Остен проект Archives - Република https://republika.mk/tema/osten-proekt/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Nov 2022 08:30:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Остен проект Archives - Република https://republika.mk/tema/osten-proekt/ 32 32 Остен со проектот „Соништа и реалност – три бајки за бегството“ на шестиот меѓународен саем за современа уметност „Арт Тесалоники 2022“ https://republika.mk/vesti/kultura/osten-so-proektot-sonishta-i-realnost-tri-bajki-za-begstvoto-na-shestiot-megjunaroden-saem-za-sovremena-umetnost-art-tesaloniki-2022/ Mon, 07 Nov 2022 08:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=570652

Остен со проектот „Соништа и реалност – три бајки за бегството“, три албуми од циклусот „10 ликови“ на Кабаков од колекцијата на Остен Музејот Скопје се претставува на шестиот меѓународен саем за современа уметност „Арт Тесалоники 2022“. Саемот се одржа од трети до шести ноември годинава во хала 9 и 10 од „Хелекспо“.

Како што информира Остен, едно од најпознатите и највлијателните дела на Илја Кабаков се албумите од серијата „10 ликови“, создадени од 1968 до 1974 година како неофицијален уметник кој работи во Москва. Ова издание Кабакови го публикуваат во 1994-1996 година и по едно издание од секој албум го донираа на Остен Музејот во Скопје.

Албумите „10 ликови“, особено албумите што се претставени во рамките на проектот „Соништа и реалност – три бајки за бегството“ ги испраќаат универзални пораки од ликовите кои се обидуваат да побегнат од реалноста.

Грчките медиуми, како што се наведува во соопштението, со исклучителен интерес го проследија претставувањето на Кабаков од колекцијата на ОСТЕН Музејот на 6. „Арт Тесалоники 2022“.

Извршната директорка на ОСТЕН Скопје, Корнелија Конеска на прес-конференцијата за почетокот на 6-тиот „Арт Тесалоники 2022“ го претстави ОСТЕН и проектот пред новинарите и ја пренесе пораката од Емилија Кабаков за мир, солидарност и хуманизам преку проектот „Брод на толеранција“, за чија реализација се започнати иницијативи во Солун и Скопје.

Она што ги прави Кабакови уште поголеми покрај нивната уметничка извонредност се нивните постојани бројни општествени и хуманитарни активности, особено ефективно и креативно структурирани во проектот „Брод на толеранција“, стои во соопштението.

„Бродот на толеранцијата“ е уметнички проект за изградба на мостови и поттикнување дијалог меѓу децата од сите возрасти и потекло. Веќе 17 години (почна во 2005 година), проектот е реализиран повеќе од десетина пати во различни градови: Сива (Египет), Венеција (Италија), Сан Мориц (Швајцарија), Шарџа (ОАЕ), Мајами (САД), Хавана (Куба), Москва (Русија), Њујорк (САД), Цуг (Швајцарија), Капалбио (Италија), Рим (Италија), Росток (Германија), Чикаго (САД), Лондон (Велика Британија)…

The post Остен со проектот „Соништа и реалност – три бајки за бегството“ на шестиот меѓународен саем за современа уметност „Арт Тесалоники 2022“ appeared first on Република.

]]>

Остен со проектот „Соништа и реалност – три бајки за бегството“, три албуми од циклусот „10 ликови“ на Кабаков од колекцијата на Остен Музејот Скопје се претставува на шестиот меѓународен саем за современа уметност „Арт Тесалоники 2022“. Саемот се одржа од трети до шести ноември годинава во хала 9 и 10 од „Хелекспо“.

Како што информира Остен, едно од најпознатите и највлијателните дела на Илја Кабаков се албумите од серијата „10 ликови“, создадени од 1968 до 1974 година како неофицијален уметник кој работи во Москва. Ова издание Кабакови го публикуваат во 1994-1996 година и по едно издание од секој албум го донираа на Остен Музејот во Скопје. Албумите „10 ликови“, особено албумите што се претставени во рамките на проектот „Соништа и реалност – три бајки за бегството“ ги испраќаат универзални пораки од ликовите кои се обидуваат да побегнат од реалноста. Грчките медиуми, како што се наведува во соопштението, со исклучителен интерес го проследија претставувањето на Кабаков од колекцијата на ОСТЕН Музејот на 6. „Арт Тесалоники 2022“. Извршната директорка на ОСТЕН Скопје, Корнелија Конеска на прес-конференцијата за почетокот на 6-тиот „Арт Тесалоники 2022“ го претстави ОСТЕН и проектот пред новинарите и ја пренесе пораката од Емилија Кабаков за мир, солидарност и хуманизам преку проектот „Брод на толеранција“, за чија реализација се започнати иницијативи во Солун и Скопје.