оризопроизводители Archives - Република https://republika.mk/tema/orizoproizvoditeli/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 11:09:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оризопроизводители Archives - Република https://republika.mk/tema/orizoproizvoditeli/ 32 32 Ориз од Индија и Пакистан се продава како кочански, обвинуваат оризопроизводителите https://republika.mk/vesti/ekonomija/oriz-od-indija-i-pakistan-se-prodava-kako-kochanski-obvinuvaat-orizoproizvoditelite/ Tue, 17 Sep 2024 11:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=817088

Оризопроизводителите од кочанско реагираат дека импортираниот ориз од Индија, Пакистан и земјите од далечниот Исток, го руши квалитетот на кочанското „бело злато“. велат Македонскиот пазар е преплавен со ориз од увоз и нема заштита на домашното производство.

Имаше многу увезен ориз оваа година, кој се брендира како кочански. Бараме инспекторатот да излезе на терен и да го провери квалитетот, па ако не е кочански, да се продава по онаа марка како што е увезена, дали индиски, пакистански, не знаеме, меѓутоа како кочански да не се декларира, бидејќи се уништува нашиот, кочанскиот ориз, а се знае дека тој е бренд и е најквалитетен, изјави Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево за „Сител“.

Минатогодишната реколта потфрли и по квалитет и по квантитет, а годинава заради задоцнетата сеидба стравуваат дека жетвата ќе биде уште посиромашна.

Оваа година очекувам да биде полоша од ланската. Оризите се уште се во фаза на зреење, а временските прилики повеќе не се наклонети за оризот. Се плашиме доколку вака продолжи и падне слана, некои ниви нема ниту да се жнеат. Тоа е резултат на касната сеидба и касното пуштање на водата од страна на Водостопанство, додаде Максимов

Единствена надеж во моментот им се ветувањата од ресорното министерство дека откупната цена ќе биде повисока, што ќе ги мотивира оризопроизводителите да продолжат да ги обработуваат полињата, зашто во спротивно, навистина како држава ќе станеме увозно зависни за оваа зрнеста култура.

The post Ориз од Индија и Пакистан се продава како кочански, обвинуваат оризопроизводителите appeared first on Република.

]]>

Седум години системите за наводнување не исчистени, водата не ни пристигнува до нивите https://republika.mk/vesti/ekonomija/sedum-godini-sistemite-za-navodnuvane-ne-ischisteni-vodata-ne-ni-pristignuva-do-nivite/ Sat, 13 Apr 2024 07:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=765610

На самиот старт сме на новата сезона за наводнување на земјоделските површини, но дали и колку сме спремни за тоа?, прашува дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, додавајќи дека „СДС изминативе 7 години тотално го уништи АД Водостопанство, системите за наводнување се стари, руинирани и со години не исчистени, на многу места водата не ни пристигнува до нивите, а самото претпријатие е финансиски исцедено и постојана слика се протестите и штрајковите како на земјоделците така и на вработените кои не земаат плата и по неколку месеци“.

Вчера министерот Љупчо Николовски од кочанското поле најави старт на сезоната, но сега имаме 2000 хектари помалку со оризови насади во споредба со 2016 година што е директен показател за лошите земјоделски политики на СДС. Самиот хидросистем Брегалница кој што го опслужува овој регион во 2016 година се наводнувале 9000 хектари, за сега оваа површина да падне на 6800 хектари земјоделско земјиште. Наскоро оваа расипничка власт ќе си замине, а на нејзино место ќе дојдат чесни и вредни луѓе кои знаат како да возобноват водостопанството и Македонија повторно да го добие епитетот земјоделска држава, вели Трипуновски.

The post Седум години системите за наводнување не исчистени, водата не ни пристигнува до нивите appeared first on Република.

Доцни сеидбата на оризот во Чешиново поради несолидарност меѓу земјоделците https://republika.mk/vesti/ekonomija/dotsni-seidbata-na-orizot-vo-cheshinovo-poradi-nesolidarnost-megu-zemjodeltsite/ Sat, 27 May 2023 21:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=645213

Сеидбата на оризот на околу 300 хектари во атарот на селото Чешиново сè уште не е почната, иако истекува оптималниот временски рок. Причина за доцнењето е несолидарноста на земјоделците од соседните села кои не ја завршиле подготовката на своите површини, поради што водата од каналите за наводнување не може да се пушти во нивите.

Оризопроизводителите обвинуваат и дека нивните соседи ги кршат бетонските каналети и ги прекопуваат земјените канали од хидросистемот „Брегалница“ за да ја пренасочат водата во своите ниви.

-Имаме проблем што немаме вода да го посееме оризот, иако нивите се подготвени. Неколкумина оризопроизводители сè уште не ги подготвиле своите површини и поради нивните дваесетина хектари ќе останат непосеани уште 300 хектари во нашиот атар. Можеме да пролонгираме неколку денови поради врнежите и лошото време, но веќе доцниме две-три недели. Штетите ќе ги видиме подоцна, за време на жетвата, но ќе бидат големи. Околу 90 отсто од трошоците за производство ги направивме, оптималното време за сеидба одминува и оризот нема да созрее доволно и ќе даде потпросечни приноси, со што нема да се покријат трошоците, истакна Мијалче Кузманов, земјоделец од Чешиново.

Од водостопанската подружница во Кочани ни рекоа дека водата ќе ја пуштат на 8 мај, но до денес нашите ниви се суви, вели Мики Ѓоргиев, земјоделец од Чешиново.

[caption id="attachment_645214" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

-Вегетацијата на оризот е околу 130 дена, а ние веќе три недели доцниме со сеидбата, иако земјата е подготвена. Направивме трошоци за подготовка, а ако не дојде водата за два-три дена ќе треба повторно да ги преработуваме нивите, истакна Ѓоргиев.

Земјоделците од Чешиново бараат водостопанската подружнца „Брегалница“ од Кочани да воспостави ред во наводнувањето и да не дозволува своеволие на поединци.

-Многу сме оштетени, ќе нема што да жнееме оваа есен. Порано имаше лица од Водостопанството кои водеа сметка за полнењето на нивите, а сега нема никој. Оризопроизводителите се најредовни во подмирувањето на обврските и целосно го плаќаат водниот надоместок, но парите одат во централата во Скопје и се градат канали во други делови од државата, а кај нас ни земјените вади не се исчистени, истакна Сане Јованов, земјоделец од Чешиново.

Раководителот на водостопанската подружница од Кочани, Благојчо Богатинов се сретна со земјоделците од Чешиново и истакна дека дел од нивните забелешки се оправдани, а причините за тоа се повеќегодишни.

-Проблемот може да се реши единствено со изградба на посебен цевковод за нивите во атарите на Чешиново и Чифлик, со што тие нема да чекаат на земјоделците од соседните села. Ние веќе размислуваме и работиме на тој проект, со што трајно ќе се реши проблемот што не е од вчера. Во меѓувреме, формиравме координативно тело со по двајца претставници од четирите села во овој регион и се договоривме водата да биде пуштена на 20 мај, а ние тоа го спроведовме. Точно е дека има и поединци кои не се ажурни во подготовката на нивите, но водата е веќе овде, а во понеделник оризопроизодителите ќе имаат на располагање околу еден кубен метар вода во секунда, истакна Богатинов.

Според планот за наводнување, годинава во кочанскиот регион со ориз треба да се засеат близу 4.000 хектари, но поради неповолните временски услови и доцнењето во подготовката на нивите во одделни селски атари, можно е да дојде до потфрлање во планираните површини.

The post Доцни сеидбата на оризот во Чешиново поради несолидарност меѓу земјоделците appeared first on Република.

]]>

Сеидбата на оризот на околу 300 хектари во атарот на селото Чешиново сè уште не е почната, иако истекува оптималниот временски рок. Причина за доцнењето е несолидарноста на земјоделците од соседните села кои не ја завршиле подготовката на своите површини, поради што водата од каналите за наводнување не може да се пушти во нивите. Оризопроизводителите обвинуваат и дека нивните соседи ги кршат бетонските каналети и ги прекопуваат земјените канали од хидросистемот „Брегалница“ за да ја пренасочат водата во своите ниви.
-Имаме проблем што немаме вода да го посееме оризот, иако нивите се подготвени. Неколкумина оризопроизводители сè уште не ги подготвиле своите површини и поради нивните дваесетина хектари ќе останат непосеани уште 300 хектари во нашиот атар. Можеме да пролонгираме неколку денови поради врнежите и лошото време, но веќе доцниме две-три недели. Штетите ќе ги видиме подоцна, за време на жетвата, но ќе бидат големи. Околу 90 отсто од трошоците за производство ги направивме, оптималното време за сеидба одминува и оризот нема да созрее доволно и ќе даде потпросечни приноси, со што нема да се покријат трошоците, истакна Мијалче Кузманов, земјоделец од Чешиново.
Од водостопанската подружница во Кочани ни рекоа дека водата ќе ја пуштат на 8 мај, но до денес нашите ниви се суви, вели Мики Ѓоргиев, земјоделец од Чешиново. [caption id="attachment_645214" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]
-Вегетацијата на оризот е околу 130 дена, а ние веќе три недели доцниме со сеидбата, иако земјата е подготвена. Направивме трошоци за подготовка, а ако не дојде водата за два-три дена ќе треба повторно да ги преработуваме нивите, истакна Ѓоргиев.
Земјоделците од Чешиново бараат водостопанската подружнца „Брегалница“ од Кочани да воспостави ред во наводнувањето и да не дозволува своеволие на поединци.
-Многу сме оштетени, ќе нема што да жнееме оваа есен. Порано имаше лица од Водостопанството кои водеа сметка за полнењето на нивите, а сега нема никој. Оризопроизводителите се најредовни во подмирувањето на обврските и целосно го плаќаат водниот надоместок, но парите одат во централата во Скопје и се градат канали во други делови од државата, а кај нас ни земјените вади не се исчистени, истакна Сане Јованов, земјоделец од Чешиново.
Раководителот на водостопанската подружница од Кочани, Благојчо Богатинов се сретна со земјоделците од Чешиново и истакна дека дел од нивните забелешки се оправдани, а причините за тоа се повеќегодишни.
-Проблемот може да се реши единствено со изградба на посебен цевковод за нивите во атарите на Чешиново и Чифлик, со што тие нема да чекаат на земјоделците од соседните села. Ние веќе размислуваме и работиме на тој проект, со што трајно ќе се реши проблемот што не е од вчера. Во меѓувреме, формиравме координативно тело со по двајца претставници од четирите села во овој регион и се договоривме водата да биде пуштена на 20 мај, а ние тоа го спроведовме. Точно е дека има и поединци кои не се ажурни во подготовката на нивите, но водата е веќе овде, а во понеделник оризопроизодителите ќе имаат на располагање околу еден кубен метар вода во секунда, истакна Богатинов.
Според планот за наводнување, годинава во кочанскиот регион со ориз треба да се засеат близу 4.000 хектари, но поради неповолните временски услови и доцнењето во подготовката на нивите во одделни селски атари, можно е да дојде до потфрлање во планираните површини.

The post Доцни сеидбата на оризот во Чешиново поради несолидарност меѓу земјоделците appeared first on Република.

]]>
Оризопроизводителите бараат итна исплата на финансиската поддршка за предадена арпа https://republika.mk/vesti/ekonomija/orizoproizvoditelite-baraat-itna-isplata-na-finansiskata-poddrshka-za-predadena-arpa/ Mon, 03 Apr 2023 13:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=626758

Земјоделците од кочанскиот регион бараат итна исплата од ресорното Министерство на ветената интервентна финансиска помош од три денари за предаден килограм арпа, за да можат да ги подготват нивите пред сеидбената сезона.

Оризопроизводителите очекувале до крајот на март, до кога бил крајниот рок, да ги добијат парите, но на сметките сè уште немаат никаков прилив, а веќе прават трошоци за орање и набавка на репроматеријали за новата сеидба.

Нема ништо од Ковид мерката за исплата по кантарна белешка на дополнителни три денари за килограм предадена арпа. Се најавуваше исплата до средината на јануари, средина на февруари, па крај на март, а парите уште ги нема. Средствата ни се толку неопходни во овој момент за да можеме нормално да ја завршиме подготовката за новата сеидба на оризот. Се прашуваме дали треба блокадите на регионалниот пат Штип - Кочани повторно да се активираат, за да добиеме нешто - истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор на оризопрозиводителите.

Според пресметките на Иницијативниот одбор на оризопроизводителите, минатата година се произведени околу 25 илјади тони оризова арпа, а за количините што во предвидениот рок биле предадени кај откупувачите треба да се исплати поддршката од интервентна мерка.

Во меѓувреме оризопроизводителите ги подготвуваат површините за претстојната сеидба, а според најавите од водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани годинава ќе се засеат околу илјада хектари помалку во споредба со лани. Причината за намалувањето е сушниот период во текот на зимата и пролетта, а во моментот во акумулацијата Калиманци има 81 милион кубни метри вода, што е за една третина помалку од нејзиниот капацитет.

The post Оризопроизводителите бараат итна исплата на финансиската поддршка за предадена арпа appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од кочанскиот регион бараат итна исплата од ресорното Министерство на ветената интервентна финансиска помош од три денари за предаден килограм арпа, за да можат да ги подготват нивите пред сеидбената сезона. Оризопроизводителите очекувале до крајот на март, до кога бил крајниот рок, да ги добијат парите, но на сметките сè уште немаат никаков прилив, а веќе прават трошоци за орање и набавка на репроматеријали за новата сеидба.
Нема ништо од Ковид мерката за исплата по кантарна белешка на дополнителни три денари за килограм предадена арпа. Се најавуваше исплата до средината на јануари, средина на февруари, па крај на март, а парите уште ги нема. Средствата ни се толку неопходни во овој момент за да можеме нормално да ја завршиме подготовката за новата сеидба на оризот. Се прашуваме дали треба блокадите на регионалниот пат Штип - Кочани повторно да се активираат, за да добиеме нешто - истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор на оризопрозиводителите.
Според пресметките на Иницијативниот одбор на оризопроизводителите, минатата година се произведени околу 25 илјади тони оризова арпа, а за количините што во предвидениот рок биле предадени кај откупувачите треба да се исплати поддршката од интервентна мерка. Во меѓувреме оризопроизводителите ги подготвуваат површините за претстојната сеидба, а според најавите од водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани годинава ќе се засеат околу илјада хектари помалку во споредба со лани. Причината за намалувањето е сушниот период во текот на зимата и пролетта, а во моментот во акумулацијата Калиманци има 81 милион кубни метри вода, што е за една третина помалку од нејзиниот капацитет.

The post Оризопроизводителите бараат итна исплата на финансиската поддршка за предадена арпа appeared first on Република.

]]>
Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат минимална откупна цена од 40 денари за арпата https://republika.mk/vesti/ekonomija/orizoproizvoditelite-go-blokiraa-patot-kochani-shtip-baraat-minimalna-otkupna-cena-od-40-denari-za-arpata/ Sun, 11 Sep 2022 11:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=549692

Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство.

На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека не остварат средба со надлежните владини претставници за да им ги изнесат своите проблеми.

Производната цена на килограм арпа е меѓу 35 и 38 денари, а во моментот таа се откупува од 20 до 23 денари. Тоа значи дека немаме средства ниту за основна репродукција, да го почнеме производството, а за покривање на трошоците за живот не станува збор. Најдобар пример за тоа е што со добиениот принос од четири хектари ние можеме да купиме само 25 кубни метри огревно дрво. Во моментот сме на најниско ниво меѓу земјоделците, откако се одгледува ориз кај нас. Светот се соочува со недостиг на храна, а ние имаме над десет илјади тони ориз што може да се извезе, но Владата ја интересира само енергетската криза, иако кризата за храна е поважна и од неа. Затоа ги повикуваме и премиерот и министерот да дојдат за да го слушнат гласот на земјоделците – истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Производителите на ориз истакнаа дека минималната отткупна цена не смее да биде под 40 денари за килограм арпа, иако таа ќе биде доволна само да ги подмират основните производствени трошоци.

Бараме оризот под итно да се стави во мерките за заштита на растенијата, како што се тутунот и грозјето, затоа што со него се манипулира, се увезува, а ние сме оставени сами да се снаоѓаме. Очекуваме на првата седница на Собранието ова барање да биде ставено на дневен ред, во спротивно овие блокади ќе продолжат и понатаму. Сега, кога ќе започне жетвата, Владата да излезе со интервентен откуп на ориз, како што се прави кај другите земјоделски култури, за да можеме да се справиме со оваа економска криза – истакна Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-predlagame-orizot-da-stane-strateshka-kultura/

На протест излегоа и земјоделците од Крупиште, Карбинци, Долни Балван и околните села во штипскиот регион, при што за остварување повисоки приноси побараа и поквалитетен семенски материјал.

Ги поддржуваме напорите на Владата што даде по три денари за предаден килограм арпа како дополнителни субвенции, но даваат пари за субвенции и за семенски материјал, а ние немаме од каде да го купиме. Само десет отсто од овластените трговци нудат семе со документ за квалитет, не можеме да бараме субвенции по тој основ, а сакаме да добиеме поквалитетен производ, истакна Ѓорѓи Богдановски, оризопроизводител од Крупиште.

Поддршка на земјоделците кои протестираа дадоа и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ја повикаа власта да преземе соодветни мерки за решавање на проблемите во земјоделството, да најде соодветен пласман на храната, наместо таа да се фрла на буниште или да скапува на нивите.

The post Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат минимална откупна цена од 40 денари за арпата appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство. На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека не остварат средба со надлежните владини претставници за да им ги изнесат своите проблеми.
Производната цена на килограм арпа е меѓу 35 и 38 денари, а во моментот таа се откупува од 20 до 23 денари. Тоа значи дека немаме средства ниту за основна репродукција, да го почнеме производството, а за покривање на трошоците за живот не станува збор. Најдобар пример за тоа е што со добиениот принос од четири хектари ние можеме да купиме само 25 кубни метри огревно дрво. Во моментот сме на најниско ниво меѓу земјоделците, откако се одгледува ориз кај нас. Светот се соочува со недостиг на храна, а ние имаме над десет илјади тони ориз што може да се извезе, но Владата ја интересира само енергетската криза, иако кризата за храна е поважна и од неа. Затоа ги повикуваме и премиерот и министерот да дојдат за да го слушнат гласот на земјоделците – истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.
Производителите на ориз истакнаа дека минималната отткупна цена не смее да биде под 40 денари за килограм арпа, иако таа ќе биде доволна само да ги подмират основните производствени трошоци.
Бараме оризот под итно да се стави во мерките за заштита на растенијата, како што се тутунот и грозјето, затоа што со него се манипулира, се увезува, а ние сме оставени сами да се снаоѓаме. Очекуваме на првата седница на Собранието ова барање да биде ставено на дневен ред, во спротивно овие блокади ќе продолжат и понатаму. Сега, кога ќе започне жетвата, Владата да излезе со интервентен откуп на ориз, како што се прави кај другите земјоделски култури, за да можеме да се справиме со оваа економска криза – истакна Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-predlagame-orizot-da-stane-strateshka-kultura/ На протест излегоа и земјоделците од Крупиште, Карбинци, Долни Балван и околните села во штипскиот регион, при што за остварување повисоки приноси побараа и поквалитетен семенски материјал.
Ги поддржуваме напорите на Владата што даде по три денари за предаден килограм арпа како дополнителни субвенции, но даваат пари за субвенции и за семенски материјал, а ние немаме од каде да го купиме. Само десет отсто од овластените трговци нудат семе со документ за квалитет, не можеме да бараме субвенции по тој основ, а сакаме да добиеме поквалитетен производ, истакна Ѓорѓи Богдановски, оризопроизводител од Крупиште.
Поддршка на земјоделците кои протестираа дадоа и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ја повикаа власта да преземе соодветни мерки за решавање на проблемите во земјоделството, да најде соодветен пласман на храната, наместо таа да се фрла на буниште или да скапува на нивите.

The post Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат минимална откупна цена од 40 денари за арпата appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на оризопроизводителите https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-vmro-dpmne-go-poddrzuva-protestot-na-orizoproizvoditelite/ Tue, 16 Aug 2022 10:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=540900

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриевска Кочоска денеска во Облешево истакна дека им пружаат поддршка на оризопроизводителите кои протестираа.

– Земјоделците имаат право што се чувствуваат изневерено, не е тоа случајно, оваа влада во континуитет со години зборува и ветуваше дека ќе имаат сигурен откуп, сигурен пласман, сигурни цени, а денес имаме ситуација каде што одредени моќници кои што ги нарекуваме нели „откупупувачи“, блиски до власта заработуваат на грбот на напатените, значи земјоделци, чесни земјоделци кои што со пот и труд се трудат да ги произведат оние производи кои што во исто време и поготово во оваа голема економска криза нели треба да ги обезбедиме заради тоа што навистина ќе имаме една тешка и пред нас ни престои една тешка зима, вели Димитриеска-Кочоска.

Нагласи дека како партија бараат итна рекација од владата.

-Бараме и реформи, ако имаше 100.000 евра да се потрошат точно во оваа криза за некакви прослави кои што во овој момент се безначајни веднаш да реагираат и да излезат со поддршка на земјоделците, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Димитриеска-Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на оризопроизводителите appeared first on Република.

Ќе бидеме гладна нација, буквално целото земјоделие е во колапс https://republika.mk/vesti/ekonomija/kje-bideme-gladna-nacija-bukvalno-celoto-zemjodelie-e-vo-kolaps/ Tue, 16 Aug 2022 10:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=540894

Кочанските оризопроизводители го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани

Кочанските оризопроизводители излегоа на протести,  во селото Облешево го блокираат патот Штип-Кочани. Сметаат дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците.

Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството вели дека производствената цена е повисока од откупната. Барањето е пред да почне жетвата да се одреди откупна цена, а бараат и средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

-Ланската реколта беше откупувана од 15 до 18 денари, а сега се откупува од 20 до 22 денари, кој може да опстане, истото е и со пченицата, тутнот, грозјето. Буквално целото земјоделие е во колапс, вели Арсов.

Оризопроизводителот, Стојче Ташовски забележа дека секој ден им се трупаат долговите, а земјоделците тонат во сиромаштија и не можат да си платат пензинско и здравствено осигурување.

-Цената на жетвата оваа година ќе се покачи, заради тоа што нафтата е зголемена, а исто и трошоците за комбајни. Јас не знам како ќе почнам жетва оваа година. Една вреќа е 15 денари, пластична 20 денари, а кило оризова арпа е 20 денари. Тоа е срамота. Зелена нафта никој нема добиено, тоа е само пропаганда на власта, вели Ташовски.

Подрршка на оризопроизводителите дадоа и земјоделци од другите региони од државата. Ѓорѓи Каракашев од Радовиш порача дека македонскиот аграр е банкротиран.

-Да упатиме и порака до граѓанството дека ние ќе бидеме гладна нација, ќе немаме храна да се прехраниме. Десет посто од површините не се обработуваат. Жално и страшно е што не очекува во иднина, вели Каракашев.

Дане Јошев од регионалното Здружение „Тиквешки лозар, овоштар“ од Кавадарци посочи дека и лозарите се во иста ситуација како и оризопроизводители, без да се има формирано откупна цена, а не е, како што вели, и оставарена средба меѓу лозарите, винарите и ресорниот министер.

-Бербата ќе почне од понеделник, плус не е платена зелената нафта, регистриран млад земјоделец плус 20 посто не е исплатено, редовните субвенции што беа за контрола 1.800 души не се исплатени. Лани немавме приноси од негрижата на Водостопанство, имавме суша, елементарна непогода и за тоа се поднесени документите и за тоа немаме ништо, вели Јошев.

Нове Јошевски пчелар од Кавадарци забележа дека годинава била катастрофална за пчеларите.

-Ние оваа година имаме големи загуби, на цела територија на Македонија. Никој не дојде да не праша, која е причината, ветеринарните лекари ќе го викнеш и тој не знае, вели Јошевски.

Посочи дека пчеларите немаат добиено субвенции, а, како што вели, оваа година беше медна, но, немаше пчели. Најавуваат и повисока цена на медот.

-Сега тегла мед е 600 денари, а треба да биде барем 1.000 денари, за да бидеме рентабилни и со таа цена ќе постигнеме нешто, вели Јошевски.

Кочанските оризопроизводители го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани со што го искажаа своето незадоволство. 

The post Ќе бидеме гладна нација, буквално целото земјоделие е во колапс appeared first on Република.

]]>

Кочанските оризопроизводители го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани

  Кочанските оризопроизводители излегоа на протести,  во селото Облешево го блокираат патот Штип-Кочани. Сметаат дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците. Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството вели дека производствената цена е повисока од откупната. Барањето е пред да почне жетвата да се одреди откупна цена, а бараат и средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
-Ланската реколта беше откупувана од 15 до 18 денари, а сега се откупува од 20 до 22 денари, кој може да опстане, истото е и со пченицата, тутнот, грозјето. Буквално целото земјоделие е во колапс, вели Арсов.
Оризопроизводителот, Стојче Ташовски забележа дека секој ден им се трупаат долговите, а земјоделците тонат во сиромаштија и не можат да си платат пензинско и здравствено осигурување.
-Цената на жетвата оваа година ќе се покачи, заради тоа што нафтата е зголемена, а исто и трошоците за комбајни. Јас не знам како ќе почнам жетва оваа година. Една вреќа е 15 денари, пластична 20 денари, а кило оризова арпа е 20 денари. Тоа е срамота. Зелена нафта никој нема добиено, тоа е само пропаганда на власта, вели Ташовски.
Подрршка на оризопроизводителите дадоа и земјоделци од другите региони од државата. Ѓорѓи Каракашев од Радовиш порача дека македонскиот аграр е банкротиран.
-Да упатиме и порака до граѓанството дека ние ќе бидеме гладна нација, ќе немаме храна да се прехраниме. Десет посто од површините не се обработуваат. Жално и страшно е што не очекува во иднина, вели Каракашев.
Дане Јошев од регионалното Здружение „Тиквешки лозар, овоштар“ од Кавадарци посочи дека и лозарите се во иста ситуација како и оризопроизводители, без да се има формирано откупна цена, а не е, како што вели, и оставарена средба меѓу лозарите, винарите и ресорниот министер.
-Бербата ќе почне од понеделник, плус не е платена зелената нафта, регистриран млад земјоделец плус 20 посто не е исплатено, редовните субвенции што беа за контрола 1.800 души не се исплатени. Лани немавме приноси од негрижата на Водостопанство, имавме суша, елементарна непогода и за тоа се поднесени документите и за тоа немаме ништо, вели Јошев.
Нове Јошевски пчелар од Кавадарци забележа дека годинава била катастрофална за пчеларите.
-Ние оваа година имаме големи загуби, на цела територија на Македонија. Никој не дојде да не праша, која е причината, ветеринарните лекари ќе го викнеш и тој не знае, вели Јошевски.
Посочи дека пчеларите немаат добиено субвенции, а, како што вели, оваа година беше медна, но, немаше пчели. Најавуваат и повисока цена на медот.
-Сега тегла мед е 600 денари, а треба да биде барем 1.000 денари, за да бидеме рентабилни и со таа цена ќе постигнеме нешто, вели Јошевски.
Кочанските оризопроизводители го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани со што го искажаа своето незадоволство. 

The post Ќе бидеме гладна нација, буквално целото земјоделие е во колапс appeared first on Република.

]]>
Ова не е политички протест, туку борба за егзистенција: Оризопроизводители го блокираа патот Штип – Кочани кај Облешево https://republika.mk/vesti/ekonomija/ova-ne-e-politichki-protest-tuku-borba-za-egzistencija-orizoproizvoditeli-go-blokiraa-patot-shtip-kochani-kaj-obleshevo/ Tue, 16 Aug 2022 09:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=540848

Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот е блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 граѓани – оризопроизводители, информира АМСМ.

Сообраќајот се одвива наизменично.

Оризопроизводителите од Кочанско најавија дека денеска со трактори ќе го блокираат регионалниот пат Штип-Кочани кај Облешево. Тие велат дека ќе останат на патиштата на неодредено време и барат итна средба со претставници од власта.

Ова не е политички протест, туку борба за егзистенција, порачаа оризопроизводителите од Кочанско.

Оризопроизводителите, како што велат, се тешко погодени од новите цени на ѓубривата и нафтата и оти сегашната откупна цена е нерентабилна, затоа бараат оризовата арпа од новата реколта, се продава по цена од 40 денари.
Сметаат дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците. Барањето е пред да почне жетвата да се одреди откупна цена, а бараат и средба со претставници од Владата.

Протестот го предизвика Владата. Ние сме социјален случај во државата. Ние немаме минимална плата од 18.000 денари. Немаме остварено никаков дијалог. Владата нема слух за нашите проблеми. Ние мора да живееме, мора да ги плаќаме нашите сметки, трошоци. Презадолжени сме поради ниската откупна цена, а преголемите трошоци, велат од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизвоството.

На 4.500 хектари се очекуваат 22.000 тони ориз, но годинава се појавила болест. Во услови кога цената на нивниот производ на берзите расте, во земајава нема зголемување.

Кочанските оризопроизводителите неколку пати протестираат, а заработија и пријава, бидејќи беа блокирани двете коловозни ленти на патот Штип-Кочани. Очекуваат да им се придружат и земјоделци од други региони.

The post Ова не е политички протест, туку борба за егзистенција: Оризопроизводители го блокираа патот Штип – Кочани кај Облешево appeared first on Република.

]]>

Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот е блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 граѓани – оризопроизводители, информира АМСМ. Сообраќајот се одвива наизменично. Оризопроизводителите од Кочанско најавија дека денеска со трактори ќе го блокираат регионалниот пат Штип-Кочани кај Облешево. Тие велат дека ќе останат на патиштата на неодредено време и барат итна средба со претставници од власта.
Ова не е политички протест, туку борба за егзистенција, порачаа оризопроизводителите од Кочанско.
Оризопроизводителите, како што велат, се тешко погодени од новите цени на ѓубривата и нафтата и оти сегашната откупна цена е нерентабилна, затоа бараат оризовата арпа од новата реколта, се продава по цена од 40 денари. Сметаат дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците. Барањето е пред да почне жетвата да се одреди откупна цена, а бараат и средба со претставници од Владата. Протестот го предизвика Владата. Ние сме социјален случај во државата. Ние немаме минимална плата од 18.000 денари. Немаме остварено никаков дијалог. Владата нема слух за нашите проблеми. Ние мора да живееме, мора да ги плаќаме нашите сметки, трошоци. Презадолжени сме поради ниската откупна цена, а преголемите трошоци, велат од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизвоството. На 4.500 хектари се очекуваат 22.000 тони ориз, но годинава се појавила болест. Во услови кога цената на нивниот производ на берзите расте, во земајава нема зголемување. Кочанските оризопроизводителите неколку пати протестираат, а заработија и пријава, бидејќи беа блокирани двете коловозни ленти на патот Штип-Кочани. Очекуваат да им се придружат и земјоделци од други региони.

The post Ова не е политички протест, туку борба за егзистенција: Оризопроизводители го блокираа патот Штип – Кочани кај Облешево appeared first on Република.

]]>
Поднесени предлози за измени во Закон за земјоделство и рурален развој и на Закон за стокови резерви https://republika.mk/vesti/makedonija/podneseni-predlozi-za-izmeni-vo-zakon-za-zemjodelstvo-i-ruralen-razvoj-i-na-zakon-za-stokovi-rezervi/ Fri, 06 May 2022 12:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=498576

На оризопроизводителите во Македонија итно им се потребни системски решенија за подобрување на состојбата во која се наоѓаат, алармира пратеникот Миле Лефков.

Како што најави на денешната прес-конференција, за таа цел, а на барање на оризопроизводителите, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија” денес до Собранието поднесе предлози за изменување и дополнување на два закони.

Тоа се Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за земјоделство и рурален развој и Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за стокови резерви.

Со измените на Законот за земјоделство и рурален развој предвидуваме оризот да биде стратегиска земјоделска култура.

Со опфатот на оризот како стратегиска земјоделска култура ќе се обезбедат доволни количини за потребите на населението и задоволување на пазарот во состојба на глобална прехрамбена криза. Воедно ќе се овозможи на поедноставен начин да функционира пазарот, со што ќе се олесни откупот на оваа земјоделска култура и ќе се одбегнат ценовните манипулации.

Со измените на Законот за стокови резерви кои ги поднесуваме, се предлага оризот да добие третман на производ од посебно значење и да стане дел од производите кои ги сочинуваат стоковните резерви.

Со ова, Агенцијата за стокови резерви ќе може да работи со оризот како со другите култури и ќе овозможи пазарните вишоци да бидат откупени од страна на државата. Преку ова ќе имаме зголемен откуп и реални пазарни цени на оризот, соопшти Лефков.

Неодговорниот однос на министерот Љупчо Николовски и на Владата на Ковачевски, додаде Лефков, ги доведоа оризопроизводителите во катастрофалната состојба, поради кое е неопходна брза и решителна акција на Собранието, затоа очекуваме барањето да се стави како точка на дневен ред на седницата која што ќе се одржи во вторник/

За крај, би сакал уште еднаш да упатам порака до парламентарното мнозинство, предлозите да бидат прифатени согласно Деловникот и да добиеме можност пред целата македонска јавност да дискутираме и аргументирано да дебатираме за оваа проблематика и за клучната потреба од измени на овие закони, рече Лефков.

The post Поднесени предлози за измени во Закон за земјоделство и рурален развој и на Закон за стокови резерви appeared first on Република.

]]>

На оризопроизводителите во Македонија итно им се потребни системски решенија за подобрување на состојбата во која се наоѓаат, алармира пратеникот Миле Лефков. Како што најави на денешната прес-конференција, за таа цел, а на барање на оризопроизводителите, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија” денес до Собранието поднесе предлози за изменување и дополнување на два закони.
Тоа се Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за земјоделство и рурален развој и Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за стокови резерви. Со измените на Законот за земјоделство и рурален развој предвидуваме оризот да биде стратегиска земјоделска култура. Со опфатот на оризот како стратегиска земјоделска култура ќе се обезбедат доволни количини за потребите на населението и задоволување на пазарот во состојба на глобална прехрамбена криза. Воедно ќе се овозможи на поедноставен начин да функционира пазарот, со што ќе се олесни откупот на оваа земјоделска култура и ќе се одбегнат ценовните манипулации. Со измените на Законот за стокови резерви кои ги поднесуваме, се предлага оризот да добие третман на производ од посебно значење и да стане дел од производите кои ги сочинуваат стоковните резерви. Со ова, Агенцијата за стокови резерви ќе може да работи со оризот како со другите култури и ќе овозможи пазарните вишоци да бидат откупени од страна на државата. Преку ова ќе имаме зголемен откуп и реални пазарни цени на оризот, соопшти Лефков.
Неодговорниот однос на министерот Љупчо Николовски и на Владата на Ковачевски, додаде Лефков, ги доведоа оризопроизводителите во катастрофалната состојба, поради кое е неопходна брза и решителна акција на Собранието, затоа очекуваме барањето да се стави како точка на дневен ред на седницата која што ќе се одржи во вторник/
За крај, би сакал уште еднаш да упатам порака до парламентарното мнозинство, предлозите да бидат прифатени согласно Деловникот и да добиеме можност пред целата македонска јавност да дискутираме и аргументирано да дебатираме за оваа проблематика и за клучната потреба од измени на овие закони, рече Лефков.

The post Поднесени предлози за измени во Закон за земјоделство и рурален развој и на Закон за стокови резерви appeared first on Република.

]]>
Никој не ги слуша нивните барања: Оризопроизводителите во вторник на протест пред Министерството за земјоделство https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoj-ne-gi-slusha-nivnite-baranja-orizoproizvoditelite-vo-vtornik-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zemjodelstvo/ Fri, 11 Feb 2022 13:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=457232

Производителите на ориз од кочанскиот регион во вторник ќе излезат на протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје за да ги повторат барањата за подобрување на состојбата во која се наоѓаат.

Претставниците од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството се незадоволни што и покрај упатениот повик, досега не оствариле средба со ресорниот министер и други владини претставници, по блокирањето на магистралниот пат во Облешево во понеделникот.

Целиот координативен тим на Одборот е со став дека треба да протестираме пред Министерството за земјоделство, за што веќе организираме неколку автобуси за превоз на земјоделците кои произведуваат ориз. Очекуваме да ни се придружат и земјоделци од другите региони во државата, за што добивме поддршка. Проблемите на сите ни се заеднички ако се имаат предвид драстично зголемените трошоци, особено со порастот на цените на ѓубривата и другите препарати. Ќе побараме, како што растат цените на репроматеријалите, така и откупните цени на оризот, пченката, пченицата, јаболката, грозјето и другите земјоделски култури да се зголемуваат сразмерно - истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

На протестот во Облешево оризопроизводителите побараа до септември да продолжи рокот за интервентната финансиска поддршка од три денари за килограм арпа, редовните субвенции да бидат исплатени до крајот на февруари и да се зголеми поддршката за „зелена нафта“.

Дополнително, тие упатија барање за реорганизирање на акционерското друштво за водостопанство, односно да се врати системот на водни заедници, со што земјоделците ќе бидат вклучени во организацијата за наводнување на површините.

The post Никој не ги слуша нивните барања: Оризопроизводителите во вторник на протест пред Министерството за земјоделство appeared first on Република.

]]>

Производителите на ориз од кочанскиот регион во вторник ќе излезат на протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје за да ги повторат барањата за подобрување на состојбата во која се наоѓаат. Претставниците од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството се незадоволни што и покрај упатениот повик, досега не оствариле средба со ресорниот министер и други владини претставници, по блокирањето на магистралниот пат во Облешево во понеделникот.
Целиот координативен тим на Одборот е со став дека треба да протестираме пред Министерството за земјоделство, за што веќе организираме неколку автобуси за превоз на земјоделците кои произведуваат ориз. Очекуваме да ни се придружат и земјоделци од другите региони во државата, за што добивме поддршка. Проблемите на сите ни се заеднички ако се имаат предвид драстично зголемените трошоци, особено со порастот на цените на ѓубривата и другите препарати. Ќе побараме, како што растат цените на репроматеријалите, така и откупните цени на оризот, пченката, пченицата, јаболката, грозјето и другите земјоделски култури да се зголемуваат сразмерно - истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.
На протестот во Облешево оризопроизводителите побараа до септември да продолжи рокот за интервентната финансиска поддршка од три денари за килограм арпа, редовните субвенции да бидат исплатени до крајот на февруари и да се зголеми поддршката за „зелена нафта“. Дополнително, тие упатија барање за реорганизирање на акционерското друштво за водостопанство, односно да се врати системот на водни заедници, со што земјоделците ќе бидат вклучени во организацијата за наводнување на површините.

The post Никој не ги слуша нивните барања: Оризопроизводителите во вторник на протест пред Министерството за земјоделство appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Источниот регион со поддршка за оризопроизводителите https://republika.mk/vesti/ekonomija/gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-od-istochniot-region-so-poddrshka-za-orizoproizvoditelite/ Wed, 09 Feb 2022 15:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=456338

По вчерашниот одржан протест од страна на оризопроизводителите на Источниот регион по нивно барање, односно по барање на Иницијативниот одбор на оризопроизводителите одржавме заеднички состанок со сите градоначалници од засегнати подрачја, ги слушнавме нивните барања иако знаеме дека тие работи не се наша надлежност, меѓутоа цениме и сметаме дека нивните проблеми се и наши проблеми.

Од таа причина апелираме до ресорното министерство заедно со владата да изнајдат соодветно решение за да можеме да излеземе во пресрет заеднички на засегнатата група на граѓани.

Исто така јас можам по заклучоците утврдени од одржаниот состанок можам да кажам дел од неисполнетите барања од страна на ресорното министерство, а тоа се неисполнетите субвенции, зголемување на зелената нафта што беше ветена и ред други работи.

Апелираме уште еднаш владата да најде решени и да престане со своето луксузирање, мислам дека производителите на храна пред прагот на ново производна реколта се засегнати со реални проблеми, а дури има и дилема дали воопшто да се започне со припрема за истата таа нова реколта.

Можам да кажам дека скоро секое семејство примарна егзистенцијална дејност е оризопроизводителството. Па можете и самите да претпоставите што би се случило ако дојде до тоа намалување или воопшто за прекинување на една традиција која што трае од 60-тите години на минатиот век. Тоа би било многу лошо за целиот регион, не само за нашата општина.

Има една тенденција година врз година, односно година во година каде има намалување на истите и намалување на самата површина, а тоа се должи од неработењето на властите кои требаат да помагаат и да го слушнат побарувањето на самите производители.

Не согласувам со тоа, бидејќи според мене тоа е чист популизам. Ако веќе е така треба да го гледаме и фидбекот на терен. Меѓутоа фактите се друго, а популизмот е друга работа и не се согласувам со тоа. Мислам дека и колегите градоначалници околу таа изјава го имаат истиот став.

The post Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Источниот регион со поддршка за оризопроизводителите appeared first on Република.

Ова е да плачеш, ќе немаме за јадење: Оризопроизводителите изглегоа на протест https://republika.mk/vesti/ekonomija/ova-e-da-plachesh-kje-nemame-za-jadenje-orizoproizvoditelite-izglegoa-na-protest/ Tue, 08 Feb 2022 11:53:33 +0000 https://republika.mk/?p=455662

Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи незадоволство од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и од драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки.

На протестот нагласија дека веќе трет пат за половина година излегуваат на улица со своите барања и очекуваат средба со министерот за земјоделство, за да укажат на безизлезната состојба во која се наоѓаат. Се заканија со радикализирање на протестот, односно со проширување на блокадата.

Денес имаме нова ситуација во оризопроизводството – зголемени цени за репроматеријалите, а откупната цена на арпата е непроменета, па дури и се намалува. Бараме со финансиската поддршка од три денари за килограм арпа, обезбедена од КОВИД мерките, да бидат опфатени сите оризопроизводители, наместо само некои, а рокот да биде продолжен до септември оваа година. Останатите субвенции да бидат исплатени до крајот на февруари и да се зголеми поддршката за „зелена нафта“. Исто така, бараме да се реорганизира акционерското друштво за водостопанство, односно да се врати како порано, на ниво на општина и водни заедници, кога самите земјоделци можеа да се организираат околу наводнувањето на површините. Ако не се сретнеме со министерот или со премиерот, ќе ги блокираме и двете коловозни ленти на магистралниот пат - истакна Тони Максимов, земјоделец од Облешево.

Земјоделците се пожалија дека сè уште не се исплатени субвенциите за минатата година, а поддршката со ковид мерките ја добиле само 15 отсто од оние кои успеале да ја продадат арпата.

Бараме минималната откупна цена на арпата да биде 40 денари за килограм, што е економски оправдана и логична, иако и со неа нема да живееме, туку ќе преживуваме. Не бараме ништо повеќе од тоа што го работиме да ни биде платено, да можеме да ги покриваме сите наши потреби. Минатата година една вреќа вештачко ѓубриво чинеше 650 денари, а сега е 1.650 денари, се прашувам како ние со вакви трошоци да излеземе на крај. Ќе чекаме од министерството или Владата некој да дојде, за да не бидеме принудени целосно да го блокираме патот - истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Се што е произведено, е со мака и тешкотија.Ова е да плачеш, бидејќи ќе немаме за јадење - вели еден производител.

Поддршка на оризопроизводителите им даде и здружението “Тиквешки лозар“ од Кавадарци, како и тутунарите од регионот, чии претставници присуствуваат на денешниот протест во Облешево.

Бараме минималната откупна цена на арпата да биде 40 денари за килограм, што е економски оправдана и логична, иако и со неа нема да живееме, туку ќе преживуваме. Не бараме ништо повеќе од тоа што го работиме да ни биде платено, да можеме да ги покриваме сите наши потреби. Минатата година една вреќа вештачко ѓубриво чинеше 650 денари, а сега е 1.650 денари, се прашувам како ние со вакви трошоци да излеземе на крај. Ќе чекаме од министерството или Владата некој да дојде, за да не бидеме принудени целосно да го блокираме патот - истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Поддршка на оризопроизводителите им даде и здружението “Тиквешки лозар“ од Кавадарци, како и тутунарите од регионот, чии претставници присуствуваат на денешниот протест во Облешево.

The post Ова е да плачеш, ќе немаме за јадење: Оризопроизводителите изглегоа на протест appeared first on Република.

]]>

Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи незадоволство од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и од драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки. На протестот нагласија дека веќе трет пат за половина година излегуваат на улица со своите барања и очекуваат средба со министерот за земјоделство, за да укажат на безизлезната состојба во која се наоѓаат. Се заканија со радикализирање на протестот, односно со проширување на блокадата.

Се што е произведено, е со мака и тешкотија.Ова е да плачеш, бидејќи ќе немаме за јадење - вели еден производител. Поддршка на оризопроизводителите им даде и здружението “Тиквешки лозар“ од Кавадарци, како и тутунарите од регионот, чии претставници присуствуваат на денешниот протест во Облешево.
Бараме минималната откупна цена на арпата да биде 40 денари за килограм, што е економски оправдана и логична, иако и со неа нема да живееме, туку ќе преживуваме. Не бараме ништо повеќе од тоа што го работиме да ни биде платено, да можеме да ги покриваме сите наши потреби. Минатата година една вреќа вештачко ѓубриво чинеше 650 денари, а сега е 1.650 денари, се прашувам како ние со вакви трошоци да излеземе на крај. Ќе чекаме од министерството или Владата некој да дојде, за да не бидеме принудени целосно да го блокираме патот - истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.
Поддршка на оризопроизводителите им даде и здружението “Тиквешки лозар“ од Кавадарци, како и тутунарите од регионот, чии претставници присуствуваат на денешниот протест во Облешево.

The post Ова е да плачеш, ќе немаме за јадење: Оризопроизводителите изглегоа на протест appeared first on Република.

]]>
Лани вреќа ѓубриво чинеше 650, сега 1.650 денари: Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат А3, бараат средба со Николовски https://republika.mk/vesti/ekonomija/lani-vrekja-gjubrivo-chineshe-650-sega-1-650-denari-orizoproizvoditelite-go-blokiraa-magistralniot-pat-a3-baraat-sredba-so-nikolovski/ Tue, 08 Feb 2022 11:31:15 +0000 https://republika.mk/?p=455647

Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи незадоволство од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и од драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки.

На протестот нагласија дека веќе трет пат за половина година излегуваат на улица со своите барања и очекуваат средба со министерот за земјоделство, за да укажат на безизлезната состојба во која се наоѓаат. Се заканија со радикализирање на протестот, односно со проширување на блокадата.

Денес имаме нова ситуација во оризопроизводството – зголемени цени за репроматеријалите, а откупната цена на арпата е непроменета, па дури и се намалува. Бараме со финансиската поддршка од три денари за килограм арпа, обезбедена од КОВИД мерките, да бидат опфатени сите  оризопроизводители, наместо само некои, а рокот да биде продолжен до септември оваа година. Останатите субвенции да бидат исплатени до крајот на февруари и да се зголеми поддршката за „зелена нафта“. Исто така, бараме да се реорганизира акционерското друштво за водостопанство, односно да се врати како порано, на ниво на општина и водни заедници, кога самите земјоделци можеа да се организираат околу наводнувањето на површините. Ако не се сретнеме со министерот или со премиерот, ќе ги блокираме и двете коловозни ленти на магистралниот пат, истакна Тони Максимов, земјоделец од Облешево.

Земјоделците се пожалија дека сè уште не се исплатени субвенциите за минатата година, а поддршката со ковид мерките ја добиле само 15 отсто од оние кои успеале да ја продадат арпата.

Бараме минималната откупна цена на арпата да биде 40 денари за килограм, што е економски оправдана и логична, иако и со неа нема да живееме, туку ќе преживуваме. Не бараме ништо повеќе од тоа што го работиме да ни биде платено, да можеме да ги покриваме сите наши потреби. Минатата година една вреќа вештачко ѓубриво чинеше 650 денари, а сега е 1.650 денари, се прашувам како ние со вакви трошоци да излеземе на крај. Ќе чекаме од министерството или Владата некој да дојде, за да не бидеме принудени целосно да го блокираме патот, истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Поддршка на оризопроизводителите им даде и здружението „Тиквешки лозар“ од Кавадарци, како и тутунарите од регионот, чии претставници присуствуваат на денешниот протест во Облешево.

The post Лани вреќа ѓубриво чинеше 650, сега 1.650 денари: Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат А3, бараат средба со Николовски appeared first on Република.