оперма Archives - Република https://republika.mk/tema/operma/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 14:31:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оперма Archives - Република https://republika.mk/tema/operma/ 32 32 Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана https://republika.mk/vesti/makedonija/somnitelna-ruska-firma-se-obidela-da-vleze-na-tender-za-nabavka-na-spetsifichna-oprema-vo-ministerstvoto-za-odbrana/ Mon, 11 Mar 2024 12:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=753645

Сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, посочија од Министерството на денешниот брифинг со новинарите каде присутна беше министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма.

Тоа беше индикативно, затоа што првата фаза која помина, понудата на оваа фирма беше од прилика скоро иста со останатите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, скоро 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат, рече Петровска.

Според Кривичниот законик, Петровска вели нема основ за кривично дело, но заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.

Правиме некои анализи веројатно ќе треба Законот за јавни набавки да се промени, затоа што во општиот закон, освен за законот од областа на одбраната и безбедноста, се вели дека најниската цена добива. Ние не можеме да си го дозволиме тоа, дури кога набавуваме и храна за Армијата не можеме да си дозволиме најниска цена, затоа што треба да внимаваме на квалитетот, бидејќи ние набавуваме буквално сѐ, истакна Петровска.

The post Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана appeared first on Република.

]]>

Сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, посочија од Министерството на денешниот брифинг со новинарите каде присутна беше министерката за одбрана Славјанка Петровска. Беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма.
Тоа беше индикативно, затоа што првата фаза која помина, понудата на оваа фирма беше од прилика скоро иста со останатите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, скоро 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат, рече Петровска.
Според Кривичниот законик, Петровска вели нема основ за кривично дело, но заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.
Правиме некои анализи веројатно ќе треба Законот за јавни набавки да се промени, затоа што во општиот закон, освен за законот од областа на одбраната и безбедноста, се вели дека најниската цена добива. Ние не можеме да си го дозволиме тоа, дури кога набавуваме и храна за Армијата не можеме да си дозволиме најниска цена, затоа што треба да внимаваме на квалитетот, бидејќи ние набавуваме буквално сѐ, истакна Петровска.

The post Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана appeared first on Република.

]]>
Нова донација медицинска и немедицинска опрема за ЈЗУ Клиничка болница-Битола https://republika.mk/zivot/zdravje/nova-donatsija-meditsinska-i-nemeditsinska-oprema-za-jzu-klinichka-bolnitsa-bitola/ Wed, 27 Dec 2023 13:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=727139

Невладината организација World Medical Relief и Обединетата македонска дијаспора денеска донираа медицинска и немедицинска опрема на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

На промотивниот настан во овој град, министерот за здравство Фатмир Беџити истакна дека со донацијата се врши зајакнување на потенцијалот на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Во ЈЗУ Клиничка болница-Битола реализираме зајакнување со нова медицинска и немедицинска опрема во вкупна вредност од 450.000 долари, обезбедена со поддршка на невладината организација World Medical Relief и Обединетата македонска дијаспора. Станува збор за опрема во која има апарати за стерилизација, ортопедски помагала, болнички кревети, медицински столици, инхалатори, апарати за мерење на притисок и инструменти и заштитна опрема, истакна министерот Меџити.

Јавна благодарност до донаторот упати директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Елизабета Ивановска која рече дека опремата е од големо значење и оти со неа ќе се подигне степенот и квалитетот на здравствените услуги и здравствената нега на пациентите од целиот регион.

Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора, пак, посочи дека за нив било предизвик да придонесат за подобрувањето и модернизирањето на здравствените установи. Нашата мисија, рече Јорданов е да ги оспособиме и осигураме медицинските установи за да може да ги услужат сите пациенти на кои им е потребна здравствена помош.

Од Министерството за здравство соопштија дека до крајот на годинава во ЈЗУ Клиничка болница-Битола ќе се реализираат 34 нови вработувања.

 

The post Нова донација медицинска и немедицинска опрема за ЈЗУ Клиничка болница-Битола appeared first on Република.

]]>

Невладината организација World Medical Relief и Обединетата македонска дијаспора денеска донираа медицинска и немедицинска опрема на ЈЗУ Клиничка болница-Битола. На промотивниот настан во овој град, министерот за здравство Фатмир Беџити истакна дека со донацијата се врши зајакнување на потенцијалот на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.
Во ЈЗУ Клиничка болница-Битола реализираме зајакнување со нова медицинска и немедицинска опрема во вкупна вредност од 450.000 долари, обезбедена со поддршка на невладината организација World Medical Relief и Обединетата македонска дијаспора. Станува збор за опрема во која има апарати за стерилизација, ортопедски помагала, болнички кревети, медицински столици, инхалатори, апарати за мерење на притисок и инструменти и заштитна опрема, истакна министерот Меџити.
Јавна благодарност до донаторот упати директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Елизабета Ивановска која рече дека опремата е од големо значење и оти со неа ќе се подигне степенот и квалитетот на здравствените услуги и здравствената нега на пациентите од целиот регион. Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора, пак, посочи дека за нив било предизвик да придонесат за подобрувањето и модернизирањето на здравствените установи. Нашата мисија, рече Јорданов е да ги оспособиме и осигураме медицинските установи за да може да ги услужат сите пациенти на кои им е потребна здравствена помош. Од Министерството за здравство соопштија дека до крајот на годинава во ЈЗУ Клиничка болница-Битола ќе се реализираат 34 нови вработувања.  

The post Нова донација медицинска и немедицинска опрема за ЈЗУ Клиничка болница-Битола appeared first on Република.

]]>