Опенхајмер Archives - Република https://republika.mk/tema/openhajmer/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 08:04:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Опенхајмер Archives - Република https://republika.mk/tema/openhajmer/ 32 32 Очекувано „Опенхајмер“ триумфираше и на „Оскарите“ https://republika.mk/scena/film/ochekuvano-openhajmer-triumfirashe-i-na-oskarite/ Mon, 11 Mar 2024 08:04:33 +0000 https://republika.mk/?p=753488

Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Опенхајмер“ (Oppenheimer) триумфираше со седум освоени одличија, од вкупно 13 номинации. Водител на емисијата беше комичарот Џими Кимел.

„Опенхајмер“, на годинашното, 96-то доделување „Оскари“, ги доби признанијата за најдобар филм, машка главна улога (Килијан Марфи), машка споредна улога (Роберт Дауни Џуниор), режисер (Кристофер Нолан), како и најдобра кинематографија, монтажа и филмска музика.

Вредните статуетки за главна и споредна женска улога отидоа, соодветно - кај Ема Стоун (за филмот „Бедни суштества“) и Дејвин Џој Рендолф („Останатите“). „Бедни суштества“ ги освои и трите „Оскари“ за продукциски дизајн, шминка и фризура и за костимографија.

Најдобро оригинално сценарио, според Академијата, е она за „Анатомија на падот“ на француската режисерка-сценаристка Жустин Трије. Најдобро адаптирано сценарио има филмот „Американска фикција“ на Корд Џеферсон.

„Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби „Зона на интерес“ (The Zone of Interest) продуциран во Обединетото Кралство и Полска. Ова остварување ја освои и наградата за звук.

Одличјето за најдобри визуелни ефекти го доби филмот „Годзила минус еден“ од Јапонија.

Најдобра филмска песна е „What Was I Made For?“ на Били Ајлиш од филмот „Барби“.

 

Најдобар цртан филм, според американската Академија, е јапонскиот „Момчето и Херон“. Најдобар краток филм е „Прекрасната приказна за Хенри Шугар“. За најдобар анимиран краток филм е прогласен „Војната е завршена“.

Најградата за документарен филм му припадна на режисерот Мстислав Чернов за „20 дена во Мариопољ“. Најдобар краток документарец е „Последниот дуќан за поправки“ на Бен Праудфут и Крис Бауерс.

The post Очекувано „Опенхајмер“ триумфираше и на „Оскарите“ appeared first on Република.

]]>

Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Опенхајмер“ (Oppenheimer) триумфираше со седум освоени одличија, од вкупно 13 номинации. Водител на емисијата беше комичарот Џими Кимел. „Опенхајмер“, на годинашното, 96-то доделување „Оскари“, ги доби признанијата за најдобар филм, машка главна улога (Килијан Марфи), машка споредна улога (Роберт Дауни Џуниор), режисер (Кристофер Нолан), како и најдобра кинематографија, монтажа и филмска музика. Вредните статуетки за главна и споредна женска улога отидоа, соодветно - кај Ема Стоун (за филмот „Бедни суштества“) и Дејвин Џој Рендолф („Останатите“). „Бедни суштества“ ги освои и трите „Оскари“ за продукциски дизајн, шминка и фризура и за костимографија. Најдобро оригинално сценарио, според Академијата, е она за „Анатомија на падот“ на француската режисерка-сценаристка Жустин Трије. Најдобро адаптирано сценарио има филмот „Американска фикција“ на Корд Џеферсон. „Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби „Зона на интерес“ (The Zone of Interest) продуциран во Обединетото Кралство и Полска. Ова остварување ја освои и наградата за звук. Одличјето за најдобри визуелни ефекти го доби филмот „Годзила минус еден“ од Јапонија. Најдобра филмска песна е „What Was I Made For?“ на Били Ајлиш од филмот „Барби“.   Најдобар цртан филм, според американската Академија, е јапонскиот „Момчето и Херон“. Најдобар краток филм е „Прекрасната приказна за Хенри Шугар“. За најдобар анимиран краток филм е прогласен „Војната е завршена“. Најградата за документарен филм му припадна на режисерот Мстислав Чернов за „20 дена во Мариопољ“. Најдобар краток документарец е „Последниот дуќан за поправки“ на Бен Праудфут и Крис Бауерс.

The post Очекувано „Опенхајмер“ триумфираше и на „Оскарите“ appeared first on Република.

]]>
Триумф на „Опенхајмер“ на доделувањето на филмските награди „БАФТА“ https://republika.mk/scena/film/triumf-na-openhajmer-na-dodeluvaneto-na-filmskite-nagradi-bafta/ Mon, 19 Feb 2024 08:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=745530

Тричасовниот еп за правењето на најубиственото оружје во историјата на човештвото – атомската бомба на самиот крај од Втората светска војна, со седумте награди стана големиот победник на доделувањето на наградите на Британската академија за филмски и телевизиска уметност, „БАФТА“. ,Синоќешниот настан го водеше актерот Дејвид Тенант.

„Опенхајмер“, еден од филмовите со најголема заработка во минатата 2023 година ја освои главната награда на вечерта – наградата за најдобар филм. Исто така, го освои наградите за главна машка улога за Килијан Марфи, за споредна машка улога Роберт Дауни Џуниор, за монтажа, за камера, оригинална музика и режија за Кристофер Нолан.

Ема Стоун ја освои наградата за најдобра главна женска улога за готичката комедија „Клетници“, која освои вкупно пет награди.

Да’Вин Џој Рандолф ја освои наградата за најдобра женска споредна актерка во „The Holdovers“, комедија чиешто дејство е сместено во машки интернат.

„Анатомија на падот“ ја освои првата награда на вечерта, онаа за оригинално сценарио.

„Зона на интерес“, воено-криминалистички филм за командантот на Аушвиц и неговото семејство коешто живее во близина на германскиот нацистички логор на смртта, ја освои специјалната награда за британски филм.

Наградата за најдобар документарен филм ја доби филмот „20 дена во Мариупол“, личен приказ на новинарот Мстислав Чернов за опсадата на украинскиот град.

 

 

The post Триумф на „Опенхајмер“ на доделувањето на филмските награди „БАФТА“ appeared first on Република.

]]>

Тричасовниот еп за правењето на најубиственото оружје во историјата на човештвото – атомската бомба на самиот крај од Втората светска војна, со седумте награди стана големиот победник на доделувањето на наградите на Британската академија за филмски и телевизиска уметност, „БАФТА“. ,Синоќешниот настан го водеше актерот Дејвид Тенант. „Опенхајмер“, еден од филмовите со најголема заработка во минатата 2023 година ја освои главната награда на вечерта – наградата за најдобар филм. Исто така, го освои наградите за главна машка улога за Килијан Марфи, за споредна машка улога Роберт Дауни Џуниор, за монтажа, за камера, оригинална музика и режија за Кристофер Нолан. Ема Стоун ја освои наградата за најдобра главна женска улога за готичката комедија „Клетници“, која освои вкупно пет награди. Да’Вин Џој Рандолф ја освои наградата за најдобра женска споредна актерка во „The Holdovers“, комедија чиешто дејство е сместено во машки интернат. „Анатомија на падот“ ја освои првата награда на вечерта, онаа за оригинално сценарио. „Зона на интерес“, воено-криминалистички филм за командантот на Аушвиц и неговото семејство коешто живее во близина на германскиот нацистички логор на смртта, ја освои специјалната награда за британски филм. Наградата за најдобар документарен филм ја доби филмот „20 дена во Мариупол“, личен приказ на новинарот Мстислав Чернов за опсадата на украинскиот град.    

The post Триумф на „Опенхајмер“ на доделувањето на филмските награди „БАФТА“ appeared first on Република.

]]>
„Опенхајмер“ од денеска во Кинотека https://republika.mk/scena/film/openhajmer-od-deneska-vo-kinoteka/ Thu, 24 Aug 2023 09:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=675268

Филмскиот хит „Опенхајмер“ од денеска е на програма на Кинотека. Од таму информираат дека следниве три дена ( 24, 25 и 26 август) со почеток во 20:00 чaсот ќе може да се погледне проекцијата на последното филмско остварување на Кристофер Нолан.

ОПЕНХАЈМЕР
(Oppenheimer)
Игран филм, САД/Велика Британија
2023, 180 мин., колор, ДЦП
Режија: Кристофер Нолан (Christopher Nolan)
Сценарио: Кристофер Нолан (Christopher Nolan),
Улоги: Силиан Марфи, Емили Блунт, Мет Дејмон, Роберт Доуни Џуниор, Флоренс Пју (Cillian Murphy, Emily Blunt, Matt Damon, Robert Downey Jr., Florence Pugh)

Опенхајмер, последното филмско остварување на Кристофер Нолан, е еден од најочекуваните холивудски филмови последниве години. Филмот е епска приказна за Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба.

The post „Опенхајмер“ од денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Филмскиот хит „Опенхајмер“ од денеска е на програма на Кинотека. Од таму информираат дека следниве три дена ( 24, 25 и 26 август) со почеток во 20:00 чaсот ќе може да се погледне проекцијата на последното филмско остварување на Кристофер Нолан.

ОПЕНХАЈМЕР
(Oppenheimer)
Игран филм, САД/Велика Британија
2023, 180 мин., колор, ДЦП
Режија: Кристофер Нолан (Christopher Nolan)
Сценарио: Кристофер Нолан (Christopher Nolan),
Улоги: Силиан Марфи, Емили Блунт, Мет Дејмон, Роберт Доуни Џуниор, Флоренс Пју (Cillian Murphy, Emily Blunt, Matt Damon, Robert Downey Jr., Florence Pugh)

Опенхајмер, последното филмско остварување на Кристофер Нолан, е еден од најочекуваните холивудски филмови последниве години. Филмот е епска приказна за Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба.

The post „Опенхајмер“ од денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Новиот филм на Кристофер Нолан, биографскиот еп „Опенхајмер“, селекција од шведски документарци и Фестивал на нем и класичен филм во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/noviot-film-na-kristofer-nolan-biografskiot-ep-openhajmer-selektsija-od-shvedski-dokumentartsi-i-festival-na-nem-i-klasichen-film-vo-kinoteka/ Sun, 30 Jul 2023 14:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=666342

Повторно шведски филмови, во Кинотеката на летната сцена. Овој пат, селекција од рецентната шведска документарна продукција.

Што создадоа креативците од скандинавската документарна школа? Почнувајќи со историјата на квир и транс културата во Шведска, преку приказ за животот на домородното население, до општествено ангажирани теми. Ова е само дел од тоа што ќе може да се види, да се коментира.

Кинофилите ќе имаат можност да проследат и документарен филм за културата на канабисот, последниот филм на Миа Хансен-Лав со француската фам фатал Лејла Сејду во главната улога, како и нестрпливо очекуваната премиера на новиот филм на Кристофер Нолан, биографскиот еп Опенхајмер. Тоа е филмот на моментот, секаде коментиран и анализиран, моќно дело кое ни го става прстот на чело, за да промислиме што е во суштината на нуклеарната енергија.

Крајот на месецот е резервиран за фестивалот на нем и класичен филм. Се гледаме на летната сцена во Кинотека, омиленото прибежиште на љубителите на добриот филм, велат оттаму.

Целата програма на следниов линк.

The post Новиот филм на Кристофер Нолан, биографскиот еп „Опенхајмер“, селекција од шведски документарци и Фестивал на нем и класичен филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Повторно шведски филмови, во Кинотеката на летната сцена. Овој пат, селекција од рецентната шведска документарна продукција.
Што создадоа креативците од скандинавската документарна школа? Почнувајќи со историјата на квир и транс културата во Шведска, преку приказ за животот на домородното население, до општествено ангажирани теми. Ова е само дел од тоа што ќе може да се види, да се коментира. Кинофилите ќе имаат можност да проследат и документарен филм за културата на канабисот, последниот филм на Миа Хансен-Лав со француската фам фатал Лејла Сејду во главната улога, како и нестрпливо очекуваната премиера на новиот филм на Кристофер Нолан, биографскиот еп Опенхајмер. Тоа е филмот на моментот, секаде коментиран и анализиран, моќно дело кое ни го става прстот на чело, за да промислиме што е во суштината на нуклеарната енергија. Крајот на месецот е резервиран за фестивалот на нем и класичен филм. Се гледаме на летната сцена во Кинотека, омиленото прибежиште на љубителите на добриот филм, велат оттаму.
Целата програма на следниов линк.

The post Новиот филм на Кристофер Нолан, биографскиот еп „Опенхајмер“, селекција од шведски документарци и Фестивал на нем и класичен филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>