онлајн промоција Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn-promocija/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 13:20:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png онлајн промоција Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn-promocija/ 32 32 Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира https://republika.mk/vesti/kultura/onlajn-promotsija-na-romanot-lektsijata-na-mesecharot-od-portugalskiot-pisatel-frederiko-pedreira/ Wed, 27 Mar 2024 13:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=759365

Раскошниот автобиографски роман „Лекцијата на месечарот“, од португалскиот писател Фредерико Педреира, ќе биде претставен пред македонската публика со онлајн-промоција, која ќе се одржи в петок (29 март), со почеток во 19 часот. Во разговорот со авторот, кој ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“, ќе се вклучат уредничката Бисера Бендевска и преведувачката од португалски јазик, Весела Моловска.

Книгата е дел едиција „Порта Европа“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Дизајнот на корицата е дело на дизајнерката Катерина Соколова, чиешто идејно решение беше избрано за победничко на конкурсот за млади дизајнери во рамките на проектот „Порта Европа“.

„Лекцијата на месечарот“ е приказна за форматирањето на личноста на нараторот уште како дете, кое долгите летни распусти ги поминува во домот на своите баба и дедо, во митската „зелена куќа“, преполна спомени и предмети од предците што имаат света важност за него. Опседнатоста со бескрајното гледање на видеоснимката од финалето во Купот на европските шампиони во фудбал, помеѓу Милан и Бенфика во 1990 година, и деноноќното шутирање во замислениот гол во дворот, ја заменува со бедемите книги во библиотеката на неговиот прадедо, инаку личен пријател со Фернандо Песоа. Токму откривањето на чудесниот свет на книгите ќе го определат неговиот младешки пат и студиите по книжевност во странство. Далеку од детството и од „зелената куќа“, младиот човек првпат ќе ја преиспитува својата припадност во новата средина и идејата за космополитизмот. А, таму... го чека нова приказна.

Фредерико Педреира е роден во 1983 година, во Лисабон. Студира во Португалија и во Велика Британија, каде што се здобива со магистерска диплома на Универзитетот „Ројал Холовеј“ во Лондон. Завршува докторски студии по книжевна теорија на Универзитетот во Лисабон. Работи неколку професии: новинар, преведувач и книжар. Има објавено десетина книги: шест поетски збирки, два романа, книга со кратки раскази и збирка есеи. Преведува дела од Јејтс, Луиз Глик, Честертон, Орвел, Дикенс, Свифт, Велс, Харди, Банвил и Вирџинија Вулф. Во 2021 година ја добива книжевната награда на Европската унија за романот „Лекцијата на месечарот“. Неговото поле на интерес вклучува филозофија на јазикот, книжевна критика, скептицизам, перцепција, филозофите Лудвиг Витгенштајн и Стенли Кавел и критичарот на уметноста Мајкл Фрид.

„Лекцијата на месечарот“ е дел од проектот „Порта Европа“ во чии рамки се објавени шест извонредни прозни остварувања од млади европски автори, добитници на Европската награда за книжевност што ја доделува Европската унија.

Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

The post Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира appeared first on Република.

]]>

Раскошниот автобиографски роман „Лекцијата на месечарот“, од португалскиот писател Фредерико Педреира, ќе биде претставен пред македонската публика со онлајн-промоција, која ќе се одржи в петок (29 март), со почеток во 19 часот. Во разговорот со авторот, кој ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“, ќе се вклучат уредничката Бисера Бендевска и преведувачката од португалски јазик, Весела Моловска. Книгата е дел едиција „Порта Европа“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Дизајнот на корицата е дело на дизајнерката Катерина Соколова, чиешто идејно решение беше избрано за победничко на конкурсот за млади дизајнери во рамките на проектот „Порта Европа“. „Лекцијата на месечарот“ е приказна за форматирањето на личноста на нараторот уште како дете, кое долгите летни распусти ги поминува во домот на своите баба и дедо, во митската „зелена куќа“, преполна спомени и предмети од предците што имаат света важност за него. Опседнатоста со бескрајното гледање на видеоснимката од финалето во Купот на европските шампиони во фудбал, помеѓу Милан и Бенфика во 1990 година, и деноноќното шутирање во замислениот гол во дворот, ја заменува со бедемите книги во библиотеката на неговиот прадедо, инаку личен пријател со Фернандо Песоа. Токму откривањето на чудесниот свет на книгите ќе го определат неговиот младешки пат и студиите по книжевност во странство. Далеку од детството и од „зелената куќа“, младиот човек првпат ќе ја преиспитува својата припадност во новата средина и идејата за космополитизмот. А, таму... го чека нова приказна. Фредерико Педреира е роден во 1983 година, во Лисабон. Студира во Португалија и во Велика Британија, каде што се здобива со магистерска диплома на Универзитетот „Ројал Холовеј“ во Лондон. Завршува докторски студии по книжевна теорија на Универзитетот во Лисабон. Работи неколку професии: новинар, преведувач и книжар. Има објавено десетина книги: шест поетски збирки, два романа, книга со кратки раскази и збирка есеи. Преведува дела од Јејтс, Луиз Глик, Честертон, Орвел, Дикенс, Свифт, Велс, Харди, Банвил и Вирџинија Вулф. Во 2021 година ја добива книжевната награда на Европската унија за романот „Лекцијата на месечарот“. Неговото поле на интерес вклучува филозофија на јазикот, книжевна критика, скептицизам, перцепција, филозофите Лудвиг Витгенштајн и Стенли Кавел и критичарот на уметноста Мајкл Фрид. „Лекцијата на месечарот“ е дел од проектот „Порта Европа“ во чии рамки се објавени шест извонредни прозни остварувања од млади европски автори, добитници на Европската награда за книжевност што ја доделува Европската унија. Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

The post Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира appeared first on Република.

]]>
Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ https://republika.mk/vesti/onlajn-promotsija-na-pochituvani-bubachki-i-drugi-mornichavi-prikazni-od-masha-kolanovik/ Tue, 26 Sep 2023 08:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=685188

Книгата „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ ќе биде претставена со онлајн-промоција на 27 септември (среда), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Колановиќ, ќе зборуваат и уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и Дејан Василевски, кој ја преведе од хрватски јазик.

Книгата „Почитувани бубачки и други морничави приказни“, која е добитник на наградата на Европската унија во 2019 година, е еден од насловите за кои на конкурс во организација на „Арс Ламина“ се избираше дизајн за корици за новата едиција „Порта Европа“. Жирито го избра за победничко решението на Ивона Јанчевска.

Расказите „Почитувани бубачки…“ раскажуваат за апсурдноста на постоењето, поврзано со безмилосниот капитализам, со протагонисти кои се обидуваат да го зачуваат своето достоинство додека претаат како бубачки, а понекогаш буквално се распукуваат. Збирката брои 12 раскази на повеќе теми. Една стара тетка на умирање, која се плаши да не биде закопана жива, одлучува да го понесе својот мобилен телефон во гробот, барајќи од нејзиното семејство да ù се јави следниот ден по погребот. Раскажувачка му чита рекламни слогани од каталогот на ИКЕА на нејзиниот сопруг на смртна постела и поранешен директор на стоковна куќа. Девојка чија мајка починала од рак на дебелото црево го отвора плакарот на мајка си за да го најде нејзиниот „дневник на трошоци“ за тоа како и што купила преку „Ибеј“, очајнички трошејќи пари за да не размислува за својата дијагноза. Еден стар татко „паѓа“ во рацете на телеоператор со кој потпишал неповолен договор и почнува да добива огромни сметки бидејќи не може да се справи со технологијата. Мало девојче ги замолува родителите да ù купат иста таква кукла каква што случајно видела во документарецот за Чернобил. Сите дванаесет раскази се приказни во кои животот и смртта се испреплетуваат со смеата, солзите во очите и грутката во грлото.

Маша Колановиќ е родена во 1979 година во Загреб. Работи како вонреден професор на катедрата за кроатистика на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб. Дипломира и докторира на истиот факултет на катедрата за хрватски јазик и компаративна книжевност. Објавува голем број трудови за книжевноста и за популарната култура, а авторка е на романот „Барби од подрумот“ (2008) и на збирката раскази „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ (2019), за која ја добива наградата на Европската унија. Таа е авторка и на две поетски збирки, „Пијавици за осамени“ (2001) и „Јамерика“ (2013) и на монографијата „Ударник! Бунтовник? Потрошувач…“ (2011). Уредничка е на зборниците „Компаративниот постсоцијализам: словенски искуства“ и „Културниот живот на капитализмот во Југославија: (пост)социјализмот и другиот“ (2017).

The post Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ appeared first on Република.

]]>

Книгата „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ ќе биде претставена со онлајн-промоција на 27 септември (среда), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Колановиќ, ќе зборуваат и уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и Дејан Василевски, кој ја преведе од хрватски јазик. Книгата „Почитувани бубачки и други морничави приказни“, која е добитник на наградата на Европската унија во 2019 година, е еден од насловите за кои на конкурс во организација на „Арс Ламина“ се избираше дизајн за корици за новата едиција „Порта Европа“. Жирито го избра за победничко решението на Ивона Јанчевска. Расказите „Почитувани бубачки…“ раскажуваат за апсурдноста на постоењето, поврзано со безмилосниот капитализам, со протагонисти кои се обидуваат да го зачуваат своето достоинство додека претаат како бубачки, а понекогаш буквално се распукуваат. Збирката брои 12 раскази на повеќе теми. Една стара тетка на умирање, која се плаши да не биде закопана жива, одлучува да го понесе својот мобилен телефон во гробот, барајќи од нејзиното семејство да ù се јави следниот ден по погребот. Раскажувачка му чита рекламни слогани од каталогот на ИКЕА на нејзиниот сопруг на смртна постела и поранешен директор на стоковна куќа. Девојка чија мајка починала од рак на дебелото црево го отвора плакарот на мајка си за да го најде нејзиниот „дневник на трошоци“ за тоа како и што купила преку „Ибеј“, очајнички трошејќи пари за да не размислува за својата дијагноза. Еден стар татко „паѓа“ во рацете на телеоператор со кој потпишал неповолен договор и почнува да добива огромни сметки бидејќи не може да се справи со технологијата. Мало девојче ги замолува родителите да ù купат иста таква кукла каква што случајно видела во документарецот за Чернобил. Сите дванаесет раскази се приказни во кои животот и смртта се испреплетуваат со смеата, солзите во очите и грутката во грлото. Маша Колановиќ е родена во 1979 година во Загреб. Работи како вонреден професор на катедрата за кроатистика на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб. Дипломира и докторира на истиот факултет на катедрата за хрватски јазик и компаративна книжевност. Објавува голем број трудови за книжевноста и за популарната култура, а авторка е на романот „Барби од подрумот“ (2008) и на збирката раскази „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ (2019), за која ја добива наградата на Европската унија. Таа е авторка и на две поетски збирки, „Пијавици за осамени“ (2001) и „Јамерика“ (2013) и на монографијата „Ударник! Бунтовник? Потрошувач…“ (2011). Уредничка е на зборниците „Компаративниот постсоцијализам: словенски искуства“ и „Културниот живот на капитализмот во Југославија: (пост)социјализмот и другиот“ (2017).

The post Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ appeared first on Република.

]]>
Онлајн промоција на книгата со фотогафии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов https://republika.mk/vesti/kultura/onlajn-promocija-na-knigata-so-fotogafii-dzolomarite-od-sashko-ilov-cvetanka-temkova-ilova-i-goce-davidov/ Tue, 25 Jan 2022 16:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=449372

Книгата со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов ќе биде претставена со онлајн-промоција, на 26 јануари (среда), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со Сашко Илов, еден од авторите на фотографиите во книгата, ќе го води уредникот на изданието Филип Видиновски, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Книгата, која е двојазична, на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Книгата е фотораскажување за паганскиот ритуал џоломари. Прекрасните фотографии ги покажуваат бегнишките џоломари, нè носат во средиштето на настанот, се чувствува џоломарската атмосфера, но најмногу од сè, ги канат посетителите да го доживеат поредокот на светскиот хаос, кој настапува заради крајот на годината, помрачувањето на светот и на умот, времето на смртта на Старата година и воспоставувањето на космосот, на поредокот и раѓањето на Новата година, создавањето на новата светлина од искрите на коледарскиот оган и победата над смртта.

Џоломари е традиционална маскирана група од селото Бегниште, Република Македонија. Овој настан има повеќевековна традиција, се практикува најмалку од почетокот на доаѓањето на турската војски на македонските простори (ХIV-XV век). Почнувајќи од 7 јануари, па сè до 19 јануари во најдлабоката зима, луѓето од овие краишта веруваат дека низ селото се движат зли духови, болести, вештерки и демони. Секоја година на 14 јануари, организирана, исклучиво машка група, под тешки маски, со агресивен танц и предизвикувајќи голема врева ги бркаат злите духови од селото за да биде годината понатаму исчистена од нив. Мажите кои учествуваат во ритуалот прво во своите домови ги бојат лицата во црна боја со саѓе (остаток од изгорените дрва во оџакот), облеката им е од козјо сукно и е црна или кафеава, а брадата и мустаците им се изработени од волна и околу половината врзуваат десетина тешки ѕвонци. Џоломарите се собираат навечер сретсело. Кога ќе се соберат, почнуваат да скокаат, да удираат со стапалата и со стапови по земјата, да тропаат со тешките ѕвонците врзани околу нивната половина и со ова се верува дека ги бркаат злите духови од селото. Ова гласно тропање со ѕвонците и удирање со стаповите и стапалата на земјата се објаснува и како обид на луѓето да ја разбудат заспаната природа.

Сашко Илов-Дете е дипломиран професор по филозофија, долгогодишен ликовен уметник и фотограф. Живее и работи во Флорида, САД, каде што е редовен учесник на тамошните фотоизложби. Член е на повеќе меѓународни здруженија на уметнички фотографии.

Цветанка Темкова Илова-Цеци е дипломирана ликовна уметница и реставратор со долгогодишно искуство како уметник, фотограф, но и реставратор на повеќе археолошки локалитети. Живее и работи во Флорида, САД, каде што е наставничка по ликовно, а во слободното време твори во своето студио.

Гоце Давидов е академски вајар кој предава вајарство во Рига, Летонија.

Книгата веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

The post Онлајн промоција на книгата со фотогафии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов appeared first on Република.

]]>

Книгата со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов ќе биде претставена со онлајн-промоција, на 26 јануари (среда), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со Сашко Илов, еден од авторите на фотографиите во книгата, ќе го води уредникот на изданието Филип Видиновски, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Книгата, која е двојазична, на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е фотораскажување за паганскиот ритуал џоломари. Прекрасните фотографии ги покажуваат бегнишките џоломари, нè носат во средиштето на настанот, се чувствува џоломарската атмосфера, но најмногу од сè, ги канат посетителите да го доживеат поредокот на светскиот хаос, кој настапува заради крајот на годината, помрачувањето на светот и на умот, времето на смртта на Старата година и воспоставувањето на космосот, на поредокот и раѓањето на Новата година, создавањето на новата светлина од искрите на коледарскиот оган и победата над смртта. Џоломари е традиционална маскирана група од селото Бегниште, Република Македонија. Овој настан има повеќевековна традиција, се практикува најмалку од почетокот на доаѓањето на турската војски на македонските простори (ХIV-XV век). Почнувајќи од 7 јануари, па сè до 19 јануари во најдлабоката зима, луѓето од овие краишта веруваат дека низ селото се движат зли духови, болести, вештерки и демони. Секоја година на 14 јануари, организирана, исклучиво машка група, под тешки маски, со агресивен танц и предизвикувајќи голема врева ги бркаат злите духови од селото за да биде годината понатаму исчистена од нив. Мажите кои учествуваат во ритуалот прво во своите домови ги бојат лицата во црна боја со саѓе (остаток од изгорените дрва во оџакот), облеката им е од козјо сукно и е црна или кафеава, а брадата и мустаците им се изработени од волна и околу половината врзуваат десетина тешки ѕвонци. Џоломарите се собираат навечер сретсело. Кога ќе се соберат, почнуваат да скокаат, да удираат со стапалата и со стапови по земјата, да тропаат со тешките ѕвонците врзани околу нивната половина и со ова се верува дека ги бркаат злите духови од селото. Ова гласно тропање со ѕвонците и удирање со стаповите и стапалата на земјата се објаснува и како обид на луѓето да ја разбудат заспаната природа. Сашко Илов-Дете е дипломиран професор по филозофија, долгогодишен ликовен уметник и фотограф. Живее и работи во Флорида, САД, каде што е редовен учесник на тамошните фотоизложби. Член е на повеќе меѓународни здруженија на уметнички фотографии. Цветанка Темкова Илова-Цеци е дипломирана ликовна уметница и реставратор со долгогодишно искуство како уметник, фотограф, но и реставратор на повеќе археолошки локалитети. Живее и работи во Флорида, САД, каде што е наставничка по ликовно, а во слободното време твори во своето студио. Гоце Давидов е академски вајар кој предава вајарство во Рига, Летонија. Книгата веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

The post Онлајн промоција на книгата со фотогафии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов appeared first on Република.

]]>