оставна Archives - Република https://republika.mk/tema/ostavna/ За подобро да се разбереме Tue, 30 May 2023 18:14:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оставна Archives - Република https://republika.mk/tema/ostavna/ 32 32 Рамуш Харадинај: Албин Курти и Вјоса Османи го вратија Косово како пред 10 години, денеска поднесете оставка https://republika.mk/vesti/balkan/ramush-haradinaj-albin-kurti-i-vjosa-osmani-go-vratija-kosovo-kako-pred-10-godini-deneska-podnesete-ostavka/ Tue, 30 May 2023 18:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=646250

Според претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај земјите инвестираат децении во создавање пријателства и сојузи, додека во случајот со Косово, Курти се обидува да ги уништи.

По американските санкции за Приштина Харадинај оцени дека Албин Курти и Вјоса Османи за неполни три години на власт не постигнале ниту еден успех без да го „свртат наопаку“ и дека за толку кратко време го вратија Косово како пред 10 години.

– Исклучувањето на Косово од вежбата на НАТО – Бранител на Европа 2023 е аларм за нашата национална безбедност. Мора да си многу кусоглед за да бидеш непријателски настроен кон целиот демократски свет во ова деликатно време – напиша Харадинај на Фејсбук.

– Имаше и други во нашата историја кои сакаа да ги уништат овие сојузи, но Косово беше поголемо од нив и триумфираше. Нема друга алтернатива освен да триумфира овој пат. Народот на Косово, кој е најпрозападниот народ на континентот, ќе знае како да ги заштити своите пријатели и нивната ориентација. Албин Курти не може да ја смени ориентацијата на Косово и неговиот народ – изјави Харадинај.

Тој го повика Курти да поднесе оставка.

– Има само една шанса, еднаш во животот да направи нешто добро за Косово! Денеска поднесете оставка – рече Харадинај.

The post Рамуш Харадинај: Албин Курти и Вјоса Османи го вратија Косово како пред 10 години, денеска поднесете оставка appeared first on Република.

]]>

Според претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај земјите инвестираат децении во создавање пријателства и сојузи, додека во случајот со Косово, Курти се обидува да ги уништи. По американските санкции за Приштина Харадинај оцени дека Албин Курти и Вјоса Османи за неполни три години на власт не постигнале ниту еден успех без да го „свртат наопаку“ и дека за толку кратко време го вратија Косово како пред 10 години. – Исклучувањето на Косово од вежбата на НАТО – Бранител на Европа 2023 е аларм за нашата национална безбедност. Мора да си многу кусоглед за да бидеш непријателски настроен кон целиот демократски свет во ова деликатно време – напиша Харадинај на Фејсбук. – Имаше и други во нашата историја кои сакаа да ги уништат овие сојузи, но Косово беше поголемо од нив и триумфираше. Нема друга алтернатива освен да триумфира овој пат. Народот на Косово, кој е најпрозападниот народ на континентот, ќе знае како да ги заштити своите пријатели и нивната ориентација. Албин Курти не може да ја смени ориентацијата на Косово и неговиот народ – изјави Харадинај. Тој го повика Курти да поднесе оставка. – Има само една шанса, еднаш во животот да направи нешто добро за Косово! Денеска поднесете оставка – рече Харадинај.

The post Рамуш Харадинај: Албин Курти и Вјоса Османи го вратија Косово како пред 10 години, денеска поднесете оставка appeared first on Република.

]]>