онлајн Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 10:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png онлајн Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn/ 32 32 Македонскиот е-купувач со сличен калап како балканскиот: Прави зделки до 50 евра, а најмногу „сурфа“ на социјални мрежи и телефонира https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskiot-e-kupuvach-so-slichen-kalap-kako-balkanskiot-pravi-zdelki-do-50-evra-a-najmnogu-surfa-na-sotsijalni-mrezhi-i-telefonira/ Tue, 12 Nov 2024 10:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=836704

Македонскиот е-купувач е сличен на балканскиот, добро е поврзан со интернет, но главно го користи за социјални медиуми, телефонирање, видео повици,... Најчесто прави нарачки до 50 евра и купува облека. Притоа, ова не му е навика, туку го прави еднаш до двапати во три месеци што значи дека е „случаен онлајн купувач“. Генерално плаќа во готово при достава и прави зделки со домашни продавачи.

Како што рече денеска претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков, некои од причините за ваквите карактеристики се немањето доволно дигитални вештини, ниското ниво на користење е-банкарство, немањето навики за плаќање со картичка, како и немањето доверба дали ќе стигне производот.

Врз е-трговијата, оцени Ангеловска Станков, многу влијае и доставата. Според последната анкета која опфатила 40 компании од Западен Балкан, најголем предизвик се токму брзината на доставување, флексибилноста, доверливоста и недоволната професионалност на доставувачите кои многу влијаат врз креирањето на искуството кај граѓаните од онлајн купувањето.

Најновите податоци покажуваат дека во земјава над 86,6 отсто од домаќинствата имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници.

Регионот споредено со Европа има најниско ниво на иматели на сметки, на платежни картички и најмалку користи платежните картички. Кешот е се уште доминантен начин на плаќање. Денеска ќе видиме како да ги „отплеткаме“ другите платежни методи кои во развиените земји се норма и каде плаќање во готово не се ни нуди како опција, истакна Ангеловска Станков пред почетокот на регионална конференција за е-трговија.

Земјите од Западен Балкан имаат напредок во е-трговијата, но и покрај растот, се рангирани најниско во споредба со европските држави.

Имаме прогрес, но далеку сме од фаќање чекор со европските земји. Имаме уште многу работа. Во однос на подготвеноста за е-трговија, секогаш ја гледаме и дигиталната подготвеност како предуслов. Тука се уште не сме на завидно ниво зашто во однос на дигитални вештини, регионот е многу ниско рангиран и потребно е забрзување. Албанија во однос на е-трговијата минатите пет години бележи раст од 370 проценти, а Србија како најголем пазар има најголем потенцијал - има 65 отсто онлајн купувачи од интернет корисниците, додека Македонија е на второ место со 54 проценти, рече Ангеловска Станков.

Македонскиот е-купувач, освен облека, купува и електроника, производи за домаќинство,...

Имаме разлики со европскиот купувач кога се работи за електрониката. Албанија, на пример, купува повеќе од европскиот купувач, а Црногорците многу нарачуваат храна од ресторани за разлика од Европјаните. Во однос на зделките кои се најчесто до 50 евра, една од причините е купувната моќ. Сепак, дел од овие зделки се плаќаат во кеш при доставата. Во Европа нарачките просечно се од 100 - 500 евра. Битна е и колку често купувате, кај нас онлајн купувањето се уште не е навика, истакна претседателката на Асоцијацијата за е-трговија.

Нејзина оценка е и дека приватните пошти имаат значаен раст во работењето, но мора да применат помодерни технологии за да го оптимизираат работењето и да ги намалат трошоците, како и да го подобрат квалитетот. Недостигот на кадар, порача, може да се надмине со подобра технологија.

Најновите податоци се охрабрувачки. Над 86,6 отсто од домаќинствата во земјава имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници. Овие бројки ја поставуваат нашата држава на водечките позиции во регионот, но го отсликуваат и потенцијалот за развој. Охрабрувачки е да се види како нашите домашни платформи веќе имплементираат современи технолошки решенија од напредни системи базирани на вештачка интелигенција, иновативни платежни решенија, до нови начини на достава. Ова покажува дека имаме капацитет да развиваме решенија кои ги задоволуваат современите потрошувачки потреби и можат да се напредуваат со глобалните стандарди, смета министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Тој најави дека во наредниот период ќе се посвети внимание на создавање поволна деловна клима која ќе поттикне претприемништво и во дигиталната сфера.

Преку континуиран дијалог и соработка ќе продолжиме да работиме на создавање поконкурентен и динамичен екосистем кој ќе биде двигател на економскиот раст и на дигиталната трансформација. Со заедничка визија и координарани напори можеме да ги надминеме предизвиците и да го искористиме целосниот потенцијал на дигиталната економија во нашиот регион за да го достигнеме нивото на европските пазари. Нашата намера е да работиме и на олеснување на прекуграничната трговија, унапредување на системите за плаќање и модернизација на логистичката инфраструктура, рече министерот.

На 7. регионална конференција за е-трговија која се одржува во Скопје под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, има над 700 учесници од дома и од регионот, претставници од водечки компании, меѓународни организации и академски институции.

Како што рече Ангеловска Станков, потенцијалот на регионот во однос на е-трговијата почнаа да го забележуваат и интернационални компании кои влегоа на овие пазари, а се забележува и ширење на регионални компании во повеќе земји од Западен Балкан.

The post Македонскиот е-купувач со сличен калап како балканскиот: Прави зделки до 50 евра, а најмногу „сурфа“ на социјални мрежи и телефонира appeared first on Република.

]]>

Македонскиот е-купувач е сличен на балканскиот, добро е поврзан со интернет, но главно го користи за социјални медиуми, телефонирање, видео повици,... Најчесто прави нарачки до 50 евра и купува облека. Притоа, ова не му е навика, туку го прави еднаш до двапати во три месеци што значи дека е „случаен онлајн купувач“. Генерално плаќа во готово при достава и прави зделки со домашни продавачи. Како што рече денеска претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков, некои од причините за ваквите карактеристики се немањето доволно дигитални вештини, ниското ниво на користење е-банкарство, немањето навики за плаќање со картичка, како и немањето доверба дали ќе стигне производот. Врз е-трговијата, оцени Ангеловска Станков, многу влијае и доставата. Според последната анкета која опфатила 40 компании од Западен Балкан, најголем предизвик се токму брзината на доставување, флексибилноста, доверливоста и недоволната професионалност на доставувачите кои многу влијаат врз креирањето на искуството кај граѓаните од онлајн купувањето. Најновите податоци покажуваат дека во земјава над 86,6 отсто од домаќинствата имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници. Регионот споредено со Европа има најниско ниво на иматели на сметки, на платежни картички и најмалку користи платежните картички. Кешот е се уште доминантен начин на плаќање. Денеска ќе видиме како да ги „отплеткаме“ другите платежни методи кои во развиените земји се норма и каде плаќање во готово не се ни нуди како опција, истакна Ангеловска Станков пред почетокот на регионална конференција за е-трговија. Земјите од Западен Балкан имаат напредок во е-трговијата, но и покрај растот, се рангирани најниско во споредба со европските држави. Имаме прогрес, но далеку сме од фаќање чекор со европските земји. Имаме уште многу работа. Во однос на подготвеноста за е-трговија, секогаш ја гледаме и дигиталната подготвеност како предуслов. Тука се уште не сме на завидно ниво зашто во однос на дигитални вештини, регионот е многу ниско рангиран и потребно е забрзување. Албанија во однос на е-трговијата минатите пет години бележи раст од 370 проценти, а Србија како најголем пазар има најголем потенцијал - има 65 отсто онлајн купувачи од интернет корисниците, додека Македонија е на второ место со 54 проценти, рече Ангеловска Станков. Македонскиот е-купувач, освен облека, купува и електроника, производи за домаќинство,... Имаме разлики со европскиот купувач кога се работи за електрониката. Албанија, на пример, купува повеќе од европскиот купувач, а Црногорците многу нарачуваат храна од ресторани за разлика од Европјаните. Во однос на зделките кои се најчесто до 50 евра, една од причините е купувната моќ. Сепак, дел од овие зделки се плаќаат во кеш при доставата. Во Европа нарачките просечно се од 100 - 500 евра. Битна е и колку често купувате, кај нас онлајн купувањето се уште не е навика, истакна претседателката на Асоцијацијата за е-трговија. Нејзина оценка е и дека приватните пошти имаат значаен раст во работењето, но мора да применат помодерни технологии за да го оптимизираат работењето и да ги намалат трошоците, како и да го подобрат квалитетот. Недостигот на кадар, порача, може да се надмине со подобра технологија. Најновите податоци се охрабрувачки. Над 86,6 отсто од домаќинствата во земјава имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници. Овие бројки ја поставуваат нашата држава на водечките позиции во регионот, но го отсликуваат и потенцијалот за развој. Охрабрувачки е да се види како нашите домашни платформи веќе имплементираат современи технолошки решенија од напредни системи базирани на вештачка интелигенција, иновативни платежни решенија, до нови начини на достава. Ова покажува дека имаме капацитет да развиваме решенија кои ги задоволуваат современите потрошувачки потреби и можат да се напредуваат со глобалните стандарди, смета министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој најави дека во наредниот период ќе се посвети внимание на создавање поволна деловна клима која ќе поттикне претприемништво и во дигиталната сфера. Преку континуиран дијалог и соработка ќе продолжиме да работиме на создавање поконкурентен и динамичен екосистем кој ќе биде двигател на економскиот раст и на дигиталната трансформација. Со заедничка визија и координарани напори можеме да ги надминеме предизвиците и да го искористиме целосниот потенцијал на дигиталната економија во нашиот регион за да го достигнеме нивото на европските пазари. Нашата намера е да работиме и на олеснување на прекуграничната трговија, унапредување на системите за плаќање и модернизација на логистичката инфраструктура, рече министерот. На 7. регионална конференција за е-трговија која се одржува во Скопје под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, има над 700 учесници од дома и од регионот, претставници од водечки компании, меѓународни организации и академски институции. Како што рече Ангеловска Станков, потенцијалот на регионот во однос на е-трговијата почнаа да го забележуваат и интернационални компании кои влегоа на овие пазари, а се забележува и ширење на регионални компании во повеќе земји од Западен Балкан.

The post Македонскиот е-купувач со сличен калап како балканскиот: Прави зделки до 50 евра, а најмногу „сурфа“ на социјални мрежи и телефонира appeared first on Република.

]]>
Кои се најдобрите десет држави за работа од далечина? https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/koi-se-najdobrite-deset-drzhavi-za-rabota-od-dalechina/ Sun, 07 Jan 2024 16:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=730610

Нов извештај од платформата за сајбер безбедност Nordlayer анализира каде се најдобрите места во светот за работа надвор од Македонија.

Во извештајот е откриено дека Европа доминира во изборот не само со сите топ десет места, туку европските земји се меѓу најдобрите во првата половина од анализираните земји во светот, пренесува „Investor“.

Глобалниот индекс на далечина од 2023 година собра податоци од 108 земји и ги бодираше врз основа на тоа како тие поминаа според различни критериуми, вклучувајќи пристап до стабилни, брзи интернет конекции, социо-економски придобивки како што се здравствената заштита, како и заштита на човековите права.

Иако е вистина дека приоритетите на луѓето не се совпаѓаат и она што тие најмногу го ценат исто така се разликува, студијата покажа дека Данска се рангираше на прво место во целина кога резултатите беа земени од четири клучни категории – сајбер безбедност, дигитална и физичка инфраструктура, социјална и економска безбедност.

По Данска, следуваат Холандија, Германија, Шпанија, Португалија, Шведска, Естонија, Литванија, Ирска и Словачка.

The post Кои се најдобрите десет држави за работа од далечина? appeared first on Република.

]]>

Нов извештај од платформата за сајбер безбедност Nordlayer анализира каде се најдобрите места во светот за работа надвор од Македонија. Во извештајот е откриено дека Европа доминира во изборот не само со сите топ десет места, туку европските земји се меѓу најдобрите во првата половина од анализираните земји во светот, пренесува „Investor“. Глобалниот индекс на далечина од 2023 година собра податоци од 108 земји и ги бодираше врз основа на тоа како тие поминаа според различни критериуми, вклучувајќи пристап до стабилни, брзи интернет конекции, социо-економски придобивки како што се здравствената заштита, како и заштита на човековите права. Иако е вистина дека приоритетите на луѓето не се совпаѓаат и она што тие најмногу го ценат исто така се разликува, студијата покажа дека Данска се рангираше на прво место во целина кога резултатите беа земени од четири клучни категории – сајбер безбедност, дигитална и физичка инфраструктура, социјална и економска безбедност. По Данска, следуваат Холандија, Германија, Шпанија, Португалија, Шведска, Естонија, Литванија, Ирска и Словачка.

The post Кои се најдобрите десет држави за работа од далечина? appeared first on Република.

]]>
Средношколци останаа без учебници, се плаќаат и по 600 денари за копија, МОН, пак, вели дека ги има онлајн https://republika.mk/vesti/makedonija/srednoshkoltsi-ostanaa-bez-uchebnitsi-se-plakaat-i-po-600-denari-za-kopija-mon-pak-veli-deka-gi-ima-onlajn/ Wed, 20 Sep 2023 15:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=683530

Нема учебници по биологија и хемија за здравствената струка, а според она што официјално за МКД.мк ни го одговорија од МОН, хартиени учебници нема да има, туку средношколците ќе можат да ги најдат онлајн. Е сега, за вашето дете да не учи од мобилен телефон, овие два учебници треба да се испечатат, што ќе ве чини околу 1.200 денари.

Нема доволно ниту учебници по странски јазици. За нив МОН уверува дека дел ќе бидат дистрибуирани до крајот на септември, а дел дури откако ќе бидат склучени договорите со компанијата што ќе ги печати учебниците.

Учебниците по биологија и хемија за Здравствена струка ги има на е-учебници и учениците имаат пристап до нив. Во однос на прашањето за учебниците по странски јазици, дел од учебниците се веќе дистрибуирани, дел сѐ уште се дистрибуираат и тоа ќе заврши најдоцна до 30.9., додека за дел од учебниците не беше склучен договор со економскиот оператор, што значи дека училиштата тие учебници ќе ги добијат по склучувањето договор со компанијата што ќе ги печати (француски јазик за 1. година, англиски за 2. година, англиски, француски и италијански јазик за 3. година, како и француски и италијански за 4. година.)“, се вели во одговорот од МОН за МКД.мк.

Учебници немаат ниту основните училишта, а дел од оние што недостигаат, како што велат од МОН, ќе бидат дистрибуирани наскоро.

Во врска со дистрибуцијата на учебници за основно образование, дистрибуирани се сите одобрени учебници за 1., 2., 4. и 5. одделение, а во тек е дистрибуцијата за новоодобрените учебници за 3. одделение, и тоа на сите наставни јазици. За учебниците од 6. одделение, согласно со новата концепција за основно образование, постапките се при крај и наскоро и тие учебници ќе бидат во училиштата. Учебниците од 7., 8. и 9. одделение, односно оние што МОН ги набавува со откуп на тиражи веќе се испорачани, додека учебниците за кои МОН е издавач ќе бидат дистрибуирани наскоро во сите училишта што побарале учебници“, додаваат од МОН.

Повеќе на МКД.мк

The post Средношколци останаа без учебници, се плаќаат и по 600 денари за копија, МОН, пак, вели дека ги има онлајн appeared first on Република.

]]>

Нема учебници по биологија и хемија за здравствената струка, а според она што официјално за МКД.мк ни го одговорија од МОН, хартиени учебници нема да има, туку средношколците ќе можат да ги најдат онлајн. Е сега, за вашето дете да не учи од мобилен телефон, овие два учебници треба да се испечатат, што ќе ве чини околу 1.200 денари. Нема доволно ниту учебници по странски јазици. За нив МОН уверува дека дел ќе бидат дистрибуирани до крајот на септември, а дел дури откако ќе бидат склучени договорите со компанијата што ќе ги печати учебниците.
Учебниците по биологија и хемија за Здравствена струка ги има на е-учебници и учениците имаат пристап до нив. Во однос на прашањето за учебниците по странски јазици, дел од учебниците се веќе дистрибуирани, дел сѐ уште се дистрибуираат и тоа ќе заврши најдоцна до 30.9., додека за дел од учебниците не беше склучен договор со економскиот оператор, што значи дека училиштата тие учебници ќе ги добијат по склучувањето договор со компанијата што ќе ги печати (француски јазик за 1. година, англиски за 2. година, англиски, француски и италијански јазик за 3. година, како и француски и италијански за 4. година.)“, се вели во одговорот од МОН за МКД.мк.
Учебници немаат ниту основните училишта, а дел од оние што недостигаат, како што велат од МОН, ќе бидат дистрибуирани наскоро.
Во врска со дистрибуцијата на учебници за основно образование, дистрибуирани се сите одобрени учебници за 1., 2., 4. и 5. одделение, а во тек е дистрибуцијата за новоодобрените учебници за 3. одделение, и тоа на сите наставни јазици. За учебниците од 6. одделение, согласно со новата концепција за основно образование, постапките се при крај и наскоро и тие учебници ќе бидат во училиштата. Учебниците од 7., 8. и 9. одделение, односно оние што МОН ги набавува со откуп на тиражи веќе се испорачани, додека учебниците за кои МОН е издавач ќе бидат дистрибуирани наскоро во сите училишта што побарале учебници“, додаваат од МОН.
Повеќе на МКД.мк

The post Средношколци останаа без учебници, се плаќаат и по 600 денари за копија, МОН, пак, вели дека ги има онлајн appeared first on Република.

]]>
Лекарите ќе работат и онлајн за да си ја заработат платата, најави Меџити https://republika.mk/zivot/zdravje/lekarite-ke-rabotat-i-onlajn-za-da-si-ja-zarabotat-platata-najavi-medhiti/ Wed, 31 May 2023 11:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=646434

Министерот за здравство Фатмир Меџити зборуваше за проблемите во здравството. Тој рече дека има проблем да се закаже термин кај специјалист и проблем се дијагностичките процедури, па граѓаните се принудени да плаќаат во приватно здравство. Нагласи дека тој и неговиот тим работат на тоа да се надминеме овој проблем.

Пред три недели ги пуштивме сите екипи, сите контролори и инспекции се на терен. Имаме подобрување во тој контекст. Понатаму ќе излеземе со точни резултати колку е подобрувањето. Знаеме дека има проблем, јас од првиот ден велам дека треба целосна реорганизација на здравствениот систем во нашата држава. Треба систематизација на здравството, ние работиме напорно, презедовме мерки и ќе имаме точни резултати за неколку недели, дека имаме подобрување и ќе продолжиме да работиме, рече Меџити.

Во врска со дијагностицирањето, рече дека работи заедно со својот тим, а дека проблемот е во систематизацијата и реорганизацијата.

Во клиничкиот центар имаме доволно кадар, и здравствени работници и сестри, знаете дека ние прво треба да ја средиме примарната здравствена заштита, тука треба да направиме голем пресек, ова не се прави за ден два, ќе треба повеќе време, можеби и години, но ние треба да започнеме, работите да се движат композитивно, јас имам мој предлог визија, работиме на тоа да има и група формирана на дигитализација на радиологија низ цела држава т.е. централизација на радиологијата. Тоа значи дека ако во еден град ако има доктор што дневно чита еден ренген на една рака или нога, сега натаму нема да биде така, онлајн ќе бидат вклучени сите, ќе има ограничен број колку дневно да чита еден лекар за да си ја изработи платата, над тој број и дома нашите радиолози почитувани ако сакаат за повеќе финансиски примања ќе имаат можност да прочитаат со цел да не се чека толку долго, објасни министерот Меџити.

 

The post Лекарите ќе работат и онлајн за да си ја заработат платата, најави Меџити appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити зборуваше за проблемите во здравството. Тој рече дека има проблем да се закаже термин кај специјалист и проблем се дијагностичките процедури, па граѓаните се принудени да плаќаат во приватно здравство. Нагласи дека тој и неговиот тим работат на тоа да се надминеме овој проблем.
Пред три недели ги пуштивме сите екипи, сите контролори и инспекции се на терен. Имаме подобрување во тој контекст. Понатаму ќе излеземе со точни резултати колку е подобрувањето. Знаеме дека има проблем, јас од првиот ден велам дека треба целосна реорганизација на здравствениот систем во нашата држава. Треба систематизација на здравството, ние работиме напорно, презедовме мерки и ќе имаме точни резултати за неколку недели, дека имаме подобрување и ќе продолжиме да работиме, рече Меџити.
Во врска со дијагностицирањето, рече дека работи заедно со својот тим, а дека проблемот е во систематизацијата и реорганизацијата.
Во клиничкиот центар имаме доволно кадар, и здравствени работници и сестри, знаете дека ние прво треба да ја средиме примарната здравствена заштита, тука треба да направиме голем пресек, ова не се прави за ден два, ќе треба повеќе време, можеби и години, но ние треба да започнеме, работите да се движат композитивно, јас имам мој предлог визија, работиме на тоа да има и група формирана на дигитализација на радиологија низ цела држава т.е. централизација на радиологијата. Тоа значи дека ако во еден град ако има доктор што дневно чита еден ренген на една рака или нога, сега натаму нема да биде така, онлајн ќе бидат вклучени сите, ќе има ограничен број колку дневно да чита еден лекар за да си ја изработи платата, над тој број и дома нашите радиолози почитувани ако сакаат за повеќе финансиски примања ќе имаат можност да прочитаат со цел да не се чека толку долго, објасни министерот Меџити.
 

The post Лекарите ќе работат и онлајн за да си ја заработат платата, најави Меџити appeared first on Република.

]]>
„Би-Би-Си“ планира да премине целосно онлајн во следната деценија https://republika.mk/zivot/kariera/bi-bi-si-planira-da-premine-tselosno-onlajn-vo-slednata-detsenija/ Sun, 29 Jan 2023 20:22:43 +0000 https://republika.mk/?p=602366

Британскиот јавен радиодифузен сервис BBC ги започнува подготовките за премин кон целосна онлајн содржина, при што планира да ги затвори сите телевизиски и радио канали. Според најавените планови, тоа треба да се случи во следната деценија, а дотогаш BBC ќе продолжи да развивателевизиски и радио проекти.

Според генералниот директор на BBC, Тим Дејви, иднината ќе вклучува „обединување на сите медиумски формати во еден“, најверојатно во форма на единствена апликација која комбинира сè, од телевизиски содржини до локални вести и едукативен материјал.

Дејви го прифати ризикот дека BBC може да прерасне во само уште еден стримувач на онлајн содржини на пазар кој и веќе е презаситен: „Преминувањето кон дигиталниот простор не е предизвик сам по себе, туку преминувањето кон дигиталниот простор без да изгубите поголем дел од вашата публика и непотребно да потрошите милиони фунти е вистинскиот предизвик“.

Иако телевизиските и радио канали на BBC продолжуваат да допираат до десетици милиони Британци месечно, речиси сите нивни медиуми бележат веќе долгорочен пад на нивната публика, особено меѓу помладите демографски категории.

Извор- Маркетинг 365

The post „Би-Би-Си“ планира да премине целосно онлајн во следната деценија appeared first on Република.

]]>

Британскиот јавен радиодифузен сервис BBC ги започнува подготовките за премин кон целосна онлајн содржина, при што планира да ги затвори сите телевизиски и радио канали. Според најавените планови, тоа треба да се случи во следната деценија, а дотогаш BBC ќе продолжи да развивателевизиски и радио проекти. Според генералниот директор на BBC, Тим Дејви, иднината ќе вклучува „обединување на сите медиумски формати во еден“, најверојатно во форма на единствена апликација која комбинира сè, од телевизиски содржини до локални вести и едукативен материјал. Дејви го прифати ризикот дека BBC може да прерасне во само уште еден стримувач на онлајн содржини на пазар кој и веќе е презаситен: „Преминувањето кон дигиталниот простор не е предизвик сам по себе, туку преминувањето кон дигиталниот простор без да изгубите поголем дел од вашата публика и непотребно да потрошите милиони фунти е вистинскиот предизвик“.
Иако телевизиските и радио канали на BBC продолжуваат да допираат до десетици милиони Британци месечно, речиси сите нивни медиуми бележат веќе долгорочен пад на нивната публика, особено меѓу помладите демографски категории. Извор- Маркетинг 365

The post „Би-Би-Си“ планира да премине целосно онлајн во следната деценија appeared first on Република.

]]>
Онлајн часови во 70 белградски училишта поради дојави за бомби https://republika.mk/vesti/balkan/onlajn-chasovi-vo-70-belgradski-uchilishta-poradi-dojavi-za-bombi/ Wed, 18 May 2022 08:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=503681

Во 49 основни и 21 средно училиште во Белград денеска ќе се организира онлајн настава поради дојави за поставени бомби, изјави помошник министерот за образование на Србија, Милан Пашиќ.

Во изјава за РТС тој нагласи дека 96 отсто од основните и средните училишта во Србија работат по директен модел и дека нема извештаи за бомби надвор од Белград.

Во Белград тие бројки се менуваат од час во час. Последните информации од синоќа во 22 часот покажуваат дека наставата денеска ќе се организира од далечина во 49 основни и 21 средно училиште во главниот град - рече Пашиќ.

Тој додаде дека во сите училишта каде се вршени контрадиверзантски контроли било утврдено дека не биле поставени експлозивни направи, јави Бета.

The post Онлајн часови во 70 белградски училишта поради дојави за бомби appeared first on Република.

]]>

Во 49 основни и 21 средно училиште во Белград денеска ќе се организира онлајн настава поради дојави за поставени бомби, изјави помошник министерот за образование на Србија, Милан Пашиќ. Во изјава за РТС тој нагласи дека 96 отсто од основните и средните училишта во Србија работат по директен модел и дека нема извештаи за бомби надвор од Белград.
Во Белград тие бројки се менуваат од час во час. Последните информации од синоќа во 22 часот покажуваат дека наставата денеска ќе се организира од далечина во 49 основни и 21 средно училиште во главниот град - рече Пашиќ.
Тој додаде дека во сите училишта каде се вршени контрадиверзантски контроли било утврдено дека не биле поставени експлозивни направи, јави Бета.

The post Онлајн часови во 70 белградски училишта поради дојави за бомби appeared first on Република.

]]>
Брзо и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода во 4 чекори https://republika.mk/vesti/skopje/brzo-i-ednostavno-onlajn-plakjanje-na-smetkite-za-voda-vo-4-chekori/ Wed, 18 May 2022 07:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=503664

Јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје, за граѓаните воведе брзо, лесно и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода, во 4 чекори, соопштуваат оттаму.

Плаќањето може да го извршувате преку нивната веб страна.

The post Брзо и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода во 4 чекори appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје, за граѓаните воведе брзо, лесно и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода, во 4 чекори, соопштуваат оттаму. Плаќањето може да го извршувате преку нивната веб страна.

The post Брзо и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода во 4 чекори appeared first on Република.

]]>
„Кујна за критички рецепти и нови вкусови“ – предавање на Томас Хиршхорн на https://republika.mk/vesti/kultura/kujna-za-kritichki-recepti-i-novi-vkusovi-predavanje-na-tomas-hirshhorn-na/ Fri, 18 Mar 2022 07:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=474710

Во рамките на работилницата „Кујна за критички рецепти и нови вкусови – Работилница на обединетите невештини и вештини“, на 18 март во 17 часот ќе се одржи онлајн предавање на реномираниот швајцарски уметник Томас Хиршхорн.

Организаторот Центар-Јадро посочува дека идејата за работилниците е да се поканат неколку истакнати уметници да одржат онлајн предања и со учесниците и пошироката јавност да споделат дел од својата уметничка пракса.

Онлајн предавањето ќе се може да се следи преку Фејсбук-страницата на Центар-Јадро.

„Хиршхорн нашироко се смета за водечки уметник на неговата генерација. Тој користи секојдневни и пронајдени материјали како пластична фолија, картон, алуминиум, селотејп и слики од списанија за да создаде дистописка реалност. Работниот процес на правење на неговите комплексни дела останува видлив при нивното изложување и така тој станува метафора за индивидуалната и колективната борба за воспоставување демократија“, стои меѓу друтото во најавата за предавањето.

Работилницата е дел од проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ кој се реализира со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.

The post „Кујна за критички рецепти и нови вкусови“ – предавање на Томас Хиршхорн на appeared first on Република.

]]>

Во рамките на работилницата „Кујна за критички рецепти и нови вкусови – Работилница на обединетите невештини и вештини“, на 18 март во 17 часот ќе се одржи онлајн предавање на реномираниот швајцарски уметник Томас Хиршхорн. Организаторот Центар-Јадро посочува дека идејата за работилниците е да се поканат неколку истакнати уметници да одржат онлајн предања и со учесниците и пошироката јавност да споделат дел од својата уметничка пракса. Онлајн предавањето ќе се може да се следи преку Фејсбук-страницата на Центар-Јадро. „Хиршхорн нашироко се смета за водечки уметник на неговата генерација. Тој користи секојдневни и пронајдени материјали како пластична фолија, картон, алуминиум, селотејп и слики од списанија за да создаде дистописка реалност. Работниот процес на правење на неговите комплексни дела останува видлив при нивното изложување и така тој станува метафора за индивидуалната и колективната борба за воспоставување демократија“, стои меѓу друтото во најавата за предавањето. Работилницата е дел од проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ кој се реализира со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.

The post „Кујна за критички рецепти и нови вкусови“ – предавање на Томас Хиршхорн на appeared first on Република.

]]>
Гимназијата и економското училиште во Битола наставата ја започнаа онлајн https://republika.mk/vesti/makedonija/gimnazijata-i-ekonomskoto-uchilishte-vo-bitola-nastavata-ja-zapochnaa-onlajn/ Tue, 01 Feb 2022 09:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=452303

Две битолски средни училишта второто полугодие го почнаа со онлајн настава, додека останатите средни и основни училишта наставниот процес го продолжуваат со физичко присуство.

Наставата од дома ќе ја реализираат учениците и наставниците од средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“ каде во завршна фаза е голем реконструктивен зафат на гимназијата, како и во средното економско училиште „Јане Сандански“ каде се врши обнова на фасадата и дограмата.

Второто полугодите во останатите основни и средни училишта, како и во државното средно музичко училиште утрово во Битола почна без пречки во наставниот процес и со почитување на мерките за ковид-заштита.

The post Гимназијата и економското училиште во Битола наставата ја започнаа онлајн appeared first on Република.

]]>

Две битолски средни училишта второто полугодие го почнаа со онлајн настава, додека останатите средни и основни училишта наставниот процес го продолжуваат со физичко присуство. Наставата од дома ќе ја реализираат учениците и наставниците од средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“ каде во завршна фаза е голем реконструктивен зафат на гимназијата, како и во средното економско училиште „Јане Сандански“ каде се врши обнова на фасадата и дограмата. Второто полугодите во останатите основни и средни училишта, како и во државното средно музичко училиште утрово во Битола почна без пречки во наставниот процес и со почитување на мерките за ковид-заштита.

The post Гимназијата и економското училиште во Битола наставата ја започнаа онлајн appeared first on Република.

]]>
Берлинскиoт филмски фестивал ќе се одржи со публика, но со изменет програмски концепт https://republika.mk/scena/film/berlinskiot-filmski-festival-kje-se-odrzi-so-publika-no-so-izmenet-programski-koncept/ Thu, 27 Jan 2022 19:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=450389

Берлински филмски фестивал ќе се одржи со присуство на публика, но со изменет програмски концепт, соопштија од раководството на „Берлинале“.

Свесни сме за предизвиците што ги носи непредвидливиот тек на пандемијата. Но свесни сме и дека културата игра фундаментална улога во нашето општество – велат од управата на фестивалот.

Посетителите на фестивалот, како професионалците, така и пошироката јавност, ќе можат да влезат во кината само доколку ги исполнат т.н. 2Г + правила. Тоа значи дека е дозволен влез само за вакцинирани лица или оние што го прележале ковид-19, со дополнително прикажување негативен тест. Засега не е познато дали наместо тестирање, ќе биде прифатена потврда за третата доза од вакцината. За време на престојот во кината ќе биде задолжително носењето маски.
Исто така, претставите за стручната публика, кои претходните години се исполнуваа по принципот на редоследот на пристигнување, сега ќе може да се погледнат само со претходно купена карта.

Капацитетите на кината ќе бидат исполнети само до 50 отсто, одлучи управата на фестивалот, по претходен договор со берлинскиот здравствен комитет. Променет е и концептот, така што самиот натпреварувачки дел ќе трае од 10 до 16 февруари, кога ќе бидат претставени победниците.
Другите фестивалски денови до 20 февруари ќе бидат резервирани за пресек на фестивалската програма и ќе бидат наменети исклучиво за општата, а не за стручната публика. Инаку, победниците се прогласуваат на претпоследниот ден од фестивалот, додека последниот ден е резервиран за пошироката јавност.
Исто така, поради пандемијата, годинава по филмските премиери нема да има ниту приеми ниту традиционални забави. Некои делови од фестивалот, како што се Европскиот филмски саем или програмата Млади таленти, ќе се одржуваат исклучиво онлајн.

The post Берлинскиoт филмски фестивал ќе се одржи со публика, но со изменет програмски концепт appeared first on Република.

]]>

Берлински филмски фестивал ќе се одржи со присуство на публика, но со изменет програмски концепт, соопштија од раководството на „Берлинале“.
Свесни сме за предизвиците што ги носи непредвидливиот тек на пандемијата. Но свесни сме и дека културата игра фундаментална улога во нашето општество – велат од управата на фестивалот.
Посетителите на фестивалот, како професионалците, така и пошироката јавност, ќе можат да влезат во кината само доколку ги исполнат т.н. 2Г + правила. Тоа значи дека е дозволен влез само за вакцинирани лица или оние што го прележале ковид-19, со дополнително прикажување негативен тест. Засега не е познато дали наместо тестирање, ќе биде прифатена потврда за третата доза од вакцината. За време на престојот во кината ќе биде задолжително носењето маски. Исто така, претставите за стручната публика, кои претходните години се исполнуваа по принципот на редоследот на пристигнување, сега ќе може да се погледнат само со претходно купена карта. Капацитетите на кината ќе бидат исполнети само до 50 отсто, одлучи управата на фестивалот, по претходен договор со берлинскиот здравствен комитет. Променет е и концептот, така што самиот натпреварувачки дел ќе трае од 10 до 16 февруари, кога ќе бидат претставени победниците. Другите фестивалски денови до 20 февруари ќе бидат резервирани за пресек на фестивалската програма и ќе бидат наменети исклучиво за општата, а не за стручната публика. Инаку, победниците се прогласуваат на претпоследниот ден од фестивалот, додека последниот ден е резервиран за пошироката јавност. Исто така, поради пандемијата, годинава по филмските премиери нема да има ниту приеми ниту традиционални забави. Некои делови од фестивалот, како што се Европскиот филмски саем или програмата Млади таленти, ќе се одржуваат исклучиво онлајн.

The post Берлинскиoт филмски фестивал ќе се одржи со публика, но со изменет програмски концепт appeared first on Република.

]]>
Онлајн настава за учениците и работа од дома за државните службеници и утре во Атина https://republika.mk/vesti/balkan/onlajn-nastava-za-uchenicite-i-rabota-od-doma-za-drzavnite-sluzbenici-i-utre-vo-atina/ Wed, 26 Jan 2022 13:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=449784

Градинките, основните и средните училиштата во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во следните два дена ќе останат затворени, учениците ќе следат онлајн настава, додека пак вработените во јавниот сектор ќе работат од дома, јави дописничката на МИА од Атина.

Училиштата се затворени од понеделникот поради снежната бура што ја зафати грчката метропола, додека пак вчера и денеска Владата ги прогласи за неработни денови.

Од Министерството за внатрешни работи во чија надлежност е јавниот сектор, излезе со „силна препорака да се искористи можноста за работа од дома за колку е можно повеќе да се избегнат движења“ и ги повика одговорните во државниот сектор да ги информираат вработените.

Иако обилните врнежи од снег во Атина запреа вчера наутро, останаа проблемите, повеќе атински населби над 24 часа се без електрична енергија, а помалите улици сè уште не се целосно исчистени.

The post Онлајн настава за учениците и работа од дома за државните службеници и утре во Атина appeared first on Република.

]]>

Градинките, основните и средните училиштата во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во следните два дена ќе останат затворени, учениците ќе следат онлајн настава, додека пак вработените во јавниот сектор ќе работат од дома, јави дописничката на МИА од Атина. Училиштата се затворени од понеделникот поради снежната бура што ја зафати грчката метропола, додека пак вчера и денеска Владата ги прогласи за неработни денови. Од Министерството за внатрешни работи во чија надлежност е јавниот сектор, излезе со „силна препорака да се искористи можноста за работа од дома за колку е можно повеќе да се избегнат движења“ и ги повика одговорните во државниот сектор да ги информираат вработените. Иако обилните врнежи од снег во Атина запреа вчера наутро, останаа проблемите, повеќе атински населби над 24 часа се без електрична енергија, а помалите улици сè уште не се целосно исчистени.

The post Онлајн настава за учениците и работа од дома за државните службеници и утре во Атина appeared first on Република.

]]>
Грците може да се разведат онлајн https://republika.mk/vesti/balkan/grcite-moze-da-se-razvedat-onlajn/ Tue, 04 Jan 2022 11:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=440405

Преку специјалната интернет платформа, односно преку дигиталниот портал на јавната администрација, меѓу останатите документи што Грците можат да ги вадат онлајн, веќе е вклучена можноста и за добивање развод доколку постои согласност од двете страни, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната одлука е веќе објавена во Службен весник на Грција, а предвидено е двете страни преку нивните адвокати, електронски да го прекинат бракот, процедура што ќе трае само десет дена и без да биде потребна посета на суд.

The post Грците може да се разведат онлајн appeared first on Република.

]]>

Преку специјалната интернет платформа, односно преку дигиталниот портал на јавната администрација, меѓу останатите документи што Грците можат да ги вадат онлајн, веќе е вклучена можноста и за добивање развод доколку постои согласност од двете страни, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретната одлука е веќе објавена во Службен весник на Грција, а предвидено е двете страни преку нивните адвокати, електронски да го прекинат бракот, процедура што ќе трае само десет дена и без да биде потребна посета на суд.

The post Грците може да се разведат онлајн appeared first on Република.

]]>