олтон бјуланд Archives - Република https://republika.mk/tema/olton-bjuland/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 16:16:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png олтон бјуланд Archives - Република https://republika.mk/tema/olton-bjuland/ 32 32 Долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот https://republika.mk/vesti/makedonija/dolgiot-protses-na-integratsija-mozhe-da-dovede-do-toa-rusija-i-drugi-maligni-akteri-da-go-iskoristat-nezadovolstvoto-na-narodot/ Sat, 06 Jul 2024 14:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=794065

Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд во пресрет на самитот во Вашинтон испрати порака дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот.

Тој не сакаше да ги коментира изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека ќе го користат уставното име на државата во официјален контекст, а ќе го употребуваат името Македонија во изјави и како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација. Вели дека одговори на такви прашања треба да даде Стејт департментот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-grtsija-da-go-ostavat-sporot-za-imeto-nadvor-od-nato/

Гласот на Америка на македонски на 19 јуни го праша Стејт департментот дали Мицкоски со употребата на две имиња за државата, дома Македонија, а во странство Македонија, се обидува да создаде лажен впечаток дека се придржува до Договорот од Преспа. Од прес-службата тогаш одговорија дека „изјавата на мандатарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа“.

The post Долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот appeared first on Република.

]]>

Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд во пресрет на самитот во Вашинтон испрати порака дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот. Тој не сакаше да ги коментира изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека ќе го користат уставното име на државата во официјален контекст, а ќе го употребуваат името Македонија во изјави и како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација. Вели дека одговори на такви прашања треба да даде Стејт департментот. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-grtsija-da-go-ostavat-sporot-za-imeto-nadvor-od-nato/ Гласот на Америка на македонски на 19 јуни го праша Стејт департментот дали Мицкоски со употребата на две имиња за државата, дома Македонија, а во странство Македонија, се обидува да создаде лажен впечаток дека се придржува до Договорот од Преспа. Од прес-службата тогаш одговорија дека „изјавата на мандатарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа“.

The post Долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот appeared first on Република.

]]>
Олтон Бјуланд: Maкедонија и Грција да го остават спорот за името надвор од НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/olton-bjuland-makedonija-i-grtsija-da-go-ostavat-sporot-za-imeto-nadvor-od-nato/ Sat, 06 Jul 2024 14:30:07 +0000 https://republika.mk/?p=794061

САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО, изјави во интервју за Гласот на Америка на македонски главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд, пред одбележувањето на 75 години од основањето на алијансата следната недела во Вашингтон.

„Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион“, рече Бјуланд.

Самитот на НАТО во Вашингтон ќе се одржи од 9 до 11 јули. Македонската делегација ќе ја предводи премиерот Христијан Мицкоски и во неа се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и претседателот на Собранието Африм Гаши.

The post Олтон Бјуланд: Maкедонија и Грција да го остават спорот за името надвор од НАТО appeared first on Република.

САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа, ќе продолжиме да правиме сè за зајакнување врската меѓу двете земји во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/sad-silno-go-poddrzhuvaat-dogovorot-od-prespa-ke-prodolzhime-da-pravime-se-za-zajaknuvane-vrskata-megu-dvete-zemji-vo-nato/ Sat, 06 Jul 2024 08:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=793962

САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО, изјави во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд, пред одбележувањето на 75 години од безбедносната алијанса, следната недела во Вашингтон.

Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион, рече Бјуланд.

Тој кажа и дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе Русија и други „малигни актери“ да го искористат незадоволството на народот.

Членството во ЕУ секако е одлука на Европската Унија и нејзините земји-членки. Сепак, САД отсекогаш биле силен поборник за евроатлантските интеграции на Западен Балкан. Ние продолжуваме да ги охрабруваме земјите да ги направат потребните реформи на тој пат и да се придржуваат до меѓународните договори. Мислам дека кога постои нетрпеливост за тоа што може да биде долг процес на интеграција, тоа може да создаде можности за разочарување, и Русија и другите малигни актери да шират дезинформации и да го искористат незадоволството на народот. Значи, постои ризик дотолку повеќе што би ги охрабриле земјите да направат се` што можат за да продолжат по овој пат на евроатлантските интеграции на регионот, рече главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон.

Бјуланд во интервјуто упатува на Стејт департментот за коментари за конкретни политички прашања.

За политички проблем како овој и особено билатерален, повторно, би ве упатил на нашите колеги од Стејт департментот на САД, кои ја предводат нашата дипломатија. Од гледна точка на Одделот за одбрана, силно го поддржуваме Договорот од Преспа. И ние силно го поддржуваме членството во НАТО и придонесите на Cеверна Македонија и Грција, и ќе продолжиме да правиме сè што можеме за да ги зајакнеме тие врски во Алијансата и да продолжиме да го правиме овој најуспешен и најсилен сојуз во историјата на светот, рече Бјуланд.

Запрашан дали тоа што земјите од Западен Балкан чекаат толку долго време за влез во ЕУ е ризик за поширок безбедносен проблем, американскиот претставник вели дека секое несогласување што постои и продолжува долго време, може да создаде можности за „надворешни актери и малигни актери“ да го искористат, поради што ќе поддржи секоја дипломатија што е потребна за да се решат ваквите несогласувања.

И нашиот фокус, повторно, е на единство, солидарност и зајакнување на колективната одбрана и одвраќање на НАТО и нивната поддршка за Украина, вели Бјуланд.

Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Бјуланд вели дека со нетрпение ги очекува лоидерите од земјава да им се придружат на одбележувањето на 75 години од НАТО, следната недела во Вашингтон.

За Cеверна Македонија, мислам да продолжи да игра водечка улога во унапредувањето на регионалната стабилност на Западен Балкан. Морам да искажам благодарност на Министерството за одбрана за придонесот на Cеверна Македонија во мировната мисијата на НАТО-КФОР во Косово, во мисиите на ЕУ во Босна и Херцеговина, која помогна да се промовира стабилноста во таа земја. Го цениме придонесот на Cеверна Македонија за Украина. Дури и од земја која не е голема, таа безбедносна помош е клучна за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од бруталната и неиспровоцирана руска агресија во оваа војна која убива илјадници цивили во Украина. Затоа, со нетрпение очекувам Cеверна Македонија да се приклучи со другите сојузници на НАТО овде следната недела и повторно да прославиме 75 години од најсилниот, најуспешниот сојуз во историјата на светот, кој работи на зајакнување на нашето колективно одвраќање и одбрана. И ова е толку критичен момент и ова е навистина заложба што нашата земја, нашите граѓани ја презедоа кон Cеверна Македонија и кон граѓаните на 30 други држави, да застанат едни со други и да се поддржуваат ако има конфликт внатре во НАТО од надворешен извор. И со нетрпение очекуваме да ја унапредиме и подготвиме Алијансата за заканите со кои може да се соочи во иднина, од справување со тероризмот, до предизвиците со климатските промени. И очекувам дека следната недела ќе видиме силни изјави и исклучително моќни и историски одлуки од 32 лидери на сојузници, вклучително и на Cеверна Македонија за унапредување на сите овие цели, рече Бјуланд.

The post САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа, ќе продолжиме да правиме сè за зајакнување врската меѓу двете земји во НАТО appeared first on Република.