онлјан купување Archives - Република https://republika.mk/tema/onljan-kupuvane/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 15:17:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png онлјан купување Archives - Република https://republika.mk/tema/onljan-kupuvane/ 32 32 Детектор анкета: Граѓаните се повеќе користат онлајн услуги но се помалку се задоволни од нив https://republika.mk/vesti/ekonomija/detektor-anketa-graganite-se-poveke-koristat-onlajn-uslugi-no-se-pomalku-se-zadovolni-od-niv/ Sun, 24 Mar 2024 15:17:39 +0000 https://republika.mk/?p=758183

Силна двојка му дале граѓаните на процесот на дигитализација во Македонија. Последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања покажува дека граѓаните се повеќе користат онлајн услуги иако и самите не се многу задоволни од нив.

Околу четвртина од граѓаните дигитализацијата во земјава ја оцениле со оценка 3, а нешто под 24% до двојка. 16% дале единица а 7% петка. Нешто повеќе од една третина или 37,5% рекле дека досега користеле некоја од онлајн услугите на државните институции. Во споредба со анкетата од минатата година, бележиме значителен раст на граѓани кои што услугите ги користат онлајн, имајќи предвид дека ланската анкета покажа дека дигитални услуги користеле 26,5% од граѓаните.

Најмногу онлајн се користеле услугите на МВР. Такво искуство имаат 34,6% од анкетираните. Следи Управата за матични книги, катастарот и општините. Но, ако бројот на онлајн услуги расте, задоволството од нив се намалува. Ако лани 87,4% од граѓаните рекле дека се задоволни од онлајн услугата која ја добиле, оваа година таа бројка се спушта на 69,3%. Оттука, очекувано од 11,6% лани, незадоволството скокнало на 27,1% оваа година.

Но и покрај тоа, расте интересот за оналјн услугите. Последното истражување покажува дека над 43% од граѓаните кога би можеле да изберат услугите би ги завршиле преку компјутер, додека 52% сакаат да си отидат на шалтер. Во споредба со ланската анкета, имаме значително зголемување на интересот за онлајн услуги, имајќи предвид дека лани, за услуга преку компјутер се определија 33,9% од анкетираните.

Очекувано, дигиталните услуги се најпривлечни за младите а интересен е податокот дека над 58% млади под 30 години рекле дека преферираат услугите да ги добиваат онлајн. Мнозинството граѓани или 49% од нив сметаат дека денеска е потешко да се извадат документи или да се заврши некоја административна услуга споредено со пред 5 години. 26,7% не гледаат никакви промени а 19% сметаат дека денеска полесно се завршуваат работите кои ги имаат со јавните служби.

Споредбата со ланската анкета покажува дека оваа година бројот на граѓани кои сметаат дека денеска потешко се соработува со државните служби отколку пред 5 години, скокнал од 25,7% лани на 49% оваа година.

И покрај серијата проблеми со хакери кои ги имаат мноштво државни институции, кај граѓаните нема некое посебно зголемување на ставот за безбедноста на нивните лични податоци. Ако лани, 32% сметале дека нивните лични податоци не се безбедни и заштитени, оваа година таа бројка паднала на 31,5%. 57,5% сметаат дека нивните лични податоци се заштитени, што е над 10 поени повеќе од ланските 46,6% Над половина од граѓаните или 55,2% сметаат дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон дигитализација и намалување на бројот на вработени. Само 23,7% од анкетираните сметаат дека реформата треба да се фокусира на обуки на вработените и нови вработувања. Ова прашање о поставуваме во серија наши анкети во последните 5 години и нема некои промени во расположението на граѓаните. Во сите, над половина од граѓаните сметаат дека реформите треба да бидат насочени кон дигитализација и намалување на бројот на вработени.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања
Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари
годинава

The post Детектор анкета: Граѓаните се повеќе користат онлајн услуги но се помалку се задоволни од нив appeared first on Република.

]]>

Силна двојка му дале граѓаните на процесот на дигитализација во Македонија. Последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања покажува дека граѓаните се повеќе користат онлајн услуги иако и самите не се многу задоволни од нив. Околу четвртина од граѓаните дигитализацијата во земјава ја оцениле со оценка 3, а нешто под 24% до двојка. 16% дале единица а 7% петка. Нешто повеќе од една третина или 37,5% рекле дека досега користеле некоја од онлајн услугите на државните институции. Во споредба со анкетата од минатата година, бележиме значителен раст на граѓани кои што услугите ги користат онлајн, имајќи предвид дека ланската анкета покажа дека дигитални услуги користеле 26,5% од граѓаните. Најмногу онлајн се користеле услугите на МВР. Такво искуство имаат 34,6% од анкетираните. Следи Управата за матични книги, катастарот и општините. Но, ако бројот на онлајн услуги расте, задоволството од нив се намалува. Ако лани 87,4% од граѓаните рекле дека се задоволни од онлајн услугата која ја добиле, оваа година таа бројка се спушта на 69,3%. Оттука, очекувано од 11,6% лани, незадоволството скокнало на 27,1% оваа година. Но и покрај тоа, расте интересот за оналјн услугите. Последното истражување покажува дека над 43% од граѓаните кога би можеле да изберат услугите би ги завршиле преку компјутер, додека 52% сакаат да си отидат на шалтер. Во споредба со ланската анкета, имаме значително зголемување на интересот за онлајн услуги, имајќи предвид дека лани, за услуга преку компјутер се определија 33,9% од анкетираните. Очекувано, дигиталните услуги се најпривлечни за младите а интересен е податокот дека над 58% млади под 30 години рекле дека преферираат услугите да ги добиваат онлајн. Мнозинството граѓани или 49% од нив сметаат дека денеска е потешко да се извадат документи или да се заврши некоја административна услуга споредено со пред 5 години. 26,7% не гледаат никакви промени а 19% сметаат дека денеска полесно се завршуваат работите кои ги имаат со јавните служби. Споредбата со ланската анкета покажува дека оваа година бројот на граѓани кои сметаат дека денеска потешко се соработува со државните служби отколку пред 5 години, скокнал од 25,7% лани на 49% оваа година. И покрај серијата проблеми со хакери кои ги имаат мноштво државни институции, кај граѓаните нема некое посебно зголемување на ставот за безбедноста на нивните лични податоци. Ако лани, 32% сметале дека нивните лични податоци не се безбедни и заштитени, оваа година таа бројка паднала на 31,5%. 57,5% сметаат дека нивните лични податоци се заштитени, што е над 10 поени повеќе од ланските 46,6% Над половина од граѓаните или 55,2% сметаат дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон дигитализација и намалување на бројот на вработени. Само 23,7% од анкетираните сметаат дека реформата треба да се фокусира на обуки на вработените и нови вработувања. Ова прашање о поставуваме во серија наши анкети во последните 5 години и нема некои промени во расположението на граѓаните. Во сите, над половина од граѓаните сметаат дека реформите треба да бидат насочени кон дигитализација и намалување на бројот на вработени. Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава

The post Детектор анкета: Граѓаните се повеќе користат онлајн услуги но се помалку се задоволни од нив appeared first on Република.

]]>