орден за заслуги Archives - Република https://republika.mk/tema/orden-za-zaslugi/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 08:10:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png орден за заслуги Archives - Република https://republika.mk/tema/orden-za-zaslugi/ 32 32 Македонија не сме ние политичарите, Македонија се нејзините артисти, рече Пендаровски на доделувањето на Орден за заслуги на седуммина уметници https://republika.mk/vesti/kultura/makedonija-ne-sme-nie-politicharite-makedonija-se-nejzinite-artisti-reche-pendarovski-na-dodeluvaneto-na-orden-za-zaslugi-na-sedummina-umetnitsi/ Tue, 30 Jan 2024 08:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=738386

Претседателот Стево Пендаровски синоќа на свечена церемонија во Филхармонија, ги одликува со Орден за заслуги актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски и Рефет Абази, писателката Оливера Николова, музичарот Ристо Вртев и режисерот Слободан Унковски.

Денеска уште еднаш истакнуваме дека од круцијално значење е да ги вреднуваме националната култура и уметност и домашните автори и творци. Благодарение на нив имаме со што да му се претставиме на светот и да бидеме компетитивни во меѓународниот „натпревар на културите“. Да ги почитуваме и соодветно вреднуваме овие наши национални величини, бидејќи тоа е начинот да покажеме дека се почитуваме себеси и дека ја сакаме својата земја. Македонија не сме ние политичарите, Македонија се нејзините артисти и уметници, нагласи претседателот Пендаровски на доделувањето на ордените.

Посочи дека иако сме мала земја, можеме да се пофалиме со извонреден уметнички и креативен потенцијал и со исклучителни автори и уметници врз чиишто опус почива арматурата на современата македонска култура.

Бедија Беговска е одликувана за значајната, плодна и интернационална кариера како една од најпознатите театарски и филмски актерки, која со својата театарска прецизност и моќна интерпретација прерасна во една од водечките актерки, не само во Македонија, туку и пошироко.

Благоја Чоревски е одликуван за извонредната актерска игра со која има обезбедено почесно место во пантеонот на македонскиот театар воопшто, актер со моќна трансформација и со вештина за импровизација, актер во кој истовремено се судираат трагичното и смешното, комичното и драмското.

Ѓокица Лукаревски е одликуван за извонредната четиридецениска актерска кариера во македонскиот театар. Доајен на македонското актерство, со неверојатна моќ на трансформација и интерпретација на различни ликови, од сериозни до комични, со што го покажа својот непроценлив актерски талент.

Оливера Николова е меѓу најзначајните македонски прозаистки чиешто творештво се одликува со исклучителна ритмичка возбудливост и со раскошен емоционален и модерен сензибилитет. Николова стои на самиот врв на современата македонска книжевност чиишто дела ќе одѕвонуваат и во иднина.

Рефет Абази е еден од најзначајните и најкомплексните актери од средната генерација, но, воедно, и исклучителен писател и плоден педагог, како и професор по актерско мајсторство. Се одликува за огромниот спектар на актерски остварувања коишто се одликуваат со темелен, аналитички и методолошки пристап.

Ристо Вртев се одликува за непроценливото и за трајното значење во современата македонска култура и уметност. Тој е творец на македонската музичка авангарда и еден од креаторите на новиот, храбар и алтернативен бран на македонската музичка сцена, којшто остава маркантно влијание и на просторите на поранешна Југославија, во чии рамки е највисоко рангиран.

Слободан Унковски се одликува за огромното, уникатното и светското значење во современиот театар. Неговото име е впишано длабоко, не само во националната, туку и во светската историја на театарот, неговите дела претставуваат пресвртница во творештвото на поединечни уметници, но и на театрите воопшто.

The post Македонија не сме ние политичарите, Македонија се нејзините артисти, рече Пендаровски на доделувањето на Орден за заслуги на седуммина уметници appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски синоќа на свечена церемонија во Филхармонија, ги одликува со Орден за заслуги актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски и Рефет Абази, писателката Оливера Николова, музичарот Ристо Вртев и режисерот Слободан Унковски.
Денеска уште еднаш истакнуваме дека од круцијално значење е да ги вреднуваме националната култура и уметност и домашните автори и творци. Благодарение на нив имаме со што да му се претставиме на светот и да бидеме компетитивни во меѓународниот „натпревар на културите“. Да ги почитуваме и соодветно вреднуваме овие наши национални величини, бидејќи тоа е начинот да покажеме дека се почитуваме себеси и дека ја сакаме својата земја. Македонија не сме ние политичарите, Македонија се нејзините артисти и уметници, нагласи претседателот Пендаровски на доделувањето на ордените.
Посочи дека иако сме мала земја, можеме да се пофалиме со извонреден уметнички и креативен потенцијал и со исклучителни автори и уметници врз чиишто опус почива арматурата на современата македонска култура. Бедија Беговска е одликувана за значајната, плодна и интернационална кариера како една од најпознатите театарски и филмски актерки, која со својата театарска прецизност и моќна интерпретација прерасна во една од водечките актерки, не само во Македонија, туку и пошироко. Благоја Чоревски е одликуван за извонредната актерска игра со која има обезбедено почесно место во пантеонот на македонскиот театар воопшто, актер со моќна трансформација и со вештина за импровизација, актер во кој истовремено се судираат трагичното и смешното, комичното и драмското. Ѓокица Лукаревски е одликуван за извонредната четиридецениска актерска кариера во македонскиот театар. Доајен на македонското актерство, со неверојатна моќ на трансформација и интерпретација на различни ликови, од сериозни до комични, со што го покажа својот непроценлив актерски талент. Оливера Николова е меѓу најзначајните македонски прозаистки чиешто творештво се одликува со исклучителна ритмичка возбудливост и со раскошен емоционален и модерен сензибилитет. Николова стои на самиот врв на современата македонска книжевност чиишто дела ќе одѕвонуваат и во иднина. Рефет Абази е еден од најзначајните и најкомплексните актери од средната генерација, но, воедно, и исклучителен писател и плоден педагог, како и професор по актерско мајсторство. Се одликува за огромниот спектар на актерски остварувања коишто се одликуваат со темелен, аналитички и методолошки пристап. Ристо Вртев се одликува за непроценливото и за трајното значење во современата македонска култура и уметност. Тој е творец на македонската музичка авангарда и еден од креаторите на новиот, храбар и алтернативен бран на македонската музичка сцена, којшто остава маркантно влијание и на просторите на поранешна Југославија, во чии рамки е највисоко рангиран. Слободан Унковски се одликува за огромното, уникатното и светското значење во современиот театар. Неговото име е впишано длабоко, не само во националната, туку и во светската историја на театарот, неговите дела претставуваат пресвртница во творештвото на поединечни уметници, но и на театрите воопшто.

The post Македонија не сме ние политичарите, Македонија се нејзините артисти, рече Пендаровски на доделувањето на Орден за заслуги на седуммина уметници appeared first on Република.

]]>
Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги https://republika.mk/vesti/kultura/akterite-begovska-chorevski-lukarevski-i-abazi-pisatelkata-nikolova-muzicharot-vrtev-i-rezhiserot-unkvski-ke-bidat-odlikuvani-so-orden-za-zaslugi/ Mon, 29 Jan 2024 08:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=737970

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Македонија.

Како што најавуваат од кабинетот на Претседателот, свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата.

The post Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Македонија. Како што најавуваат од кабинетот на Претседателот, свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата.

The post Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги appeared first on Република.

]]>
Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски одликуван со престижното француско признание „Витез од редот на заслуги“ https://republika.mk/vesti/makedonija/rektorot-na-ukim-nikola-jankulovski-odlikuvan-so-prestizhnoto-frantsusko-priznanie-vitez-od-redot-na-zaslugi/ Wed, 01 Feb 2023 07:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=603157

На ректорот УКИМ, еминентен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од најпознатите абдоминални хирурзи Никола Јанкуловски вечерва во француската резиденција за значајниот придонес во фарнцуско – македонската универзитетска соработка му беше врачено престижното признание „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција.

Во присуство на блиските, соработници, пријатели, министрите за здравство и за образование Беким Сали и Јетон Шаќири, гувернерката на НБ Анита Ангеловска Бежовска, на поглаварот на МПЦ ОА  г.г. Стефан и монсињор Киро Стојанов католички бискуп на Скопската бискупија, како и Струмичко-скопски епарх на Католичката црква, и бројни гости од политичкиот, економскиот и културниот живот во земјават одликувањето му го врачи францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.

-Покажавте голема отвореност за различни форми на соработка со Франција. Од вашето именување за декан на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје во 2009-та, благодарение на добрата соработка Францускиот институт успеа да реализира повеќе настани во амфитеатарот на Деканатот како „Празникот на науката“ и бројни конференции од областа на физиката, медицината и радиофармацијата. Од вашиот избор за ректор на УКИМ во 2016 година оваа соработка вклучува и нова димензија. Тука мислам на потпишувањето на Договорот со Универзитетската агенција за франкофонија кој овозможи отворање на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот – проект кој се чекаше со години а се реализираше благодарени на вас, рече меѓу другото францускиот амбасадор, нарекувајќи го Јанкуловски пријател на Франција.

Бомгартнер се освна на силната поддршка од ректорот Јанкуловски и за издавањето двојна диплома по применети странски јазици помеѓу УКИМ и Универзитетот во Кајен, а особено го подвлече деблокирањето на средствата од Константин Стојанов во рамки на Фондацијата што го носи името на овој богат македонски покровител и можноста тие да се користат за универзитетската мобилност со Франција, особено на студентите од Катедрата по фарнцуски јазик и книжевност.

Ректорот Јанкуловски нагласи дека ова одликување го смета за голема привилегија и чест, но и голем мотив да продолжи по патот кој го одбрал – да и служи на својата земја, но и да придонесува за пријателството и соработката меѓу двете земји.

-Целокупниот личен и професионален капацитет ќе го насочам за продолабочување на соработката меѓу нашите две земји нашата земја Република Македонија и Република Франција, посебно во делот на академската соработка која отвора многу предизвици, идеи, многу можности и многу хоризонти за нас, и создава дополнителни вредности како што се слободната мисла, демократијата, просперитетот и благосостопјбата на граѓаните од нашата земја, рече меѓу другото Јанкуловски.

Тој се согласи со амбасадорот дека настан кој означува пресврт во нивната соработка е токму успехот по повеќегодишни заеднички напори отворањето на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот УКИМ, и пристапот до средствата на Фондацијата на Константин Стојанов, Македонец кој долги години живеел и работел во Франција, а која била формирана во далечната 1973 година на УКИМ. Во овие активности во кои биле вклучени повеќе институции, првата транша била реализиарана во 2021 година согласно статутот на Фондацијата, а досега од страна на УКИМ се распишани два конкурса за студентите по француски јазик и книжевност од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

-Со оваа Фондација ние направивме еден голем исчекор, со што се овозможени стипендии за прв, втор и трет циклус на студии за студентите кои студираат на програмата за француски јазик и литература…Искрено посакувам, очекувам, се надевам и сум убеден дека ваквата успешна соработка ќе продолжи и понатаму и ќе се интензивира и со нови форми и модалитети, рече Јанкуловски посочувајќи на голем универзитетски проект со кој Универзитетот во Кајен аплицира за европски средства, а во кој учествуваат повеќе земји меѓу кои и нашата земја.

Одликувањето „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција, е воведено 1963 година од францускиот претседател Шарл Де Гол и едно од најпрестижните одличја што Франција го дава на лица за особени заслуги за Републиката. вг/

The post Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски одликуван со престижното француско признание „Витез од редот на заслуги“ appeared first on Република.

]]>

На ректорот УКИМ, еминентен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од најпознатите абдоминални хирурзи Никола Јанкуловски вечерва во француската резиденција за значајниот придонес во фарнцуско – македонската универзитетска соработка му беше врачено престижното признание „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција. Во присуство на блиските, соработници, пријатели, министрите за здравство и за образование Беким Сали и Јетон Шаќири, гувернерката на НБ Анита Ангеловска Бежовска, на поглаварот на МПЦ ОА  г.г. Стефан и монсињор Киро Стојанов католички бискуп на Скопската бискупија, како и Струмичко-скопски епарх на Католичката црква, и бројни гости од политичкиот, економскиот и културниот живот во земјават одликувањето му го врачи францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. -Покажавте голема отвореност за различни форми на соработка со Франција. Од вашето именување за декан на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје во 2009-та, благодарение на добрата соработка Францускиот институт успеа да реализира повеќе настани во амфитеатарот на Деканатот како „Празникот на науката“ и бројни конференции од областа на физиката, медицината и радиофармацијата. Од вашиот избор за ректор на УКИМ во 2016 година оваа соработка вклучува и нова димензија. Тука мислам на потпишувањето на Договорот со Универзитетската агенција за франкофонија кој овозможи отворање на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот – проект кој се чекаше со години а се реализираше благодарени на вас, рече меѓу другото францускиот амбасадор, нарекувајќи го Јанкуловски пријател на Франција. Бомгартнер се освна на силната поддршка од ректорот Јанкуловски и за издавањето двојна диплома по применети странски јазици помеѓу УКИМ и Универзитетот во Кајен, а особено го подвлече деблокирањето на средствата од Константин Стојанов во рамки на Фондацијата што го носи името на овој богат македонски покровител и можноста тие да се користат за универзитетската мобилност со Франција, особено на студентите од Катедрата по фарнцуски јазик и книжевност. Ректорот Јанкуловски нагласи дека ова одликување го смета за голема привилегија и чест, но и голем мотив да продолжи по патот кој го одбрал – да и служи на својата земја, но и да придонесува за пријателството и соработката меѓу двете земји. -Целокупниот личен и професионален капацитет ќе го насочам за продолабочување на соработката меѓу нашите две земји нашата земја Република Македонија и Република Франција, посебно во делот на академската соработка која отвора многу предизвици, идеи, многу можности и многу хоризонти за нас, и создава дополнителни вредности како што се слободната мисла, демократијата, просперитетот и благосостопјбата на граѓаните од нашата земја, рече меѓу другото Јанкуловски. Тој се согласи со амбасадорот дека настан кој означува пресврт во нивната соработка е токму успехот по повеќегодишни заеднички напори отворањето на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот УКИМ, и пристапот до средствата на Фондацијата на Константин Стојанов, Македонец кој долги години живеел и работел во Франција, а која била формирана во далечната 1973 година на УКИМ. Во овие активности во кои биле вклучени повеќе институции, првата транша била реализиарана во 2021 година согласно статутот на Фондацијата, а досега од страна на УКИМ се распишани два конкурса за студентите по француски јазик и книжевност од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. -Со оваа Фондација ние направивме еден голем исчекор, со што се овозможени стипендии за прв, втор и трет циклус на студии за студентите кои студираат на програмата за француски јазик и литература…Искрено посакувам, очекувам, се надевам и сум убеден дека ваквата успешна соработка ќе продолжи и понатаму и ќе се интензивира и со нови форми и модалитети, рече Јанкуловски посочувајќи на голем универзитетски проект со кој Универзитетот во Кајен аплицира за европски средства, а во кој учествуваат повеќе земји меѓу кои и нашата земја. Одликувањето „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција, е воведено 1963 година од францускиот претседател Шарл Де Гол и едно од најпрестижните одличја што Франција го дава на лица за особени заслуги за Републиката. вг/  

The post Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски одликуван со престижното француско признание „Витез од редот на заслуги“ appeared first on Република.

]]>
Геогриевски, Трстена, Бикова и Јовановски ќе бидат одликувани со орденот „8 Септември“ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/geogrievski-trstena-bikova-i-jovanovski-kje-bidat-odlikuvani-so-ordenot-8-septemvri/ Wed, 07 Sep 2022 13:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=548363

Претседателот Стево Пендаровски утре по повод Денот на независноста – 8 Септември, на свечена церемонија ќе одликува со oрден „8 Септември“ четворица македонски спортисти.

Оваа година со орден „8 Септември“ ќе бидат одликувани:

Оливера Наковска-Бикова, за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува многубројни успеси на натпревари во стрелачки спортови. Таа е повеќекратна државна шампионка и апсолутна рекордерка на Република Македонија во дисциплината воздушен пиштол. Во оваа дисциплина го освојува златниот медал на Летните параолимписки игри во Лондон, со што придонесе за меѓународна афирмација и за угледот на државата.

Бранимир Јовановски, за извонредните резултати во својата 20-годишна спортска кариера. Тој е првиот македонски параолимпиец кој освоил златен медал на една параолимпијада. Во текот на својата кариера, покрај златниот параолимписки медал, освоил и други сребрени, златни и бронзени медали на разни европски првенства и на меѓународни натпревари. Значаен е неговиот огромен успех како тренер и како селектор, а избран е и за најдобар тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за лица со попреченост. Неговиот придонес за меѓународна афирмација и за угледот на државата е огромен.

Шабан Трстена, за освојувањето златен медал во борење на Летните олимписки игри во 1984 година, запишувајќи се со златни букви во историјата на македонскиот и на светскиот спорт како најмлад олимписки шампион, како и за освојувањето на сребрениот медал на Олимпијадата во Сеул во 1988 година и на бронзениот медал на Светскиот шампионат во борење во 1982 година. Трстена е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија. Тој е прогласен за спортист на XX век на Република Македонија. Шабан Трстена е пример како со извонреден успех може да се стане симбол на својата земја и на таков начин да се придонесе за нејзина меѓународна афирмација.

Дејан Георгиевски, за постигнување историски најголем и повеќекратен успех во сферата на спортот од независноста на нашата држава. Со освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во теквондо, е прогласен за најдобар спортист на Република Македонија за 2021 година. Воедно, тој е добитник и на неколку сребрени и бронзени медали, со што придонесува за меѓународна афирмација и за угледот на државата.

По повод одбележувањето на Денот на независноста, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

The post Геогриевски, Трстена, Бикова и Јовановски ќе бидат одликувани со орденот „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски утре по повод Денот на независноста – 8 Септември, на свечена церемонија ќе одликува со oрден „8 Септември“ четворица македонски спортисти. Оваа година со орден „8 Септември“ ќе бидат одликувани:
Оливера Наковска-Бикова, за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува многубројни успеси на натпревари во стрелачки спортови. Таа е повеќекратна државна шампионка и апсолутна рекордерка на Република Македонија во дисциплината воздушен пиштол. Во оваа дисциплина го освојува златниот медал на Летните параолимписки игри во Лондон, со што придонесе за меѓународна афирмација и за угледот на државата.  
Бранимир Јовановски, за извонредните резултати во својата 20-годишна спортска кариера. Тој е првиот македонски параолимпиец кој освоил златен медал на една параолимпијада. Во текот на својата кариера, покрај златниот параолимписки медал, освоил и други сребрени, златни и бронзени медали на разни европски првенства и на меѓународни натпревари. Значаен е неговиот огромен успех како тренер и како селектор, а избран е и за најдобар тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за лица со попреченост. Неговиот придонес за меѓународна афирмација и за угледот на државата е огромен.  
Шабан Трстена, за освојувањето златен медал во борење на Летните олимписки игри во 1984 година, запишувајќи се со златни букви во историјата на македонскиот и на светскиот спорт како најмлад олимписки шампион, како и за освојувањето на сребрениот медал на Олимпијадата во Сеул во 1988 година и на бронзениот медал на Светскиот шампионат во борење во 1982 година. Трстена е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија. Тој е прогласен за спортист на XX век на Република Македонија. Шабан Трстена е пример како со извонреден успех може да се стане симбол на својата земја и на таков начин да се придонесе за нејзина меѓународна афирмација.
Дејан Георгиевски, за постигнување историски најголем и повеќекратен успех во сферата на спортот од независноста на нашата држава. Со освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во теквондо, е прогласен за најдобар спортист на Република Македонија за 2021 година. Воедно, тој е добитник и на неколку сребрени и бронзени медали, со што придонесува за меѓународна афирмација и за угледот на државата. По повод одбележувањето на Денот на независноста, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

The post Геогриевски, Трстена, Бикова и Јовановски ќе бидат одликувани со орденот „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>
Нобеловецот Кругман и Стопанската комора добија Орден за заслуги за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/nobelovecot-krugman-i-stopanskata-komora-dobija-orden-za-zaslugi-za-severna-makedonija/ Mon, 30 May 2022 16:09:51 +0000 https://republika.mk/?p=508858

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги одликува со Орден за заслуги за Република Македонија професорот и нобеловец Пол Кругман и Стопанската комора на РСМ, а на нејзиниот претседател Бранко Азески му додели Повелба.

Пол Кругман, нобеловец, истакнат професор по економија, меѓу другото автор и уредник на 27 книги, преку 200 научни статии во стручни списанија, орденот од Пендаровски го доби за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата, преку поставувањето нов модел на меѓународна трговија, усовојување нови дисциплини во меѓународната економија, како и за неговата дејност како универзитетски професор и објавувањето голем број значајни научни дела и трудови.

Кругман се зблагодари на довербата и доделениот орден и нагласи дека Македонија е модел на демократија и мир во тешки времиња. Порача дека ова се времиња кога земјите треба да застанат зад вредностите во кои сите веруваат и да соработуваат меѓусебе.

Орденот за Стопанската комора на РС Македонија, пак, е за 100 годишен посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и поврзувањето на различни еснафски стопанственички структури, со што, според образложението, се обезбеди сигурна основа за постојано подобрување и развој на условите на стопанисувањето и конкурентноста на пазарот, како темел за стабилност и економски просперитет на државата.

Во обраќањето во име на Стопанската комора, извршниот директор Антони Пешев посочи дека се горди на напорите што ги вложуваат да ја заштитат традицијата стара 100 години. Сите овие изминати години се радувавме на успесите на нашата економија, која покажа исклучителна жилавост во справувањето со сите кризи и искушенија, видливи, а често и невидливи. Македонските компании сите овие години се бореа упорно и истрајно да ги задржат своите позиции, вработени, да создаваат нови вредности, да го зголемуват извозот, што и треба да биде целта на секоја држава.

Претседателот на државата Пендаровски нагласи дека има голема чест да одликува две личности и една организација кои имаат особени заслуги за економската мисла, но и за економската дејност на глобално и на национално ниво.

Во присуство на еминентниот професор по економија, Пол Кругман, и докажани македонски бизнис лидери од СКСМ на чело со нивниот претседател Бранко Азески, како што рече, минуваме низ период на голема неизвесност поради бројните и испреплетени кризи што меѓусебно се зајакнуваат.

Пандемијата на Ковид 19 и руската инвазија на Украина предизвикаа рецесија, енергетска криза и ценовни шокови на глобалните пазари. Се очекува јавниот долг, инфлацијата и цените на производите да продолжат да растат.  Се продлабочува нееднаквоста меѓу државитте и внатре во државите. Како мала и отворена економија, која е дел од глобалниот трговски и финансиски систем, ние сме посебено ранливи на овие процеси.  Периодов што многумина го нарекуваат соврешна бура не соочува со две групи на прашања. Прво, како се најдовме во оваа бура. Фактот дека за време на пандемијата, најбогатите во светот го удвоија богатство, зборува дека некои важни лекции од глобалната економска криза од 2008 не се нарушени. На пример, дека е лесно да се преземаат големи ризици со туѓи пари или дека пазарот е подобар во создавањето профит отколку во неговата дистрибуција, рече шефот на државата.

Второто прашање е, потенцира тој, што треба да направиме за успешно да излеземе од оваа бура.

Според мене, нема дилема дека стожерот на таа вредносна рамка треба да бидат граѓаните и јавниот интерес. Една од целите наведени во преамбулата на македонскиот Устав, е дека државата се конституира со цел да обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.   Од тука, нашата цел не е само да ја пребродиме кризата, туку од неа да излеземе со засилен економски развој, намалена невработеност, зголемена продуктивност и конкурентност на националната економија, рече Пендаровски.

За да го постигнеме ова, наведе во обраќањето, нам ни се потребни знаењето и експертизата на врвните теоретичари  како што е професорот Пол Кругман, кој со децении неуморно го покажува патот до одржлив и инклузивен економски раст и развој. Тој верува во демократијата, граѓанските слободи и владеењето правото, посочит, и е гласен критичар на социјалната неправда и злоупотребата на политичката моќ.

Овие вредности се клучни за опоравување и на македонската економија. За успех на македонските компании, за благосостојба на македонските граѓани конечно за квалитетот на  македонската демократија.  Но, за да биде делотворна теоријата мора да биде применета во практика од страна на државните институции и приватниот сектор.  Индустриите и компаниите се вистинските двигатели на економијата, изјави претседателот Пендаровски.

За важноста на СКСМ, истакна, зборува фактот дека компаниите членки генерираат половина од вкупниот приход и речиси половина од нето добивката во приватнниот сектор. Азески, рече меѓу другото Пендаровски, заедно со Стопанската Комора имаше важна улога и во конструктивниот процес за изработка на рамката за развој МКД 2030 што ќе биде промовирана наредниот месец.

Овој документ е дело на теоретичари и практичари кои заедно ги дефинираа приоритетните области во кои треба да вложувме за државата на среднорочен план да стане подобро место за живот и работа, истакна претседателот на државата Пендаровски.

The post Нобеловецот Кругман и Стопанската комора добија Орден за заслуги за Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги одликува со Орден за заслуги за Република Македонија професорот и нобеловец Пол Кругман и Стопанската комора на РСМ, а на нејзиниот претседател Бранко Азески му додели Повелба. Пол Кругман, нобеловец, истакнат професор по економија, меѓу другото автор и уредник на 27 книги, преку 200 научни статии во стручни списанија, орденот од Пендаровски го доби за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата, преку поставувањето нов модел на меѓународна трговија, усовојување нови дисциплини во меѓународната економија, како и за неговата дејност како универзитетски професор и објавувањето голем број значајни научни дела и трудови. Кругман се зблагодари на довербата и доделениот орден и нагласи дека Македонија е модел на демократија и мир во тешки времиња. Порача дека ова се времиња кога земјите треба да застанат зад вредностите во кои сите веруваат и да соработуваат меѓусебе. Орденот за Стопанската комора на РС Македонија, пак, е за 100 годишен посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и поврзувањето на различни еснафски стопанственички структури, со што, според образложението, се обезбеди сигурна основа за постојано подобрување и развој на условите на стопанисувањето и конкурентноста на пазарот, како темел за стабилност и економски просперитет на државата. Во обраќањето во име на Стопанската комора, извршниот директор Антони Пешев посочи дека се горди на напорите што ги вложуваат да ја заштитат традицијата стара 100 години. Сите овие изминати години се радувавме на успесите на нашата економија, која покажа исклучителна жилавост во справувањето со сите кризи и искушенија, видливи, а често и невидливи. Македонските компании сите овие години се бореа упорно и истрајно да ги задржат своите позиции, вработени, да создаваат нови вредности, да го зголемуват извозот, што и треба да биде целта на секоја држава. Претседателот на државата Пендаровски нагласи дека има голема чест да одликува две личности и една организација кои имаат особени заслуги за економската мисла, но и за економската дејност на глобално и на национално ниво. Во присуство на еминентниот професор по економија, Пол Кругман, и докажани македонски бизнис лидери од СКСМ на чело со нивниот претседател Бранко Азески, како што рече, минуваме низ период на голема неизвесност поради бројните и испреплетени кризи што меѓусебно се зајакнуваат.
Пандемијата на Ковид 19 и руската инвазија на Украина предизвикаа рецесија, енергетска криза и ценовни шокови на глобалните пазари. Се очекува јавниот долг, инфлацијата и цените на производите да продолжат да растат.  Се продлабочува нееднаквоста меѓу државитте и внатре во државите. Како мала и отворена економија, која е дел од глобалниот трговски и финансиски систем, ние сме посебено ранливи на овие процеси.  Периодов што многумина го нарекуваат соврешна бура не соочува со две групи на прашања. Прво, како се најдовме во оваа бура. Фактот дека за време на пандемијата, најбогатите во светот го удвоија богатство, зборува дека некои важни лекции од глобалната економска криза од 2008 не се нарушени. На пример, дека е лесно да се преземаат големи ризици со туѓи пари или дека пазарот е подобар во создавањето профит отколку во неговата дистрибуција, рече шефот на државата.
Второто прашање е, потенцира тој, што треба да направиме за успешно да излеземе од оваа бура.
Според мене, нема дилема дека стожерот на таа вредносна рамка треба да бидат граѓаните и јавниот интерес. Една од целите наведени во преамбулата на македонскиот Устав, е дека државата се конституира со цел да обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.   Од тука, нашата цел не е само да ја пребродиме кризата, туку од неа да излеземе со засилен економски развој, намалена невработеност, зголемена продуктивност и конкурентност на националната економија, рече Пендаровски.
За да го постигнеме ова, наведе во обраќањето, нам ни се потребни знаењето и експертизата на врвните теоретичари  како што е професорот Пол Кругман, кој со децении неуморно го покажува патот до одржлив и инклузивен економски раст и развој. Тој верува во демократијата, граѓанските слободи и владеењето правото, посочит, и е гласен критичар на социјалната неправда и злоупотребата на политичката моќ.
Овие вредности се клучни за опоравување и на македонската економија. За успех на македонските компании, за благосостојба на македонските граѓани конечно за квалитетот на  македонската демократија.  Но, за да биде делотворна теоријата мора да биде применета во практика од страна на државните институции и приватниот сектор.  Индустриите и компаниите се вистинските двигатели на економијата, изјави претседателот Пендаровски.
За важноста на СКСМ, истакна, зборува фактот дека компаниите членки генерираат половина од вкупниот приход и речиси половина од нето добивката во приватнниот сектор. Азески, рече меѓу другото Пендаровски, заедно со Стопанската Комора имаше важна улога и во конструктивниот процес за изработка на рамката за развој МКД 2030 што ќе биде промовирана наредниот месец.
Овој документ е дело на теоретичари и практичари кои заедно ги дефинираа приоритетните области во кои треба да вложувме за државата на среднорочен план да стане подобро место за живот и работа, истакна претседателот на државата Пендаровски.

The post Нобеловецот Кругман и Стопанската комора добија Орден за заслуги за Македонија appeared first on Република.

]]>
Ова признание го примам во свое и во име на моите колешки и колеги кои веќе не се меѓу нас, рече доајенката на македонското глумиште Милица Стојанова која е одликувана со Орден за заслуги https://republika.mk/vesti/kultura/ova-priznanie-go-primam-vo-svoe-i-vo-ime-na-moite-koleshki-i-kolegi-koi-vekje-ne-se-megju-nas-reche-doajenkata-na-makedonskoto-glumishte-milica-stojanova-koja-e-odlikuvana-so-orden-za-zaslugi/ Fri, 25 Mar 2022 14:02:28 +0000 https://republika.mk/?p=478428

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија денеска ги одликува Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска со Орден за заслуги за Македонија и го додели признанието Повелба на Македонија на Факултетот за Драмски уметности, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и на Националната установа Турски театар.

Доајенката на македонското глумиште Милица Стојанова (90) се одликува со Орден за заслуги за нејзиниот фундаментален придонес во основачките процеси на македонскиот театар, како и за воспоставување иновативни методи, високи критериуми и за нивен развој во современото актерско мајсторство и за афирмација на македонскиот театар и на македонскиот филм на национално и на меѓународно ниво.

Огромна е честа што ни ја укажува претседателот Пендаровски. Ова признание го примам во свое име, како и во име на моите колешки и колеги и оние кои веќе не се меѓу нас, а придонеле за резултите, рече македонската театарска, филмска и телевизиска актерка, заблагодарувајќи се.

Стојанова во својата богата и исполнета кариерра работела во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ од 1953 до 1964 година. Од 1964 година па сè до пензионирањето била во Драмскиот театар во Скопје. Добитник е на повеќе високи признанија - на највисоката републичка награда „11 Октомври“ за ролја и за животно дело, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Двапати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје.

Ефтимова се одликува со Орден за заслуги за нејзиниот исклучителен и траен придонес во развојот на оперското пеење, со што придонесе за афирмација на македонската оперска уметност на национално и на меѓународно ниво, како и за посветената и значајна педагошка активност.

Многумина заслужуваат да бидат спомнати и тие се дел од ова призниние, рече Евтимова, заблагодарувајќи им на своите студенти, професори, пријатели кои и помогнале во нејзината кариера.

Вангеловска се одликува со Орден за заслуги за нејзините постигнати највисоки резултати во кошарката на домашен и на меѓународен план како играч и како тренер, како исклучителен придонес во македонската кошарка и на македонскиот спорт, воопшто.

Чест е денеска да се биде со храбри и силни жени, доајени во нивните професии. Тежок е патот кон успехот, полн со предизвици. Бара многу вложување, но пред се голема дисциплина и одговорност. Во својата долгогодишна кариера освоив се што можеше да се освои, постигнав врвни резлтати, рече Вангеловска.

На Факултетот за Драмски уметности се доделува признанието Повелба на Македонија по повод 50-годишното постоење и за суштински и траен придонес во развојот на театарската и на филмската уметност, како и на драмското творештво преку педагошка дејност и преку автономна и автохтона театарска и филмска едукација.

На Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се доделува признанието Повелба по повод 40-годишното постоење и за значаен и непроценлив придонес во развојот на македонската кинематографија и за нејзина афирмација во светски рамки, како и за афирмација и популаризација на филмската уметност низ нејзиниот најспецифичен сегмент — кинематографијата.

На Националната установа Турски театар се доделува признанието Повелба на Македонија по повод 70-годишното постоење и за особени постигнувања на полето на театарската уметност и за нејзина афирмација и популаризација, како во земјата така и во странство.

Радост е, но истовремно и голема чест да се оддаде признание на личности и институции кои ги претставуваат 'рбетот, обрзот и честа на вашата работа, рече претседателот Пендаровски.

The post Ова признание го примам во свое и во име на моите колешки и колеги кои веќе не се меѓу нас, рече доајенката на македонското глумиште Милица Стојанова која е одликувана со Орден за заслуги appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија денеска ги одликува Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска со Орден за заслуги за Македонија и го додели признанието Повелба на Македонија на Факултетот за Драмски уметности, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и на Националната установа Турски театар. Доајенката на македонското глумиште Милица Стојанова (90) се одликува со Орден за заслуги за нејзиниот фундаментален придонес во основачките процеси на македонскиот театар, како и за воспоставување иновативни методи, високи критериуми и за нивен развој во современото актерско мајсторство и за афирмација на македонскиот театар и на македонскиот филм на национално и на меѓународно ниво.
Огромна е честа што ни ја укажува претседателот Пендаровски. Ова признание го примам во свое име, како и во име на моите колешки и колеги и оние кои веќе не се меѓу нас, а придонеле за резултите, рече македонската театарска, филмска и телевизиска актерка, заблагодарувајќи се.
Стојанова во својата богата и исполнета кариерра работела во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ од 1953 до 1964 година. Од 1964 година па сè до пензионирањето била во Драмскиот театар во Скопје. Добитник е на повеќе високи признанија - на највисоката републичка награда „11 Октомври“ за ролја и за животно дело, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Двапати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје. Ефтимова се одликува со Орден за заслуги за нејзиниот исклучителен и траен придонес во развојот на оперското пеење, со што придонесе за афирмација на македонската оперска уметност на национално и на меѓународно ниво, како и за посветената и значајна педагошка активност.
Многумина заслужуваат да бидат спомнати и тие се дел од ова призниние, рече Евтимова, заблагодарувајќи им на своите студенти, професори, пријатели кои и помогнале во нејзината кариера.
Вангеловска се одликува со Орден за заслуги за нејзините постигнати највисоки резултати во кошарката на домашен и на меѓународен план како играч и како тренер, како исклучителен придонес во македонската кошарка и на македонскиот спорт, воопшто.
Чест е денеска да се биде со храбри и силни жени, доајени во нивните професии. Тежок е патот кон успехот, полн со предизвици. Бара многу вложување, но пред се голема дисциплина и одговорност. Во својата долгогодишна кариера освоив се што можеше да се освои, постигнав врвни резлтати, рече Вангеловска.
На Факултетот за Драмски уметности се доделува признанието Повелба на Македонија по повод 50-годишното постоење и за суштински и траен придонес во развојот на театарската и на филмската уметност, како и на драмското творештво преку педагошка дејност и преку автономна и автохтона театарска и филмска едукација. На Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се доделува признанието Повелба по повод 40-годишното постоење и за значаен и непроценлив придонес во развојот на македонската кинематографија и за нејзина афирмација во светски рамки, како и за афирмација и популаризација на филмската уметност низ нејзиниот најспецифичен сегмент — кинематографијата. На Националната установа Турски театар се доделува признанието Повелба на Македонија по повод 70-годишното постоење и за особени постигнувања на полето на театарската уметност и за нејзина афирмација и популаризација, како во земјата така и во странство.