омикорн Archives - Република https://republika.mk/tema/omikorn/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Feb 2022 07:50:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png омикорн Archives - Република https://republika.mk/tema/omikorn/ 32 32 Рекорден број сериозни случаи на Ковид пријавени во Израел https://republika.mk/vesti/svet/rekorden-broj-seriozni-sluchai-na-kovid-prijaveni-vo-izrael/ Sun, 06 Feb 2022 07:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=454672

Израел регистрираше рекорден број сериозни случаи на Ковид-19, покажаа официјалните бројки објавени во саботата.

Вкупно 1.229 пациенти се хоспитализирани поради тешка форма на Ковид, што е најголем број од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство.

Досега најголем број тешки хоспитализации имало на 26 јануари 2021 година – 1.185 такви пациенти.

Израелските болници се борат со пренатрупаност, но во исто време, постојат знаци дека бранот на варијантата Омикрон во Израел се намалува.

Во понеделник дополнително треба да се ублажат мерките за борба против ширењето на коронавирусот во земјава.

Според Министерството за здравство, за 24 часа се пријавени 37.985 нови случаи.

Најголемиот број беше на 23 јануари, кога Израел имаше повеќе од 85.000 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата.

Светскиот лидер во вакцинацијата во првите бранови на пандемијата, Израел го усвои мотото „Живеење со Ковид“ неколку месеци пред доаѓањето на Омикрон варијантата на коронавирусот.

The post Рекорден број сериозни случаи на Ковид пријавени во Израел appeared first on Република.

]]>

Израел регистрираше рекорден број сериозни случаи на Ковид-19, покажаа официјалните бројки објавени во саботата. Вкупно 1.229 пациенти се хоспитализирани поради тешка форма на Ковид, што е најголем број од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство. Досега најголем број тешки хоспитализации имало на 26 јануари 2021 година – 1.185 такви пациенти. Израелските болници се борат со пренатрупаност, но во исто време, постојат знаци дека бранот на варијантата Омикрон во Израел се намалува. Во понеделник дополнително треба да се ублажат мерките за борба против ширењето на коронавирусот во земјава. Според Министерството за здравство, за 24 часа се пријавени 37.985 нови случаи. Најголемиот број беше на 23 јануари, кога Израел имаше повеќе од 85.000 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата. Светскиот лидер во вакцинацијата во првите бранови на пандемијата, Израел го усвои мотото „Живеење со Ковид“ неколку месеци пред доаѓањето на Омикрон варијантата на коронавирусот.

The post Рекорден број сериозни случаи на Ковид пријавени во Израел appeared first on Република.

]]>
Половина Европа ќе се зарази со омикрон за 7 недели! https://republika.mk/vesti/svet/polovina-evropa-kje-se-zarazi-so-omikron-za-7-nedeli/ Tue, 11 Jan 2022 17:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=443300

Омикрон варијантата на коронавирусот е на пат да зарази повеќе од половината Европејци, прогнозира Светската здравствена организација. Во Европа во првата седмица од годинава се потврдени повеќе од 7 милиони новозаразени. Со ова темпо се прогнозира дека повеќе од 50 отсто од популацијата во Европа ќе биде заразена со омикрон во следните шест до седум недели.

The post Половина Европа ќе се зарази со омикрон за 7 недели! appeared first on Република.

]]>

Омикрон варијантата на коронавирусот е на пат да зарази повеќе од половината Европејци, прогнозира Светската здравствена организација. Во Европа во првата седмица од годинава се потврдени повеќе од 7 милиони новозаразени. Со ова темпо се прогнозира дека повеќе од 50 отсто од популацијата во Европа ќе биде заразена со омикрон во следните шест до седум недели.

The post Половина Европа ќе се зарази со омикрон за 7 недели! appeared first on Република.

]]>