општина Лозово Archives - Република https://republika.mk/tema/opshtina-lozovo/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Apr 2022 19:58:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина Лозово Archives - Република https://republika.mk/tema/opshtina-lozovo/ 32 32 СДСМ се оградува од советниците во Лозово, се заканува со нивно исклучување од партијата https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-se-ograduva-od-sovetnicite-vo-lozovo-se-zakanuva-so-nivno-iskluchuvanje-od-partijata/ Wed, 20 Apr 2022 19:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=491421

СДСМ ја информира јавноста дека не се целосно точни пласираните информации дека симболот на поранешното знаме (Сонцето од Кутлеш) со одлука на советот на општина Лозово е веќе официјално знаме на општината.

Не станува збор за донесена одлука на Советот, туку за заклучок со којшто се задолжува општинската администрација да провери дали овој симбол на поранешното знаме може да биде официјално знаме на општина Лозово.

-Иако не станува збор за конечна одлука, СДСМ се оградува од ова несоодветно однесување на советниците коешто може да се толкува дека е во спротивност пред сѐ со државните интереси, со добрососедските односи со Грција, но и со политиките и статутарните одредби на СДСМ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/znameto-so-16-kraci-stana-oficijalen-simbol-na-opshtina-lozovo/

Вакви непромислени постапки може да отворат прашања за непочитување на меѓународните договори, што негативно влијание на стратешките интереси на државата. Во конкретниот случај, Преспанскиот договор, кој директно го овозможува нашето членство во НАТО и го помага процесот на преговори со ЕУ.

Во интерес на нашата држава е да го почитуваме и доследно да го имплементираме Договорот што помогна да ја надминеме најголемата пречка што го блокираше нашиот меѓународен развој.

Во оваа насока, информираме дека Надзорниот одбор на СДСМ започна постапка, го разгледува овој случај и утврдува прекршување на етичкиот кодекс и статутарните одредби. Врз основа на одлуката на ова партиско тело ќе произлезат одлуки дали советниците на СДСМ ќе бидат исклучени од партијата, стои во реакцијата на партијата.

The post СДСМ се оградува од советниците во Лозово, се заканува со нивно исклучување од партијата appeared first on Република.

]]>

СДСМ ја информира јавноста дека не се целосно точни пласираните информации дека симболот на поранешното знаме (Сонцето од Кутлеш) со одлука на советот на општина Лозово е веќе официјално знаме на општината. Не станува збор за донесена одлука на Советот, туку за заклучок со којшто се задолжува општинската администрација да провери дали овој симбол на поранешното знаме може да биде официјално знаме на општина Лозово.
-Иако не станува збор за конечна одлука, СДСМ се оградува од ова несоодветно однесување на советниците коешто може да се толкува дека е во спротивност пред сѐ со државните интереси, со добрососедските односи со Грција, но и со политиките и статутарните одредби на СДСМ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/znameto-so-16-kraci-stana-oficijalen-simbol-na-opshtina-lozovo/
Вакви непромислени постапки може да отворат прашања за непочитување на меѓународните договори, што негативно влијание на стратешките интереси на државата. Во конкретниот случај, Преспанскиот договор, кој директно го овозможува нашето членство во НАТО и го помага процесот на преговори со ЕУ. Во интерес на нашата држава е да го почитуваме и доследно да го имплементираме Договорот што помогна да ја надминеме најголемата пречка што го блокираше нашиот меѓународен развој. Во оваа насока, информираме дека Надзорниот одбор на СДСМ започна постапка, го разгледува овој случај и утврдува прекршување на етичкиот кодекс и статутарните одредби. Врз основа на одлуката на ова партиско тело ќе произлезат одлуки дали советниците на СДСМ ќе бидат исклучени од партијата, стои во реакцијата на партијата.

The post СДСМ се оградува од советниците во Лозово, се заканува со нивно исклучување од партијата appeared first on Република.

]]>
Знамето со 16 краци стана официјален симбол на општина Лозово https://republika.mk/vesti/makedonija/znameto-so-16-kraci-stana-oficijalen-simbol-na-opshtina-lozovo/ Tue, 19 Apr 2022 21:02:22 +0000 https://republika.mk/?p=490838

Советот на општината Лозово денеска со седум гласа „за“ и два против го усвои предлогот 16-крако жолто сонце со десет сини цвета во внатрешниот дел на црвена подлога да биде официјално знаме на општината. Предлогот беше поднесен од Зоран Иванов, советник од ТМРО, објави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

За предлогот гласаа тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ и советникот Иванов. Против беа советникот од ЛДП-ДОМ, како и независниот советник, велат од ТМРО.

Тргнувајќи од историскиот факт дека Република Македонија 1991 е конституирана како матична држава на македонскиот народ, наша должност како Македонци е да го чуваме и негуваме македонскиот идентитет и обележјата на секаде, вклучително и општините. Очекуваме советниците да го изгласаат македонското 16-крако сонце за знаме на Општината или во спротивно со референдум тоа ќе го направат жителите“, пишува во предлогот на ТМРО.

Велигденскиот подарок за Македонците каде и да се. Сакам да ве известам дека денес успеавме и ова е за прв пат во Македонија ,Македонскиот национален симбол да биде официјален во една општина. Се надевам дека предлогот на ТМРО ќе биде прифатен и во други општини“, напиша Шехтански на Фејсбук.

The post Знамето со 16 краци стана официјален симбол на општина Лозово appeared first on Република.