Опера за три гроша Archives - Република https://republika.mk/tema/opera-za-tri-grosha/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 15:31:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Опера за три гроша Archives - Република https://republika.mk/tema/opera-za-tri-grosha/ 32 32 Поради технички причини „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ нема да допатува во Драмски театар на РУТА, на нивно место ќе настапат Никола Недиќ и Марио Јовев со кабаре „Концерт за лажици и гитара“ https://republika.mk/vesti/kultura/poradi-tehnichki-prichini-opera-za-tri-grosha-na-teatarot-ulisis-nema-da-dopatuva-vo-dramski-teatar-na-ruta-na-nivno-mesto-ke-nastapat-nikola-nedik-i-mario-jovev-so-kabare-kontsert-za-lazhitsi-i-gitar/ Tue, 01 Oct 2024 15:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=821476

Најавената претстава „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ од Хрватска нема да учестува на претстојното трето издание на Фестивалот РУТА во Драмски театар поради технички причини, а на нивно место гледачите ќе може да го следат кабарето – „Концерт за лажици и гитара“, соопштија од Драмски театар.

На третото издание на меѓународниот театарски фестивал Рута во Драмски театар Скопје, во среда на 16 октомври како претставник на „Улисис“ од Хрватска ќе биде изведено кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот „Улисис“ и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ, се вели во соопштението на Драмски.

Во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме.

„Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите.

Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го добила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз.

The post Поради технички причини „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ нема да допатува во Драмски театар на РУТА, на нивно место ќе настапат Никола Недиќ и Марио Јовев со кабаре „Концерт за лажици и гитара“ appeared first on Република.

]]>

Најавената претстава „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ од Хрватска нема да учестува на претстојното трето издание на Фестивалот РУТА во Драмски театар поради технички причини, а на нивно место гледачите ќе може да го следат кабарето – „Концерт за лажици и гитара“, соопштија од Драмски театар.
На третото издание на меѓународниот театарски фестивал Рута во Драмски театар Скопје, во среда на 16 октомври како претставник на „Улисис“ од Хрватска ќе биде изведено кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот „Улисис“ и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ, се вели во соопштението на Драмски.
Во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме. „Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите. Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го добила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз.