онлајн трговија Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn-trgovija/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Feb 2023 17:00:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png онлајн трговија Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn-trgovija/ 32 32 Не купувајте без да ја проверите онлајн фирмата и барајте фискална сметкa, апелираат од Државниот инспекторат https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-kupuvajte-bez-da-ja-proverite-onlajn-firmata-i-barajte-fiskalna-smetka-apeliraat-od-drzhavniot-inspektorat/ Tue, 07 Feb 2023 17:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=606152

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) апелира граѓаните, пред да извршат онлајн нарачка, да ги проверат контакт податоците и останатите податоци за компанијата или лицето кое ги продава производите, веродостојноста на е-продавницата, да ги заштитат своите лични податоци и да не го примаат производот без да им биде издадена фискална сметка или фактура.

Од ДПИ порачуваат доколку постои каков било сомнеж или е извршена директна измама, веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат.

Државниот пазарен инспекторат може да постапи само доколку пријавата е поднесена за трговец кој е регистриран и издава фискална сметка, бидејќи фискалната сметка служи како доказ при постапувањето од наша страна. Доколку трговецот за кој се однесува пријавата не е регистриран ние како институција немаме надлежност да постапуваме. Најчесто оние кои продаваат преку социјалните мрежи не се регистрирани, па заради тоа е невозможно да се пронајдат ниту пак да се постапи во согласност со поднесената пријава“, велат од ДПИ.

Оттаму нагласуваат дека Државниот пазарен инспекторат нема надлежност над други меѓународни пазари надвор од територијата на земјава за да може да презема мерки за решавање на претставки за нарачки од меѓународни веб продавници.

ДПИ е надлежен за онлајн измами според Законот за е-трговија и тоа според член 7, односно за да може да постапи, трговецот треба да е регистриран на адреса поинаква од домашната, бидејќи пазарниот инспекторат нема надлежност да врши надзор во домашен односно приватен имот“, посочуваат од ДПИ.

Регистриран онлајн трговец значи лесно, директно и постојано достапни најмалку следниве информации: име, односно фирма на давателот на услугата, седиште на правното лице, давател на услугата или адреса доколку е физичко лице, податоци за давателот на услугата врз основа на кои примателот на услугата може на директен и ефикасен начин да стапи во контакт со него, вклучително електронската адреса, трговскиот регистар во кој е внесен давателот на услуги и бројот на неговата регистрација или еквивалентните средства на идентификација во тој регистар, кога давателот на услугата е заведен во трговски или друг соодветен регистар, податоци од надлежниот орган, доколку давателот на услугата подлежи на обврска за издавање на лиценци или друг вид на одобренија и даночен број ако давателот на услуга е обврзник на ДДВ.

Понатаму, потребни се и податоци за институцијата кај која е регистриран давателот на услугата, професионалниот назив и земјата во која е стекнат тој назив, упатување на професионалните правила во земјата во која ја врши дејноста и начинот на пристап до нив. Ако давателот на онлајн услуги ги наведува цените на производите и услугите, тие треба да бидат наведени јасно и недвосмислено, особено треба да се наведе дали во нив се вклучени трошоците на испорака, даноците и манипулативните трошоци кои имаат влијание на наведената цена.

Граѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на производите, достава надвор од утврдениот рок, неможноста да се оствари повторен контакт со продавачот најчесто поради недостапност или блокирање на страницата од која се продавале производите. Често се случува производите да се различни кога ќе пристигнат кај граѓаните, отколку оние претставени на фотографијата, проблем е и не издавањето на фискални сметки, фактури или гарантен лист при доставувањето на производите. Заради ваквите негативни искуства во изминатиот период граѓаните интензивно пријавуваат онлајн измами, особено кога станува збор за производи кои се продаваат преку користење на социјалните мрежи“, прецизираат од Државниот пазарен инспекторат.

The post Не купувајте без да ја проверите онлајн фирмата и барајте фискална сметкa, апелираат од Државниот инспекторат appeared first on Република.

]]>

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) апелира граѓаните, пред да извршат онлајн нарачка, да ги проверат контакт податоците и останатите податоци за компанијата или лицето кое ги продава производите, веродостојноста на е-продавницата, да ги заштитат своите лични податоци и да не го примаат производот без да им биде издадена фискална сметка или фактура. Од ДПИ порачуваат доколку постои каков било сомнеж или е извршена директна измама, веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат може да постапи само доколку пријавата е поднесена за трговец кој е регистриран и издава фискална сметка, бидејќи фискалната сметка служи како доказ при постапувањето од наша страна. Доколку трговецот за кој се однесува пријавата не е регистриран ние како институција немаме надлежност да постапуваме. Најчесто оние кои продаваат преку социјалните мрежи не се регистрирани, па заради тоа е невозможно да се пронајдат ниту пак да се постапи во согласност со поднесената пријава“, велат од ДПИ.
Оттаму нагласуваат дека Државниот пазарен инспекторат нема надлежност над други меѓународни пазари надвор од територијата на земјава за да може да презема мерки за решавање на претставки за нарачки од меѓународни веб продавници.
ДПИ е надлежен за онлајн измами според Законот за е-трговија и тоа според член 7, односно за да може да постапи, трговецот треба да е регистриран на адреса поинаква од домашната, бидејќи пазарниот инспекторат нема надлежност да врши надзор во домашен односно приватен имот“, посочуваат од ДПИ.
Регистриран онлајн трговец значи лесно, директно и постојано достапни најмалку следниве информации: име, односно фирма на давателот на услугата, седиште на правното лице, давател на услугата или адреса доколку е физичко лице, податоци за давателот на услугата врз основа на кои примателот на услугата може на директен и ефикасен начин да стапи во контакт со него, вклучително електронската адреса, трговскиот регистар во кој е внесен давателот на услуги и бројот на неговата регистрација или еквивалентните средства на идентификација во тој регистар, кога давателот на услугата е заведен во трговски или друг соодветен регистар, податоци од надлежниот орган, доколку давателот на услугата подлежи на обврска за издавање на лиценци или друг вид на одобренија и даночен број ако давателот на услуга е обврзник на ДДВ. Понатаму, потребни се и податоци за институцијата кај која е регистриран давателот на услугата, професионалниот назив и земјата во која е стекнат тој назив, упатување на професионалните правила во земјата во која ја врши дејноста и начинот на пристап до нив. Ако давателот на онлајн услуги ги наведува цените на производите и услугите, тие треба да бидат наведени јасно и недвосмислено, особено треба да се наведе дали во нив се вклучени трошоците на испорака, даноците и манипулативните трошоци кои имаат влијание на наведената цена.
Граѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на производите, достава надвор од утврдениот рок, неможноста да се оствари повторен контакт со продавачот најчесто поради недостапност или блокирање на страницата од која се продавале производите. Често се случува производите да се различни кога ќе пристигнат кај граѓаните, отколку оние претставени на фотографијата, проблем е и не издавањето на фискални сметки, фактури или гарантен лист при доставувањето на производите. Заради ваквите негативни искуства во изминатиот период граѓаните интензивно пријавуваат онлајн измами, особено кога станува збор за производи кои се продаваат преку користење на социјалните мрежи“, прецизираат од Државниот пазарен инспекторат.

The post Не купувајте без да ја проверите онлајн фирмата и барајте фискална сметкa, апелираат од Државниот инспекторат appeared first on Република.

]]>
Македонците за онлајн трговија потрошиле 437 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedoncite-za-onlajn-trgovija-potroshile-437-milioni-evra/ Mon, 11 Apr 2022 11:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=486749

Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележа значително забрзан раст. Исклучок од ова не беше ниту  Македонија каде забележителен е значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализирани со домашни картички кон домашни е-трговци.

Иако пандемијата стивнува и работите веќе се враќаат во нормала, растот на новоотворените е-продавници, како и бројот и вредноста на реализираните е-трансакции продолжува и понатаму, со поголема динамика од пред пандемијата.

Согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната Банка на Република  Македонија, кон домашните е-трговци се слеале 335,3 милиони евра во 2021 година што претставува раст од 47,9% споредено со 2020 година. Од нив 5% се реализирани со странски картички, додека 95% со домашни платежни картички.

Што се однесува до вредноста на е-трансакциите направени со домашни картички кон странски е-трговци, по падот од 52,4% во 2020 година споредено со 2019 година, годинава се забележува раст од 113% или во апсолутен износ реализирани се 101,8 милиони евра во 2021, наспроти 47,8 милиони евра во 2020 година.

Ако намалувањето на овој сегмент на трансакции во 2020 година беше очекувано со оглед на пандемијата и рестрикциите за патувања, како и бавната достава на производите, очигледно е дека во 2021 година овие сегменти започнуваат да функционираат во голема мера и поради тоа вредноста на е-трансакциите со домашни платежни картички кон странски е-трговци го надминува нивото на кое била во 2019 година.

Од аспект на бројот на трансакциите, во текот на 2021 година реализирани се вкупно 14,6 милиони онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 10,6 милиони во текот на 2020 година што претставува пораст од 38,7%.

Вкупната вредност на онлајн трансакциите остварени во 2021 година изнесува 437,1 милиони евра, од која со домашни платежни картички се потрошиле 420,7 милиони евра (кон домашни и странски e- трговци), додека до странски платежни картички се потрошиле 16,4 милиони евра (само кон домашни е-трговци).

Анализирајќи ја структурата на трансакциите, не се забележува значајна промена иако се забележува раст во сите сегменти. Споредено со 2020 година кога вкупната вредност на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон домашни и странски е-трговци изнесуваше 263,6 милиони евра, во 2021 година растот изнесува 59,6% со вкупна вредност од 420,7 милиони евра.

Во 2021 година од вкупната вредност, 73% припаѓаат на онлајн трансакции со домашни картички само кон домашни е-трговци и овој сегмент пораснал за 47,9% во однос на 2020 година.

Корисниците на домашни картички во текот на 2021 година ја зголемиле вредноста на трансакции кон странски е-трговци за 113% и овој сегмент процентуално учествува со 23% во вкупниот промет. Корисниците на странски картички исто така ја зголемиле вредноста на трансакции кон домашни е-продавници за 50,2% но уделот на овој сегмент изнесувал 4% идентично како и претходната година.

На графикот подолу е прикажан растот на бројот и вредноста на онлајн трансакциите по години, за периодот од 2016 заклучно со 2021 година. Од аспект на бројот на онлајн трансакции може да се забележи дека значајно отстапување има токму во 2020 година, која беше пандемиска година со 57% раст, додека во 2021 година растот продолжува, но со намалено темпо и истиот изнесува 38,7%.

Домашната понуда во е-трговијата продолжува да расте и понатаму, односно бројот на новоотворени онлајн продавници бележи раст од 22,5% во 2021 година. Во текот на 2021 година се отвориле 312 нови вируелни (интернет) продажни места, со што вкупниот број на е-продажни места на крајот на 2021 година изнесува 1696.

The post Македонците за онлајн трговија потрошиле 437 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележа значително забрзан раст. Исклучок од ова не беше ниту  Македонија каде забележителен е значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализирани со домашни картички кон домашни е-трговци. Иако пандемијата стивнува и работите веќе се враќаат во нормала, растот на новоотворените е-продавници, како и бројот и вредноста на реализираните е-трансакции продолжува и понатаму, со поголема динамика од пред пандемијата. Согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната Банка на Република  Македонија, кон домашните е-трговци се слеале 335,3 милиони евра во 2021 година што претставува раст од 47,9% споредено со 2020 година. Од нив 5% се реализирани со странски картички, додека 95% со домашни платежни картички. Што се однесува до вредноста на е-трансакциите направени со домашни картички кон странски е-трговци, по падот од 52,4% во 2020 година споредено со 2019 година, годинава се забележува раст од 113% или во апсолутен износ реализирани се 101,8 милиони евра во 2021, наспроти 47,8 милиони евра во 2020 година. Ако намалувањето на овој сегмент на трансакции во 2020 година беше очекувано со оглед на пандемијата и рестрикциите за патувања, како и бавната достава на производите, очигледно е дека во 2021 година овие сегменти започнуваат да функционираат во голема мера и поради тоа вредноста на е-трансакциите со домашни платежни картички кон странски е-трговци го надминува нивото на кое била во 2019 година. Од аспект на бројот на трансакциите, во текот на 2021 година реализирани се вкупно 14,6 милиони онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 10,6 милиони во текот на 2020 година што претставува пораст од 38,7%. Вкупната вредност на онлајн трансакциите остварени во 2021 година изнесува 437,1 милиони евра, од која со домашни платежни картички се потрошиле 420,7 милиони евра (кон домашни и странски e- трговци), додека до странски платежни картички се потрошиле 16,4 милиони евра (само кон домашни е-трговци). Анализирајќи ја структурата на трансакциите, не се забележува значајна промена иако се забележува раст во сите сегменти. Споредено со 2020 година кога вкупната вредност на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон домашни и странски е-трговци изнесуваше 263,6 милиони евра, во 2021 година растот изнесува 59,6% со вкупна вредност од 420,7 милиони евра. Во 2021 година од вкупната вредност, 73% припаѓаат на онлајн трансакции со домашни картички само кон домашни е-трговци и овој сегмент пораснал за 47,9% во однос на 2020 година. Корисниците на домашни картички во текот на 2021 година ја зголемиле вредноста на трансакции кон странски е-трговци за 113% и овој сегмент процентуално учествува со 23% во вкупниот промет. Корисниците на странски картички исто така ја зголемиле вредноста на трансакции кон домашни е-продавници за 50,2% но уделот на овој сегмент изнесувал 4% идентично како и претходната година. На графикот подолу е прикажан растот на бројот и вредноста на онлајн трансакциите по години, за периодот од 2016 заклучно со 2021 година. Од аспект на бројот на онлајн трансакции може да се забележи дека значајно отстапување има токму во 2020 година, која беше пандемиска година со 57% раст, додека во 2021 година растот продолжува, но со намалено темпо и истиот изнесува 38,7%. Домашната понуда во е-трговијата продолжува да расте и понатаму, односно бројот на новоотворени онлајн продавници бележи раст од 22,5% во 2021 година. Во текот на 2021 година се отвориле 312 нови вируелни (интернет) продажни места, со што вкупниот број на е-продажни места на крајот на 2021 година изнесува 1696.

The post Македонците за онлајн трговија потрошиле 437 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Македонците потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedoncite-potroshile-203-1-milioni-evra-kupuvajkji-od-domashni-onlajn-prodavnici/ Tue, 04 Jan 2022 12:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=440449

Македонските граѓани во првите девет месеци од минатата година потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници, што претставува пораст од 84,5 проценти во однос на истиот период во 2020 година.

Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ) информира дека кон домашните е-трговци се слеале 215,2 милиони евра од кои 94 проценти се од домашните купувачи.

Високи 87,2 проценти од вредноста на трансакците кон домашни е-продавници оствариле физичките лица. Просечната трансакција оствaрена од Македонците кон домашните е-трговци изнесува 26,2 евра и тоа кај физичките лица е 26,9 евра, а кај правните 22,2 евра.

Растот во првите девет месеци од 2021 година во вредноста на онлајн трансакциите изнесува 68 проценти. Можеби уште позначајната промена поттикната од Ковид-19 е драстичната промена во структурата на трансакциите. Ако од вкупната вредност пред пандемијата помалку од половина се слеваше кон домашни е-трговци, сега веќе учествуваат со 79 проценти или вкупно 215,2 милиони евра се слеале кон домашни е-трговци во првите девет месеци 2021. Македонците се повеќе купуваат од домашни е-трговци, 95 проценти од вредноста на домашните е-трговци ја реализирале македонски картички (картички издадени од домашните банки), вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

Македонците во првите девет месеци од минатата година во странство направиле трансакции вредни 58,1 милиони евра, што претставува 21,3 проценти од вкупно остварената вредност на онлајн трансакции. Во однос на истиот период претходната година остварен е раст од 28 проценти. Просечната трасакција што ја направиле Македонците во странство изнесува 26,2 евра.

Странците кон домашните е-трговци во првите девет месеци од 2021 година направиле промет од 12,1 милиони евра, зголемувајќи го износот на трансакции во однос на истиот период на 2020 година за 68 проценти. Износот на просечна трансакција што ја направиле странците кон домашните интернет продавници изнесува 35,3 евра.

The post Македонците потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници appeared first on Република.

]]>

Македонските граѓани во првите девет месеци од минатата година потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници, што претставува пораст од 84,5 проценти во однос на истиот период во 2020 година. Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ) информира дека кон домашните е-трговци се слеале 215,2 милиони евра од кои 94 проценти се од домашните купувачи. Високи 87,2 проценти од вредноста на трансакците кон домашни е-продавници оствариле физичките лица. Просечната трансакција оствaрена од Македонците кон домашните е-трговци изнесува 26,2 евра и тоа кај физичките лица е 26,9 евра, а кај правните 22,2 евра.
Растот во првите девет месеци од 2021 година во вредноста на онлајн трансакциите изнесува 68 проценти. Можеби уште позначајната промена поттикната од Ковид-19 е драстичната промена во структурата на трансакциите. Ако од вкупната вредност пред пандемијата помалку од половина се слеваше кон домашни е-трговци, сега веќе учествуваат со 79 проценти или вкупно 215,2 милиони евра се слеале кон домашни е-трговци во првите девет месеци 2021. Македонците се повеќе купуваат од домашни е-трговци, 95 проценти од вредноста на домашните е-трговци ја реализирале македонски картички (картички издадени од домашните банки), вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.
Македонците во првите девет месеци од минатата година во странство направиле трансакции вредни 58,1 милиони евра, што претставува 21,3 проценти од вкупно остварената вредност на онлајн трансакции. Во однос на истиот период претходната година остварен е раст од 28 проценти. Просечната трасакција што ја направиле Македонците во странство изнесува 26,2 евра. Странците кон домашните е-трговци во првите девет месеци од 2021 година направиле промет од 12,1 милиони евра, зголемувајќи го износот на трансакции во однос на истиот период на 2020 година за 68 проценти. Износот на просечна трансакција што ја направиле странците кон домашните интернет продавници изнесува 35,3 евра.

The post Македонците потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници appeared first on Република.

]]>