онлајн медиуми Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn-mediumi/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Feb 2024 14:47:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png онлајн медиуми Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn-mediumi/ 32 32 ЗНМ: Зајакнување на авторското право, фоторепортери и онлајн медиуми во потрага по системски решенија https://republika.mk/vesti/makedonija/znm-zajaknuvane-na-avtorskoto-pravo-fotoreporteri-i-onlajn-mediumi-vo-potraga-po-sistemski-reshenija/ Mon, 05 Feb 2024 14:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=740599

На иницијатива на претставниците на секцијата на фоторепортери при ЗНМ денеска се одржа средба со претставници на Здружението на онлајн медиуми (Онлајн медиа), на која се разговараше за тековни предизвици поврзани со авторското право и потенцијални модели за подобрување.

Средбата беше поттикната од проблемите со кои се соочуваат фоторепортерите со неовластено преземање на авторски фотографии од страна на дел од медиумите во земјата.

Големиот број на досега вонсудски решени спорови, навестува дека има зголемена свест за соработка од двете засегнати страни но недостасуваат системски решенија кои ќе понудат заштита на овие права на авторите, поголем интерес кај медиумските менаџери и секако подобрување на квалитетот на медиумската содржина.

Од страна на фоторепортерите беше кратко презентиран и модел за платформа за споделување на професионални фотографии што може да прерасне во важен ресурс за збогатување на медиумските содржини со квалитетни авторски фотографии.

Претставниците на Онлајн медиа имаат размислување дека таква платформа, за чие користење пред се би имале бенефит членките на ова здружение, би бил потенцијално добар модел за подобрена саморегулација во унапредување на авторските права. Освен тоа истакнаа дека Законот за авторско право и сродни права, нужно е да биде унапреден за поголема заштита не само на фоторепортерите туку и на новинарите во иднина.

Претставниците од извршната канцеларија на ЗНМ, кои исто така беа присутни на состанокот, во иднина ќе разгледуваат потенцијални партнери за развој и промоција на платформа за споделување на професионални и авторски фотографии.

На тема поврзана со авторските права Здружението на новинарите во јануари оваа година објави анализа, Метадата Извештај за 2023.

 

The post ЗНМ: Зајакнување на авторското право, фоторепортери и онлајн медиуми во потрага по системски решенија appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на претставниците на секцијата на фоторепортери при ЗНМ денеска се одржа средба со претставници на Здружението на онлајн медиуми (Онлајн медиа), на која се разговараше за тековни предизвици поврзани со авторското право и потенцијални модели за подобрување. Средбата беше поттикната од проблемите со кои се соочуваат фоторепортерите со неовластено преземање на авторски фотографии од страна на дел од медиумите во земјата. Големиот број на досега вонсудски решени спорови, навестува дека има зголемена свест за соработка од двете засегнати страни но недостасуваат системски решенија кои ќе понудат заштита на овие права на авторите, поголем интерес кај медиумските менаџери и секако подобрување на квалитетот на медиумската содржина. Од страна на фоторепортерите беше кратко презентиран и модел за платформа за споделување на професионални фотографии што може да прерасне во важен ресурс за збогатување на медиумските содржини со квалитетни авторски фотографии. Претставниците на Онлајн медиа имаат размислување дека таква платформа, за чие користење пред се би имале бенефит членките на ова здружение, би бил потенцијално добар модел за подобрена саморегулација во унапредување на авторските права. Освен тоа истакнаа дека Законот за авторско право и сродни права, нужно е да биде унапреден за поголема заштита не само на фоторепортерите туку и на новинарите во иднина. Претставниците од извршната канцеларија на ЗНМ, кои исто така беа присутни на состанокот, во иднина ќе разгледуваат потенцијални партнери за развој и промоција на платформа за споделување на професионални и авторски фотографии. На тема поврзана со авторските права Здружението на новинарите во јануари оваа година објави анализа, Метадата Извештај за 2023.  

The post ЗНМ: Зајакнување на авторското право, фоторепортери и онлајн медиуми во потрага по системски решенија appeared first on Република.

]]>
Здружението Онлајнмедиа бара интернет порталите да најдат место во Законот за медиуми, а дискриминирачките одредби од Изборниот законик да се отстранат https://republika.mk/vesti/makedonija/zdruzhenieto-onlajnmedia-bara-internet-portalite-da-najdat-mesto-vo-zakonot-za-mediumi-a-diskriminirachkite-odredbi-od-izborniot-zakonik-da-se-otstranat/ Thu, 09 Nov 2023 13:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=699946

Здружението за заштита и унапредување на интернет медиумите Онлајнмедиа ја информира јавноста дека и покрај јавно декларираната заложба на сите релевантни политички субјекти, на новинарските здруженија и на новинарската заедница за регулација на онлајн-медиумите, неизвесно е дали интернет порталите ќе најдат свое место во измените на Законот за медиуми коишто се најавуваат.

Група од триесеттина влијателни интернет медиуми, сега членови на здружението Онлајнмедиа, повеќе од една година упорно водат разговори со сите релевантни фактори, во обид да го афирмираат барањето интернет порталите во Законот за медиумите да добијат статус на медиуми и и да се пропише обврска за нивна регистрација според критериуми и во постапка утврдена со Законот.

Во овој момент, за жал, не можеме да детектираме кој и со какви мотиви пружа неразумен отпор кон оваа иницијатива, наспроти општото јавно мислење дека е неопоходно законски да се регулира статусот на овој сегмент од медиумската индустрија, кој, како што потврдија и последните истражувања, има доминантно влијание во информирањето на граѓаните, велат од здружението Онлајнмедиа.

Од таму предупредуваат и на фактот дека се предлагаат законски решенија за селективна финансиска поддршка на т.н. традиционални медиуми, кои се дискриминирачки кон интернет медиумите и неодржливи од аспект на намената на тие средства.

Ја известуваме јавноста дека начелен и принципиелен став на здружението Онлајнмедиа е секој облик на насочување народни пари кон медиумите да биде разумен, неселективен, недискриминирачки, одржлив и наменет првенствено за поддршка новинарите и на другите медиумски работници, а не на сопствениците на медиумите. Исто така, ја информираме јавноста дека во измените на Изборниот законик, што ги подготвила работна група и ги испратила до политичките партии, сѐ уште се задржани одредби коишто се смислени со цел да ги дискриминираат интернет порталите, на тој начин што ги ограничуваат субјектите во изборната кампањата финансиските средства добиени од државата слободно да ги насочуваат кон медиумите по сопствен избор. Така, во членот 76-д од овој закон, во точката 8 и натаму стои: „Вкупната сума која еден учесник може да ја потроши за медиумско претставување на сите електронски медиуми (интернет портали) и печатени медиуми, не може да опфаќа повеќе од 25% од распределените финансиските средства за платено политичко рекламирање“, велат од Здружението.

Во разговорите со претставници на Владата и на повеќе политички партии, претставници на здружението Онлајнмедиа укажаа дека во ова законско решение евидентно се препознава намерата на законодавецот да фаворизира одредени медиуми на сметка на други, за што нема никаква основа во реалноста, а ниту пандан во респективните изборни законодавства во светот.

Бараме оваа крајно волунтаристичка одредба од Изборниот законик целосно да се укине. Учесниците во кампањата треба слободно да одлучуваат во кои медиуми ќе се рекламираат. Се противиме и на низа други постоечки решенија, но и на некои нови предлози за измени на Изборниот законик, чија цел е и понатаму да опстане добро познатата коруптивна практика на одлевање и перење народни пари преку нивно насочување кон предизборно клонирани и размножени интернет медиуми.

Нагласуваме дека претставници на Онлајнмедиа на претседателот на Државната изборна комисија и на претставници на поголемите политички партии им укажаа на неодржливоста на овие законски решенија коишто ја поттикнуваат сивата економија во медиумите, а исто така им предложија и конкретни решенија за подобрување на Изборниот законик.

The post Здружението Онлајнмедиа бара интернет порталите да најдат место во Законот за медиуми, а дискриминирачките одредби од Изборниот законик да се отстранат appeared first on Република.

]]>

Здружението за заштита и унапредување на интернет медиумите Онлајнмедиа ја информира јавноста дека и покрај јавно декларираната заложба на сите релевантни политички субјекти, на новинарските здруженија и на новинарската заедница за регулација на онлајн-медиумите, неизвесно е дали интернет порталите ќе најдат свое место во измените на Законот за медиуми коишто се најавуваат. Група од триесеттина влијателни интернет медиуми, сега членови на здружението Онлајнмедиа, повеќе од една година упорно водат разговори со сите релевантни фактори, во обид да го афирмираат барањето интернет порталите во Законот за медиумите да добијат статус на медиуми и и да се пропише обврска за нивна регистрација според критериуми и во постапка утврдена со Законот.
Во овој момент, за жал, не можеме да детектираме кој и со какви мотиви пружа неразумен отпор кон оваа иницијатива, наспроти општото јавно мислење дека е неопоходно законски да се регулира статусот на овој сегмент од медиумската индустрија, кој, како што потврдија и последните истражувања, има доминантно влијание во информирањето на граѓаните, велат од здружението Онлајнмедиа.
Од таму предупредуваат и на фактот дека се предлагаат законски решенија за селективна финансиска поддршка на т.н. традиционални медиуми, кои се дискриминирачки кон интернет медиумите и неодржливи од аспект на намената на тие средства.
Ја известуваме јавноста дека начелен и принципиелен став на здружението Онлајнмедиа е секој облик на насочување народни пари кон медиумите да биде разумен, неселективен, недискриминирачки, одржлив и наменет првенствено за поддршка новинарите и на другите медиумски работници, а не на сопствениците на медиумите. Исто така, ја информираме јавноста дека во измените на Изборниот законик, што ги подготвила работна група и ги испратила до политичките партии, сѐ уште се задржани одредби коишто се смислени со цел да ги дискриминираат интернет порталите, на тој начин што ги ограничуваат субјектите во изборната кампањата финансиските средства добиени од државата слободно да ги насочуваат кон медиумите по сопствен избор. Така, во членот 76-д од овој закон, во точката 8 и натаму стои: „Вкупната сума која еден учесник може да ја потроши за медиумско претставување на сите електронски медиуми (интернет портали) и печатени медиуми, не може да опфаќа повеќе од 25% од распределените финансиските средства за платено политичко рекламирање“, велат од Здружението.
Во разговорите со претставници на Владата и на повеќе политички партии, претставници на здружението Онлајнмедиа укажаа дека во ова законско решение евидентно се препознава намерата на законодавецот да фаворизира одредени медиуми на сметка на други, за што нема никаква основа во реалноста, а ниту пандан во респективните изборни законодавства во светот. Бараме оваа крајно волунтаристичка одредба од Изборниот законик целосно да се укине. Учесниците во кампањата треба слободно да одлучуваат во кои медиуми ќе се рекламираат. Се противиме и на низа други постоечки решенија, но и на некои нови предлози за измени на Изборниот законик, чија цел е и понатаму да опстане добро познатата коруптивна практика на одлевање и перење народни пари преку нивно насочување кон предизборно клонирани и размножени интернет медиуми. Нагласуваме дека претставници на Онлајнмедиа на претседателот на Државната изборна комисија и на претставници на поголемите политички партии им укажаа на неодржливоста на овие законски решенија коишто ја поттикнуваат сивата економија во медиумите, а исто така им предложија и конкретни решенија за подобрување на Изборниот законик.

The post Здружението Онлајнмедиа бара интернет порталите да најдат место во Законот за медиуми, а дискриминирачките одредби од Изборниот законик да се отстранат appeared first on Република.

]]>
Анкетата Еврометар 2023 потврди дека онлајн медиумите се повлијателни од телевизиите https://republika.mk/vesti/makedonija/anketata-evrometar-2023-potvrdi-deka-onlajn-mediumite-se-povlijatelni-od-televiziite/ Wed, 25 Oct 2023 20:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=695036

Граѓаните за политички теми најчесто се информираат преку интернет покажуваат резултатите од анкетата Еврометар 2023 и конечно го потврди она што е општо познато и без анкети – дека граѓаните доминантно за сите теми, вклучително и за политичките, се информираат преку интернет.

Само 13,8 отсто од граѓаните велат дека се информираат од онлајн платформите на постоечките радио станици или тв канали. На прашањето „како се информирате за политички теми“ најмногу или 56,5 проценти од испитаниците одговориле преку интернет, потоа следат 43,5 отсто преку телевизија, 12,5 проценти од пријатели/фамилија и 1,8 отсто преку радио. Околу 13,4 проценти од испитаниците одговориле дека не се информираат.

Иако на прашањето кој односно каков е изворот од Интернет за политичките теми, истражувачите заклучиле дека највисоко рангиран извор за политички информации, со 90,3% се социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб и Подкаст, а онлајн порталите се значително послабо рангирани со освоени 24%, анкетата не дава одговор кои и чии содржини на посочените социјални мрежи се извори на политички информации.

Без одговор на ова прашање се добива впечатокот дека лицата кои се активни на интернет, од кои најпопуларните се нарекуваат инфлуенсери, се доминантни комуникатори со граѓаните за политички теми и креатори на политички информации, сепак, општо познато е дека главни креатори на постови поврзани со политиката на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Јутјуб, се токму онлајн медиумите и веб-страниците на традиционалните медиуми. Имено, медиумите редовно ги споделуваат објавените содржини на нивните веб-страници на социјалните мрежи. Во голем процент, читателите пристапуваат до содржините на онлајн медиумите преку објавите на Фејсбук, на Твитер, на Инстаграм и на другите социјални мрежи. Затоа, тие објави на социјалните мрежи се доминантните политички информации, кои потоа се лајкуваат, се коментираат или се шеруваат.

The post Анкетата Еврометар 2023 потврди дека онлајн медиумите се повлијателни од телевизиите appeared first on Република.

]]>

Граѓаните за политички теми најчесто се информираат преку интернет покажуваат резултатите од анкетата Еврометар 2023 и конечно го потврди она што е општо познато и без анкети – дека граѓаните доминантно за сите теми, вклучително и за политичките, се информираат преку интернет. Само 13,8 отсто од граѓаните велат дека се информираат од онлајн платформите на постоечките радио станици или тв канали. На прашањето „како се информирате за политички теми“ најмногу или 56,5 проценти од испитаниците одговориле преку интернет, потоа следат 43,5 отсто преку телевизија, 12,5 проценти од пријатели/фамилија и 1,8 отсто преку радио. Околу 13,4 проценти од испитаниците одговориле дека не се информираат. Иако на прашањето кој односно каков е изворот од Интернет за политичките теми, истражувачите заклучиле дека највисоко рангиран извор за политички информации, со 90,3% се социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб и Подкаст, а онлајн порталите се значително послабо рангирани со освоени 24%, анкетата не дава одговор кои и чии содржини на посочените социјални мрежи се извори на политички информации. Без одговор на ова прашање се добива впечатокот дека лицата кои се активни на интернет, од кои најпопуларните се нарекуваат инфлуенсери, се доминантни комуникатори со граѓаните за политички теми и креатори на политички информации, сепак, општо познато е дека главни креатори на постови поврзани со политиката на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Јутјуб, се токму онлајн медиумите и веб-страниците на традиционалните медиуми. Имено, медиумите редовно ги споделуваат објавените содржини на нивните веб-страници на социјалните мрежи. Во голем процент, читателите пристапуваат до содржините на онлајн медиумите преку објавите на Фејсбук, на Твитер, на Инстаграм и на другите социјални мрежи. Затоа, тие објави на социјалните мрежи се доминантните политички информации, кои потоа се лајкуваат, се коментираат или се шеруваат.

The post Анкетата Еврометар 2023 потврди дека онлајн медиумите се повлијателни од телевизиите appeared first on Република.

]]>