општа болница Archives - Република https://republika.mk/tema/opshta-bolnica/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Oct 2022 10:02:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општа болница Archives - Република https://republika.mk/tema/opshta-bolnica/ 32 32 Кумановки нема веќе да патуваат за Скопје на преглед, Општата болница до крајот на годината ќе добие мамограф https://republika.mk/vesti/kumanovki-nema-vekje-da-patuvaat-za-skopje-na-pregled-opshtata-bolnica-do-krajot-na-godinata-kje-dobie-mamograf/ Wed, 19 Oct 2022 10:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=562933

Кумановската општа болница ќе добие мамограф, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали од плоштадот каде присуствуваше на настан за промоција на вакцинацијата.

Уште стојам на ветеното дека до крајот на годината мамографот во Куманово ќе стигне, тоа е сигурно. Тоа е поддршка на болницата од страна на Министерството за здравство, во соработка со Светска банка. Тоа се процедури коишто ние мораме да ги запазиме и да ги испочитуваме да се реализира јавната набавка којашто е многу поголема од еден мамограф во Куманово, изјави министерот за МИА.

Тој појасни дека се работи за набавка којашто е испланирана за дванаесет јавни здравствени установи со различни типови опременост, со цел децентрализација на здравствените услуги што ги даваме во Клиничкиот универзитетски центар во Скопје.

Така што до крајот на годината обезбедуваме мамограф, кумановки ќе можат да се вклучат во годишната програма за заштита на здравјето на жените, истакна министерот Сали.

Кумановки веќе петта година мора да патуваат во Скопје или соседните, помали општини за да извршат редовна контрола на мамограф. На ниво на општина Куманово преглед прават од 200 до 300 случаи на годишно ниво. Мамографот во општата болница Куманово, поради дотраеност и дефект, престана да функционира во октомври 2017-та година. Стариот апарат кој исто така беше донација и се користеше 21 година. Според податоците на болницата, стариот апарат почнал да се користи во 1996-та година и извесен период поради дотраеноста, не се користеше за скрининг.

Според податоците на болницата, најмладата пациентка на која и е дијагностицирано рак на дојка од Куманово е во раните дваесетти години, највозрасната во 80-тите.

 

The post Кумановки нема веќе да патуваат за Скопје на преглед, Општата болница до крајот на годината ќе добие мамограф appeared first on Република.

]]>

Кумановската општа болница ќе добие мамограф, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали од плоштадот каде присуствуваше на настан за промоција на вакцинацијата.
Уште стојам на ветеното дека до крајот на годината мамографот во Куманово ќе стигне, тоа е сигурно. Тоа е поддршка на болницата од страна на Министерството за здравство, во соработка со Светска банка. Тоа се процедури коишто ние мораме да ги запазиме и да ги испочитуваме да се реализира јавната набавка којашто е многу поголема од еден мамограф во Куманово, изјави министерот за МИА.
Тој појасни дека се работи за набавка којашто е испланирана за дванаесет јавни здравствени установи со различни типови опременост, со цел децентрализација на здравствените услуги што ги даваме во Клиничкиот универзитетски центар во Скопје.
Така што до крајот на годината обезбедуваме мамограф, кумановки ќе можат да се вклучат во годишната програма за заштита на здравјето на жените, истакна министерот Сали.
Кумановки веќе петта година мора да патуваат во Скопје или соседните, помали општини за да извршат редовна контрола на мамограф. На ниво на општина Куманово преглед прават од 200 до 300 случаи на годишно ниво. Мамографот во општата болница Куманово, поради дотраеност и дефект, престана да функционира во октомври 2017-та година. Стариот апарат кој исто така беше донација и се користеше 21 година. Според податоците на болницата, стариот апарат почнал да се користи во 1996-та година и извесен период поради дотраеноста, не се користеше за скрининг. Според податоците на болницата, најмладата пациентка на која и е дијагностицирано рак на дојка од Куманово е во раните дваесетти години, највозрасната во 80-тите.  

The post Кумановки нема веќе да патуваат за Скопје на преглед, Општата болница до крајот на годината ќе добие мамограф appeared first on Република.

]]>