-ednostavnost-slozhenost-na-nensi-tong-vo-galerijata-osten-v-petok-razgovor-so-umetnitsata/ Wed, 08 Feb 2023 09:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=606361

Во галеријата „Остен“ е отворена самостојната изложба на слики од уметницата Ненси Тонг – „Едноставност/Сложеност“ во дијалог со дело на Марина Абрамовиќ од колекцијата на Остен Музејот.

Како што информираат од „Остен“, в петок на пладне во нивната галерија ќе се одржи разговор со уметникот.

Ненси Тонг, која доаѓа од Хонг Конг, е добитничка на наградата ОСТЕН на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на цртеж Скопје 2022 и првиот кинески уметник избран за финалист и добитник на награда на ОСТЕН Биеналето на цртеж.

За публиката моите слики можат истовремено да изгледаат статични и спонтано динамични. Чувството на меѓусебност, коегзистенција на состојба на сликовно рамниште, е соодветна претстава и на двојноста на моето културно воспитување и на заматените односи кои секој од нас ги проектира кон светот.

Мојата изложба ги истражува физичките и психолошките граници во дијалог со една од моите најомилени уметници, Марина Абрамовиќ, преку моите дела што ја поврзува мојата емотивна личност со нејзината инспиративна креативност, вели Ненси Тонг за својата изложба.

Оваа изложба претставува своевидна најава за програмските активности кои ОСТЕН ќе ги организира на 22 и 23 февруари во Чифте амам. Тоа е отворањето на официјалната изложба на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на цртеж Скопје 2022 каде ќе бидат изложени дела на околу 200 меѓународни уметници од 40 земји во светот.

The post Самостојна изложба „Едноставност/Сложеност“ на Ненси Тонг во галеријата „Остен“, в петок разговор со уметницата appeared first on Република.

]]>

Во галеријата „Остен“ е отворена самостојната изложба на слики од уметницата Ненси Тонг – „Едноставност/Сложеност“ во дијалог со дело на Марина Абрамовиќ од колекцијата на Остен Музејот. Како што информираат од „Остен“, в петок на пладне во нивната галерија ќе се одржи разговор со уметникот. Ненси Тонг, која доаѓа од Хонг Конг, е добитничка на наградата ОСТЕН на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на цртеж Скопје 2022 и првиот кинески уметник избран за финалист и добитник на награда на ОСТЕН Биеналето на цртеж.
За публиката моите слики можат истовремено да изгледаат статични и спонтано динамични. Чувството на меѓусебност, коегзистенција на состојба на сликовно рамниште, е соодветна претстава и на двојноста на моето културно воспитување и на заматените односи кои секој од нас ги проектира кон светот. Мојата изложба ги истражува физичките и психолошките граници во дијалог со една од моите најомилени уметници, Марина Абрамовиќ, преку моите дела што ја поврзува мојата емотивна личност со нејзината инспиративна креативност, вели Ненси Тонг за својата изложба.
Оваа изложба претставува своевидна најава за програмските активности кои ОСТЕН ќе ги организира на 22 и 23 февруари во Чифте амам. Тоа е отворањето на официјалната изложба на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на цртеж Скопје 2022 каде ќе бидат изложени дела на околу 200 меѓународни уметници од 40 земји во светот.

The post Самостојна изложба „Едноставност/Сложеност“ на Ненси Тонг во галеријата „Остен“, в петок разговор со уметницата appeared first on Република.

]]>
Почнува Остен биеналето на цртеж – Скопје 2022 https://republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-osten-bienaleto-na-crtez-skopje-2022/ Thu, 13 Oct 2022 07:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=560350

Со самостојната изложба на уметницата од Грција Александра Стампали – „Забранет дијалог“ и со изложба на слики со дела од Салвадор Дали од колекцијата на Остен Музејот на цртеж вечер започнува официјалната програма на Остен биеналето на цртеж – Скопје 2022.

„Во текот на своето повеќедецениско работење, Остен воспостави процес на вреднување на уметничките дела преку систем на награди со кој им оддаваме признание на уметниците – учесници на Биеналето од целиот свет. За сè поголемата меѓународна репутација на Остен биеналето на цртеж говорат реални показатели – квантитативни и квалитативни“, наведуваат организаторите.
На овогодишното издание – Остен биенале на цртеж пристигнале пријави од 336 уметници од 52 земји со 1.035 дела. Квалитативниот избор на уметниците со нивните дела се одвиваше во два дела преку селекција и жирирање. Селекторот Емил Алексиев, Македонија избра 146 уметници, од кои 73 финалисти. Жирирањето го спроведе меѓународно жири во состав Ларс Керулф Молер, Данска, Марија Цанцаноглу, Грција и Марио Пиерони од Италија, кои одлучија за наградите.

Според одлуката на Советот на амбасадори на Остен на Остен биеналето на цртеж Скопје 2022 добитник на Гран при за животно остварување е Јозеф Кошут, САД (Joseph KOSUTH, USA) – американски уметник и теоретичар, основач и водечка фигура на концептуалната уметност, a наградата Светско културно наслдство се доделува на Харменсон фон Рајн РЕМБРАНТ, Холандија (Rembrandt Harmenszoon van Rijn, Netherlands) – еден од најголемите визуелни уметници во светската историја на уметноста и најважниот во холандската историја на уметностa.

Централниот настан по повод Остен биеналето на цртеж ќе се одржи на 22 февруари 2023 година во Националната галерија на Македонија – Чифте aмам, каде ќе се одржи голема изложба со дела од речиси 150 меѓународни уметници. Истовремено, ќе бидат изложени наградените и селектираните карикатуристи од 54. Светска галерија на карикатури Скопје 2022, а на наградените уметници и карикатуристи присутни на настанот ќе им бидат врачени наградите.

 

The post Почнува Остен биеналето на цртеж – Скопје 2022 appeared first on Република.

]]>

Со самостојната изложба на уметницата од Грција Александра Стампали – „Забранет дијалог“ и со изложба на слики со дела од Салвадор Дали од колекцијата на Остен Музејот на цртеж вечер започнува официјалната програма на Остен биеналето на цртеж – Скопје 2022. „Во текот на своето повеќедецениско работење, Остен воспостави процес на вреднување на уметничките дела преку систем на награди со кој им оддаваме признание на уметниците – учесници на Биеналето од целиот свет. За сè поголемата меѓународна репутација на Остен биеналето на цртеж говорат реални показатели – квантитативни и квалитативни“, наведуваат организаторите. На овогодишното издание – Остен биенале на цртеж пристигнале пријави од 336 уметници од 52 земји со 1.035 дела. Квалитативниот избор на уметниците со нивните дела се одвиваше во два дела преку селекција и жирирање. Селекторот Емил Алексиев, Македонија избра 146 уметници, од кои 73 финалисти. Жирирањето го спроведе меѓународно жири во состав Ларс Керулф Молер, Данска, Марија Цанцаноглу, Грција и Марио Пиерони од Италија, кои одлучија за наградите. Според одлуката на Советот на амбасадори на Остен на Остен биеналето на цртеж Скопје 2022 добитник на Гран при за животно остварување е Јозеф Кошут, САД (Joseph KOSUTH, USA) – американски уметник и теоретичар, основач и водечка фигура на концептуалната уметност, a наградата Светско културно наслдство се доделува на Харменсон фон Рајн РЕМБРАНТ, Холандија (Rembrandt Harmenszoon van Rijn, Netherlands) – еден од најголемите визуелни уметници во светската историја на уметноста и најважниот во холандската историја на уметностa. Централниот настан по повод Остен биеналето на цртеж ќе се одржи на 22 февруари 2023 година во Националната галерија на Македонија – Чифте aмам, каде ќе се одржи голема изложба со дела од речиси 150 меѓународни уметници. Истовремено, ќе бидат изложени наградените и селектираните карикатуристи од 54. Светска галерија на карикатури Скопје 2022, а на наградените уметници и карикатуристи присутни на настанот ќе им бидат врачени наградите.  

The post Почнува Остен биеналето на цртеж – Скопје 2022 appeared first on Република.

]]>
Марија Павловска изложува на ОСТЕН Биеналето на Цртеж 2022 година https://republika.mk/vesti/kultura/marija-pavlovska-izlozuva-na-osten-bienaleto-na-crtez-2022-godina/ Mon, 14 Mar 2022 12:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=472608

Марија Павловска изложува на ОСТЕН Биеналето на Цртеж 2022 година. Павловска се претставува со проектот „Г-ѓа и г-ца Х“, изработен во последните две години (2019-2021) и содржи Инсталација (Полиптих - серија од 32 цртежи) поддржана од Видео - материјал. На отворањето ќе биде промовирано и портфолиото на OСТЕН Едиции.

Проектот претходно беше изложен на XIII-то Биенале во Фиренца 2021 година. Творештвото на Павловска е покането да биде претставено со лична покана од главниот кустос Корнелија Коневска на ОСТЕН  Биеналето на Цртеж 2022 година.

Врз основа на нејзината меѓународна активност на полето на уметноста, творештвото на Марија Павловска забележано во меѓународни размери беше покането да биде претставено со лична покана на директорот Јакопо Селона и од Официјалниот комитет на престижното XIII биенале во Фиренца кое се одржа од 23 до 31 октомври 2021 година.

Да се биде забележан како уметник на меѓународно ниво и да биде поканет да учествува на Биеналето во Фиренца, дополнително на ОСТЕН Биеналето на Цртеж, е особена чест и успех за автор-уметник, вели Павловска.

Павловска е уметник кој опстојува уметничка резиденција од 2012 година во Мана Контемпорари Музејот во САД, : МАНА уметник  / Марија Павловска; и проектот „Госпоѓа и г-ѓа Х“ беше произведен и развиен помеѓу / 2020-2021 годинаво ова атеље - резиденција, како „пост-реакција“, развиен по проектот „А Реакција“ , проект кој исто така беше забележан и поканет на меѓународно ниво од Европскиот Културен Центар да биде претставен на 58-то Венециско биенале 2019.

Темата е ВЕЧНА ФЕМИНИНА | ВЕЧНА ПРОМЕНА, концепти на женственост во современата уметност и дизајн.

 

Темата се фокусира на полихроматскиот и мултиформен универзум на женственост, кој ќе се испитува во многу аспекти, почнувајќи од две главни упатства. Од една страна, идејата што ја оцртува женственоста во нејзината непроменлива суштина, која инспирираше разни најважни уметнички и литературни творби во историјата на човештвото и која се развива од исконскиот култ на Мајката Божица (Мајка Земја) до познатата Беатрис од Данте Алигиери и „Вечна женствена“ на Јохан Волфганг Гете: идејата за женственоста како одраз на божеството, како духовна убов што ги преминува границите на времето, како извор на прочистување и издигнување и како сила на универзум што формира сè и држи сè. Од друга страна, идејата за повеќегодишна промена која го карактеризира современиот свет и која исто така влијае на женственоста, која е трансформирана и се трансформира од насилството на социјалните и културните движења, како што се оние што се развиле околу феминизмите и ЛГБТК заедниците. Од сексуалната револуција во 1960-тите до битките за еднакви можности, па сè до дебатата за родовиот идентитет, има безброј стимули што доведоа до редефинирање на концептот на женственост, зголемувајќи ја уште повеќе нејзината комплексност и повеќедимензионалност.
Темата на XIII биенале во Фиренца, која ќе се развива во следните месеци благодарение на низата придонеси од меѓународни куратори и експерти и што ќе ги толкуваат уметниците и дизајнерите, не сака да застане во оваа дихотомија, да се отвори до најшироката плуралност на гледиштата. Во оваа перспектива, од сега на сите заинтересирани страни им поставуваме прашања, да бидат разбрани како дел од можната храна за размислување поврзана со темата:
Кои карактеристики ја оцртуваат непроменливата суштина на женственоста?
Кои аспекти се променија во денешното општество?
Како може женственоста да биде претставена во современата уметност?
Како може женствениот дијалог со светот на дизајнот?
Како може да се изрази родовиот идентитет преку уметност и дизајн?
Како уметноста и дизајнот можат да придонесат за намалување на родовите нееднаквости?, вели во текстот Џовани Кордони © Биенале во Фиренца 2020 година.

The post Марија Павловска изложува на ОСТЕН Биеналето на Цртеж 2022 година appeared first on Република.

]]>

Марија Павловска изложува на ОСТЕН Биеналето на Цртеж 2022 година. Павловска се претставува со проектот „Г-ѓа и г-ца Х“, изработен во последните две години (2019-2021) и содржи Инсталација (Полиптих - серија од 32 цртежи) поддржана од Видео - материјал. На отворањето ќе биде промовирано и портфолиото на OСТЕН Едиции. Проектот претходно беше изложен на XIII-то Биенале во Фиренца 2021 година. Творештвото на Павловска е покането да биде претставено со лична покана од главниот кустос Корнелија Коневска на ОСТЕН  Биеналето на Цртеж 2022 година. Врз основа на нејзината меѓународна активност на полето на уметноста, творештвото на Марија Павловска забележано во меѓународни размери беше покането да биде претставено со лична покана на директорот Јакопо Селона и од Официјалниот комитет на престижното XIII биенале во Фиренца кое се одржа од 23 до 31 октомври 2021 година.
Да се биде забележан како уметник на меѓународно ниво и да биде поканет да учествува на Биеналето во Фиренца, дополнително на ОСТЕН Биеналето на Цртеж, е особена чест и успех за автор-уметник, вели Павловска.
Павловска е уметник кој опстојува уметничка резиденција од 2012 година во Мана Контемпорари Музејот во САД, : МАНА уметник  / Марија Павловска; и проектот „Госпоѓа и г-ѓа Х“ беше произведен и развиен помеѓу / 2020-2021 годинаво ова атеље - резиденција, како „пост-реакција“, развиен по проектот „А Реакција“ , проект кој исто така беше забележан и поканет на меѓународно ниво од Европскиот Културен Центар да биде претставен на 58-то Венециско биенале 2019.

Темата е ВЕЧНА ФЕМИНИНА | ВЕЧНА ПРОМЕНА, концепти на женственост во современата уметност и дизајн.

 

Темата се фокусира на полихроматскиот и мултиформен универзум на женственост, кој ќе се испитува во многу аспекти, почнувајќи од две главни упатства. Од една страна, идејата што ја оцртува женственоста во нејзината непроменлива суштина, која инспирираше разни најважни уметнички и литературни творби во историјата на човештвото и која се развива од исконскиот култ на Мајката Божица (Мајка Земја) до познатата Беатрис од Данте Алигиери и „Вечна женствена“ на Јохан Волфганг Гете: идејата за женственоста како одраз на божеството, како духовна убов што ги преминува границите на времето, како извор на прочистување и издигнување и како сила на универзум што формира сè и држи сè. Од друга страна, идејата за повеќегодишна промена која го карактеризира современиот свет и која исто така влијае на женственоста, која е трансформирана и се трансформира од насилството на социјалните и културните движења, како што се оние што се развиле околу феминизмите и ЛГБТК заедниците. Од сексуалната револуција во 1960-тите до битките за еднакви можности, па сè до дебатата за родовиот идентитет, има безброј стимули што доведоа до редефинирање на концептот на женственост, зголемувајќи ја уште повеќе нејзината комплексност и повеќедимензионалност. Темата на XIII биенале во Фиренца, која ќе се развива во следните месеци благодарение на низата придонеси од меѓународни куратори и експерти и што ќе ги толкуваат уметниците и дизајнерите, не сака да застане во оваа дихотомија, да се отвори до најшироката плуралност на гледиштата. Во оваа перспектива, од сега на сите заинтересирани страни им поставуваме прашања, да бидат разбрани како дел од можната храна за размислување поврзана со темата: Кои карактеристики ја оцртуваат непроменливата суштина на женственоста? Кои аспекти се променија во денешното општество? Како може женственоста да биде претставена во современата уметност? Како може женствениот дијалог со светот на дизајнот? Како може да се изрази родовиот идентитет преку уметност и дизајн? Како уметноста и дизајнот можат да придонесат за намалување на родовите нееднаквости?, вели во текстот Џовани Кордони © Биенале во Фиренца 2020 година.

The post Марија Павловска изложува на ОСТЕН Биеналето на Цртеж 2022 година appeared first on Република.

]]>