олово Archives - Република https://republika.mk/tema/olovo/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 07:41:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png олово Archives - Република https://republika.mk/tema/olovo/ 32 32 Американските здравствени власти ги предупредуваат лекарите да внимаваат на можни случаи на труење со олово кај малите деца https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskite-zdravstveni-vlasti-gi-predupreduvaat-lekarite-da-vnimavaat-na-mozhni-sluchai-na-truene-so-olovo-kaj-malite-detsa/ Tue, 14 Nov 2023 07:41:58 +0000 https://republika.mk/?p=701271

Американските здравствени власти ги предупредуваат лекарите да внимаваат на можни случаи на труење со олово кај мали деца низ целата држава. Предупредувањето е упатено откако најмалку 22 мали деца во 14 држави покажаа симптоми на труење со олово.

Се верува дека труењето е предизвикано од пакување со пире од јаболка и компот од јаболка загадени со олово. Деца на возраст од 1 до 3 години биле погодени, а најмалку едно имало ниво на олово во крвта осумпати повисоко од нивото кое генерално се смета дека предизвикува загриженост, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести.

Нивото на олово во крвта на заболените деца се движело од четири до 29 микрограми на децилитар.

Пријавените симптоми вклучуваат главоболка, гадење, повраќање, дијареа, промена на нивото на активност и анемија.

Веќе се повлечени пакетите со пире од јаболка од брендот WanaBana за деца и од Schnucks и Weis. Производите се продавале во продавници и онлајн.

Од 7 ноември, има случаи на труење со олово кај мали деца во државите Алабама, Арканзас, Луизијана, Мериленд, Мисури, Ново Мексико, Њујорк, Северна Каролина, Охајо, Пенсилванија, Јужна Каролина, Тенеси, Тексас и Вашингтон.

The post Американските здравствени власти ги предупредуваат лекарите да внимаваат на можни случаи на труење со олово кај малите деца appeared first on Република.

]]>

Американските здравствени власти ги предупредуваат лекарите да внимаваат на можни случаи на труење со олово кај мали деца низ целата држава. Предупредувањето е упатено откако најмалку 22 мали деца во 14 држави покажаа симптоми на труење со олово. Се верува дека труењето е предизвикано од пакување со пире од јаболка и компот од јаболка загадени со олово. Деца на возраст од 1 до 3 години биле погодени, а најмалку едно имало ниво на олово во крвта осумпати повисоко од нивото кое генерално се смета дека предизвикува загриженост, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести. Нивото на олово во крвта на заболените деца се движело од четири до 29 микрограми на децилитар. Пријавените симптоми вклучуваат главоболка, гадење, повраќање, дијареа, промена на нивото на активност и анемија. Веќе се повлечени пакетите со пире од јаболка од брендот WanaBana за деца и од Schnucks и Weis. Производите се продавале во продавници и онлајн. Од 7 ноември, има случаи на труење со олово кај мали деца во државите Алабама, Арканзас, Луизијана, Мериленд, Мисури, Ново Мексико, Њујорк, Северна Каролина, Охајо, Пенсилванија, Јужна Каролина, Тенеси, Тексас и Вашингтон.

The post Американските здравствени власти ги предупредуваат лекарите да внимаваат на можни случаи на труење со олово кај малите деца appeared first on Република.

]]>
Бабовски: Некој помешал микро и милиграми, нема тешки метали во доматите и краставиците https://republika.mk/zivot/zdravje/babovski-nekoj-pomeshal-mikro-i-miligrami-nema-teshki-metali-vo-domatite-i-krastavitsite/ Mon, 05 Jun 2023 10:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=647982

Во доматите и краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните, потврди уште еднаш денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Според него, резултатите од испитувањата кои ги објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ се негативни и, како што рече, не му е јасно со која цел намерно се шири паника во јавноста.

Ширењето лажна паника и тревога е кривично дело, додаде Бабовски, а дали АХВ ќе поднесе пријава за тоа, ќе се знае наредните денови.

„Негативни се сите резултати за наводни резидуи од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа при брифирањето некој некого излажал. Ако ги погледнете резултатите, некој помешал микро и милиграми. Сите се во рамки на дозволените количини. За жал, некој се декларира како демохристијан, а за време на верски празник излегува со неточни податоци – за мене е тоа нон-сенс. Ќе мора да преземеме некои активности за да се заштитат граѓаните. Нам не ни значи нечие извинување“, рече Бабовски одговарајќи на новинарски прашања.

Тој објасни дека при увоз, кога се прават контроли, ако се најдат пратки кои не се сомнителни, се ставаат под надзор.

„Право на увозникот и економскиот оператор е да побара второ мислење или супермислење. Неодамна, на пример, имавме пратка со портокали од Египет. Резултатите покажаа присуство на пестициди над дозволеното. Таа пратка е ставена под надзор“, додаде Бабовски.

The post Бабовски: Некој помешал микро и милиграми, нема тешки метали во доматите и краставиците appeared first on Република.

]]>

Во доматите и краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните, потврди уште еднаш денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Според него, резултатите од испитувањата кои ги објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ се негативни и, како што рече, не му е јасно со која цел намерно се шири паника во јавноста. Ширењето лажна паника и тревога е кривично дело, додаде Бабовски, а дали АХВ ќе поднесе пријава за тоа, ќе се знае наредните денови.