Оливер Вархеј Archives - Република https://republika.mk/tema/oliver-varhej/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 08:24:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оливер Вархеј Archives - Република https://republika.mk/tema/oliver-varhej/ 32 32 Вархеј и ја честиташе победата на Силјановска Давкова: Да ги забрзаме реформите за придвижување на пристапните преговори https://republika.mk/vesti/makedonija/varhej-i-ja-chestitashe-pobedata-na-siljanovska-davkova-da-gi-zabrzame-reformite-za-pridvizhuvane-na-pristapnite-pregovori/ Thu, 09 May 2024 08:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=776186

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеј и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на вчерашните претседателски избори.

Честитки за новата претседателка на  Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Силјановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори, наведе Вархеји во честитката на платформата Икс.

Силјановска Давкова во одговор на објавата му се заблагодари на Вархеји на честитката, изразувајќи подготвеност за соработка во остварување на „најважниот македонски стратешки проект“.

Ви благодарам многу, господине комесар Оливер Вархеј! Како еден од основачите на Европското движење во Македонија и поранешна Југославија, со нетрпение очекувам да работам со Европската комисија за го завршиме најважниот македонски стратешки проект, истакна Силјановска Давкова.

The post Вархеј и ја честиташе победата на Силјановска Давкова: Да ги забрзаме реформите за придвижување на пристапните преговори appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеј и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на вчерашните претседателски избори. Честитки за новата претседателка на  Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Силјановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори, наведе Вархеји во честитката на платформата Икс. Силјановска Давкова во одговор на објавата му се заблагодари на Вархеји на честитката, изразувајќи подготвеност за соработка во остварување на „најважниот македонски стратешки проект“. Ви благодарам многу, господине комесар Оливер Вархеј! Како еден од основачите на Европското движење во Македонија и поранешна Југославија, со нетрпение очекувам да работам со Европската комисија за го завршиме најважниот македонски стратешки проект, истакна Силјановска Давкова.

The post Вархеј и ја честиташе победата на Силјановска Давкова: Да ги забрзаме реформите за придвижување на пристапните преговори appeared first on Република.

]]>
Вархеји: Софија и Скопје да ги намалат тензиите, одговорните за инцидентите да се соочат со правдата https://republika.mk/vesti/svet/varheji-sofija-i-skopje-da-gi-namalat-tenziite-odgovornite-za-intsidentite-da-se-soochat-so-pravdata/ Tue, 14 Feb 2023 19:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=609066

Eвропскиот комесар за проширување и добрососедски односи Оливер Вархеји, денеска пред Европскиот парламент изјави дека очекува да се намалат тензиите меѓу Софија и Скопје кои кулминираа на 4 февруари, а сите одговорни за инцидентите што се случија да се соочат со правдата.

Настаните од 4 февруари не се охрабрувачки. Се надевав на многу повеќе – како што беше одлучено од раководствата на двете земји, ќе има заедничко одбележување на датумот. Се надевам дека ќе успее следната година и нема да има слични настани на границата. Морам да признаам дека за властите во Скопје не е лесна задача да останат смирени доколку има провокации на границите. Заедно, ЕУ мора да испрати порака дека историјата се споделува и како таква треба да се слави. Ќе направиме се што е во наша моќ да ја намалиме тензијата. Се надеваме дека ќе се спроведат сите билатерални договори - рече Вархеји одговорајќи на прашања на бугарските европратеници.

Андреј Ковачев побара од Вархеи да потврди дека ЕК ја следи не само промената на македонскиот устав, туку и спроведувањето на билатералниот договор меѓу Софија и Скопје од 2017 година и двата протокола, пред да започнат суштинските преговори со  Македонија за пристапување.

Во случајот со Република  Македонија поставивме многу јасни правила во преговарачката рамка, што овозможи свикување на првата меѓувладина конференција, појасни еврокомесарот.

Барањата се јасни, потребни се добрососедски односи. ЕК ќе го следи ова прашање и очекуваме напредок оваа година. Ги набљудувам настаните, разговарав со македонски граѓани кои се идентификуваат како Бугари. Власта во Скопје не само што е свесна, туку и дејствува за искоренување на секоја омраза кон Бугарите. Насилниците се уапсени, истрагата продолжува, се надевам дека ќе има случај на суд. Мислам дека ова треба да биде показател за решителноста на властите во Скопје - додаде Вархеји во врска со случајот со Христијан Пендиков.

Вархеји посочи дека ЕК го следи почитувањето на договорот меѓу Бугарија и Македонија, како и на Договорот од Преспа. Тој најави дека извештајот за напредокот на Македонија се очекува да биде објавен наесен.

The post Вархеји: Софија и Скопје да ги намалат тензиите, одговорните за инцидентите да се соочат со правдата appeared first on Република.

]]>

Eвропскиот комесар за проширување и добрососедски односи Оливер Вархеји, денеска пред Европскиот парламент изјави дека очекува да се намалат тензиите меѓу Софија и Скопје кои кулминираа на 4 февруари, а сите одговорни за инцидентите што се случија да се соочат со правдата.
Настаните од 4 февруари не се охрабрувачки. Се надевав на многу повеќе – како што беше одлучено од раководствата на двете земји, ќе има заедничко одбележување на датумот. Се надевам дека ќе успее следната година и нема да има слични настани на границата. Морам да признаам дека за властите во Скопје не е лесна задача да останат смирени доколку има провокации на границите. Заедно, ЕУ мора да испрати порака дека историјата се споделува и како таква треба да се слави. Ќе направиме се што е во наша моќ да ја намалиме тензијата. Се надеваме дека ќе се спроведат сите билатерални договори - рече Вархеји одговорајќи на прашања на бугарските европратеници.
Андреј Ковачев побара од Вархеи да потврди дека ЕК ја следи не само промената на македонскиот устав, туку и спроведувањето на билатералниот договор меѓу Софија и Скопје од 2017 година и двата протокола, пред да започнат суштинските преговори со  Македонија за пристапување. Во случајот со Република  Македонија поставивме многу јасни правила во преговарачката рамка, што овозможи свикување на првата меѓувладина конференција, појасни еврокомесарот.
Барањата се јасни, потребни се добрососедски односи. ЕК ќе го следи ова прашање и очекуваме напредок оваа година. Ги набљудувам настаните, разговарав со македонски граѓани кои се идентификуваат како Бугари. Власта во Скопје не само што е свесна, туку и дејствува за искоренување на секоја омраза кон Бугарите. Насилниците се уапсени, истрагата продолжува, се надевам дека ќе има случај на суд. Мислам дека ова треба да биде показател за решителноста на властите во Скопје - додаде Вархеји во врска со случајот со Христијан Пендиков.
Вархеји посочи дека ЕК го следи почитувањето на договорот меѓу Бугарија и Македонија, како и на Договорот од Преспа. Тој најави дека извештајот за напредокот на Македонија се очекува да биде објавен наесен.

The post Вархеји: Софија и Скопје да ги намалат тензиите, одговорните за инцидентите да се соочат со правдата appeared first on Република.

]]>
Оливер Вархеји денес ќе оствари средба со таканаречените македонски Бугари https://republika.mk/vesti/makedonija/oliver-varheji-denes-ke-ostvari-sredba-so-takanarechenite-makedonski-bugari/ Wed, 01 Feb 2023 10:02:58 +0000 https://republika.mk/?p=603276

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска во Брисел ќе оствари средба со претставниците на таканаречените македонски Бугари, јави бугарската агенција БГНЕС.

Средбата се одржува на барање на таканаречените македонски Бугари поради, како што велат, „институционална омраза и системска дискриминација“ во Македонија, како и по инцидентот во Охрид со Христијан Прендиков, кој моментално е на лекување во Софија.

Таканаречените македонски Бугари ќе ги претставуваат Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски.

The post Оливер Вархеји денес ќе оствари средба со таканаречените македонски Бугари appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска во Брисел ќе оствари средба со претставниците на таканаречените македонски Бугари, јави бугарската агенција БГНЕС. Средбата се одржува на барање на таканаречените македонски Бугари поради, како што велат, „институционална омраза и системска дискриминација“ во Македонија, како и по инцидентот во Охрид со Христијан Прендиков, кој моментално е на лекување во Софија. Таканаречените македонски Бугари ќе ги претставуваат Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски.  

The post Оливер Вархеји денес ќе оствари средба со таканаречените македонски Бугари appeared first on Република.

]]>
Јавната администрацијата е слаба точка: Вархеји го презентираше извештајот за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/javnata-administracijata-e-slaba-tochka-varheji-go-prezentirashe-izveshtajot-za-makedonija/ Wed, 12 Oct 2022 12:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=560172

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ги презентира попладнево извештаите за земјите од Западен Балкан и Турција пред Европскиот парламент.

За Македонија Оливер Вархеји изјави дека 2022 беше важна година со отпочнувањето на преговарачкиот процес.

Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата. Македонија покажа одлучност и издржан напредок, изјави Вархеји пред европратениците.

Еврокомесарот забележа дека е важно земјата да го задржи реформското темпо и да го искористи процесот на скрининг, за да го искористи својот потенција за забрзување на реформите.

Според него, потребни се дополнителни напори во областа на јавната администрација.

Извештајот го поздравува целосното усогласување на Македонија со надворешната политика на ЕУ, посебно во однос на Украина.

Со ова земјата ја покажа својата одлучност да напредува на својот ЕУ пат, изјави Вархеји.

По Европскиот парламент еврокомесарот треба да се обрати и пред новинарите по објавувањето на годишните реформски извештаи за шесте земји од Западен Балкан и Турција.

The post Јавната администрацијата е слаба точка: Вархеји го презентираше извештајот за Македонија appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ги презентира попладнево извештаите за земјите од Западен Балкан и Турција пред Европскиот парламент. За Македонија Оливер Вархеји изјави дека 2022 беше важна година со отпочнувањето на преговарачкиот процес.
Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата. Македонија покажа одлучност и издржан напредок, изјави Вархеји пред европратениците.
Еврокомесарот забележа дека е важно земјата да го задржи реформското темпо и да го искористи процесот на скрининг, за да го искористи својот потенција за забрзување на реформите. Според него, потребни се дополнителни напори во областа на јавната администрација. Извештајот го поздравува целосното усогласување на Македонија со надворешната политика на ЕУ, посебно во однос на Украина.
Со ова земјата ја покажа својата одлучност да напредува на својот ЕУ пат, изјави Вархеји.
По Европскиот парламент еврокомесарот треба да се обрати и пред новинарите по објавувањето на годишните реформски извештаи за шесте земји од Западен Балкан и Турција.

The post Јавната администрацијата е слаба точка: Вархеји го презентираше извештајот за Македонија appeared first on Република.

]]>
Вархеји: Не сакаме да губиме веќе ниту еден момент и веднаш почнуваме со „акито“ https://republika.mk/vesti/makedonija/varheji-ne-sakame-da-gubime-vekje-nitu-eden-moment-i-vednash-pochnuvame-so-akito/ Tue, 19 Jul 2022 17:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=531167

Денеска е важен момент за сите и влегуваме во нови односи. Не сакаме да губиме веќе ни еден момент и веднаш почнуваме со Акито, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на воведниот состанок во Брисел со кој беше означен почетокот на скрининг процесот со Албанија и Македонија.

Скрининг процесот што го почнуваме денеска е првиот чекор што го правиме. Процесот што го почнуваме денеска се темели на добрата работа што ја завршивме досега. За ова се подготвувате со години и можам да кажам дека ќе бидеме со вас и дека ќе ја понудиме секоја помош што ќе ви треба- рече Вархеји.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во своето обраќање на македонски јазик во седиштето на ЕУ истакна дека без помошта и поддршката на еврокомесарот Вархеји денеска немаше да бидеме тука.

Патувањето што заеднички го почнуваме денеска нема да биде лесно, но знаеме дека нема да бидеме сами на тој пат. Сметаме на Европската комисија и да имаме дополнителна помош преку европските фондови. Ова е момент кој го чекаме веќе две децении, 21 година по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација и 17 години по добивањето кандидатски статус заслужено сме денеска тука. Никогаш не отстапивме од транспонирање на европското законодавство - рече Маричиќ.

Веруваме, посочи, дека новата методологија ќе даде нов поттик на пристапните преговори.

Очекувам да ја покаже и докаже својата основна цел динамизирање на пристапните преговори. За нас е многу важно да знаеме како ќе се примени. Би сакале да предложиме дополнителни состаноци на техничко ниво за вашите служби детално да информираат како ќе се одвива новата методологија за скрининг за да знаеме како и што треба да направиме во годините што следат. Убеден сум дека врз досега научените лекции ќе може да се подготвиме подобро за скринингот - истакна Маричиќ.

Најави дека во наредните недели ќе се финализира и операционализира стратегијата за преговарање донесена во 2018 година. Како што кажа, ќе се зголемат и капацитетите за преведување на македонски јазик и ќе се создадат механизми за навремена комуникација со македонските граѓани.

Нашата заложба да станеме полноправна членка на ЕУ никогаш не била доведена во прашање и убеден сум дека со скринингот ќе се засили. Се надевам дека и ЕУ ќе биде подготвена да не пречека. Почнуваме процес кој ќе бара ангажман на целото општество. Процес важен и не многу лесен, но кој ќе заврши со членство во ЕУ што е наш сон - истакна Маричиќ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го оцени денешниот ден како историски кој долго го очекуваме и во неколку владини состави работевме напорно за да се оствари.

Патот до тука не беше ни малку лесен, но нема да се враќаме на минатото. Нашиот поглед е свртен кон иднината и обврските кои треба да ги исполниме. Од нас ќе зависи да ги мобилизираме нашите ресурси за што побрзо да дојдеме до европското семејство кон кое цивилизациски припаѓаме. Вашата поддршка и драгоцени упатства од сега ќе бидат уште попотребни. Ве уверувам дека нашиот тим е подготвен да ги исполни сите поглавјата - рече Османи.

На македонските граѓани им порача дека како и досега нема да ги изневерат и секојдневно ќе одговараат на нивните барања и грижи и додаде дека и досега немало компромиси за националното, етничкото и човечкото достоинство.

Билатералните прашања кои не се копенхашки критериуми нема да бидат дел од Преговарачката рамка, рече Османи и посочи дека земјава ќе остане доследна на спроведувањето на Преспанскиот и на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тоа, како што кажа, го очекува и од другите партнери.

Вети дека во овие времиња полни со неизвесности цврсто ќе останеме на заедничката европска политика како што правевме и досега.

The post Вархеји: Не сакаме да губиме веќе ниту еден момент и веднаш почнуваме со „акито“ appeared first on Република.

]]>

Денеска е важен момент за сите и влегуваме во нови односи. Не сакаме да губиме веќе ни еден момент и веднаш почнуваме со Акито, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на воведниот состанок во Брисел со кој беше означен почетокот на скрининг процесот со Албанија и Македонија.
Скрининг процесот што го почнуваме денеска е првиот чекор што го правиме. Процесот што го почнуваме денеска се темели на добрата работа што ја завршивме досега. За ова се подготвувате со години и можам да кажам дека ќе бидеме со вас и дека ќе ја понудиме секоја помош што ќе ви треба- рече Вархеји.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во своето обраќање на македонски јазик во седиштето на ЕУ истакна дека без помошта и поддршката на еврокомесарот Вархеји денеска немаше да бидеме тука.
Патувањето што заеднички го почнуваме денеска нема да биде лесно, но знаеме дека нема да бидеме сами на тој пат. Сметаме на Европската комисија и да имаме дополнителна помош преку европските фондови. Ова е момент кој го чекаме веќе две децении, 21 година по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација и 17 години по добивањето кандидатски статус заслужено сме денеска тука. Никогаш не отстапивме од транспонирање на европското законодавство - рече Маричиќ.
Веруваме, посочи, дека новата методологија ќе даде нов поттик на пристапните преговори.
Очекувам да ја покаже и докаже својата основна цел динамизирање на пристапните преговори. За нас е многу важно да знаеме како ќе се примени. Би сакале да предложиме дополнителни состаноци на техничко ниво за вашите служби детално да информираат како ќе се одвива новата методологија за скрининг за да знаеме како и што треба да направиме во годините што следат. Убеден сум дека врз досега научените лекции ќе може да се подготвиме подобро за скринингот - истакна Маричиќ.
Најави дека во наредните недели ќе се финализира и операционализира стратегијата за преговарање донесена во 2018 година. Како што кажа, ќе се зголемат и капацитетите за преведување на македонски јазик и ќе се создадат механизми за навремена комуникација со македонските граѓани.
Нашата заложба да станеме полноправна членка на ЕУ никогаш не била доведена во прашање и убеден сум дека со скринингот ќе се засили. Се надевам дека и ЕУ ќе биде подготвена да не пречека. Почнуваме процес кој ќе бара ангажман на целото општество. Процес важен и не многу лесен, но кој ќе заврши со членство во ЕУ што е наш сон - истакна Маричиќ.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи го оцени денешниот ден како историски кој долго го очекуваме и во неколку владини состави работевме напорно за да се оствари.
Патот до тука не беше ни малку лесен, но нема да се враќаме на минатото. Нашиот поглед е свртен кон иднината и обврските кои треба да ги исполниме. Од нас ќе зависи да ги мобилизираме нашите ресурси за што побрзо да дојдеме до европското семејство кон кое цивилизациски припаѓаме. Вашата поддршка и драгоцени упатства од сега ќе бидат уште попотребни. Ве уверувам дека нашиот тим е подготвен да ги исполни сите поглавјата - рече Османи.
На македонските граѓани им порача дека како и досега нема да ги изневерат и секојдневно ќе одговараат на нивните барања и грижи и додаде дека и досега немало компромиси за националното, етничкото и човечкото достоинство. Билатералните прашања кои не се копенхашки критериуми нема да бидат дел од Преговарачката рамка, рече Османи и посочи дека земјава ќе остане доследна на спроведувањето на Преспанскиот и на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тоа, како што кажа, го очекува и од другите партнери. Вети дека во овие времиња полни со неизвесности цврсто ќе останеме на заедничката европска политика како што правевме и досега.

The post Вархеји: Не сакаме да губиме веќе ниту еден момент и веднаш почнуваме со „акито“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски по средбата со Вархеј: Што поскоро отпочнување на преговорите на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-po-sredbata-so-varhej-shto-poskoro-otpochnuvanje-na-pregovorite-na-makedonija/ Wed, 08 Jun 2022 14:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=512762

Денеска остварив средба со еврокомесарот Оливер Вархеј. Разговаравме за европската перспектива на нашата Македонија и укажавме на императивот за што поскоро отпочнување на преговорите на Македонија, бидејќи 22 години е предолг период да сме сѐ уште во ходникот, а многу држави за жал од Централна и Источна Европа кои во тоа време воопшто немаа никаква европска перспектива нѐ поминаа во ходникот, седнаа на масата, преговараа, разговараа и станаа полноправни членки на ЕУ, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски по средбата со Вархеј: Што поскоро отпочнување на преговорите на Македонија appeared first on Република.

Вархеји пак во Софија https://republika.mk/vesti/balkan/varheji-pak-vo-sofija/ Thu, 19 May 2022 09:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=504264

Комесарот на ЕУ за соседство и проширување Оливер Вархеји денеска ќе престојува во кратка работна посета на Бугарија.

Работната посета, иако кратка, беше најавена дури утрово, јавија бугарските медиуми.

Денешната програма на комесарот Вархеи во Софија вклучува средби со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Минатата недела претседателот Румен Радев изјави дека се зголемува притисокот од земјите-членки на ЕУ, Бугарија да го укине на ветото на преговарачката рамка за членство на Република Македонија во ЕУ

The post Вархеји пак во Софија appeared first on Република.

]]>

Комесарот на ЕУ за соседство и проширување Оливер Вархеји денеска ќе престојува во кратка работна посета на Бугарија. Работната посета, иако кратка, беше најавена дури утрово, јавија бугарските медиуми. Денешната програма на комесарот Вархеи во Софија вклучува средби со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Минатата недела претседателот Румен Радев изјави дека се зголемува притисокот од земјите-членки на ЕУ, Бугарија да го укине на ветото на преговарачката рамка за членство на Република Македонија во ЕУ

The post Вархеји пак во Софија appeared first on Република.

]]>
Немаме време за губење, процесот треба да се забрза, Македонија е дел од Европа, порача Вархеји https://republika.mk/vesti/makedonija/nemame-vreme-za-gubenje-procesot-treba-da-se-zabrza-makedonija-e-del-od-evropa-poracha-varheji/ Wed, 27 Apr 2022 12:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=494266

Посветени сме да ги продолжиме напорите за почеток на преговори со Македонија пред завршувањето на француското претседателство со Европската Унија во овие клучни времиња, објави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по средбата со премиерот Димитар Ковачевски претпладнево во Владата.

Ја почнав посетата на  Македонија со средба со премиерот Димитар Ковачевски.  Македонија е дел од Европа! Немаме време за губење, треба да се забрза процесот!, напиша Вархеји на Твитер.

Претходно на средбата во Влада со премиерот Ковачевски, и двајцата се согласиле дека европските интеграции на земјава и на регионот се потреба на државите во регионални рамки, но и на самата Европска Унија.

Сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Република Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна – заеднички констатираа Ковачевски и Вархеји.

Ковачевски нагласи дека тој останува посветен исклучиво на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на респект и достоинство, за што се согласиле со премиерот Петков при воспоставувањето на дијалогот и очекува односи на оваа база.

Нашата држава ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на Европската Унија, со што уште еднаш покажа дека е достоен партер на европските држави и заслужува конечно одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ – рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски и Вархеји разговараа и за актуелни прашања поврзани со предизвиците од војната во Украина и за европерспективите на регионот.

Вархеји оствари средба и со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Секретаријатот за европски прашања, а ќе се сретне и со шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и со претставници на политичките партии.

Еврокомесарот Вархеји пред денешната посета на Скопје, вчера од Софија упати порака прашањето за почеток на преговори за членство на земјава во ЕУ да се реши до јуни годинава. Тој изрази крајно разочарување што се уште се разговара за ова прашање.

Кога сум веќе во Софија, има уште едно големо прашање кое не може да се избегне, а да не се продискутира – а тоа е кога ќе ги имаме првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија и кога ќе почнеме да испорачуваме кон овие земји – рече Вархеји во обраќањето на Регионалниот форум за односите меѓу Европската Унија и Балканот (EU meets Balkans) во Софија.

Вархеји нагласи дека ЕУ нема ниту време, ниту интерес да се одложуваат првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана.

Сите земји членки треба да ја разберат трансформативната моќ на процесот на пристапување. И ова е пораката што ја носам во Софија повторно, бев тука пред три седмици и ќе доаѓам колку што е потребно за да се реши ова прашање во јуни годинава, бидејќи војната во Украина ни покажа дека ниту имаме време за губење, ниту интерес да се одложува овој процес – подвлече Вархеји.

Во Софија вчера Вархеји на средба со бугарскиот премиер Кирил Петков разговарал за актуелната состојба на Западниот Балкан, во контекст на кризата предизвикана од руската воена инвазија на Украина и последните случувања во дијалогот меѓу Скопје и Софија. Петков на средбата ја потврдил желбата за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените политички прашања со земјава, имајќи ги предвид дека станува збор за теми што се чувствителни за Бугарија.

The post Немаме време за губење, процесот треба да се забрза, Македонија е дел од Европа, порача Вархеји appeared first on Република.

]]>

Посветени сме да ги продолжиме напорите за почеток на преговори со Македонија пред завршувањето на француското претседателство со Европската Унија во овие клучни времиња, објави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по средбата со премиерот Димитар Ковачевски претпладнево во Владата. Ја почнав посетата на  Македонија со средба со премиерот Димитар Ковачевски.  Македонија е дел од Европа! Немаме време за губење, треба да се забрза процесот!, напиша Вархеји на Твитер. Претходно на средбата во Влада со премиерот Ковачевски, и двајцата се согласиле дека европските интеграции на земјава и на регионот се потреба на државите во регионални рамки, но и на самата Европска Унија. Сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Република Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна – заеднички констатираа Ковачевски и Вархеји. Ковачевски нагласи дека тој останува посветен исклучиво на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на респект и достоинство, за што се согласиле со премиерот Петков при воспоставувањето на дијалогот и очекува односи на оваа база.
Нашата држава ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на Европската Унија, со што уште еднаш покажа дека е достоен партер на европските држави и заслужува конечно одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ – рече премиерот Ковачевски.
Ковачевски и Вархеји разговараа и за актуелни прашања поврзани со предизвиците од војната во Украина и за европерспективите на регионот. Вархеји оствари средба и со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Секретаријатот за европски прашања, а ќе се сретне и со шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и со претставници на политичките партии. Еврокомесарот Вархеји пред денешната посета на Скопје, вчера од Софија упати порака прашањето за почеток на преговори за членство на земјава во ЕУ да се реши до јуни годинава. Тој изрази крајно разочарување што се уште се разговара за ова прашање.