ослободителна пресуда Archives - Република https://republika.mk/tema/osloboditelna-presuda/ За подобро да се разбереме Fri, 12 May 2023 12:11:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ослободителна пресуда Archives - Република https://republika.mk/tema/osloboditelna-presuda/ 32 32 Ослободителна пресуда за Канческа Милеска во „Тендери“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/osloboditelna-presuda-za-kancheska-mileska-vo-tenderi/ Fri, 12 May 2023 12:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=640154

Во Основниот кривичен суд Скопје, поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, денеска беше ослободена од вина за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Канческа Милевска која беше првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот „Скопје 2014“, заедно со обвинетите Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова Цветковска, членови на Комисијата за јавни набавки, беа ослободени од вина, бидејќи, според Судот, обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото.

Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Процесот го водеше судијата Осман Шабани, а обвинението го застапуваше јавниот обвинител Стевчо Дончев.

The post Ослободителна пресуда за Канческа Милеска во „Тендери“ appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје, поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, денеска беше ослободена од вина за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Канческа Милевска која беше првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот „Скопје 2014“, заедно со обвинетите Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова Цветковска, членови на Комисијата за јавни набавки, беа ослободени од вина, бидејќи, според Судот, обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото. Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка. Процесот го водеше судијата Осман Шабани, а обвинението го застапуваше јавниот обвинител Стевчо Дончев.

The post Ослободителна пресуда за Канческа Милеска во „Тендери“ appeared first on Република.

]]>
Ослободителна пресуда за таткото и ќерката од Косово обвинети за бесправното градење на бунгалови во Леуново https://republika.mk/vesti/crna-hronika/osloboditelna-presuda-za-tatkoto-i-kjerkata-od-kosovo-obvineti-za-bespravnoto-gradenje-na-bungalovi-vo-leunovo/ Fri, 22 Jul 2022 12:47:26 +0000 https://republika.mk/?p=532168

Обвинетите татко и ќерка, Шериф Ракума и Блерта Рамука и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт" ДООЕЛ увоз извоз с.Леуново Општина Маврово и Ростуше, не се виновни за бунгалови на брегот од Мавровското Езеро. Вака одлучи Основниот суд во Гостивар каде судијата Даут Рустеми проценил дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело Бесправно градење од чл.244-а став 1 од Кривичниот законик, а за правното лице за кривично дело Бесправно градење од чл.244-а став 5 в.в со став 1 од Кривичниот законик, кое им се става на товар, пишува МКД.мк

Согласно бараната информација по увидот во Акмис системот Ве известуваме дека пред Основен суд Гостивар заведен е предмет под број К.бр.245/22, a по поднесен обвинителен акт на Основното Јавно обвинителство Гостивар , кој согласно автоматската распределба бил распределен кај судијата Даут Рустеми. По предметот се водела постапка која завршила со пресуда во која обвинетите се ослободуваат од обвинение врз основа на член 403 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка , односно судот ценел имајќи ги во предвид сите изведени докази дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело кое им се става на товар", ни одговорија од Основниот суд во Гостивар.

Јавен обвинител кој го застапувал обвинението е Хазби Исеини од Основно Јавно обвинителство Гостивар. Во Пресудата во делот на образложението не е наведено дека Јавниот обвинител доставил извод од казнена евиденција како доказ за осудуваност или неосудуваност на Шериф Рамука и Блерта Рамука.

Пресудата е донесена на ден 04.07.2022 година, а јавно објавена на ден 07.07.2022 година во која пресуда застапникот на обвинението не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат, додаваат од Судот.

Обвинетите во текот на постапката кажаа дека не чувствуваат вина за овој случај, а нивниот законски застапник пред Судот истакна дека постојат докази со кој ќе му предочат на судот дека ниту двајцата обвинети, ниту нивната фирма немаат вина за бесправното градење на градбите на брегот на Мавровското Езеро.

Целиот текст овде.

 

The post Ослободителна пресуда за таткото и ќерката од Косово обвинети за бесправното градење на бунгалови во Леуново appeared first on Република.

]]>

Обвинетите татко и ќерка, Шериф Ракума и Блерта Рамука и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт" ДООЕЛ увоз извоз с.Леуново Општина Маврово и Ростуше, не се виновни за бунгалови на брегот од Мавровското Езеро. Вака одлучи Основниот суд во Гостивар каде судијата Даут Рустеми проценил дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело Бесправно градење од чл.244-а став 1 од Кривичниот законик, а за правното лице за кривично дело Бесправно градење од чл.244-а став 5 в.в со став 1 од Кривичниот законик, кое им се става на товар, пишува МКД.мк Согласно бараната информација по увидот во Акмис системот Ве известуваме дека пред Основен суд Гостивар заведен е предмет под број К.бр.245/22, a по поднесен обвинителен акт на Основното Јавно обвинителство Гостивар , кој согласно автоматската распределба бил распределен кај судијата Даут Рустеми. По предметот се водела постапка која завршила со пресуда во која обвинетите се ослободуваат од обвинение врз основа на член 403 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка , односно судот ценел имајќи ги во предвид сите изведени докази дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело кое им се става на товар", ни одговорија од Основниот суд во Гостивар. Јавен обвинител кој го застапувал обвинението е Хазби Исеини од Основно Јавно обвинителство Гостивар. Во Пресудата во делот на образложението не е наведено дека Јавниот обвинител доставил извод од казнена евиденција како доказ за осудуваност или неосудуваност на Шериф Рамука и Блерта Рамука. Пресудата е донесена на ден 04.07.2022 година, а јавно објавена на ден 07.07.2022 година во која пресуда застапникот на обвинението не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат, додаваат од Судот. Обвинетите во текот на постапката кажаа дека не чувствуваат вина за овој случај, а нивниот законски застапник пред Судот истакна дека постојат докази со кој ќе му предочат на судот дека ниту двајцата обвинети, ниту нивната фирма немаат вина за бесправното градење на градбите на брегот на Мавровското Езеро. Целиот текст овде.  

The post Ослободителна пресуда за таткото и ќерката од Косово обвинети за бесправното градење на бунгалови во Леуново appeared first on Република.

]]>