опасност Archives - Република https://republika.mk/tema/opasnost/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 07:39:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png опасност Archives - Република https://republika.mk/tema/opasnost/ 32 32 Ако не направиме нешто самите, „Еуроконтрол“ може да не исклучи од целиот систем и да останеме дупка во Европа https://republika.mk/vesti/ekonomija/ako-ne-napravime-neshto-samite-eurokontrol-mozhe-da-ne-iskluchi-od-tseliot-sistem-i-da-ostaneme-dupka-vo-evropa/ Fri, 05 Jan 2024 13:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=730077

Упадот во кулата на Контролата на летање е преседан за кој светот нема слушнато. Ова е до сега единствен случај во светот кога некој упаѓа на аеродром во собата во која работат контролорите на летање, вели за „Слободен печат“ Венко Биковски, капетан на боинг 737, инструктор-испитувач.

Наместо од точка А до точка Б, патникот стигнува на точка Ц, бидејќи банда хулигани упаѓаат и некој не може да си ја работи работата. Аеродромот е државна сопственост, треба војска и полиција да го обезбедува, а не приватно обезбедување. По кој критериум се прима обезбедување кое е приватно? Тешка злоупотреба на надлежностите е направена, вели Биковски за „Слободен печат“

Тој смета дека ќе има реакција и од Еуроконтрол

Веројатно Еуроконтрол ако не направиме сами нешто може да не исклучи од целиот систем и да останеме една дупка во Европа. Ќе дигне раце од нас. Во најблага варијанта ќе донесе свои луѓе кои ќе го работат тоа ако сме им битни во воздушниот простор, вели пилотот.

Целиот текст и видео овде.

The post Ако не направиме нешто самите, „Еуроконтрол“ може да не исклучи од целиот систем и да останеме дупка во Европа appeared first on Република.

]]>

Во Белгија останува во сила третото ниво на опасност од терористичка закана https://republika.mk/vesti/svet/vo-belgija-ostanuva-vo-sila-tretoto-nivo-na-opasnost-od-teroristichka-zakana/ Sun, 29 Oct 2023 10:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=695954

Третото ниво на опасност од терористичка закана во Белгија, што беше воведено по вооружениот напад во Брисел на 16 октомври, при кој беа убиени двајца Швеѓани, останува во сила и во наредниот период, соопшти раководителот на белгиското Координативно тело за анализа на закани (ОЦАД), Герт Веркаутерен.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, третото ниво, кое означува „сериозна“ закана од тероризам, е продолжено поради конфликтот меѓу Израел и Хамас на Блискиот Исток.

Според Веркаутерен, ваквата одлука е донесена од причина што конфликтот претставува „емоционално активирачки настан со високо емотивно влијание врз населението“.

- Во такви услови постојат поголеми ризици поединци својот гнев или фрустрации да ги изразат насилно, изјави Веркаутерен за Фламанското радио 1.

Тој додаде дека последниве недели службите „секојдневно се соочуваат со сериозни случаи“, кои вклучуваат и закани против еврејската заедница на социјалните мрежи и од поединци кои тврдат дека се огласуваат во име терористички групи.

- За да се реши оваа ситуација, важно е да останеме будни и да се подготвиме на подолг рок. Треба проактивно да се справуваме со овие ситуации, со зголемена будност и дополнително полициско присуство, но притоа да останеме смирени, додаде Веркаутерен.

The post Во Белгија останува во сила третото ниво на опасност од терористичка закана appeared first on Република.

]]>

Третото ниво на опасност од терористичка закана во Белгија, што беше воведено по вооружениот напад во Брисел на 16 октомври, при кој беа убиени двајца Швеѓани, останува во сила и во наредниот период, соопшти раководителот на белгиското Координативно тело за анализа на закани (ОЦАД), Герт Веркаутерен. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, третото ниво, кое означува „сериозна“ закана од тероризам, е продолжено поради конфликтот меѓу Израел и Хамас на Блискиот Исток. Според Веркаутерен, ваквата одлука е донесена од причина што конфликтот претставува „емоционално активирачки настан со високо емотивно влијание врз населението“. - Во такви услови постојат поголеми ризици поединци својот гнев или фрустрации да ги изразат насилно, изјави Веркаутерен за Фламанското радио 1. Тој додаде дека последниве недели службите „секојдневно се соочуваат со сериозни случаи“, кои вклучуваат и закани против еврејската заедница на социјалните мрежи и од поединци кои тврдат дека се огласуваат во име терористички групи. - За да се реши оваа ситуација, важно е да останеме будни и да се подготвиме на подолг рок. Треба проактивно да се справуваме со овие ситуации, со зголемена будност и дополнително полициско присуство, но притоа да останеме смирени, додаде Веркаутерен.

The post Во Белгија останува во сила третото ниво на опасност од терористичка закана appeared first on Република.

]]>
Верешчук: Постои опасност од експлозија на муниција во Чернобил https://republika.mk/vesti/svet/vereshchuk-postoi-opasnost-od-eksplozija-na-municija-vo-chernobil/ Wed, 30 Mar 2022 08:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=480695

Украинските вооружени сили соопштија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа електраната мора да се повлечат од таа област, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Таа наведе и дека Украина во вчерашните разговори побарала од Русија да дозволи воспоставување на 97 хуманитарни коридори до најтешко погодените градови и села во Украина.

Бараме Советот за безбедност на ОН веднаш да преземе мерки за демилитаризација на ексклузивната зона во Чернобил и да воведе специјална мисија на ОН за елиминирање на ризикот од повторување на нуклеарна катастрофа - истакна Верешчук.

The post Верешчук: Постои опасност од експлозија на муниција во Чернобил appeared first on Република.

]]>

Украинските вооружени сили соопштија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа електраната мора да се повлечат од таа област, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. Таа наведе и дека Украина во вчерашните разговори побарала од Русија да дозволи воспоставување на 97 хуманитарни коридори до најтешко погодените градови и села во Украина.