оса Archives - Република https://republika.mk/tema/osa/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 12:02:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оса Archives - Република https://republika.mk/tema/osa/ 32 32 Ако ве касне оса, крлеж или коњска мува, кога да побарате лекарска помош? https://republika.mk/vesti/ako-ve-kasne-osa-krlezh-ili-konska-muva-koga-da-pobarate-lekarska-pomosh/ Sat, 13 Jul 2024 12:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=796388

Иако каснувањата од разни инсекти се иритирачки, понекогаш болни и секогаш непријатни, тоа не значи дека веднаш треба да паничите. Од друга страна, не смеете да ги игнорирате потенцијалните последици, изјавува за британски „Сан“ фармацевтот Клер Невинсон.

Пчели, оси и стршни

Иако каснувањата од овие инсекти делуваат слично, сепак, тие се третираат различно, во зависност од тоа дали осилото останува во кожата или не.

Каснувањето од оса е ненадејно и многу болно. Потоа се појавува оток и црвен белег на кожата. Покрај болката, овие каснувања се иритирачки и чешаат, а тоа обично трае неколку часа. Слични последици има и каснувањето од пчела, но ако осилото остане во кожата, треба да се извади што е можно поскоро. Во случај на оток се препорачува нанесување мраз. Исто така, ако е можно, обидете се каснатото место да го држите што повисоко, така ќе го намалите отокот – вели Клер.

Комарец

– Каснувањата од комарци се непријатни и чешаат, а она за што треба да се грижите е дека комарците во одредени делови од светот пренесуваат опасни болести како маларија и денга треска. Обидете се да ги покриете поосетливите делови од телото во периодот од денот кога комарците се најактивни, наутро и навечер, советува Клер.

Крлежи

– Каснувањата од крлежите обично не се болни, но понекогаш може да предизвикаат алергиска реакција, како и да пренесат Лајмска болест. Ако ве касне крлеж, мора да го отстраните осилото што е можно поскоро, при тоа да внимавате да не го оштетите осилото. После тоа, местото на каснувањето измијте го со сапун и вода, а потоа нанесете антисептичка крема околу каснувањето – објаснува Клер.

Коњска мува

Каснувањето од коњска мува може да биде многу непријатно.

– Каснувањето од коњска мува може да биде болно и да предизвика црвен осип на кожата, слабост и несвестица. Местото на каснување обично брзо отекува. Во некои случаи, закрепнувањето од ваквото каснување може да потрае неколку дена, особено ако се појави инфекција. Ако мислите дека преку каснувањето сте се инфицирале, а тоа обично е придружено со силна болка и црвенило, веднаш побарајте лекарска помош – советува Клер Невинсон.

 

The post Ако ве касне оса, крлеж или коњска мува, кога да побарате лекарска помош? appeared first on Република.

]]>

Иако каснувањата од разни инсекти се иритирачки, понекогаш болни и секогаш непријатни, тоа не значи дека веднаш треба да паничите. Од друга страна, не смеете да ги игнорирате потенцијалните последици, изјавува за британски „Сан“ фармацевтот Клер Невинсон. Пчели, оси и стршни Иако каснувањата од овие инсекти делуваат слично, сепак, тие се третираат различно, во зависност од тоа дали осилото останува во кожата или не.
Каснувањето од оса е ненадејно и многу болно. Потоа се појавува оток и црвен белег на кожата. Покрај болката, овие каснувања се иритирачки и чешаат, а тоа обично трае неколку часа. Слични последици има и каснувањето од пчела, но ако осилото остане во кожата, треба да се извади што е можно поскоро. Во случај на оток се препорачува нанесување мраз. Исто така, ако е можно, обидете се каснатото место да го држите што повисоко, така ќе го намалите отокот – вели Клер.
Комарец – Каснувањата од комарци се непријатни и чешаат, а она за што треба да се грижите е дека комарците во одредени делови од светот пренесуваат опасни болести како маларија и денга треска. Обидете се да ги покриете поосетливите делови од телото во периодот од денот кога комарците се најактивни, наутро и навечер, советува Клер. Крлежи – Каснувањата од крлежите обично не се болни, но понекогаш може да предизвикаат алергиска реакција, како и да пренесат Лајмска болест. Ако ве касне крлеж, мора да го отстраните осилото што е можно поскоро, при тоа да внимавате да не го оштетите осилото. После тоа, местото на каснувањето измијте го со сапун и вода, а потоа нанесете антисептичка крема околу каснувањето – објаснува Клер. Коњска мува Каснувањето од коњска мува може да биде многу непријатно. – Каснувањето од коњска мува може да биде болно и да предизвика црвен осип на кожата, слабост и несвестица. Местото на каснување обично брзо отекува. Во некои случаи, закрепнувањето од ваквото каснување може да потрае неколку дена, особено ако се појави инфекција. Ако мислите дека преку каснувањето сте се инфицирале, а тоа обично е придружено со силна болка и црвенило, веднаш побарајте лекарска помош – советува Клер Невинсон.  

The post Ако ве касне оса, крлеж или коњска мува, кога да побарате лекарска помош? appeared first on Република.

]]>
САД воведоа санкции за поранешна државна обвинителка на БиХ и поранешниот директор на ОСА https://republika.mk/vesti/balkan/sad-vovedoa-sanktsii-za-poraneshna-drzhavna-obvinitelka-na-bih-i-poraneshniot-direktor-na-osa/ Tue, 12 Dec 2023 08:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=722018

Стејт департментот соопшти дека се воведени санкции за поранешната државна обвинителка на БиХ, Дијана Кајмаковиќ, како и за Осман Мехмедагиќ, поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОСА).
За Кајмаковиќ Стејт департментот наведува дека има значителен удел во коруптивните активности - поддржувал дилери на дрога и други криминалци, помагајќи да се скријат доказите, да се спречи гонење и на други начини поддржувал криминални активности во замена за лична корист.

Исто така, се наведува дека таа се обидела да ја блокира истрагата за нејзините очигледни криминални соработници, меѓу кои и Осман Мехмедагиќ.

За Мехмедагиќ, Стејт департментот посочува дека соработувал со криминални мрежи и ја злоупотребил својата јавна положба за да стекне финансиска корист.

Кајмаковиќ и Мехмедагиќ веќе се на списокот за санкции на американското Министерство за финансии.

Кајмаковиќ е на црната листа на САД од септември 2022 година поради „поткопување на демократијата и владеењето на правото во Босна и Херцеговина“.

Мехмедагиќ е под санкции на САД од март годинава бидејќи, како што тогаш беше објавено, во службено својство на генерален директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ, ја злоупотребил телекомуникациската компанија БХ Телеком во корист на Партијата на Демократска акција (СДА).

The post САД воведоа санкции за поранешна државна обвинителка на БиХ и поранешниот директор на ОСА appeared first on Република.

]]>

Стејт департментот соопшти дека се воведени санкции за поранешната државна обвинителка на БиХ, Дијана Кајмаковиќ, како и за Осман Мехмедагиќ, поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОСА). За Кајмаковиќ Стејт департментот наведува дека има значителен удел во коруптивните активности - поддржувал дилери на дрога и други криминалци, помагајќи да се скријат доказите, да се спречи гонење и на други начини поддржувал криминални активности во замена за лична корист. Исто така, се наведува дека таа се обидела да ја блокира истрагата за нејзините очигледни криминални соработници, меѓу кои и Осман Мехмедагиќ. За Мехмедагиќ, Стејт департментот посочува дека соработувал со криминални мрежи и ја злоупотребил својата јавна положба за да стекне финансиска корист. Кајмаковиќ и Мехмедагиќ веќе се на списокот за санкции на американското Министерство за финансии. Кајмаковиќ е на црната листа на САД од септември 2022 година поради „поткопување на демократијата и владеењето на правото во Босна и Херцеговина“. Мехмедагиќ е под санкции на САД од март годинава бидејќи, како што тогаш беше објавено, во службено својство на генерален директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ, ја злоупотребил телекомуникациската компанија БХ Телеком во корист на Партијата на Демократска акција (СДА).

The post САД воведоа санкции за поранешна државна обвинителка на БиХ и поранешниот директор на ОСА appeared first on Република.

]]>