општина чашка Archives - Република https://republika.mk/tema/opshtina-chashka/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 08:33:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина чашка Archives - Република https://republika.mk/tema/opshtina-chashka/ 32 32 Локализиран пожарот меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lokaliziran-pozharot-megu-selata-drenovo-i-dolno-jabolchishte/ Mon, 15 Jul 2024 08:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=796902

Утрово во 7:30 часот е локализиран шумскиот пожар во кој гореше нискостеблеста деградирана и дабова шума на планината Лисец, меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште. Се уште чади во високиот дел од планината на карпите и засега нема опасност по шумата, информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според нив, штетата по шумскиот фонд треба да ја утврдат екипи на Шумското стопанство „Бабуна“, кое стопанисува со шумата. Шумарите, еколозите и љубителите на природата и планината потенцираат дека штетата направена по животната средина е непроценлива.

Овој шумски пожар беше пријавен во Регионалниот центар за управување со кризи во Велес во саботата попладне, во 17:50 часот, а во негово гаснење вчера беа вклучени најпрво екипи на ШС „Бабуна“ од Велес, а потоа и екипа од вработени во Општина Чашка.

 

The post Локализиран пожарот меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште appeared first on Република.

]]>

Утрово во 7:30 часот е локализиран шумскиот пожар во кој гореше нискостеблеста деградирана и дабова шума на планината Лисец, меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште. Се уште чади во високиот дел од планината на карпите и засега нема опасност по шумата, информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи. Според нив, штетата по шумскиот фонд треба да ја утврдат екипи на Шумското стопанство „Бабуна“, кое стопанисува со шумата. Шумарите, еколозите и љубителите на природата и планината потенцираат дека штетата направена по животната средина е непроценлива. Овој шумски пожар беше пријавен во Регионалниот центар за управување со кризи во Велес во саботата попладне, во 17:50 часот, а во негово гаснење вчера беа вклучени најпрво екипи на ШС „Бабуна“ од Велес, а потоа и екипа од вработени во Општина Чашка.  

The post Локализиран пожарот меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште appeared first on Република.

]]>
Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори https://republika.mk/vesti/makedonija/pretresi-vo-chashka-privedeni-dve-litsa-poradi-osnovi-na-somnenie-za-potkup-pri-izbori/ Mon, 06 May 2024 19:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=774825

Денеска (06.05.2024) во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело " поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава" со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. И.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така денеска, во 17.00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода А.Ч.(50) од село Мелница, општина Чашка.

При претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело "поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол ,,Валтер" со една рамка, еден пиштол „Црвена застава", еден пиштол „Бул" со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986 670 денари во разни апоени и 2 325 евра во разни апоени. А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори appeared first on Република.

]]>

Денеска (06.05.2024) во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело " поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава" со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. И.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така денеска, во 17.00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода А.Ч.(50) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело "поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол ,,Валтер" со една рамка, еден пиштол „Црвена застава", еден пиштол „Бул" со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986 670 денари во разни апоени и 2 325 евра во разни апоени. А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори appeared first on Република.

]]>