онлајн самит Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn-samit/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Aug 2024 14:54:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png онлајн самит Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn-samit/ 32 32 Министерот Салиу на глобален онлајн самит посветен на младите на кој учествуваше и премиерот на Индија https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-saliu-na-globalen-onlajn-samit-posveten-na-mladite-na-koj-uchestvuvashe-i-premierot-na-indija/ Sat, 17 Aug 2024 14:54:06 +0000 https://republika.mk/?p=807517

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за Ромите 2022-2030, Шабан Салиу денеска се обрати на глобалниот онлајн самит насловен „The 3rd Voice of Global South Summit 2024“ на кој учествуваа повеќе земји од светот, а беше во организација на Република Индија.

Самитот на тема „Youth Engagement for a Better Future“ го отвори претседателот на Владата на Република Индија, Нарендра Моди, кој во своето обраќање зборуваше за улогата на младите во насока на подобрување на состојбата во општеството.

Министерот Салиу во своето видео обраќање, меѓу другото, истакнал дека младите во државава се одлични претприемачи, негувајќи го активизмот и иновациите за подобра иднина за сите.

-Меѓу нив се и младите од нашата ромска заедница, кои продолжуваат да не’ инспирираат со својата упорност и страст и покрај бариерите со кои се соочуваат. Тие не’ потсетуваат дека вистинскиот напредок значи создавање можности за секој млад човек, без разлика на потеклото, етничката припадност или околностите. Верувам дека мојата должност, а всушност и должност на секоја влада, е да се погрижиме младите да не бидат само учесници во нашето општество туку да бидат во срцето на процесите на донесување одлуки. Ова не е само прашање на политика - ова е прашање на принцип. Мораме да инвестираме во образовни системи што ќе ги опремуваат нашите млади со вештините што им се потребни за иднината и мора да создадеме инклузивни економии каде што сите млади луѓе, вклучително и оние од маргинализираните заедници како Ромите, ќе можат да напредуваат, истакнал Салиу.

Министерот ја посочил потребата владите на сите држави во светот, меѓународните организации и граѓанското општество – да градат партнерства меѓу нациите и културите за, како што нагласил, подобро утре на сите.

The post Министерот Салиу на глобален онлајн самит посветен на младите на кој учествуваше и премиерот на Индија appeared first on Република.

]]>

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за Ромите 2022-2030, Шабан Салиу денеска се обрати на глобалниот онлајн самит насловен „The 3rd Voice of Global South Summit 2024“ на кој учествуваа повеќе земји од светот, а беше во организација на Република Индија. Самитот на тема „Youth Engagement for a Better Future“ го отвори претседателот на Владата на Република Индија, Нарендра Моди, кој во своето обраќање зборуваше за улогата на младите во насока на подобрување на состојбата во општеството. Министерот Салиу во своето видео обраќање, меѓу другото, истакнал дека младите во државава се одлични претприемачи, негувајќи го активизмот и иновациите за подобра иднина за сите.