опожарен Archives - Република https://republika.mk/tema/opozaren/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Jul 2022 14:09:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png опожарен Archives - Република https://republika.mk/tema/opozaren/ 32 32 Нов случај на опожарен автомобил во Прилеп https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-sluchaj-na-opozaren-avtomobil-vo-prilep/ Thu, 21 Jul 2022 09:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=531725

Нов случај во кој опожарен е уште еден автомобил рано утринава е регистриран во Прилеп.

Од Општината велат дека случајно или намерно не престанува опожарувањето на автомобили, а овој пат „на мета“ бил автомобилот на раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Прилеп.

Ова е обид за повторно нарушување на безбедносната состојба во Прилеп. Општината и Советот на Општина Прилеп веќе неколку месеци бараат одговорност од Министерството за внатрешни работи и ОВР Прилеп. Но се чини дека после сите апели од градоначалникот и советниците, централната власт и надлежните институции остануваат глуви и ги оставаат граѓаните на Прилеп секоја ноќ да стравуваат за својата безбедност и безбедноста на својот имот, велат од Општината.

Оттаму го осудуваат чинот на насилство, кој последователно се случува во Прилеп и го нарушува јавниот ред и мир во градот.

-Бараме под итно да се стави крај на ваквите немили сцени кои влеваат страв и несигурност кај граѓаните, а МВР и ОВР Прилеп да понесат одговорност и да најдат начин да превенираат во зачувувањето на редот и мирот со цел во иднина да не се повторуваат вакви застрашувачки сцени, велат од Општината.

The post Нов случај на опожарен автомобил во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Нов случај во кој опожарен е уште еден автомобил рано утринава е регистриран во Прилеп. Од Општината велат дека случајно или намерно не престанува опожарувањето на автомобили, а овој пат „на мета“ бил автомобилот на раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Прилеп. Ова е обид за повторно нарушување на безбедносната состојба во Прилеп. Општината и Советот на Општина Прилеп веќе неколку месеци бараат одговорност од Министерството за внатрешни работи и ОВР Прилеп. Но се чини дека после сите апели од градоначалникот и советниците, централната власт и надлежните институции остануваат глуви и ги оставаат граѓаните на Прилеп секоја ноќ да стравуваат за својата безбедност и безбедноста на својот имот, велат од Општината. Оттаму го осудуваат чинот на насилство, кој последователно се случува во Прилеп и го нарушува јавниот ред и мир во градот. -Бараме под итно да се стави крај на ваквите немили сцени кои влеваат страв и несигурност кај граѓаните, а МВР и ОВР Прилеп да понесат одговорност и да најдат начин да превенираат во зачувувањето на редот и мирот со цел во иднина да не се повторуваат вакви застрашувачки сцени, велат од Општината.

The post Нов случај на опожарен автомобил во Прилеп appeared first on Република.

]]>