Остен награда Гран при Archives - Република https://republika.mk/tema/osten-nagrada-gran-pri/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 11:08:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Остен награда Гран при Archives - Република https://republika.mk/tema/osten-nagrada-gran-pri/ 32 32 „Остен арт“ – Скопје му врачи Гран при за животно дело на Микеланџело Пистолето https://republika.mk/vesti/kultura/osten-art-skopje-mu-vrachi-gran-pri-za-zhivotno-delo-na-mikelandhelo-pistoleto/ Mon, 13 May 2024 11:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=777580

„Остен арт“ – Скопје му ја врачи официјалната награда Гран при за животно остварување на „Остен биеналето Скопје 2024“ на еден од најголемите уметници на денешницата – Микеланџело Пистолето.

Според желбата на Пистолето да биде мотив за поврзување и обединување на луѓето и институциите во регионот, чинот на врачување се одржа во Музејот на современата уметност во Белград како дел од програмата во рамките на неговата самостојна изложба „Превентивен мир“. Официјалното Гран при – скулптура од Петар Хаџи Бошков, на маестро Пистолето му ја врачи Корнелија Конеска, извршен директор на „Остен Скопје“.

Настанот беше организиран во соработка со Музејот на современата уметност на Белград, Србија, „Зеринтија“ – Асоцијација за современа уметност (https://bit.ly/4acredW) Рим, Италија и Марио Перони.

Доделувањето на највисоката награда предвидена во рамките на „Остен биенале Скопје 2024“ е најважниот настан од годишната програма на Биеналето, која почна со изложбата „Тркало на времето“ од Марко Бањоли, Италија (23 април – 5 мај 2024) во НГМ – Чифте амам, со која се најави Италија како земја во фокус и континуирано се одвива со самостојни и групни изложби во Галеријата „Остен“.

The post „Остен арт“ – Скопје му врачи Гран при за животно дело на Микеланџело Пистолето appeared first on Република.

]]>

„Остен арт“ – Скопје му ја врачи официјалната награда Гран при за животно остварување на „Остен биеналето Скопје 2024“ на еден од најголемите уметници на денешницата – Микеланџело Пистолето. Според желбата на Пистолето да биде мотив за поврзување и обединување на луѓето и институциите во регионот, чинот на врачување се одржа во Музејот на современата уметност во Белград како дел од програмата во рамките на неговата самостојна изложба „Превентивен мир“. Официјалното Гран при – скулптура од Петар Хаџи Бошков, на маестро Пистолето му ја врачи Корнелија Конеска, извршен директор на „Остен Скопје“. Настанот беше организиран во соработка со Музејот на современата уметност на Белград, Србија, „Зеринтија“ – Асоцијација за современа уметност (https://bit.ly/4acredW) Рим, Италија и Марио Перони. Доделувањето на највисоката награда предвидена во рамките на „Остен биенале Скопје 2024“ е најважниот настан од годишната програма на Биеналето, која почна со изложбата „Тркало на времето“ од Марко Бањоли, Италија (23 април – 5 мај 2024) во НГМ – Чифте амам, со која се најави Италија како земја во фокус и континуирано се одвива со самостојни и групни изложби во Галеријата „Остен“.

The post „Остен арт“ – Скопје му врачи Гран при за животно дело на Микеланџело Пистолето appeared first on Република.

]]>