оператори Archives - Република https://republika.mk/tema/operatori/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 12:24:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оператори Archives - Република https://republika.mk/tema/operatori/ 32 32 Николоски: Двата актуелни оператора да го почитуваат законот, од нив ќе зависи дали ќе има трет оператор https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-dvata-aktuelni-operatora-da-go-pochituvaat-zakonot-od-niv-ke-zavisi-dali-ke-ima-tret-operator/ Thu, 03 Oct 2024 12:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=822209

Пред да одиме кон порадикални мерки, јавно ги повикувам двата оператора кои не ги намалуваат цените, ниту ги подобруваат услугите, да го почитуваат законот и да направат договори за да им плаќаат надомест на националните телевизии кои ги емитуваат преку кабелските телевизии, рече денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што истакна Николоски на прес-конференција во Владата, никој не сака да види лоши сценарија, но секое трпение има крај.

Министерот нагласи и дека ако двата оператора почнат да се натпреваруваат меѓу себе со услуги и цени, простор за трет оператор ќе нема.

Јас од првиот ден стојам зад тоа дека двата актуелни мобилни оператори, а и кабелски доминантни оператори мора да го почитуваат Законот. Во овој момент, според мене, законот не се почитува. И она што можам да го направам и што го правам во моментов е да ги повикам да го почитуваат Законот и се надевам дека тоа ќе го направиме во добра волја со цел да има најдобра можна соработка со националните телевизии. Мислам дека лоши сценарија никој не би сакал да види каде што би оделе со казни или каде што би оделе со принудување,…, но секое трпение има крај и мислам дека во следните недели мора да се заврши – или ќе го почитуваат закони или, како и за сите други, ќе бидат преземени мерки - потенцира министерот.

Според него, Владата не планира да прави непринципиелни договори со двата оператора, ниту планира да им попушта како што попуштале претходни влади.

Ние бараме да се почитува законот. Дополнително, уште еднаш апелирам, многу се зборува за трет мобилен оператор. Дали ќе има или ќе нема трет оператор зависи исклучиво од постојните два мобилни оператора. Доколку почнат да се натпреваруваат меѓу себе со услуги и цени, мислам дека простор за трет оператор нема. Доколку продолжат да се однесуваат дуополски, да ги креваат цените, а да ги влошуваат услугите, има огромен простор за трет мобилен оператор. Така што, одлуката е нивна, а ние ќе правиме така како што ќе диктира времето. Наша цел е граѓаните, претпријатијата и институциите да добијат поевтини услуги – да добијат за поевитна цена подобри услуги. Тоа е тоа што ние го очекуваме - нагласи Николоски.

The post Николоски: Двата актуелни оператора да го почитуваат законот, од нив ќе зависи дали ќе има трет оператор appeared first on Република.

]]>

Пред да одиме кон порадикални мерки, јавно ги повикувам двата оператора кои не ги намалуваат цените, ниту ги подобруваат услугите, да го почитуваат законот и да направат договори за да им плаќаат надомест на националните телевизии кои ги емитуваат преку кабелските телевизии, рече денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Како што истакна Николоски на прес-конференција во Владата, никој не сака да види лоши сценарија, но секое трпение има крај. Министерот нагласи и дека ако двата оператора почнат да се натпреваруваат меѓу себе со услуги и цени, простор за трет оператор ќе нема.
Јас од првиот ден стојам зад тоа дека двата актуелни мобилни оператори, а и кабелски доминантни оператори мора да го почитуваат Законот. Во овој момент, според мене, законот не се почитува. И она што можам да го направам и што го правам во моментов е да ги повикам да го почитуваат Законот и се надевам дека тоа ќе го направиме во добра волја со цел да има најдобра можна соработка со националните телевизии. Мислам дека лоши сценарија никој не би сакал да види каде што би оделе со казни или каде што би оделе со принудување,…, но секое трпение има крај и мислам дека во следните недели мора да се заврши – или ќе го почитуваат закони или, како и за сите други, ќе бидат преземени мерки - потенцира министерот.
Според него, Владата не планира да прави непринципиелни договори со двата оператора, ниту планира да им попушта како што попуштале претходни влади.
Ние бараме да се почитува законот. Дополнително, уште еднаш апелирам, многу се зборува за трет мобилен оператор. Дали ќе има или ќе нема трет оператор зависи исклучиво од постојните два мобилни оператора. Доколку почнат да се натпреваруваат меѓу себе со услуги и цени, мислам дека простор за трет оператор нема. Доколку продолжат да се однесуваат дуополски, да ги креваат цените, а да ги влошуваат услугите, има огромен простор за трет мобилен оператор. Така што, одлуката е нивна, а ние ќе правиме така како што ќе диктира времето. Наша цел е граѓаните, претпријатијата и институциите да добијат поевтини услуги – да добијат за поевитна цена подобри услуги. Тоа е тоа што ние го очекуваме - нагласи Николоски.

The post Николоски: Двата актуелни оператора да го почитуваат законот, од нив ќе зависи дали ќе има трет оператор appeared first on Република.

]]>
ЦУК вработува 46 оператори кои ќе мора веднаш да реагираат на добиениот повик https://republika.mk/vesti/makedonija/cuk-vrabotuva-46-operatori-koi-kje-mora-vednash-da-reagiraat-na-dobieniot-povik/ Mon, 10 Jan 2022 18:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=442785

Македонија се вклучува во системот Е – 112 , европски проект кој треба да го имплементира секоја земја аспирант и членка на Европската унија, а целта е преку единствена бесплатна телефонска линија граѓаните да можат да упатат итни повици за помош во случај на нужност, а од Центарот за управување со кризи во најкраток можен рок од едно место да се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов неодамна информираше дека операторите кои ќе бидат ангажирани ќе мора веднаш да реагираат на добиениот повик.

Денеска на неговата Фејсбук страна беше објавен оглас за вработување во новоформираниот Сектор 112 при Центарот за управување со кризи.

Потребни се (46 лица со средно образование за позиција Оператор – примател на повици на телефонскиот број за итни повици и 4 лица со високо).Потребно е познавање на англиски јазик. Се вршат и дополнителни тестови за интелегенција и карактерни особини, стои во објавата на Ангелов.

The post ЦУК вработува 46 оператори кои ќе мора веднаш да реагираат на добиениот повик appeared first on Република.

]]>

Македонија се вклучува во системот Е – 112 , европски проект кој треба да го имплементира секоја земја аспирант и членка на Европската унија, а целта е преку единствена бесплатна телефонска линија граѓаните да можат да упатат итни повици за помош во случај на нужност, а од Центарот за управување со кризи во најкраток можен рок од едно место да се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов неодамна информираше дека операторите кои ќе бидат ангажирани ќе мора веднаш да реагираат на добиениот повик.