општини Archives - Република https://republika.mk/tema/opshtini/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 13:45:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општини Archives - Република https://republika.mk/tema/opshtini/ 32 32 Потпишани договори за 274 проекти во општините во вкупна вредност од околу 4,1 милијарда денари https://republika.mk/vesti/makedonija/potpishani-dogovori-za-274-proekti-vo-opshtinite-vo-vkupna-vrednost-od-okolu-4-1-milijarda-denari/ Sun, 27 Oct 2024 13:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=831412

Во Владата денеска беа потпишани договори со општините за реализација на 274 проекти за капитални инвестиции во вредност од 4,1 милијарда денари. Договорите се однесуваат за реализација на проекти во делот на образованието, транспортот, социјалната политика, културата и туризмот, животната средина и во спортот.

Согласно првиот повик што го објави Министерството за локална самоуправа, денеска вклучуваме договори за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4.1 милијарди денари. Денеска се потпишуваат договорите што се темелат на шест владини одлуки, поделени на шест клучни ресори каде што овие пари ќе бидат инвестирани во изградба на проекти - појасни премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата одржана веднаш по потпишувањето на договорите.

Речиси 133 милиони денари се одвојуваат за реконструкции, изградба и модернизирање на училишта и спортски сали, а се опфатени општините Гази Баба, Битола, Липково, Боговиње, Кичево и други.

За реализација на инфраструлктурни проекти од областа на транспортот се одвојуваат околу две милијарди и 800 милиони денари, а опфатени се општини Берово, Аеродром, Битола, Брвеница, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Врапчиште, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Ѓорче Петров, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карпош, Карбници, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше и други. Ппроектите се однесуваат на инвестиции во локалната патна мрежа, коловози, патеки, пристапни улици....

Во делот на социјалната политика ќе бидат инвестирани околу 59 милиони денари што ќе бидат употребени за изградба на нови детски градинки во Петровец и Гази Баба.

Во областа на спортот беа потпишани договори во висина од 220 милиони денари за изградба на центри за спорт, рекреативни паркови и спортски сали во општините Вевчани, Демир Хисар, Центар, Битола, Кавадарци, Чашка и други.

За реализација на проекти од културата и туризмот предвидени се близу 200 милиони денари кои се наменети за општините Гевгелија, Пехчево, Радовиш, Гази Баба.

Потпишан договорот од првата транша од проектот „250 милиони евра за капитални инвестиции во општините“

Договори беа потпишани и за проекти од областа на животната средина и просторното планирање за што ќе бидат инвестирани близу 630 милиони денари. Со оваа одлука се опфатени општините Василево, Берово, Шуто Оризари, Пехчево, Пробиштип, Тетово, Бутел, Могила, Делчево, Врапчишта, Липково, Кисела Вода, Чаир, Арачиново, Охрид, Росоман, Чучер Сандево и други.

Според премиерот Мицкоски, ова е нивното клучно ветување до граѓаните и доказ за нивната работа за инфраструктурни инвестиции и директна поддршка на илјадници граѓани.

За само три месеци, овој проект станува реалност и сега почнува процесот на она што ќе придонесе за промена на тешката реалност и отсуството на поддршка на општините. Ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи и ќе продолжат јавните повици сѐ до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра - подвлече премиерот.

Тој апелираше општините да изработуваат квалитетни проекти и тие, како што нагласи, ќе бидат реализирани.

На овој начин, државата враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе во Македонија, истакна Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој се осврна на четири општини што немаат воопшто добиено никаков одобрен проект бидејќи задоцниле со документите. За нив рокот за достава на документацијата е продолжен до 15 ноември.

Ќе имаат простор до 15 ноември да достават тоа што им недостасува. Но, дел од овие општини што ги споменав, исто така, имаат проекти што се одобрени, но, недостасуваат некои од документите и тие, исто така, ќе треба да ги дополнат документите до 15 ноември и оваа бројка од 270 да дојде до околу 350, така што, сите ќе бидат опфатени што имаат капитални инвестиции - подвлече Мицкоски, додавајќи дека очекувањата се дека бројката на средства што ќе бидат наменети за општините во оваа фаза ќе достигне до шест милијарди денари.

За следната година, како што најави, ќе бидат финансирани проекти од 15 милијарди денари со што ќе се стигне до бројка од 21 милијарда денари.

The post Потпишани договори за 274 проекти во општините во вкупна вредност од околу 4,1 милијарда денари appeared first on Република.

]]>

Во Владата денеска беа потпишани договори со општините за реализација на 274 проекти за капитални инвестиции во вредност од 4,1 милијарда денари. Договорите се однесуваат за реализација на проекти во делот на образованието, транспортот, социјалната политика, културата и туризмот, животната средина и во спортот.
Согласно првиот повик што го објави Министерството за локална самоуправа, денеска вклучуваме договори за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4.1 милијарди денари. Денеска се потпишуваат договорите што се темелат на шест владини одлуки, поделени на шест клучни ресори каде што овие пари ќе бидат инвестирани во изградба на проекти - појасни премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата одржана веднаш по потпишувањето на договорите.
Речиси 133 милиони денари се одвојуваат за реконструкции, изградба и модернизирање на училишта и спортски сали, а се опфатени општините Гази Баба, Битола, Липково, Боговиње, Кичево и други. За реализација на инфраструлктурни проекти од областа на транспортот се одвојуваат околу две милијарди и 800 милиони денари, а опфатени се општини Берово, Аеродром, Битола, Брвеница, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Врапчиште, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Ѓорче Петров, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карпош, Карбници, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше и други. Ппроектите се однесуваат на инвестиции во локалната патна мрежа, коловози, патеки, пристапни улици.... Во делот на социјалната политика ќе бидат инвестирани околу 59 милиони денари што ќе бидат употребени за изградба на нови детски градинки во Петровец и Гази Баба. Во областа на спортот беа потпишани договори во висина од 220 милиони денари за изградба на центри за спорт, рекреативни паркови и спортски сали во општините Вевчани, Демир Хисар, Центар, Битола, Кавадарци, Чашка и други. За реализација на проекти од културата и туризмот предвидени се близу 200 милиони денари кои се наменети за општините Гевгелија, Пехчево, Радовиш, Гази Баба. Потпишан договорот од првата транша од проектот „250 милиони евра за капитални инвестиции во општините“ Договори беа потпишани и за проекти од областа на животната средина и просторното планирање за што ќе бидат инвестирани близу 630 милиони денари. Со оваа одлука се опфатени општините Василево, Берово, Шуто Оризари, Пехчево, Пробиштип, Тетово, Бутел, Могила, Делчево, Врапчишта, Липково, Кисела Вода, Чаир, Арачиново, Охрид, Росоман, Чучер Сандево и други. Според премиерот Мицкоски, ова е нивното клучно ветување до граѓаните и доказ за нивната работа за инфраструктурни инвестиции и директна поддршка на илјадници граѓани.
За само три месеци, овој проект станува реалност и сега почнува процесот на она што ќе придонесе за промена на тешката реалност и отсуството на поддршка на општините. Ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи и ќе продолжат јавните повици сѐ до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра - подвлече премиерот.
Тој апелираше општините да изработуваат квалитетни проекти и тие, како што нагласи, ќе бидат реализирани. На овој начин, државата враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе во Македонија, истакна Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање, тој се осврна на четири општини што немаат воопшто добиено никаков одобрен проект бидејќи задоцниле со документите. За нив рокот за достава на документацијата е продолжен до 15 ноември.
Ќе имаат простор до 15 ноември да достават тоа што им недостасува. Но, дел од овие општини што ги споменав, исто така, имаат проекти што се одобрени, но, недостасуваат некои од документите и тие, исто така, ќе треба да ги дополнат документите до 15 ноември и оваа бројка од 270 да дојде до околу 350, така што, сите ќе бидат опфатени што имаат капитални инвестиции - подвлече Мицкоски, додавајќи дека очекувањата се дека бројката на средства што ќе бидат наменети за општините во оваа фаза ќе достигне до шест милијарди денари.
За следната година, како што најави, ќе бидат финансирани проекти од 15 милијарди денари со што ќе се стигне до бројка од 21 милијарда денари.

The post Потпишани договори за 274 проекти во општините во вкупна вредност од околу 4,1 милијарда денари appeared first on Република.

]]>
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-vladata-ke-bide-potpishan-dogovorot-od-prvata-transha-od-250-te-milioni-evra-nameneti-za-opshtinite/ Sun, 27 Oct 2024 10:50:25 +0000 https://republika.mk/?p=831364

Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините.

Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот.

По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

The post Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините appeared first on Република.

]]>

Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините. Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот. По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

The post Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се менува и развива, за годинава 4,1 милијарда денари за 270 капитални проекти за трансформација на општините https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-makedonija-se-menuva-i-razviva-za-godinava-4-1-milijarda-denari-za-270-kapitalni-proekti-za-transformatsija-na-opshtinite/ Fri, 18 Oct 2024 07:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=828298

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува вистинска грижа кон сите, се подобрува квалитетот и животниот стандард на граѓаните во речиси сите општини во Македонија, велат во париското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата за годинава потврди над 270 проекти кои ќе се реализираат во општините низ цела држава и за истите ќе се вложат над четири милијарди денари.

Финасиските средства кои Владата ќе ги додели кон општините ќе послужат за нивна економска трансформација, развој и подобрување на инфраструктурата, реализација на крупни капитални инвестиции.

Целта на проектот за доделување на финансиски средства на општините е за истите да се развиваат економски и инфрастуктурано, со што ќе се подобри квалитетот на животот на сите граѓани во секое населено место и граѓаните да газат по асфалтирани улици и патишта.

И сето ова се прави затоа што Владата се бори за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, затоа што и е важно секое парче земја и секој еден граѓанин.

И за да продолжи економската трансформацијата на Македонија, проектот за доделување средства на општините за реализација на крупни капитални и инфраструктурни проекти, ќе трае следните четири години.

Целта која треба да ја постигне овој проект е да нема општина во Македонија која ќе има кал по улиците, неасфалтирани патишта или проблеми со канализација и водовод.

Македонија се менува, ова е само почеток. Почнува процес во кој ќе се развива секоја една педа на државата, каде секој граѓанин ќе има пристојни и достоинствени услови за живот, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се менува и развива, за годинава 4,1 милијарда денари за 270 капитални проекти за трансформација на општините appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува вистинска грижа кон сите, се подобрува квалитетот и животниот стандард на граѓаните во речиси сите општини во Македонија, велат во париското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Владата за годинава потврди над 270 проекти кои ќе се реализираат во општините низ цела држава и за истите ќе се вложат над четири милијарди денари. Финасиските средства кои Владата ќе ги додели кон општините ќе послужат за нивна економска трансформација, развој и подобрување на инфраструктурата, реализација на крупни капитални инвестиции. Целта на проектот за доделување на финансиски средства на општините е за истите да се развиваат економски и инфрастуктурано, со што ќе се подобри квалитетот на животот на сите граѓани во секое населено место и граѓаните да газат по асфалтирани улици и патишта. И сето ова се прави затоа што Владата се бори за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, затоа што и е важно секое парче земја и секој еден граѓанин. И за да продолжи економската трансформацијата на Македонија, проектот за доделување средства на општините за реализација на крупни капитални и инфраструктурни проекти, ќе трае следните четири години. Целта која треба да ја постигне овој проект е да нема општина во Македонија која ќе има кал по улиците, неасфалтирани патишта или проблеми со канализација и водовод. Македонија се менува, ова е само почеток. Почнува процес во кој ќе се развива секоја една педа на државата, каде секој граѓанин ќе има пристојни и достоинствени услови за живот, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.  

The post ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се менува и развива, за годинава 4,1 милијарда денари за 270 капитални проекти за трансформација на општините appeared first on Република.

]]>
Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти https://republika.mk/vesti/makedonija/strumitsa-ne-dobi-pari-oti-konkurirala-so-veke-pochnat-proekt-mitskoski-apelira-do-16-noemvri-da-podnesat-novi-proekti/ Thu, 17 Oct 2024 11:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=828007

Трите локални самоуправи кои не добија пари од унгарскиот кредит, Струмица, Град Скопје и Теарце, до 15 ноември можат да поднесат нови проекти и повторно да се обидат да добијат финансирање од централниот буџет. Премиерот Христијан Мицкоски апелираше градоначалниците да постапат како што постапиле сите останати.

Струмица не доби пари затоа што конкурираше со проект кој веќе е почнат и има избран изведувач и кој што е во тек. Апелирам до раководството на Општина Струмица да ја искористи можноста до 15 ноември да поднесе нови проекти кои што би можеле да ги финансираме. Понатаму Општина Теарце која поднесе проекти преку приватна имејл адреса, го повикувам градоначалникот да постапи како и сите други 79 градоначалници, на начин на кој сето тоа се прави. Имаме некомплетна документација поднесена од Општина Сарај. Очекувам до 10, 15 ноември и ова да биде отстрането. Станува збор за патна инфраструктура во едно населено место, мислам дека е Ласкарци и плус еден водовод. Очекувам до 10, 15 ноември и тоа да биде надминато - рече премиерот Мицкоски.

Тој не гледа политика во одбивањето на проектите поднесени од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Град Скопје се одбиени бидејќи конкурираа со проекти кои се некомплетни. Бараат автобуси, бараат средства за одржување на хигиена на улиците, а истовремено веќе имаат од Владата пренесени околу 10 милиони евра, 600 милиони денари, кои стојат на сметката за реализација на една капитална инвестиција, булеварот Хасан Приштина. Веќе две години за жал ништо не е направено по таа основа. Очекувам во следниот период и таму да се подобрат инвестициските перформанси - рече денес премиерот при посетата на Радиовце, општина Брвеница.

По одбивањето на проектите, градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, обраќајќи им се на струмичани, рече дека нивниот град повторно е трн во окото и дека против нив е отворен фронт кој ќе биде зачеток на нов порив за слобод

The post Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти appeared first on Република.

Владата одобри 65 милиони евра за 274 проекти во 77 општини – евалуацијата не ја поминаа Струмица, Град Скопје, Теарце и Сарај https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-odobri-65-milioni-evra-za-274-proekti-vo-77-opshtini-evaluatsijata-ne-ja-pominaa-strumitsa-grad-skopje-teartse-i-saraj/ Wed, 16 Oct 2024 19:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=827828

По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата соопшти дека одлучила оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини, со вкупна вредност од нешто над четири милијарди денари или околу 65 милиони евра.

Владата изрази благодарност на општините за максималната посветеност и ангажираност, што само ја докажува нивната способност и волја за инфраструктурен напредок, за што, во изминативе години немале можност поради ограничените финансиски средства. Почнувајќи од оваа година и во наредните години, на општините им се отвара нова можност да ги реализираат приоритетните проекти, да ги подобрат основните услови за живеење за граѓаните, да можат општините да се развиваат побрзо и да се создаваат нови можности за граѓаните, стои во владиното соопштение.

Фазата на евалуација не ја поминаа само четири општини: Струмица, Град Скопје, Теарце и Сарај.

The post Владата одобри 65 милиони евра за 274 проекти во 77 општини – евалуацијата не ја поминаа Струмица, Град Скопје, Теарце и Сарај appeared first on Република.

Денес ќе се одлучува кои општини и проекти ќе добијат од унгарските пари https://republika.mk/vesti/makedonija/denes-ke-se-odluchuva-koi-opshtini-i-proekti-ke-dobijat-od-ungarskite-pari/ Wed, 16 Oct 2024 12:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=827623

На денешната седница на Владата ќе се доносе одлука и формално процесот на селекција на проектите од општините е завршен за користење на парите од заемот од Унгарија, истакна на денешната прес-конференција премиерот, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, кога општините ќе можат да ги искористат овие средства за инфраструктурни проекти.

Мицкоски истакна дека до крајот на месецот надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на, како што наведе историскиот проект кој првпат се случува кај нас.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, пак, денеска од Велес истакна дека околу 90 проценти од проектите на општините кои ги доставија за користење на парите од заемот од Унгарија ќе бидат изгласани и одобрени на денешната седница на Владата.

Не сакам да звучам амбициозно, но мислам дека е многу веројатно. Најголем дел, ако не и сите да ги изгласаме на денешната седница на Влада. Од тука одам на седница на Влада, преку 90 проценти од проектите се кај мене во Министерството за транспорт и истите заедно со тимот во Министерството за транспорт ги завршивме. Сакам да се заблагодарам на целиот тим којшто работеше на оваа работа навистина завршија огромна работа и на мојот кабинет којшто целосно се вложи во оваа работа, така што проектите од страна на Министерството за транспорт се одобрени, остануваат другите министерства да ја завршат својата работ, изјави Николоски.

Тој истакна дека се надева оти денес попладне може да излезе со информација дека проектите се усвоени на седница на Влада. Општините во земјава на располагање имаат околу 250 милиони евра за реализација на капитални инфраструктурни проекти.

The post Денес ќе се одлучува кои општини и проекти ќе добијат од унгарските пари appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Владата ќе се доносе одлука и формално процесот на селекција на проектите од општините е завршен за користење на парите од заемот од Унгарија, истакна на денешната прес-конференција премиерот, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, кога општините ќе можат да ги искористат овие средства за инфраструктурни проекти. Мицкоски истакна дека до крајот на месецот надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на, како што наведе историскиот проект кој првпат се случува кај нас. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, пак, денеска од Велес истакна дека околу 90 проценти од проектите на општините кои ги доставија за користење на парите од заемот од Унгарија ќе бидат изгласани и одобрени на денешната седница на Владата.
Не сакам да звучам амбициозно, но мислам дека е многу веројатно. Најголем дел, ако не и сите да ги изгласаме на денешната седница на Влада. Од тука одам на седница на Влада, преку 90 проценти од проектите се кај мене во Министерството за транспорт и истите заедно со тимот во Министерството за транспорт ги завршивме. Сакам да се заблагодарам на целиот тим којшто работеше на оваа работа навистина завршија огромна работа и на мојот кабинет којшто целосно се вложи во оваа работа, така што проектите од страна на Министерството за транспорт се одобрени, остануваат другите министерства да ја завршат својата работ, изјави Николоски.
Тој истакна дека се надева оти денес попладне може да излезе со информација дека проектите се усвоени на седница на Влада. Општините во земјава на располагање имаат околу 250 милиони евра за реализација на капитални инфраструктурни проекти.

The post Денес ќе се одлучува кои општини и проекти ќе добијат од унгарските пари appeared first on Република.

]]>
Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-80-opshtini-podnesoa-358-predlog-proekti-fazata-na-evaluatsija-ke-trae-od-sedum-do-deset-dena/ Fri, 20 Sep 2024 10:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=818144

Вкупно 80 општини аплицираа на јавниот повик на Владата за добивање средства за реализација на инфраструктурни проекти во општините, поднесени се 358 предлог проекти, наредниот период ќе следува процес на евалуација, соопшти денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој со министерот за јавна администрација, Горан Минчев и претставникот од ЗЕЛС и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски учествуваа на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

Одговарајќи на новинарски прашања Перински рече дека сите општини имале еднаква можност да се пријават со проекти на повикот кој заврши пред неколку дена. Фазата на евалуација ќе трае помеѓу седум и десет дена.

Веќе сме во фаза на колектирање на проектните документации во рамки на ресорните министерства тој десетдневен период завршува во понеделник и потоа почнува фазата на евалуација којашто ќе се случува повторно во рамки на ресорните министерства. Нашите очекувања се дека фазата на евалуација ќе трае не повеќе од седум до десет дена и веќе очекуваме првата недела во следниот месец предлог проектите за финансирање да бидат доставени од страна на ресорните министерствата на усвојување на владина седница, рече министерот за локална самоуправа.

Тој кажа дека вчера имале и состанок на со координативното тело во кое членуваат и ресорни министерства во однос на потребната документација која требало да ја достават општините.

Вчера имавме состанок на координативното тело во којшто членуваат и ресорните министерства повеќе од 50 проценти од општините коишто ги имаат поднесено апликативен формулар во рамки на министерството за локална самоуправа веќе ги имаат доставено своите предлог проекти, очекуваме уште неколку дена кои остануваат до истек на рокот да ги достават сите локални самоуправи, практично да го заокружиме процесот, изјави министерот Перински.

The post Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена appeared first on Република.

]]>

Вкупно 80 општини аплицираа на јавниот повик на Владата за добивање средства за реализација на инфраструктурни проекти во општините, поднесени се 358 предлог проекти, наредниот период ќе следува процес на евалуација, соопшти денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој со министерот за јавна администрација, Горан Минчев и претставникот од ЗЕЛС и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски учествуваа на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“. Одговарајќи на новинарски прашања Перински рече дека сите општини имале еднаква можност да се пријават со проекти на повикот кој заврши пред неколку дена. Фазата на евалуација ќе трае помеѓу седум и десет дена.
Веќе сме во фаза на колектирање на проектните документации во рамки на ресорните министерства тој десетдневен период завршува во понеделник и потоа почнува фазата на евалуација којашто ќе се случува повторно во рамки на ресорните министерства. Нашите очекувања се дека фазата на евалуација ќе трае не повеќе од седум до десет дена и веќе очекуваме првата недела во следниот месец предлог проектите за финансирање да бидат доставени од страна на ресорните министерствата на усвојување на владина седница, рече министерот за локална самоуправа.
Тој кажа дека вчера имале и состанок на со координативното тело во кое членуваат и ресорни министерства во однос на потребната документација која требало да ја достават општините.
Вчера имавме состанок на координативното тело во којшто членуваат и ресорните министерства повеќе од 50 проценти од општините коишто ги имаат поднесено апликативен формулар во рамки на министерството за локална самоуправа веќе ги имаат доставено своите предлог проекти, очекуваме уште неколку дена кои остануваат до истек на рокот да ги достават сите локални самоуправи, практично да го заокружиме процесот, изјави министерот Перински.

The post Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена appeared first on Република.

]]>
80 општини доставија 357 проекти на јавниот повик за капитални инвестиции на Владата https://republika.mk/vesti/ekonomija/80-opshtini-dostavija-357-proekti-na-javniot-povik-za-kapitalni-investitsii-na-vladata/ Sat, 14 Sep 2024 07:44:29 +0000 https://republika.mk/?p=816254

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. Како што соопштуваат од Генералниот секретаријат, 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните.

Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа. Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините. Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост. Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот. Со ова се реализира уште едно ветување за граѓаните, велат од Владата.

The post 80 општини доставија 357 проекти на јавниот повик за капитални инвестиции на Владата appeared first on Република.

]]>

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. Како што соопштуваат од Генералниот секретаријат, 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните. Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа. Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините. Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост. Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот. Со ова се реализира уште едно ветување за граѓаните, велат од Владата.

The post 80 општини доставија 357 проекти на јавниот повик за капитални инвестиции на Владата appeared first on Република.

]]>
Координативно тело ќе го следи процесот – Перински објасни како општините можат да аплицираат за инфраструктурни проекти! https://republika.mk/vesti/ekonomija/koordinativno-telo-ke-go-sledi-protsesot-perinski-objasni-kako-opshtinite-mozhat-da-aplitsiraat-za-infrastrukturni-proekti/ Thu, 05 Sep 2024 10:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=813418

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска на прес конференција го објасни начинот и роковите за пријавување на општините за инфраструктурни проекти.

„Општините можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патна инфраструктура, како и од областа на социјална политика и образованието. Рокот за пополнување на формулар е седум дена, и истиот пополнет со проекти од страна на општината треба да се достави до Министерството за локална самоуправа. Потоа во рок од 10 дена целосната документација од страна на општините се доставува до ресорното министерство од областа на проектот каде ќе се врши евалуација на истиот. Евалуацијата се очекува да заврши во период не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства подготвуваат предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на владина седница“, вели Перински.

Како што додава, средствата ќе се доделат преку шест ресорни министерства.

The post Координативно тело ќе го следи процесот – Перински објасни како општините можат да аплицираат за инфраструктурни проекти! appeared first on Република.

Мицкоски: Отворен јавниот повик за општините, апелирам што повеќе градоначалници да учествуваат на овој повик https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-otvoren-javniot-povik-za-opshtinite-apeliram-shto-poveke-gradonachalnitsi-da-uchestvuvaat-na-ovoj-povik/ Thu, 05 Sep 2024 09:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=813409

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна дека отворен е јавниот повик за општините за инфраструктурни проекти.

Како што порача, за оваа цел наменети се 250 милиони евра, а право за поднесување имаат општините, општините во Град Скопје и Градот Скопје.

„Испраќам апел што е можно повеќе општини независно од политичката провиненција на градоначалниците да учествуваат во овој повик. Ние сме Влада на сите граѓани, и нашата цел е да се подобри животот на сите граѓани“, порача Мицкоски.

Мицкоски вели дека во минатото се правеле вакви проекти во Градот Скопје, но не во сите општини во толкав обем како што е замислата на овие 250 милиони евра.

„До крајот на годината, со овој повик се ставаат во употреба 6 милијарди денари и ова е првата фаза од вкупно 15 милијарди денари за капитални проекти. Одблиску ќе ја следам реализацијата на проектите, а процесот ќе биде целосно транспарентен и на увид на граѓаните“, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Отворен јавниот повик за општините, апелирам што повеќе градоначалници да учествуваат на овој повик appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна дека отворен е јавниот повик за општините за инфраструктурни проекти. Како што порача, за оваа цел наменети се 250 милиони евра, а право за поднесување имаат општините, општините во Град Скопје и Градот Скопје.
„Испраќам апел што е можно повеќе општини независно од политичката провиненција на градоначалниците да учествуваат во овој повик. Ние сме Влада на сите граѓани, и нашата цел е да се подобри животот на сите граѓани“, порача Мицкоски.
Мицкоски вели дека во минатото се правеле вакви проекти во Градот Скопје, но не во сите општини во толкав обем како што е замислата на овие 250 милиони евра.
„До крајот на годината, со овој повик се ставаат во употреба 6 милијарди денари и ова е првата фаза од вкупно 15 милијарди денари за капитални проекти. Одблиску ќе ја следам реализацијата на проектите, а процесот ќе биде целосно транспарентен и на увид на граѓаните“, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Отворен јавниот повик за општините, апелирам што повеќе градоначалници да учествуваат на овој повик appeared first on Република.

]]>
Николоски од Гевгелија: Обезбедивме 100 милиони евра за проекти во општините за оваа година https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-od-gevgelija-obezbedivme-100-milioni-evra-za-proekti-vo-opshtinite-za-ovaa-godina/ Fri, 30 Aug 2024 10:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=811523

Обезбедивме 30 милиони денари за изградба на Западен булевар во Гевгелија и очекувам набрзо да започне неговата изградба. Претходно со околу 10 милиони денари се реконструираше улица во населеното место Мрзенци и ова начинот како оваа Влада дава силна поддршка за развој на општините, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија.

Тој потенцираше дека се обезбедени 100 милиони евра за оваа година за инфраструктурни проекти за општините, а за следната година планирани се 250 милиони евра директна поддршка исто така за проекти во општините.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов го посетија и населеното место Миравци каде пуштија во употреба новоизграден пазар.

„Претходно со премиерот Мицковски бевме во посета и еве за рекордно време до 3 месеци се изгради пазарот што верувам дека ќе помогне на целиот регион. Министерството за транспорт дава силен фокус и поддршка за Гевгелија. Оваа година од средства од земот за Светска банка одобривме 10 милиони денари кои што се реализирани за селото Мрзенци, а пред неколку дена само што ги одобрив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар – Климет Охридски, што практично треба да отвори цел еден нов дел во градот, нешто што е заложба на градоналачникот од првиот ден. Тука секако се и средства што ги определи Владата во висина од 100 милиони евра за оваа година за општинте. Најголем дел од средствата ќе одат преку Министерството за транспорт а во соработка со Гевегелија ќе работиме на реализација на проекти од овие средства”-изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерот Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до ГП Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница во општината. Тој најави дека следи период на силна градежна офанзива во сите општини во државата.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов истакна дека Владата обезбедува силна поддршка за локалниот развој на Гевгелија. Пазарот во н.м. Миравци е проект на општината инвестиција од 4 милиони денари.

The post Николоски од Гевгелија: Обезбедивме 100 милиони евра за проекти во општините за оваа година appeared first on Република.

]]>

Обезбедивме 30 милиони денари за изградба на Западен булевар во Гевгелија и очекувам набрзо да започне неговата изградба. Претходно со околу 10 милиони денари се реконструираше улица во населеното место Мрзенци и ова начинот како оваа Влада дава силна поддршка за развој на општините, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој потенцираше дека се обезбедени 100 милиони евра за оваа година за инфраструктурни проекти за општините, а за следната година планирани се 250 милиони евра директна поддршка исто така за проекти во општините. Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов го посетија и населеното место Миравци каде пуштија во употреба новоизграден пазар. „Претходно со премиерот Мицковски бевме во посета и еве за рекордно време до 3 месеци се изгради пазарот што верувам дека ќе помогне на целиот регион. Министерството за транспорт дава силен фокус и поддршка за Гевгелија. Оваа година од средства од земот за Светска банка одобривме 10 милиони денари кои што се реализирани за селото Мрзенци, а пред неколку дена само што ги одобрив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар – Климет Охридски, што практично треба да отвори цел еден нов дел во градот, нешто што е заложба на градоналачникот од првиот ден. Тука секако се и средства што ги определи Владата во висина од 100 милиони евра за оваа година за општинте. Најголем дел од средствата ќе одат преку Министерството за транспорт а во соработка со Гевегелија ќе работиме на реализација на проекти од овие средства”-изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Министерот Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до ГП Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница во општината. Тој најави дека следи период на силна градежна офанзива во сите општини во државата. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов истакна дека Владата обезбедува силна поддршка за локалниот развој на Гевгелија. Пазарот во н.м. Миравци е проект на општината инвестиција од 4 милиони денари.

The post Николоски од Гевгелија: Обезбедивме 100 милиони евра за проекти во општините за оваа година appeared first on Република.

]]>
Работна група од ЗЕЛС во соработка со МВР изработува закон за комунална полиција https://republika.mk/vesti/skopje/rabotna-grupa-od-zels-vo-sorabotka-so-mvr-izrabotuva-zakon-za-komunalna-politsija/ Wed, 14 Aug 2024 12:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=806504

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, денеска информираше дека работна група од ЗЕЛС веќе работи на изготување на закон за комунална полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Во изјава за медиуми по денешниот координативен состанок со скопските градоначалници, Ѓорѓиевски рече дека во наредниот период и јавноста ќе треба да се запознае со тој закон.

– Размислуваме за закон за комунална полиција. Одредена работна група од ЗЕЛС работи на истото во соработка со МВР. Секако дека ќе треба во наредниот период и јавноста да го види, да се запознае со истиот. Но, мислам дека и конечно донесување на еден таков закон за комунална полиција е нешто што е од сериозна потреба за нашата земја, рече тој.

Според градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, пак, постојните проблеми во град Скопје нема да се решат доколку не се донесе закон за комунална инспекција.

– Нема да ги решиме проблемите ако не го донесеме законот за комунална инспекција. Комуналните инспектори мора да добијат овластувања, да легитимираат, да казнуваат, да приведуваат, да побараат притвор и физички да неутрализираат, посочи тој.

Дополнително, во врска со подобрување на состојбите, рече дека и цените за сервисирање на услугите на граѓаните мора да се зголемат согласно промените на трошоците.

Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донесоа одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило.

Како што информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по денешниот координативен состанок, донеле одлука да побараат предавање на обврските на општините.

– Бараме Владата да назначи владин повереник и да и започне процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на обврските на општините, рече Ѓорѓиевски.

The post Работна група од ЗЕЛС во соработка со МВР изработува закон за комунална полиција appeared first on Република.

]]>

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, денеска информираше дека работна група од ЗЕЛС веќе работи на изготување на закон за комунална полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи. Во изјава за медиуми по денешниот координативен состанок со скопските градоначалници, Ѓорѓиевски рече дека во наредниот период и јавноста ќе треба да се запознае со тој закон. – Размислуваме за закон за комунална полиција. Одредена работна група од ЗЕЛС работи на истото во соработка со МВР. Секако дека ќе треба во наредниот период и јавноста да го види, да се запознае со истиот. Но, мислам дека и конечно донесување на еден таков закон за комунална полиција е нешто што е од сериозна потреба за нашата земја, рече тој. Според градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, пак, постојните проблеми во град Скопје нема да се решат доколку не се донесе закон за комунална инспекција. – Нема да ги решиме проблемите ако не го донесеме законот за комунална инспекција. Комуналните инспектори мора да добијат овластувања, да легитимираат, да казнуваат, да приведуваат, да побараат притвор и физички да неутрализираат, посочи тој. Дополнително, во врска со подобрување на состојбите, рече дека и цените за сервисирање на услугите на граѓаните мора да се зголемат согласно промените на трошоците. Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донесоа одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило. Како што информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по денешниот координативен состанок, донеле одлука да побараат предавање на обврските на општините. – Бараме Владата да назначи владин повереник и да и започне процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на обврските на општините, рече Ѓорѓиевски.  

The post Работна група од ЗЕЛС во соработка со МВР изработува закон за комунална полиција appeared first on Република.

]]>
Скопските градоначалници со предлог до Владата за одземање на ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило https://republika.mk/vesti/skopje/skopskite-gradonachalnitsi-so-predlog-do-vladata-za-odzemane-na-ingerentsiite-na-javnite-pretprijatija-za-komunalna-higiena-i-parkovi-i-zelenilo/ Wed, 14 Aug 2024 10:16:41 +0000 https://republika.mk/?p=806433

Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донеле одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило.

Како што информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по денешниот координативен состанок, донеле одлука да побараат предавање на обврските на општините.

Бараме Владата да назначи владин повереник и да и започне процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на обврските на општините - рече Ѓорѓиевски.

Toj информираше дека на состанокот на кој разговарале околу состојбите со градот и нефункционалноста на претпријатијата присуствувале сите скопски градоначалници, освен двајца кои биле на одмор, но имало нивни претставници.

The post Скопските градоначалници со предлог до Владата за одземање на ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило appeared first on Република.

]]>

Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донеле одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило. Како што информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по денешниот координативен состанок, донеле одлука да побараат предавање на обврските на општините.
Бараме Владата да назначи владин повереник и да и започне процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на обврските на општините - рече Ѓорѓиевски.
Toj информираше дека на состанокот на кој разговарале околу состојбите со градот и нефункционалноста на претпријатијата присуствувале сите скопски градоначалници, освен двајца кои биле на одмор, но имало нивни претставници.

The post Скопските градоначалници со предлог до Владата за одземање на ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило appeared first on Република.

]]>
Седница на Влада: За 2024 година на располагање на општините се 6 милијарди денари кои се обезбедени со новиот ребаланс https://republika.mk/vesti/ekonomija/sednitsa-na-vlada-za-2024-godina-na-raspolagane-na-opshtinite-se-6-milijardi-denari-koi-se-obezbedeni-so-noviot-rebalans/ Wed, 31 Jul 2024 13:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=802021

Владата ја усвои информацијата на Министерството за локална самоуправа за конкретни активности за финансирање на капитални проекти во општините, за кои владата согласно својата програма има план да инвестира 250 милиони евра.

За 2024 година на располагање на општините се 6 милијарди денари кои се обезбедени со новиот ребаланс. Досега Министерството за локална самоуправа преку партнерство со УНДП и Шведската амбасада подготви 56 проектни документации за капитални инвестиции и проекти, од кои 54 за општински проекти и 2 проекти за планските региони. 17 се од областа на комунална, транспортна и бизнис инфраструктура,15 од социјалната инфраструктура и 22 од водоводната инфраструктура и заштита на животната средина. Владата го задолжи министерството да формира Комисија за оценка на предложените проекти.

The post Седница на Влада: За 2024 година на располагање на општините се 6 милијарди денари кои се обезбедени со новиот ребаланс appeared first on Република.

]]>

Владата ја усвои информацијата на Министерството за локална самоуправа за конкретни активности за финансирање на капитални проекти во општините, за кои владата согласно својата програма има план да инвестира 250 милиони евра. За 2024 година на располагање на општините се 6 милијарди денари кои се обезбедени со новиот ребаланс. Досега Министерството за локална самоуправа преку партнерство со УНДП и Шведската амбасада подготви 56 проектни документации за капитални инвестиции и проекти, од кои 54 за општински проекти и 2 проекти за планските региони. 17 се од областа на комунална, транспортна и бизнис инфраструктура,15 од социјалната инфраструктура и 22 од водоводната инфраструктура и заштита на животната средина. Владата го задолжи министерството да формира Комисија за оценка на предложените проекти.

The post Седница на Влада: За 2024 година на располагање на општините се 6 милијарди денари кои се обезбедени со новиот ребаланс appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ќе обезбедиме 100 милиони евра за капитални проекти во општините https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-ke-obezbedime-100-milioni-evra-za-kapitalni-proekti-vo-opshtinite/ Tue, 09 Jul 2024 19:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=795085

Тоа што ветивме ќе реализираме. Денеска ги обезбедив првите 12 милиони евра за локални улици за општините, до крај на месецот со ребаланост ќе обезбедиме уште 88 милиони евра за капитални проекти, истакна министерот за транспорт Александар Николоски во емисијата “За или Против” на телевизија Алфа.

Тој потенцираше дека ова е дел од пакетот помош за општините од 100 милиони евра, финансиска мерка што беше ветена на општините, а веќе планирана да се реализира со ребалансот кој се очекува овој месец да се изгласа во Собранието.

Ќе реализираме тоа што го ветивме. И покрај дупката во Буџетот почнуваме со релизација на проектите што ги ветувавме. Следаната година ќе креираме сами буџет и ќе можеме да ги реализираме политиките што ги ветивме. Но и оваа година во вакви тешки услови почнуваме со реализација. Јавноста знае дека донесовме одлука за зголемување на пензиите за 5 илјади денари линеарно. 12 милиони евра денеска обезбедив за изгрaдба и реконструкција на локaлни улици и патишта, проект што го работиме преку Светска банка, а и останатите ќе ги обезбедиме со ребалансот така што општините до крај на годината ќе имаат на располагање стотина милиони евра за капитални пректи,” изјави министерот Николоски.

На прашање за изградба на пругата кон Бугарија, тој потенцираше дека не е против изградба на пруга на Коридор 10, но како што рече, изградбата на пругата е незивесна бидејќи се соочува со бројни проблеми.

Јас нема да дозволам да се трошат толку пари за нешто што нема да се користи. Не треба да инвестираме во пруга каде возовите немa да можат да се движат повеќе од 60 километри на час. Вториот проблем е што пругата не е до крај испоректирана, не знаеме дали Бугарите ќе го изградат својот дел од пругата. Најголем проблем е што границата треба да се премости со тунел кој е испроектиран само до пола. За мене најкористен проект за Македонија е изградба на брза пруга од Скопје до Солун која треба да оперира со 200 километри на час за патници и до 160 километри на час за карго превоз. Тоа значи дека низ Македонија да оди целиот товар кој би се превезувал до Централна Европа, а патувањето од Скопје до Солун да биде до 1 час и 15 минути. Но таа пруга продолжува на север кон Ниш, Белгард, Нови Сад, Суботица и Будимпешта и треба да биде главниот крвоток на Централна Европа. Со тоа Македонија би ја вратила својата клучна позиција на Балканот, истакна Николоски.

Тој најави дека оваа година ќе биде завршена изградбата на прва и втора фаза од експресниот пат од Градско до Прилеп, како и експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка.

The post Николоски: Ќе обезбедиме 100 милиони евра за капитални проекти во општините appeared first on Република.

]]>

Тоа што ветивме ќе реализираме. Денеска ги обезбедив првите 12 милиони евра за локални улици за општините, до крај на месецот со ребаланост ќе обезбедиме уште 88 милиони евра за капитални проекти, истакна министерот за транспорт Александар Николоски во емисијата “За или Против” на телевизија Алфа. Тој потенцираше дека ова е дел од пакетот помош за општините од 100 милиони евра, финансиска мерка што беше ветена на општините, а веќе планирана да се реализира со ребалансот кој се очекува овој месец да се изгласа во Собранието.
Ќе реализираме тоа што го ветивме. И покрај дупката во Буџетот почнуваме со релизација на проектите што ги ветувавме. Следаната година ќе креираме сами буџет и ќе можеме да ги реализираме политиките што ги ветивме. Но и оваа година во вакви тешки услови почнуваме со реализација. Јавноста знае дека донесовме одлука за зголемување на пензиите за 5 илјади денари линеарно. 12 милиони евра денеска обезбедив за изгрaдба и реконструкција на локaлни улици и патишта, проект што го работиме преку Светска банка, а и останатите ќе ги обезбедиме со ребалансот така што општините до крај на годината ќе имаат на располагање стотина милиони евра за капитални пректи,” изјави министерот Николоски.
На прашање за изградба на пругата кон Бугарија, тој потенцираше дека не е против изградба на пруга на Коридор 10, но како што рече, изградбата на пругата е незивесна бидејќи се соочува со бројни проблеми.
Јас нема да дозволам да се трошат толку пари за нешто што нема да се користи. Не треба да инвестираме во пруга каде возовите немa да можат да се движат повеќе од 60 километри на час. Вториот проблем е што пругата не е до крај испоректирана, не знаеме дали Бугарите ќе го изградат својот дел од пругата. Најголем проблем е што границата треба да се премости со тунел кој е испроектиран само до пола. За мене најкористен проект за Македонија е изградба на брза пруга од Скопје до Солун која треба да оперира со 200 километри на час за патници и до 160 километри на час за карго превоз. Тоа значи дека низ Македонија да оди целиот товар кој би се превезувал до Централна Европа, а патувањето од Скопје до Солун да биде до 1 час и 15 минути. Но таа пруга продолжува на север кон Ниш, Белгард, Нови Сад, Суботица и Будимпешта и треба да биде главниот крвоток на Централна Европа. Со тоа Македонија би ја вратила својата клучна позиција на Балканот, истакна Николоски.
Тој најави дека оваа година ќе биде завршена изградбата на прва и втора фаза од експресниот пат од Градско до Прилеп, како и експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка.  

The post Николоски: Ќе обезбедиме 100 милиони евра за капитални проекти во општините appeared first on Република.

]]>
Точно ќе се знае за кој проект, колку пари ќе бидат наменети, вели Мицкоски за средствата што ќе им бидат дадени на општините https://republika.mk/vesti/ekonomija/tochno-ke-se-znae-za-koj-proekt-kolku-pari-ke-bidat-nameneti-veli-mitskoski-za-sredstvata-shto-ke-im-bidat-dadeni-na-opshtinite/ Mon, 01 Jul 2024 12:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=792431

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека средствата од Буџетот што ќе бидат наменети за општините ќе им бидат префрлени на локалните самоуправи откако тие ќе достават проекти и точно ќе се знае за кој проект, колку средства ќе бидат наменети.

Средствата ќе бидат префрлени до општините откако претходно општините ќе достават проекти на наменска сметка, нема да бидат префрлени на редовна сметка на општините за тие да ги користат за тековно работење – за плати или плаќање на стари долгови, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по ставањето камен-темелник на нова градинка во општина Бутел.

Најави дека многу скоро ребалансот на Буџетот ќе се најде во собраниска процедура и точно ќе се знае како и од која ставка ќе бидат обезбедени средствата.

Имаме граѓани кои, за жал, во 21 век немаат вода за пиење во центарот на урбаните средини, да не зборувам за канализациски организирани средини, игралишта за најмладите, спортски или со детски играчки, улици, булевари, се уште по кал се гази. Тоа се проектите што ќе бидат финансирани од оваа Влада, рече Мицкоски.

Во однос на инвестицијата со ветерниот парк што ја презентираше на вториот ден од изборот на Владата, Мицкоски рече дека се е согласно закон и дека земјиштето нема да се оттуѓи, туку ќе му биде дадено на располагање на инвеститорот.

Се е по закон, никакви привилегии, никакви права и никакви обврски немаат граѓаните, ниту државата. Ние не бевме против Чебрен, туку бевме против процедурата со која што потенцијалниот инвеститор, би рекол, практично беше измамен од страна на тендерската комисија којашто го имаше подготвено тој повик бидејќи едни биле условите на почеток, а други на крајот на таа процедура, рече Мицкоски.

За изградбата на „Чебрен“, рече дека негов личен став е дека треба државата да има ваква акумулација и дека треба да се обезбедат средства и сами да го градиме овој објект.

И во предизборието кажавме и сега ќе кажам - треба да одлучиме дали „Чебрен“ сакаме како држава да го градиме за тоа да земеме финансии и како држава да го градиме или ќе бараме приватен инвеститор којшто ќе го изгради проектот од почеток до крај без какви било концесии коишто ќе дојдат од државна страна. Тоа е она кое што како држава треба да расчистиме и како Влада да го направиме. Длабоко сум убеден дека на Македонија и како држава и е потребен уште еден резервоар за вода, односно да се изгради уште една акумулација што ќе биде потенцијален резервоар за вода, бидејќи имајќи ги предвид климатските промени и годините што следат, тоа ќе ни биде потребно за идните генерации, истакна Мицкоски.

Реализацијата на овој проект, според Мицкоски, ќе обезбеди и дополнителен капацитет за наводнување на Тиквешкото Поле и туристички потенцијал односно изградба на викенд населби, хотели итн., коишто ќе можат да привлечат голем број туристи.

The post Точно ќе се знае за кој проект, колку пари ќе бидат наменети, вели Мицкоски за средствата што ќе им бидат дадени на општините appeared first on Република.

Општините да ги спремат проектите, ќе добијат 250 милиони евра, најави Перински https://republika.mk/vesti/makedonija/opshtinite-da-gi-spremat-proektite-ke-dobijat-250-milioni-evra-najavi-perinski/ Sun, 30 Jun 2024 20:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=792230

Општините да спремат проекти, ќе добијат 250 милиони евра. Ставаме 250 милиоми евра на располагање на локалните самоуправи, кои понатаму треба да ги ефектуираат во проекти кои што ќе бидат од капитално и инфраструктурно значење за да го поттикнат и подобрат животот на граѓаните во нивните населени места, кажа Златко Перински, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за локална самоуправа во владата во вечерашното гостување на Сител телевизија.

Тој рече дека Владата точно ја дефинирала методологијата како ќе се распределуваат средствата, потенцирајќи дека ребалансот на буџетот ќе заврши на крајот на месец јули, по што Министерството ќе отвори јавен повик за општините да можат да учествуваат со предлог проекти на истиот.

Во оваа прилика ќе ги повикам и сите градоначалници да си ја дозавршат својата домашна задача, да ги дозавршат своите проекти, доколку се недовршени, за да можат да учествуваат на јавниот повик, кој што го планираме некаде отприлика да се случи во септември, рече тој и додаде дека овие пари ќе се доделуваат на годишно ниво и за 5 до 6 месеци од сега општините ќе имаат повторно можност да аплицираат за нови средства, преку нови проекти.

The post Општините да ги спремат проектите, ќе добијат 250 милиони евра, најави Перински appeared first on Република.

]]>

Општините да спремат проекти, ќе добијат 250 милиони евра. Ставаме 250 милиоми евра на располагање на локалните самоуправи, кои понатаму треба да ги ефектуираат во проекти кои што ќе бидат од капитално и инфраструктурно значење за да го поттикнат и подобрат животот на граѓаните во нивните населени места, кажа Златко Перински, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за локална самоуправа во владата во вечерашното гостување на Сител телевизија. Тој рече дека Владата точно ја дефинирала методологијата како ќе се распределуваат средствата, потенцирајќи дека ребалансот на буџетот ќе заврши на крајот на месец јули, по што Министерството ќе отвори јавен повик за општините да можат да учествуваат со предлог проекти на истиот.
Во оваа прилика ќе ги повикам и сите градоначалници да си ја дозавршат својата домашна задача, да ги дозавршат своите проекти, доколку се недовршени, за да можат да учествуваат на јавниот повик, кој што го планираме некаде отприлика да се случи во септември, рече тој и додаде дека овие пари ќе се доделуваат на годишно ниво и за 5 до 6 месеци од сега општините ќе имаат повторно можност да аплицираат за нови средства, преку нови проекти.
 
The post Општините да ги спремат проектите, ќе добијат 250 милиони евра, најави Перински appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во три, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-pobedi-vo-60-opshtini-pendarovski-vo-tri-osmani-vo-15-taravari-i-dimitrievski-vo-po-edna/ Thu, 25 Apr 2024 07:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=770775

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина.

Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),

Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)

Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %).

The post Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во три, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една appeared first on Република.

]]>

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %), Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %). Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %) Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %).  

The post Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во три, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една appeared first on Република.

]]>
Промоција на интерактивната апликација „Комунити“ преку која граѓаните може директно да комуницираат со општинската власт https://republika.mk/vesti/makedonija/promotsija-na-interaktivnata-aplikatsija-komuniti-preku-koja-graganite-mozhe-direktno-da-komunitsiraat-so-opshtinskata-vlast/ Sat, 09 Mar 2024 08:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=752874

На плоштадот во Гевгелија денеска ќе биде промовирана интерактивната апликација „Комунити“ преку која граѓаните може да ги дознаат сите информации поврзани со општината во која живеат и директно да комуницираат со општинската власт за прашањата кои им се важни.

Покрај тоа, како што велат креаторите на апликацијата од „Индиго“, граѓаните може да праќаат известувања, поплаки или пак да пишуваат статии.

Апликацијата е изградена врз принципите на инклузивност и достапност кон корисниците, обезбедувајќи дека сите членови на заедницата - без оглед на возраста, потеклото или техничкото знаење - можат активно да учествуваат во обликувањето на иднината на нивната општина. Преземањето на апликацијата Комунити е многу едноставно преку мобилните продавници за апликации (App store), со персонализирање на искуството на корисниците, уредување на профилот и регистрирање на личните преференции, по што веднаш може да се користи, велат од „Индиго“.

Како што велат оттаму, овој интерактивен настан има за цел да поттикне поврзување, соработка и позитивни промени во заедниците низ општините, а е првиот во низата настани и ќе биде збогатен со музички перформанс, доделување на награди на најактивните посетители и сл.

Како што посочуваат, „Комунити“ караванот е осмислен како динамичен настан за вклучување на различни чинители во заедницата, вклучувајќи локални лидери, активисти, едукатори, претприемачи и жители. Преку серија интерактивни обуки и сесии за вмрежување, учесниците ќе имаат можност да станат дел од големото Комунити семејство.

Преку ова патувачко претставување, граѓаните од општините Гевгелија, Струмица, Гостивар, Охрид, Чаир и Шуто Оризари ќе земат активно учество во одржливиот развој на заедницата, зачувувањето на животната средина, различноста и вклученоста, дигиталната писменост и вклученост на сите чинители во поедноставен живот. Веруваме дека енергичните заедници се изградени врз основа на соработка, емпатија и заедничка цел. Комунити е проект на кој сме особено горди и кој e резултат на нашата посветеност за зајакнување на иницијативите и спроведување на позитивните промени на локално ниво. Нашата главна цел со имплементирање на Комунити платформата не е само да инспирираме и едуцираме, туку и да поттикнеме акција. Сакаме секој учесник да покаже чувство на енергија, подготвеност и моќ да направи видлива разлика во својата заедница, велат од „Индиго“.

Настанот е организиран во рамки на проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“, спроведуван од асоцијацијата Конект, a во партнерство со Фондацијата Аполонија, Индиго и ЕВН

The post Промоција на интерактивната апликација „Комунити“ преку која граѓаните може директно да комуницираат со општинската власт appeared first on Република.

]]>

На плоштадот во Гевгелија денеска ќе биде промовирана интерактивната апликација „Комунити“ преку која граѓаните може да ги дознаат сите информации поврзани со општината во која живеат и директно да комуницираат со општинската власт за прашањата кои им се важни. Покрај тоа, како што велат креаторите на апликацијата од „Индиго“, граѓаните може да праќаат известувања, поплаки или пак да пишуваат статии.
Апликацијата е изградена врз принципите на инклузивност и достапност кон корисниците, обезбедувајќи дека сите членови на заедницата - без оглед на возраста, потеклото или техничкото знаење - можат активно да учествуваат во обликувањето на иднината на нивната општина. Преземањето на апликацијата Комунити е многу едноставно преку мобилните продавници за апликации (App store), со персонализирање на искуството на корисниците, уредување на профилот и регистрирање на личните преференции, по што веднаш може да се користи, велат од „Индиго“.
Како што велат оттаму, овој интерактивен настан има за цел да поттикне поврзување, соработка и позитивни промени во заедниците низ општините, а е првиот во низата настани и ќе биде збогатен со музички перформанс, доделување на награди на најактивните посетители и сл. Како што посочуваат, „Комунити“ караванот е осмислен како динамичен настан за вклучување на различни чинители во заедницата, вклучувајќи локални лидери, активисти, едукатори, претприемачи и жители. Преку серија интерактивни обуки и сесии за вмрежување, учесниците ќе имаат можност да станат дел од големото Комунити семејство.
Преку ова патувачко претставување, граѓаните од општините Гевгелија, Струмица, Гостивар, Охрид, Чаир и Шуто Оризари ќе земат активно учество во одржливиот развој на заедницата, зачувувањето на животната средина, различноста и вклученоста, дигиталната писменост и вклученост на сите чинители во поедноставен живот. Веруваме дека енергичните заедници се изградени врз основа на соработка, емпатија и заедничка цел. Комунити е проект на кој сме особено горди и кој e резултат на нашата посветеност за зајакнување на иницијативите и спроведување на позитивните промени на локално ниво. Нашата главна цел со имплементирање на Комунити платформата не е само да инспирираме и едуцираме, туку и да поттикнеме акција. Сакаме секој учесник да покаже чувство на енергија, подготвеност и моќ да направи видлива разлика во својата заедница, велат од „Индиго“.
Настанот е организиран во рамки на проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“, спроведуван од асоцијацијата Конект, a во партнерство со Фондацијата Аполонија, Индиго и ЕВН

The post Промоција на интерактивната апликација „Комунити“ преку која граѓаните може директно да комуницираат со општинската власт appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да ги консолидираат општините и да се спремат за издавање општински обврзници за капитални проекти, владата на ДУИ поддржана од СДС ги опструира https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnitsite-na-vmro-dpmne-uspeaja-da-gi-konsolidiraat-opshtinite-i-da-se-spremat-za-izdavane-opshtinski-obvrznitsi-za-kapitalni-proekti-vladata-na-dui-poddrzhana-od-sds-gi-opstruira/ Wed, 01 Feb 2023 12:49:24 +0000 https://republika.mk/?p=603384

Општините беа, сега веќе се во добра одлична кондиција бидејќи имаат капацитет да се задолжат, во многу лоша хаотична ситуација со празни сметки, со лошо менаџирање во јавните претпријатија и овие 42 градоначалника од редовите на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го кренат потенцијалот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од увидот на градежните работи на улици во Општина Карбинци, запрашан за коментар за општинските обврзници за кои од власта сметаат дека станува збор за ново задолжување на граѓаните.

Мицкоски појасни дека токму поради домаќинското работење на градоначалниците на од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, успеаја да ги консолидираат општините и јавните претпријатија кои од нивните претходници од СДСМ ги наследија со блокирани сметки, македонските институции како Министерство за финансии, Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза дадоа позитивни мислења за да можат општините да издадат општински обврзници со кои би дошле до дополнителни финансиски средства да за реализираат капитални инвестиции.

Како резултат на тој потенцијал би ја споменал втората работа, а тоа е дека државните институции, тука пред се мислам на Министерството за финансии, потоа Комисијата за хартии од вредност, Македонската берза дадоа согласност да овие општини, еве тука е да речеме соседната на Карбинци, Штип имајќи го предвид потенцијалот свој, да се задолжи и да издаде за прв пат општинска обврзница. На Балканот тоа прв пат се прави. Прв пат се издаваат општински обврзници да можат луѓето сите да учествуваат, сите граѓани да учествуваат и да речат, јас ќе вложам средства во општинска обврзница за да ми биде изграден мостот, да ни биде реновирано училиштето, да биде изградена ваква една улица со канализација и со тротоар, игралиште спортско, детска градинка и така натаму, рече Мицкоски.

Како трето образложение, Мицкоски посочува, за жал владата на ДУИ поддржана од СДСМ и Ковачевски одлучија да ги опструираат овие обврзници за кои општините имаат потенцијал за изнаоѓање средства за изградба на градинки, училишта, булевари, улици и така натаму, наспроти власта која се задолжува, на пример, за 100 милиони евра, а на сметка на тоа сака да ги затвори РЕК Битола и Осломеј со што пет илјади луѓе ќе остави на улица.

Е сега, четврто, да направиме споредба. Општините имаат потенцијал да се задолжат за капитални проекти, за капитални проекти, да повторам градинки, училишта, булевари, улици, спортски игралишта, детски игралишта. А како се задолжува владата? Владата вика ќе земам 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, но за да ги земам тие 100 милиони евра ќе ги затворам РЕК Битола, ќе го затворам Осломеј и ќе оставам пет илјади луѓе на улица. Тоа се пет илјади семејства директно на улица. Тоа е разликата. ВМРО-ДПМНЕ прави магии за да обезбеди дополнителни пари за да се реализираат капиталните проекти, а СДСМ уништува тоа што го наследил од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа е разликата помеѓу едните и другите и тој е убеден дека на следните парламентарни избори народот ќе даде огромна поддршка за да продолжат да ја развиваат Македонија, а нема да им даде поддршка на овие политички криминалци, измамници кои што треба еднаш засекогаш да заминат на политичките маргини.

https://www.youtube.com/watch?v=GH2eiWi8aA8

The post Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да ги консолидираат општините и да се спремат за издавање општински обврзници за капитални проекти, владата на ДУИ поддржана од СДС ги опструира appeared first on Република.