оставки Archives - Република https://republika.mk/tema/ostavki/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 17:55:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оставки Archives - Република https://republika.mk/tema/ostavki/ 32 32 Пандев побара неотповикливи оставки од Сејдини и Милевски: Чашата е прелеана https://republika.mk/sport/fudbal/pandev-pobara-neotpoviklivi-ostavki-od-sejdini-i-milevski-chashata-e-preleana/ Sun, 08 Sep 2024 12:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=814380

Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал и поранешен долгогодишен капитен Горан Пандев оцени дека вчерашниот резултат на македонската репрезентација против Фарски острови (1-1) е „понижувачки, кој ја прелеа чашата“ и ги повика претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и селекторот Благоја Милевски, да поднесат неотповикливи оставки.

„Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно шес години во Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред Европското првенство тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст, изјави Пандев во интервју за порталот Спортспорт.

Македонската репрезентација е во серија од седум натпревари без победа, за што, според Пандев, селекторот Милевски мора да преземе лична одговорност.

„Односот на теренот и изборот на Милевски за некои фудбалери е понижувачки за сите кои работиме во фудбалот и кои инвестираме во фудбалот во Македонија. Замислете Фарските острови во поголемиот дел од средбата ни покажа како треба да се игра, како да се контролира играта и да се создаваат шанси. Да, имавме зицер преку Чурлинов и Ќамили, но и тие имаа прилики за 2:1. За нив играше фудбалер во нападот, кој е резерва кај нас во Шкупи. Се е кажано! Не знам што е добро, каде е напредокот и како ќе играме во иднина кога работите се испуштени од контрола, чашата е прелиена и мора да се стави крај на сето ова“, посочи Пандев.

Легендата на македонскиот фудбал обелодени дела е вклучен во тимот за промени во македонскиот фудбал.

„Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се и Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите“, изјави Пандев.

The post Пандев побара неотповикливи оставки од Сејдини и Милевски: Чашата е прелеана appeared first on Република.

]]>

Белградски „НИН“ остана без главен уредник и новинари, сите поднеле оставки https://republika.mk/vesti/balkan/belgradski-nin-ostana-bez-glaven-urednik-i-novinari-site-podnele-ostavki/ Thu, 11 Jan 2024 12:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=731944

Најстариот неделен весник во Србија остана без новинари, бидејќи членовите на редакцијата и колегиумот на „НИН“ објавија дека колективно се откажале од работа поради најавената промена на концептот на неделникот.

Главниот уредник Милан Ќулибрк се повлекува од функцијата, а минатата недела заменик-уредникот Весна Малишиќ се пензионираше и одби понатамошен ангажман што и бил понуден од весникот.

Членовите на колегиумот и редакцијата на неделникот НИН оставките ги доставиле кај новата сопственичка Јелена Дракулиќ Петровиќ. Причина, велат, е најавата за промена на концептот на неделникот и тоа што не се убедени дека ќе можат да работат како досега, бескомпромисно и професионално.

The post Белградски „НИН“ остана без главен уредник и новинари, сите поднеле оставки appeared first on Република.

]]>

Најстариот неделен весник во Србија остана без новинари, бидејќи членовите на редакцијата и колегиумот на „НИН“ објавија дека колективно се откажале од работа поради најавената промена на концептот на неделникот. Главниот уредник Милан Ќулибрк се повлекува од функцијата, а минатата недела заменик-уредникот Весна Малишиќ се пензионираше и одби понатамошен ангажман што и бил понуден од весникот. Членовите на колегиумот и редакцијата на неделникот НИН оставките ги доставиле кај новата сопственичка Јелена Дракулиќ Петровиќ. Причина, велат, е најавата за промена на концептот на неделникот и тоа што не се убедени дека ќе можат да работат како досега, бескомпромисно и професионално.  

The post Белградски „НИН“ остана без главен уредник и новинари, сите поднеле оставки appeared first on Република.

]]>
Ќе се затвoри македонското небо: Техничарите дадоа оставки, уште 20 контролори на летање ќе го направат истото https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-zatvori-makedonskoto-nebo-tehnicharite-dadoa-ostavki-ushte-20-kontrolori-na-letane-ke-go-napravat-istoto/ Thu, 04 Jan 2024 12:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=729580

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски, кажа дека не се плаши од кривичните пријави против него од директорите на М-НАВ, а најави дека денеска ќе има депонирање на оставки  од контролори на летање, помошници контролори на летање, лица на раководни функции, оставки од проекти. На вакви позиции се 20 до 30 луѓе, за кои се очекува да дадат оставки.

Последните чекори од инженерите и техничарите, кај директорите предизвикаа страв. Тој не е по нивните животи, туку страв кој се однесува на нивните директорски фотелји. Тоа покажува дека сме на вистинската патека, бидејќи вродува со плод, и ни дава мотив да се движиме во таа насока. Нема да не заплаши тоа што се случи вчера. Се повеќе професионалци кои не се само контролори на летање, туку и другите служби го креваат својот глас. Директорите се свесни и се во состојба на паника - додаде тој.

Кажа дека претходно оставки дале техничарите, а во иднина истиот чекор се очекува и од останатите вработени. Причините се вработувањата, кои според Синдикатот се наместени за кадри кои не се соодветни за тие функции.

Огласот е контроверзен по многу основи. Конкурсот за вработување ќе се спори со многу аргументи. Ќе се спорат претходни вработувања на директори во М-НАВ. Кандидатите немаат ниту рок на жалба - посочува Тасевски.

The post Ќе се затвoри македонското небо: Техничарите дадоа оставки, уште 20 контролори на летање ќе го направат истото appeared first on Република.

Седум члена на Претседателството на ДПМ поднесоа оставки https://republika.mk/vesti/kultura/sedum-chlena-na-pretsedatelstvoto-na-dpm-podnesoa-ostavki/ Fri, 06 Oct 2023 18:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=688687

Писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на ДПМ.

– На 4 октомври 2023 година на седница на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија неотповикливи оставки како членови на Претседателството на ДПМ поднесоа:  Лилјана Пандева, Славчо Ковиловски, Влатко Мартиновски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска. Писмена оставка истиот ден достави и Зоран Анчевски, а неколку дена претходно и Весна Мојсова-Чепишевска, известуваат писателите.

Тие му се заблагодаруваат на членството на ДПМ за укажаната доверба дадена на редовните избори што се одржаа во мај 2022 година, а на Друштвото на писателите на Македонија му посакуваат плодна и успешна работа.

The post Седум члена на Претседателството на ДПМ поднесоа оставки appeared first on Република.

]]>

Писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на ДПМ. – На 4 октомври 2023 година на седница на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија неотповикливи оставки како членови на Претседателството на ДПМ поднесоа:  Лилјана Пандева, Славчо Ковиловски, Влатко Мартиновски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска. Писмена оставка истиот ден достави и Зоран Анчевски, а неколку дена претходно и Весна Мојсова-Чепишевска, известуваат писателите. Тие му се заблагодаруваат на членството на ДПМ за укажаната доверба дадена на редовните избори што се одржаа во мај 2022 година, а на Друштвото на писателите на Македонија му посакуваат плодна и успешна работа.

The post Седум члена на Претседателството на ДПМ поднесоа оставки appeared first on Република.

]]>
Павле Трајанов бара оставки во Владата: Нема преговори со ЕУ и отворање на кластерите https://republika.mk/vesti/makedonija/pavle-trajanov-bara-ostavki-vo-vladata-nema-pregovori-so-eu-i-otvorane-na-klasterite/ Tue, 08 Aug 2023 08:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=669871

Бујар Османи, министер за надворешни работи, потврди дека за уставните промени крајниот рок не е ноември, како што цела година ги лажеа граѓаните, медиумите парламентот, САД и другите наши партнери и поддржувачи. Тоа значи дека нема формално започнување на преговорите со ЕУ и отворање на кластерите, вели Павле Трајанов.

„Година дена Ковачевски, Маричиќ и Османи лажеа, манипулираа и вршеа невиден притисок за уставни промени и вградување на Бугарите во Уставот, како предуслов за започнување на преговорите со ЕУ, како единствен предуслов, но Бујар Османи јавно призна дека рокот е до крајот на мандатот на оваа Влада, односно до јуни 2024 година.

Сосема е јасно дека блокадата за ЕУ, не ја прават граѓаните и опозицијата,туку Владата.

Османи ги знае најавите од некои земји членки на ЕУ, дека и по уставните промени нема согласност за почеток на преговорите и отворање на кластерите, поради организираниот криминал и корупцијата, поради некредибилниот и корумпиран судски систем, поради невладеењето на правото и партизацијата, како и поради отсуството на реформи и резултати.

После ваквото фијаско, единствено што преостанува е одговорност, оставка на Владата и предвремени парламентарни избори.

Господине Ковачевски, ако продолжите и натаму со оваа агонија, да инсистирате уште некој ден да бидете на власт, Вие ја преземате одговорноста за блокадата на евроинтеграциите и хаосот во кој ќе ја вовлечете државата.

Мој совет Ви е, поднесете оставка“ – посочува тој!

The post Павле Трајанов бара оставки во Владата: Нема преговори со ЕУ и отворање на кластерите appeared first on Република.

]]>

Бујар Османи, министер за надворешни работи, потврди дека за уставните промени крајниот рок не е ноември, како што цела година ги лажеа граѓаните, медиумите парламентот, САД и другите наши партнери и поддржувачи. Тоа значи дека нема формално започнување на преговорите со ЕУ и отворање на кластерите, вели Павле Трајанов.
„Година дена Ковачевски, Маричиќ и Османи лажеа, манипулираа и вршеа невиден притисок за уставни промени и вградување на Бугарите во Уставот, како предуслов за започнување на преговорите со ЕУ, како единствен предуслов, но Бујар Османи јавно призна дека рокот е до крајот на мандатот на оваа Влада, односно до јуни 2024 година.
Сосема е јасно дека блокадата за ЕУ, не ја прават граѓаните и опозицијата,туку Владата. Османи ги знае најавите од некои земји членки на ЕУ, дека и по уставните промени нема согласност за почеток на преговорите и отворање на кластерите, поради организираниот криминал и корупцијата, поради некредибилниот и корумпиран судски систем, поради невладеењето на правото и партизацијата, како и поради отсуството на реформи и резултати. После ваквото фијаско, единствено што преостанува е одговорност, оставка на Владата и предвремени парламентарни избори. Господине Ковачевски, ако продолжите и натаму со оваа агонија, да инсистирате уште некој ден да бидете на власт, Вие ја преземате одговорноста за блокадата на евроинтеграциите и хаосот во кој ќе ја вовлечете државата. Мој совет Ви е, поднесете оставка“ – посочува тој!

The post Павле Трајанов бара оставки во Владата: Нема преговори со ЕУ и отворање на кластерите appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Оставките на ДУИ се маркетиншки трик и дефокус на нивниот криминал и корупција помогнат од измеќарот Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-ostavkite-na-dui-se-marketinshki-trik-i-defokus-na-nivniot-kriminal-i-koruptsija-pomognat-od-izmekarot-kovachevski/ Fri, 04 Aug 2023 18:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=668821

Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на телевизија Алфа потенцираше дека условените оставки од министрите на ДУИ се маркетиншки трик и обид за дефокус од криминалот и корупција на владата на СДС и ДУИ.

Тоа е само уште еден маркетиншки трик добро разработен во ДУИ. Оставките на ДУИ дојдоа во моментот кога над ДУИ падна оној мрачен облак на јавно објавување на криманлиите и криминогените состојби кои треба да ги истражи ЈО. Дали сега некој збори за претприемачкиот дух на младиот од семејството Ахмети кој без еден денар се стекна со огромен процент на сосптвенот на Трговски центар среде Скопје, зборам за случајот Соравија. За Артан Груби односно неговиот несразмерен имот и неговото таложење на имот и покажување на богатсво за кое треба да покаже од кадее потеклото на тие пари, затоа што претходно има поврзаности со други случаи и афери кои што ги објавувавме. И сега никој не збори за младиот Ахмети, никој не збори за Груби, никој не збори за хотелот на Попова Шапка, никој не збори за соседот на Груби кој е сопственик на хотелот на Шапка а потоа му дава автомобил на Груби така на позајмица кој што чини повеќе од тоа што е платено за хотелот. И сега никој не зборува за тоа, сите зборат за условените оставки кои се непозната терминологија условени од министрите на ДУИ, вели Стоилковски и додаде дека криминалот и корупцијата продолжува и понатаму.

А во меѓувреме продолжува да тече криминалот и корупцијата од владата на ДУИ и измеќарите од СДС и Димитар Ковачевски. Значи тие слугуваат на интересите на ДУИ, истакна Стоилковски.

Стоилковски посочи дека ДУИ со ова се обидува да купи ден за својот можен криминал и корупција, а во тој пакет се обидува да ги спаси и СДС, укажувајќи дека поразот им е неминовен.

ДУИ сега се обидува да купи ден повеќе за својот можен криминал и корупција, а во тој пакет се обидува да ги спаси и СДС. Поразот им е пред врата, избори мора да има што побрзо за доброто на Македонија, смета тој се со цел да започне борбата со криминалот и корупцијата.

The post Стоилковски: Оставките на ДУИ се маркетиншки трик и дефокус на нивниот криминал и корупција помогнат од измеќарот Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на телевизија Алфа потенцираше дека условените оставки од министрите на ДУИ се маркетиншки трик и обид за дефокус од криминалот и корупција на владата на СДС и ДУИ. Тоа е само уште еден маркетиншки трик добро разработен во ДУИ. Оставките на ДУИ дојдоа во моментот кога над ДУИ падна оној мрачен облак на јавно објавување на криманлиите и криминогените состојби кои треба да ги истражи ЈО. Дали сега некој збори за претприемачкиот дух на младиот од семејството Ахмети кој без еден денар се стекна со огромен процент на сосптвенот на Трговски центар среде Скопје, зборам за случајот Соравија. За Артан Груби односно неговиот несразмерен имот и неговото таложење на имот и покажување на богатсво за кое треба да покаже од кадее потеклото на тие пари, затоа што претходно има поврзаности со други случаи и афери кои што ги објавувавме. И сега никој не збори за младиот Ахмети, никој не збори за Груби, никој не збори за хотелот на Попова Шапка, никој не збори за соседот на Груби кој е сопственик на хотелот на Шапка а потоа му дава автомобил на Груби така на позајмица кој што чини повеќе од тоа што е платено за хотелот. И сега никој не зборува за тоа, сите зборат за условените оставки кои се непозната терминологија условени од министрите на ДУИ, вели Стоилковски и додаде дека криминалот и корупцијата продолжува и понатаму. А во меѓувреме продолжува да тече криминалот и корупцијата од владата на ДУИ и измеќарите од СДС и Димитар Ковачевски. Значи тие слугуваат на интересите на ДУИ, истакна Стоилковски. Стоилковски посочи дека ДУИ со ова се обидува да купи ден за својот можен криминал и корупција, а во тој пакет се обидува да ги спаси и СДС, укажувајќи дека поразот им е неминовен. ДУИ сега се обидува да купи ден повеќе за својот можен криминал и корупција, а во тој пакет се обидува да ги спаси и СДС. Поразот им е пред врата, избори мора да има што побрзо за доброто на Македонија, смета тој се со цел да започне борбата со криминалот и корупцијата.

The post Стоилковски: Оставките на ДУИ се маркетиншки трик и дефокус на нивниот криминал и корупција помогнат од измеќарот Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Министрите на ДУИ ги потпишаа оставките и ги доставија до премиерот Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/ministrite-na-dui-gi-potpishaa-ostavkite-i-gi-dostavija-do-premierot-kovachevski/ Tue, 01 Aug 2023 13:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=667664

Сите министри од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), односно првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска преку нивните профили не Фејсбук соопштија дека ги потпишале оставките и ги доставиле до премиерот Димитар Ковачевски.

-Како носител на важна јавна функција, свесен дека благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина несомнено припаѓа во големото европско семејство, имајќи го предвид именувањето на политичкиот субјект на кој му припаѓам и кој начелно се залага за интеграцијата на земјата како во НАТО и ЕУ така и за блиски и продлабочени односи со САД, имајќи го во предвид непристојниот услов на опозицијата за да ги изгласа уставните измени во Собранието, свесен за важноста  на интеграцијата и достоинствената иднина на Република Македонија, Почитувам Претседател на Владата, Ви ја  поднесувам мојата оставка од функцијата Министер за економија, која ве молам да ка активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за предложените измени во Собранието и истите ќе стапат во сила, пишува во оставките на министрите објавени на Фејсбук.

Тие посочуваат дека се чувствуваат горди и почестени од дадената доверба од страна на лидерот Али Ахмети, Демократската унија за интеграција и граѓаните, како и од довербата на премиерот да бидат дел од реформскиот и интегриран владин кабинет и да им служат на граѓаните.

Министрите од ДУИ на 30 јули најавија дека ќе поднесат оставки од функциите што ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.

- Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од функциите што во моментов ги извршуваат. Оставките, г. премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, стои во објавата на Али Ахмети на Фејсбук.

Инаку, едно од барањата на опозицијата на лидерската средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ беше да се формира влада во која нема да учествува ДУИ

The post Министрите на ДУИ ги потпишаа оставките и ги доставија до премиерот Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Сите министри од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), односно првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска преку нивните профили не Фејсбук соопштија дека ги потпишале оставките и ги доставиле до премиерот Димитар Ковачевски. -Како носител на важна јавна функција, свесен дека благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина несомнено припаѓа во големото европско семејство, имајќи го предвид именувањето на политичкиот субјект на кој му припаѓам и кој начелно се залага за интеграцијата на земјата како во НАТО и ЕУ така и за блиски и продлабочени односи со САД, имајќи го во предвид непристојниот услов на опозицијата за да ги изгласа уставните измени во Собранието, свесен за важноста  на интеграцијата и достоинствената иднина на Република Македонија, Почитувам Претседател на Владата, Ви ја  поднесувам мојата оставка од функцијата Министер за економија, која ве молам да ка активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за предложените измени во Собранието и истите ќе стапат во сила, пишува во оставките на министрите објавени на Фејсбук. Тие посочуваат дека се чувствуваат горди и почестени од дадената доверба од страна на лидерот Али Ахмети, Демократската унија за интеграција и граѓаните, како и од довербата на премиерот да бидат дел од реформскиот и интегриран владин кабинет и да им служат на граѓаните. Министрите од ДУИ на 30 јули најавија дека ќе поднесат оставки од функциите што ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени. - Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од функциите што во моментов ги извршуваат. Оставките, г. премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, стои во објавата на Али Ахмети на Фејсбук. Инаку, едно од барањата на опозицијата на лидерската средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ беше да се формира влада во која нема да учествува ДУИ

The post Министрите на ДУИ ги потпишаа оставките и ги доставија до премиерот Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Поднесените оставки на ДУИ да станат неотповикливи и да одиме на брзи избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/podnesenite-ostavki-na-dui-da-stanat-neotpoviklivi-i-da-odime-na-brzi-izbori-velat-od-vmro-dpmne/ Sun, 30 Jul 2023 15:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=667017

Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност, стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните.

The post Поднесените оставки на ДУИ да станат неотповикливи и да одиме на брзи избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

СДСМ: На потег е Мицкоски, одговорноста сега е кај него, глас за ЕУ или изолација https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-na-poteg-e-mitskoski-odgovornosta-sega-e-kaj-nego-glas-za-eu-ili-izolatsija/ Sun, 30 Jul 2023 15:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=667000

Сите министри во Влада од редовите на ДУИ, поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, кои ќе се ефектуираат веднаш откакако пратениците на ДПМНЕ ќе гласаат за усвојување на уставните измени, стои во соопштението на СДСМ.

Ставајќи го државниот пред партискиот интерес ДУИ покажа одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани.

Со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ.

Големите државнички одлуки бараат државнички капацитет и одговорност.

На потег е Христијан Мицкоски да покаже и докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или само својата фотелја во Белата палата.

Членството во ЕУ е врвна стратешка цел, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ нема да отстапи.

Гласот за уставните измени е глас за Европа, за сигурна и стабилна иднина.

Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, наместо да ја одвојуваат македонската од европската агенда, да ја поддржат.

Мицкоски треба донесе одлука, пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат.

Мицкоски мора да донесе одлука и да преземе одговорност, глас за ЕУ или изолација.

The post СДСМ: На потег е Мицкоски, одговорноста сега е кај него, глас за ЕУ или изолација appeared first on Република.

]]>

Сите министри во Влада од редовите на ДУИ, поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, кои ќе се ефектуираат веднаш откакако пратениците на ДПМНЕ ќе гласаат за усвојување на уставните измени, стои во соопштението на СДСМ.
Ставајќи го државниот пред партискиот интерес ДУИ покажа одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани. Со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ. Големите државнички одлуки бараат државнички капацитет и одговорност. На потег е Христијан Мицкоски да покаже и докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или само својата фотелја во Белата палата. Членството во ЕУ е врвна стратешка цел, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ нема да отстапи. Гласот за уставните измени е глас за Европа, за сигурна и стабилна иднина. Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, наместо да ја одвојуваат македонската од европската агенда, да ја поддржат. Мицкоски треба донесе одлука, пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат. Мицкоски мора да донесе одлука и да преземе одговорност, глас за ЕУ или изолација.

The post СДСМ: На потег е Мицкоски, одговорноста сега е кај него, глас за ЕУ или изолација appeared first on Република.

]]>
Министрите на ДУИ потпишале оставки кои ќе важат ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени https://republika.mk/vesti/makedonija/ministrite-na-dui-potpishale-ostavki-koi-ke-vazhat-ako-vmro-dpmne-glasa-za-ustavni-izmeni/ Sun, 30 Jul 2023 13:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=666971

Сите министри од ДУИ денеска испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски со кое го известуваат дека потпишале оставки од функциите кои ги извршуваат, дознава ТВ21.

Според медиумот, во писмото испратено до премиерот пишува уште дека оставките стануваат ефективи веднаш откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка и гласа уставни измени.

The post Министрите на ДУИ потпишале оставки кои ќе важат ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Сите министри од ДУИ денеска испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски со кое го известуваат дека потпишале оставки од функциите кои ги извршуваат, дознава ТВ21. Според медиумот, во писмото испратено до премиерот пишува уште дека оставките стануваат ефективи веднаш откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка и гласа уставни измени.

The post Министрите на ДУИ потпишале оставки кои ќе важат ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени appeared first on Република.

]]>
Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо оставки на Гинекологија се праќаат дописи до ДСЗИ https://republika.mk/vesti/makedonija/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-namesto-ostavki-na-ginekologija-se-prakaat-dopisi-do-dszi/ Mon, 17 Jul 2023 11:43:58 +0000 https://republika.mk/?p=662280

Наместо одговорност и преземање мерки од Клиника за гинекологија за непочитување на процедурите на Клиника за гинекологија и оставки од двајцата директори за случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец, Клиниката за гинекологија праќа дописи до ДСЗИ, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Две недели по немилиот настан за случајот со пациентката освен што нема одговорност иако се евидентирани пропусти, директорите Викторија Јовановска и Јетон Шаќири немаат преземено ништо за безбедност и заштита на родилките во оваа терциерна установа и со тоа го доведуваат во прашање нивното здравје.

Се грижат ли надлежните институции за психичкото здравје на трудниците што е од исклучително значење.

Можел ли да се превенира со навремен преглед овој немил настан?

Дали за Клиника за гинекологија има достапен 24 часа конзилијарен психијатар и дали викендите се покриени со достапен конзилијарен специјалист психијатар?

Зошто Јовановска дури откако се случи овој немил настан предлага психијатар да ги посетува родилките еднаш во неделата и да разговара со мајките за да се увиди нивната состојба, а не го иницирала истото претходно?

Каде е Комитетот за безбедно мајчинство да иницира корективни мерки за заштита на мајките и бебињата по последните актуелни случаи за кои во јавноста нема информации за нивно расчистување?

The post Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо оставки на Гинекологија се праќаат дописи до ДСЗИ appeared first on Република.

]]>

Наместо одговорност и преземање мерки од Клиника за гинекологија за непочитување на процедурите на Клиника за гинекологија и оставки од двајцата директори за случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец, Клиниката за гинекологија праќа дописи до ДСЗИ, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Две недели по немилиот настан за случајот со пациентката освен што нема одговорност иако се евидентирани пропусти, директорите Викторија Јовановска и Јетон Шаќири немаат преземено ништо за безбедност и заштита на родилките во оваа терциерна установа и со тоа го доведуваат во прашање нивното здравје. Се грижат ли надлежните институции за психичкото здравје на трудниците што е од исклучително значење. Можел ли да се превенира со навремен преглед овој немил настан? Дали за Клиника за гинекологија има достапен 24 часа конзилијарен психијатар и дали викендите се покриени со достапен конзилијарен специјалист психијатар? Зошто Јовановска дури откако се случи овој немил настан предлага психијатар да ги посетува родилките еднаш во неделата и да разговара со мајките за да се увиди нивната состојба, а не го иницирала истото претходно? Каде е Комитетот за безбедно мајчинство да иницира корективни мерки за заштита на мајките и бебињата по последните актуелни случаи за кои во јавноста нема информации за нивно расчистување?

The post Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо оставки на Гинекологија се праќаат дописи до ДСЗИ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-narodot-nema-nishto-od-priznanieto-na-vlasta-deka-sudstvoto-e-korumpirano-ostavki-i-odgovornost-vednash/ Tue, 20 Jun 2023 08:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=653275

Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и ДУИ целосно го девалвираат правосудниот систем во Македонија.

Димитар Ковачевски и Али Ахмети го користат Судскиот совет за исполнување партиско политички желби и влијанија, сведувајќи ја неговата работа на место за фаворизирање на определени партиски активисти и пазарење со судиските места.

Изјавите на министерот за правда Кренар Лога се само потврда за она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатиот период, а тоа е дека СДС и ДУИ го партизираат и политизираат правосудните органи.

Судскиот систем треба да ја гарантира независноста и заштита на судството и неговото унапредување, и да работи одговорно, професионално и транспарентно.

Најпрво СЈО кој беше продолжена рака на владата на СДС и ДУИ за политички прогон на неистомисленици, па наградување на Добрила Кацарска и именување за уставен судија, именување на шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази, па се до назначување на партиски активисти на СДС во Судскиот совет е пример како не треба да функционираат судските органи.

И Холандија реагира на случувањата во Судскиот совет. И за ова во европски држави паѓаат цели влади, само во Македонија, владата на СДС и ДУИ мува не ја лази. Токму поради ова е ниската доверба на граѓаните во судството и обвинителството.

Бараме веднаш оставка и одговорност, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш appeared first on Република.

]]>

Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. СДС и ДУИ целосно го девалвираат правосудниот систем во Македонија. Димитар Ковачевски и Али Ахмети го користат Судскиот совет за исполнување партиско политички желби и влијанија, сведувајќи ја неговата работа на место за фаворизирање на определени партиски активисти и пазарење со судиските места. Изјавите на министерот за правда Кренар Лога се само потврда за она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатиот период, а тоа е дека СДС и ДУИ го партизираат и политизираат правосудните органи. Судскиот систем треба да ја гарантира независноста и заштита на судството и неговото унапредување, и да работи одговорно, професионално и транспарентно. Најпрво СЈО кој беше продолжена рака на владата на СДС и ДУИ за политички прогон на неистомисленици, па наградување на Добрила Кацарска и именување за уставен судија, именување на шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази, па се до назначување на партиски активисти на СДС во Судскиот совет е пример како не треба да функционираат судските органи. И Холандија реагира на случувањата во Судскиот совет. И за ова во европски држави паѓаат цели влади, само во Македонија, владата на СДС и ДУИ мува не ја лази. Токму поради ова е ниската доверба на граѓаните во судството и обвинителството. Бараме веднаш оставка и одговорност, стои во соопштението на партијата.  

The post ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш appeared first on Република.

]]>
Судиите Радевска-Стефкова и Герасимовски поднесоа оставки од членови на Судскиот совет https://republika.mk/vesti/makedonija/sudiite-radevska-stefkova-i-gerasimovski-podnesoa-ostavki-od-chlenovi-na-sudskiot-sovet/ Tue, 06 Jun 2023 12:34:41 +0000 https://republika.mk/?p=648470

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимовски од скопска Апелација поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет, објави СДК.мк.

Денеска напладне претседателот на Советот, Сашко Георгиев, одржа тематски брифинг со новинарите за полагањето психолошки и тестови за интегритет и за надоместоците на судските службеници, но не се спомена информација дека членови поднеле оставка.

По завршувањето на брифингот, од прес-службата на Судскиот совет ја потврдија информацијата која, велат, ја дознале по средбата со новинарите. Причините за оставките официјално не се познати.

Двајцата беа членови на Судскиот совет помалку од една година – од 19 септември 2022, а беа избрани на непосредни избори од редовите на судиите.

The post Судиите Радевска-Стефкова и Герасимовски поднесоа оставки од членови на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимовски од скопска Апелација поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет, објави СДК.мк. Денеска напладне претседателот на Советот, Сашко Георгиев, одржа тематски брифинг со новинарите за полагањето психолошки и тестови за интегритет и за надоместоците на судските службеници, но не се спомена информација дека членови поднеле оставка.
По завршувањето на брифингот, од прес-службата на Судскиот совет ја потврдија информацијата која, велат, ја дознале по средбата со новинарите. Причините за оставките официјално не се познати. Двајцата беа членови на Судскиот совет помалку од една година – од 19 септември 2022, а беа избрани на непосредни избори од редовите на судиите.

The post Судиите Радевска-Стефкова и Герасимовски поднесоа оставки од членови на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>
Шпански функционери си дале оставка откако нарачале возови прешироки за тунелите https://republika.mk/vesti/svet/shpanski-funktsioneri-si-dale-ostavka-otkako-narachale-vozovi-preshiroki-za-tunelite/ Tue, 21 Feb 2023 12:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=611495

Шпанската државна секретарка за транспорт и директорот на државната железница поднесоа оставки по револтот во јавноста откако беше обелоденето дека десетици нови возови нарачани за северните шпански региони се преголеми да ги собере во некои од тунелите низ кои треба да сообраќаат.

Пред три години државната компанија која управува со железницата, Ренифе, објави дека планира да ги модернизира возовите во областите Астурија и Кантабрија. Сепак, минатиот месец беше објавено дека нарачаните возови, кои чинат речиси 258 милиони евра, се прешироки за да поминат низ дел од тунелите во овие два региони.

Регионалниот претседател на Кантабрија, Михел Анхел Ревиљапроектот го опиша како „фаличен“ и повика на итна реакција, додека Адријан Барбон, претседател на соседната Астурија, изјави дека бил „бесен и разочаран“.

Отказите за двајца вработени во железничката компанија минатиот месец не беа доволни за да се смири јавниот револт, кој ги обвинува надлежните за лошо планирање и за доцнењето на испораката на возовите која ќе следи.

Ренфе ги нарачале возовите во 2020 година, но веќе следната година компанијата ЦАФ, која требало да ги произведе возовите, сфатила дека димензиите кои ги добиле за возовите не се точни и го прекинале производството.

Железничката мрежа во северниот дел на Шпанија била изградена во 19 век и тунелите под планините не одговараат на стандардите на модерните димензии за тунели.

Грешката значи дека возовите ќе бидат испорачани во 2026 година, односно со две години задоцнување од првично предвиденото.

Шпанската Влада, предводена од премиерот Педро Санчез, се обиде реакциите да ги ублажи преку соопштение дека железничкиот сообраќај низ Астурија и Кантабрија ќе биде бесплатен додека не стигнат новите возови, на почетокот на 2026 година.

Од моментот кога дознав за овој проблем, направив се` што можев за да откријам што се случило и да најдам решение. Од почетокот презедовме одговорност, се извинивме и ја признавме грешката. Ние исто така започнавме внатрешна контрола и составивме работна група која треба да најде решение и да ја забрза конструкцијата на возовите колку што е тоа можно, изјави министерката за транспорт, Ракел Санчез по средбата со Ревиља и Барбон.

Владата тврди дека грешката била забележана рано и дека биле избегнати финансиски загуби, сепак регионот на Кантабрија побара финансиска компензација за овој пропуст.

The post Шпански функционери си дале оставка откако нарачале возови прешироки за тунелите appeared first on Република.

]]>

Шпанската државна секретарка за транспорт и директорот на државната железница поднесоа оставки по револтот во јавноста откако беше обелоденето дека десетици нови возови нарачани за северните шпански региони се преголеми да ги собере во некои од тунелите низ кои треба да сообраќаат. Пред три години државната компанија која управува со железницата, Ренифе, објави дека планира да ги модернизира возовите во областите Астурија и Кантабрија. Сепак, минатиот месец беше објавено дека нарачаните возови, кои чинат речиси 258 милиони евра, се прешироки за да поминат низ дел од тунелите во овие два региони. Регионалниот претседател на Кантабрија, Михел Анхел Ревиљапроектот го опиша како „фаличен“ и повика на итна реакција, додека Адријан Барбон, претседател на соседната Астурија, изјави дека бил „бесен и разочаран“. Отказите за двајца вработени во железничката компанија минатиот месец не беа доволни за да се смири јавниот револт, кој ги обвинува надлежните за лошо планирање и за доцнењето на испораката на возовите која ќе следи. Ренфе ги нарачале возовите во 2020 година, но веќе следната година компанијата ЦАФ, која требало да ги произведе возовите, сфатила дека димензиите кои ги добиле за возовите не се точни и го прекинале производството. Железничката мрежа во северниот дел на Шпанија била изградена во 19 век и тунелите под планините не одговараат на стандардите на модерните димензии за тунели. Грешката значи дека возовите ќе бидат испорачани во 2026 година, односно со две години задоцнување од првично предвиденото.

Шпанската Влада, предводена од премиерот Педро Санчез, се обиде реакциите да ги ублажи преку соопштение дека железничкиот сообраќај низ Астурија и Кантабрија ќе биде бесплатен додека не стигнат новите возови, на почетокот на 2026 година.

Од моментот кога дознав за овој проблем, направив се` што можев за да откријам што се случило и да најдам решение. Од почетокот презедовме одговорност, се извинивме и ја признавме грешката. Ние исто така започнавме внатрешна контрола и составивме работна група која треба да најде решение и да ја забрза конструкцијата на возовите колку што е тоа можно, изјави министерката за транспорт, Ракел Санчез по средбата со Ревиља и Барбон.
Владата тврди дека грешката била забележана рано и дека биле избегнати финансиски загуби, сепак регионот на Кантабрија побара финансиска компензација за овој пропуст.

The post Шпански функционери си дале оставка откако нарачале возови прешироки за тунелите appeared first on Република.

]]>
Собранието ги констатираше оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-gi-konstatirashe-ostavkite-na-tupanchevski-nuredini-rendevski-i-nuhiu/ Mon, 13 Feb 2023 11:23:59 +0000 https://republika.mk/?p=608366

Собранието на Република Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.

-Констатирам дека на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите, истакна Џафери.

Пред почетокот на 103. седница, пратениците им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија со едноминутно молчење.

The post Собранието ги констатираше оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.
Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.
-Констатирам дека на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите, истакна Џафери. Пред почетокот на 103. седница, пратениците им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија со едноминутно молчење.

The post Собранието ги констатираше оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу appeared first on Република.

]]>
Целото раководство на Јувентус си поднесе оставки поради аферата со Роналдо https://republika.mk/sport/fudbal/celoto-rakovodstvo-na-juventus-si-podnese-ostavki-poradi-aferata-so-ronaldo/ Mon, 28 Nov 2022 21:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=579380

Сите директори на Јувентус денеска си поднесоа оставки и си заминаа од функцијата, пренесува италијански La Gazzetta dello Sport.

Претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене го напуштаат клубот. Со нив клубот го напуштаат голем број директори и помали функционери, а тоа се Лоренс Дебро, Масимо Дела Рагионе, Катрин Финк, Даниела Марилунго, Франческо Ронкаљо, Џорџо Такија и Сузан Кејвуд.

Да потсетиме, клубот беше обвинет дека на сомнителен начин остварувал приходи во 2018, 2019 и 2020 година. Под истрага се 16 лица, сегашни и поранешни вработени во клубот, а имињата кои најмногу се издвојуваат се Андреа Ањели, Павел Недвед и Маурицио Аривабене, луѓе кои денеска го напуштија клубот.

Зад сѐ стојат тајните документи кои што клубот ги потпишал со Кристијано Роналдо за време на пандемијата на коронавирус. Според нив, според La Gazzetta dello Sport, Јувентус на својот тогашен напаѓач му ветил исплата од 19,9 милиони евра, што, според обвинителството, не било наведено во финансиските извештаи на клубот.

Јувентус ветил дека ќе му ја плати споменатата сума на Роналдо дури и ако тој го напушти клубот пред крајот на договорената соработка, што португалскиот напаѓач го направил со заминувањето во Манчестер Јунајтед. Во времето на пандемијата, Јувентус најавил големи намалувања на платите, а подоцна потврдиле дека поради финансиски проблеми на играчите им биле ускратени приходите што требало да ги добијат за четири месеци.

Обвинителството се обидува да докаже дека тоа не е точно, дека постојат поединечни необјавени документи меѓу клубот и играчите, односно дека се фалсификувани сметките на клубот, за годините 2019, 2020 и 2021 година. Пронајден е токму таков документ дека Роналдо потпишал со торинскиот гигант. La Stampa претходно напиша дека Роналдо одбил да даде изјава во обвинителството кога го прашале за спорниот документ.

The post Целото раководство на Јувентус си поднесе оставки поради аферата со Роналдо appeared first on Република.

]]>

Сите директори на Јувентус денеска си поднесоа оставки и си заминаа од функцијата, пренесува италијански La Gazzetta dello Sport. Претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене го напуштаат клубот. Со нив клубот го напуштаат голем број директори и помали функционери, а тоа се Лоренс Дебро, Масимо Дела Рагионе, Катрин Финк, Даниела Марилунго, Франческо Ронкаљо, Џорџо Такија и Сузан Кејвуд. Да потсетиме, клубот беше обвинет дека на сомнителен начин остварувал приходи во 2018, 2019 и 2020 година. Под истрага се 16 лица, сегашни и поранешни вработени во клубот, а имињата кои најмногу се издвојуваат се Андреа Ањели, Павел Недвед и Маурицио Аривабене, луѓе кои денеска го напуштија клубот. Зад сѐ стојат тајните документи кои што клубот ги потпишал со Кристијано Роналдо за време на пандемијата на коронавирус. Според нив, според La Gazzetta dello Sport, Јувентус на својот тогашен напаѓач му ветил исплата од 19,9 милиони евра, што, според обвинителството, не било наведено во финансиските извештаи на клубот. Јувентус ветил дека ќе му ја плати споменатата сума на Роналдо дури и ако тој го напушти клубот пред крајот на договорената соработка, што португалскиот напаѓач го направил со заминувањето во Манчестер Јунајтед. Во времето на пандемијата, Јувентус најавил големи намалувања на платите, а подоцна потврдиле дека поради финансиски проблеми на играчите им биле ускратени приходите што требало да ги добијат за четири месеци. Обвинителството се обидува да докаже дека тоа не е точно, дека постојат поединечни необјавени документи меѓу клубот и играчите, односно дека се фалсификувани сметките на клубот, за годините 2019, 2020 и 2021 година. Пронајден е токму таков документ дека Роналдо потпишал со торинскиот гигант. La Stampa претходно напиша дека Роналдо одбил да даде изјава во обвинителството кога го прашале за спорниот документ.  

The post Целото раководство на Јувентус си поднесе оставки поради аферата со Роналдо appeared first on Република.

]]>
Петкова: Одговорност и оставки од Тренчовска и директорката на градинката за обидот да го прикријат насилството врз бебето https://republika.mk/vesti/makedonija/petkova-odgovornost-i-ostavki-od-trenchovska-i-direktorkata-na-gradinkata-za-obidot-da-go-prikrijat-nasilstvoto-vrz-bebeto/ Fri, 25 Nov 2022 11:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=578178

Министерството за труд и социјална политика на Тренчовска и градинката во Гевгелија првин со молк и обид за прикривање брутално насилство врз 10 месечно бебе, а сега со наводни комисии го релативизираат случајот и купуваат на време, истакна на денешната прес-конференција Ангелина Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

По неколку дена криење институциите признаа дека се случил инцидентот и го признаа бруталното насилство. Проблемот е затоа што и министерството за труд и социјална политика и од градинката се обидоа да го сокријат настанот. Десетмесечното бебе со тешки телесни повреди и хематом на главата, поради повреда завршило во болница, а од градинката во Гевгелија наместо оставки имаме соопштенија потценувачки за јавноста со релативизирање дека се работело за детска игра, додава Петкова.

Од министерството за труд и социјална политика, како што рече, наместо разрешување на директорката поставена од самата Тренчовска одговараат дека ќе формираат комисија.

Секогаш кога функционерите на Социјалдемократскиот сојуз формираат комисии, тие завршуваат како комисиите на Филипче за десетиците КОВИД пропусти, изгорената болница во Тетово, случајот со Јилдиз, и многу други, кои не видоа разрешница. Случајот е јасен. Имаме брутално насилство врз 10 месечно бебе и единствено што треба да го направи власта е следното:

· Одговорните за инцидентот да бидат суспендирани од работа;

· Директорката Елизабета Стоименова да се разреши, да се поднесат соодветни пријави против вработените;

· Оставка од министерката Тренчовска и одговорност за криењето на настанот“, потенцира Петкова.

The post Петкова: Одговорност и оставки од Тренчовска и директорката на градинката за обидот да го прикријат насилството врз бебето appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика на Тренчовска и градинката во Гевгелија првин со молк и обид за прикривање брутално насилство врз 10 месечно бебе, а сега со наводни комисии го релативизираат случајот и купуваат на време, истакна на денешната прес-конференција Ангелина Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
По неколку дена криење институциите признаа дека се случил инцидентот и го признаа бруталното насилство. Проблемот е затоа што и министерството за труд и социјална политика и од градинката се обидоа да го сокријат настанот. Десетмесечното бебе со тешки телесни повреди и хематом на главата, поради повреда завршило во болница, а од градинката во Гевгелија наместо оставки имаме соопштенија потценувачки за јавноста со релативизирање дека се работело за детска игра, додава Петкова.
Од министерството за труд и социјална политика, како што рече, наместо разрешување на директорката поставена од самата Тренчовска одговараат дека ќе формираат комисија.
Секогаш кога функционерите на Социјалдемократскиот сојуз формираат комисии, тие завршуваат како комисиите на Филипче за десетиците КОВИД пропусти, изгорената болница во Тетово, случајот со Јилдиз, и многу други, кои не видоа разрешница. Случајот е јасен. Имаме брутално насилство врз 10 месечно бебе и единствено што треба да го направи власта е следното: · Одговорните за инцидентот да бидат суспендирани од работа; · Директорката Елизабета Стоименова да се разреши, да се поднесат соодветни пријави против вработените; · Оставка од министерката Тренчовска и одговорност за криењето на настанот“, потенцира Петкова.
 
The post Петкова: Одговорност и оставки од Тренчовска и директорката на градинката за обидот да го прикријат насилството врз бебето appeared first on Република.

]]>
Директорката на Клиниката за детски болести д-р Софијанова и директорот на Радиолоија д-р Васев поднеле оставки на барање на министерот Сали https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-na-klinikata-za-detski-bolesti-d-r-sofijanova-i-direktorot-na-radioloija-d-r-vasev-podnele-ostavki-na-baranje-na-ministerot-sali/ Wed, 02 Nov 2022 14:34:33 +0000 https://republika.mk/?p=568864

Директорката на Универзатската клиника за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова и дирекоторот на Клиниката за радиотерпаија и онкологија, д-р Никола Васев, поднеле оставки, на барање на министерот за здравство, Беким Сали, соопшти попладнево Министерството здравство.

Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Министерот Сали минатата недела изјави дека ќе бидат преземени соодветни мерки, односно ќе ги разрешат или казнат директорите доколку под нивно влијание се формирале платите во клиниките.

Неодамна, новинарот Фуркан Салиу објави видео и документ, на кој се гледа дека бруто-приходите на д-р Софијанова за септември 2022 година изнесуваат 353,449.00 денари или околу 5.000 евра. Според информациите што ги изнесе новинарот, д-р Софијанова земала повеќе пари за дежурствата отколку што ѝ е основната плата.

Ваквите информации ги деантираше Софијанова.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-jas-rabotam-i-koga-ne-sum-fizichki-prisutna-dostapna-sum-24-7/

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mu-rekol-na-sali-za-sofijanova-ako-ima-prekrshuvanja-vednash-da-ja-smeni/

The post Директорката на Клиниката за детски болести д-р Софијанова и директорот на Радиолоија д-р Васев поднеле оставки на барање на министерот Сали appeared first on Република.

]]>

Директорката на Универзатската клиника за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова и дирекоторот на Клиниката за радиотерпаија и онкологија, д-р Никола Васев, поднеле оставки, на барање на министерот за здравство, Беким Сали, соопшти попладнево Министерството здравство.
Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Министерот Сали минатата недела изјави дека ќе бидат преземени соодветни мерки, односно ќе ги разрешат или казнат директорите доколку под нивно влијание се формирале платите во клиниките. Неодамна, новинарот Фуркан Салиу објави видео и документ, на кој се гледа дека бруто-приходите на д-р Софијанова за септември 2022 година изнесуваат 353,449.00 денари или околу 5.000 евра. Според информациите што ги изнесе новинарот, д-р Софијанова земала повеќе пари за дежурствата отколку што ѝ е основната плата. Ваквите информации ги деантираше Софијанова. https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-jas-rabotam-i-koga-ne-sum-fizichki-prisutna-dostapna-sum-24-7/ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mu-rekol-na-sali-za-sofijanova-ako-ima-prekrshuvanja-vednash-da-ja-smeni/

The post Директорката на Клиниката за детски болести д-р Софијанова и директорот на Радиолоија д-р Васев поднеле оставки на барање на министерот Сали appeared first on Република.

]]>
Уште двајца британски министри поднесоа оставки https://republika.mk/vesti/svet/ushte-dvajca-britanski-ministri-podnesoa-ostavki/ Wed, 06 Jul 2022 11:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=524758

Уште двајца британски министри денеска поднесоа оставки, со што се зголемува притисокот врз премиерот Борис Џонсон, по вчерашните оставките на министерот за финансии и за здравство.

Оставка денеска поднесе министерот за деца и семејства, Вил Куинс, кој истакна дека „нема друг избор, освен да си поднесе оставка“, како и министерката за транспорт Лора Трот, која наведе оти се одлучила на таков чекор бидејќи ја загубила довербата во Владата.

The post Уште двајца британски министри поднесоа оставки appeared first on Република.

]]>

Уште двајца британски министри денеска поднесоа оставки, со што се зголемува притисокот врз премиерот Борис Џонсон, по вчерашните оставките на министерот за финансии и за здравство. Оставка денеска поднесе министерот за деца и семејства, Вил Куинс, кој истакна дека „нема друг избор, освен да си поднесе оставка“, како и министерката за транспорт Лора Трот, која наведе оти се одлучила на таков чекор бидејќи ја загубила довербата во Владата.

The post Уште двајца британски министри поднесоа оставки appeared first on Република.

]]>
Маричиќ и Османи не гледаат причина да поднесат оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-i-osmani-ne-gledaat-prichina-da-podnesat-ostavka/ Fri, 24 Jun 2022 13:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=519346

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, не гледаат причини зошто би поднеле оставка по францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија, кој државата го одби како неприфатлив за неа.

Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ и Демократскиот сојуз кој е дел од владината колација вчера побараа оставки од Маричиќ и Османи.

„За секоја држава е важно заштитата на јазикот и идентитетот, достоинствено да чекори на патот кон ЕУ секако имајќи ги добрососедските односи како битен критериум кој е ставен во рамката. Во таа смисла мислам дека наша одговорност е да се грижиме за овие работи, простор за одговорност надвор од ова не гледам. Мислам дека многу поголема е одговорноста на одредени личности или структури кои се обидоа да ја нарушат државната стратегија со своето пренесување на вести или информации до политички партии или до медиуми кои беа ниту проверени ниту конечни со цел да се креира една таква атмосфера. Ние кажавме дека е важно овој процес да го водиме мудро и дека ни било дел од стратегијата да ги соопштиме нашите ставови на Самитот, а претходно и да комуницираме со нашите партнери“, рече Маричиќ.

Со комуникацијата на определени лица и структури до дел од политичките партии и медиумите, додаде вицепремиерот, се поткрена една атмосфера за која немаше основа.

Слична изјава за евентуална оставка даде и шефот на дипломатијата со порака дека се заштитени државните интереси и дека како такви еден ден ќе влеземе во ЕУ.

„Прашањето на успех е релативно, зависи што значи успех. Дали е заштита на интересите на државата или е нешто друго. Ние не го квалификуваме ова прашање како црно бело прашање на успех и неуспех. Ова е наша безалтернативна борба да станеме членка на ЕУ притоа запазувајќи ги државните интереси и интересите на граѓаните. Тоа што ќе кажам е дека нема да правиме компромис ниту по едното ниту по другото прашање. Ќе станеме еден ден членка на ЕУ но со заштитени државни и национални интереси“, изјави Османи.

The post Маричиќ и Османи не гледаат причина да поднесат оставка appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, не гледаат причини зошто би поднеле оставка по францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија, кој државата го одби како неприфатлив за неа. Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ и Демократскиот сојуз кој е дел од владината колација вчера побараа оставки од Маричиќ и Османи. „За секоја држава е важно заштитата на јазикот и идентитетот, достоинствено да чекори на патот кон ЕУ секако имајќи ги добрососедските односи како битен критериум кој е ставен во рамката. Во таа смисла мислам дека наша одговорност е да се грижиме за овие работи, простор за одговорност надвор од ова не гледам. Мислам дека многу поголема е одговорноста на одредени личности или структури кои се обидоа да ја нарушат државната стратегија со своето пренесување на вести или информации до политички партии или до медиуми кои беа ниту проверени ниту конечни со цел да се креира една таква атмосфера. Ние кажавме дека е важно овој процес да го водиме мудро и дека ни било дел од стратегијата да ги соопштиме нашите ставови на Самитот, а претходно и да комуницираме со нашите партнери“, рече Маричиќ. Со комуникацијата на определени лица и структури до дел од политичките партии и медиумите, додаде вицепремиерот, се поткрена една атмосфера за која немаше основа. Слична изјава за евентуална оставка даде и шефот на дипломатијата со порака дека се заштитени државните интереси и дека како такви еден ден ќе влеземе во ЕУ. „Прашањето на успех е релативно, зависи што значи успех. Дали е заштита на интересите на државата или е нешто друго. Ние не го квалификуваме ова прашање како црно бело прашање на успех и неуспех. Ова е наша безалтернативна борба да станеме членка на ЕУ притоа запазувајќи ги државните интереси и интересите на граѓаните. Тоа што ќе кажам е дека нема да правиме компромис ниту по едното ниту по другото прашање. Ќе станеме еден ден членка на ЕУ но со заштитени државни и национални интереси“, изјави Османи.  

The post Маричиќ и Османи не гледаат причина да поднесат оставка appeared first on Република.

]]>