Османовска Archives - Република https://republika.mk/tema/osmanovska/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Aug 2023 12:19:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Османовска Archives - Република https://republika.mk/tema/osmanovska/ 32 32 Партнерката на Курто Дудуш формира политичка партија https://republika.mk/vesti/makedonija/partnerkata-na-kurto-dudush-formira-politichka-partija/ Thu, 17 Aug 2023 12:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=673034

Претседателката на Советот на Општина Шуто Оризари, Фатима Османовска, која е и партнерка на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, ќе основа партија, објави Фокус.

Потписите се веќе собрани, а партијата ќе го носи името Унија на Роми.

За регистрација на партија се потребни 1.000 потписи, а Османовска на Фејсбук сподели дека 1.800 граѓани дале поддршка и се потпишале за партијата која ќе се вика Унија на Роми. Неофицијално, претседателка на партијата ќе биде Османовска, а барањето за регистрација е веќе поднесено до Граѓанскиот суд и се чека повратен одговор.

Водени од идејата дека обединети, гласни и соодветно претставувани, може да ја постигнеме политичката застапеност која ја заслужуваме како заедница.
Имајќи ја таа политичка застапеност преку нашето обединување во УНИЈА НА РОМИ ќе постигнеме и напредок на заедницата и унапреден квалитет на живот, не само на ромската заедница, туку на сите малцински заедници и заедници кои не ги уживаат целосно своите права.
Наскоро, по официјалната регистрација, заедницата ќе биде поканета на заедничко стратешко и идеолошко планирање. Благодарност до сите 1.800 поддржувачи, кои се уште веруваат во позитивни промени, порача Османовска.

ФОТО: Фејсбук

The post Партнерката на Курто Дудуш формира политичка партија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Советот на Општина Шуто Оризари, Фатима Османовска, која е и партнерка на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, ќе основа партија, објави Фокус. Потписите се веќе собрани, а партијата ќе го носи името Унија на Роми. За регистрација на партија се потребни 1.000 потписи, а Османовска на Фејсбук сподели дека 1.800 граѓани дале поддршка и се потпишале за партијата која ќе се вика Унија на Роми. Неофицијално, претседателка на партијата ќе биде Османовска, а барањето за регистрација е веќе поднесено до Граѓанскиот суд и се чека повратен одговор.
Водени од идејата дека обединети, гласни и соодветно претставувани, може да ја постигнеме политичката застапеност која ја заслужуваме како заедница. Имајќи ја таа политичка застапеност преку нашето обединување во УНИЈА НА РОМИ ќе постигнеме и напредок на заедницата и унапреден квалитет на живот, не само на ромската заедница, туку на сите малцински заедници и заедници кои не ги уживаат целосно своите права. Наскоро, по официјалната регистрација, заедницата ќе биде поканета на заедничко стратешко и идеолошко планирање. Благодарност до сите 1.800 поддржувачи, кои се уште веруваат во позитивни промени, порача Османовска.
ФОТО: Фејсбук

The post Партнерката на Курто Дудуш формира политичка партија appeared first on Република.

]]>