Олга Панкина Archives - Република https://republika.mk/tema/olga-pankina/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 07:51:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Олга Панкина Archives - Република https://republika.mk/tema/olga-pankina/ 32 32 Проект „Читај ја Маедонија“: Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во Москва https://republika.mk/vesti/kultura/proekt-chitaj-ja-maedonija-literaturna-vecher-posvetena-na-akademik-vlada-uroshevik-vo-moskva/ Sun, 02 Jun 2024 08:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=784028

Во организација на поетесата Олга Панкина, позната руска македонистка и преведувачка во Москва, Русија, се одржа литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во рамки на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!”.

Проектот што доследно го реализира од 2014 година, се покажал како многу успешен, појаснува Олга Панкина, која има преведено и препеано на руски околу 300 македонски автори – поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички творби презентирани во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.

Ми се појави идеја да ги презентирам во Русија редовно, системски, во рамки на еден литературен проект. Го насловив „Читај ја Македонија!” Под тоа мото одржав многу литературни настани – промоции, книжевни разговори, омажи и изложби на книги, претставувајќи ја современата македонска литература како богата и разнолика – жанровски, стилски, тематски, генерациски. Во изминатите 10 години jа претставив на разни терени и во разни градови – најмногу секако во Москва и на најблиското подрачjе Подмосковjе, но и во градовите Внуково, Зеленоград, Долгопрудниј, подалеку  во Твер, Санкт-Петербург, Пjатигорск, Ханти-Мансијск, како и на помали места, на пример во станицата „Новопесковска” на Краснодарската покраина – вели Панкина која е посветена на популаризација на македонската култура во Русија.

Низ цела година таа одржува литературни и културни настани, а оваа година, вели, му е посветена на академик Влада Урошевиќ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата за 2023 година и 90-годишнината од неговото раѓање.

На настанот Олга Панкина го претстави Влада Урошевиќ како поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач. Неговото богато творештвото, додава таа, им е познато на руските читатели благодарение на романите „Невестата на змеjот”, „Дива лига” и „Маџун”, а и на расказите „Сабја”, „Кукла”, „Вишнов ликер” и други.

Посебно во своето излагање таа се задржа на поетската збирка „Пејач во кулата” за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија “Златен витез” и на поновата, насловена „Jужна sвезда”, која лани ја објави Центарот за книга „Рудомино”. Двете поетски книги се проследени со исклучителни колажи на авторот.

Олга Панкина го презентира и мартовскиот број на најреномираното руско списание „Иностранаја литература” чие мото е изреката “Запознај ги утрешните класици!” каде се објавени песни на Влада Урошевиќ во нејзин препев. Панкина напиша и кратка белешка за него како поет, изразувајќи надеж дека читателите и преку превод ќе jа почувствуваат убавината на поетскиот израз на овој голем македонски автор.

Таа најави дека во јунскиот број на „Иностранаја литература” ќе бидат претставени низа раскази на Влада Урошевиќ, а наесен исто така во нејзин превод ќе излезе од печат нова книга – избор раскази на Влада Урошевиќ. Таа го наслови „Дирижабл над поле со пченки”. Книгата, вели таа, ќе биде подарок на Влада Урошевиќ за роденденот, но пред сѐ на руските читатели кои високо го ценат неговото извонредно творештво.

Артисти на театарот „Город”, на литературна вечер посветена на академик Урошевиќ, рецитираа песни и извадоци од неговите романи на македонски и на руски јазик.

Присутните на настанот му ја испратија на Влада Урошевиќ видеоснимката со честитки за јубилејот, наведува Панкина.

The post Проект „Читај ја Маедонија“: Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во Москва appeared first on Република.

]]>

Во организација на поетесата Олга Панкина, позната руска македонистка и преведувачка во Москва, Русија, се одржа литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во рамки на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!”. Проектот што доследно го реализира од 2014 година, се покажал како многу успешен, појаснува Олга Панкина, која има преведено и препеано на руски околу 300 македонски автори – поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички творби презентирани во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.
Ми се појави идеја да ги презентирам во Русија редовно, системски, во рамки на еден литературен проект. Го насловив „Читај ја Македонија!” Под тоа мото одржав многу литературни настани – промоции, книжевни разговори, омажи и изложби на книги, претставувајќи ја современата македонска литература како богата и разнолика – жанровски, стилски, тематски, генерациски. Во изминатите 10 години jа претставив на разни терени и во разни градови – најмногу секако во Москва и на најблиското подрачjе Подмосковjе, но и во градовите Внуково, Зеленоград, Долгопрудниј, подалеку  во Твер, Санкт-Петербург, Пjатигорск, Ханти-Мансијск, како и на помали места, на пример во станицата „Новопесковска” на Краснодарската покраина – вели Панкина која е посветена на популаризација на македонската култура во Русија.
Низ цела година таа одржува литературни и културни настани, а оваа година, вели, му е посветена на академик Влада Урошевиќ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата за 2023 година и 90-годишнината од неговото раѓање. На настанот Олга Панкина го претстави Влада Урошевиќ како поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач. Неговото богато творештвото, додава таа, им е познато на руските читатели благодарение на романите „Невестата на змеjот”, „Дива лига” и „Маџун”, а и на расказите „Сабја”, „Кукла”, „Вишнов ликер” и други. Посебно во своето излагање таа се задржа на поетската збирка „Пејач во кулата” за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија “Златен витез” и на поновата, насловена „Jужна sвезда”, која лани ја објави Центарот за книга „Рудомино”. Двете поетски книги се проследени со исклучителни колажи на авторот. Олга Панкина го презентира и мартовскиот број на најреномираното руско списание „Иностранаја литература” чие мото е изреката “Запознај ги утрешните класици!” каде се објавени песни на Влада Урошевиќ во нејзин препев. Панкина напиша и кратка белешка за него како поет, изразувајќи надеж дека читателите и преку превод ќе jа почувствуваат убавината на поетскиот израз на овој голем македонски автор. Таа најави дека во јунскиот број на „Иностранаја литература” ќе бидат претставени низа раскази на Влада Урошевиќ, а наесен исто така во нејзин превод ќе излезе од печат нова книга – избор раскази на Влада Урошевиќ. Таа го наслови „Дирижабл над поле со пченки”. Книгата, вели таа, ќе биде подарок на Влада Урошевиќ за роденденот, но пред сѐ на руските читатели кои високо го ценат неговото извонредно творештво. Артисти на театарот „Город”, на литературна вечер посветена на академик Урошевиќ, рецитираа песни и извадоци од неговите романи на македонски и на руски јазик. Присутните на настанот му ја испратија на Влада Урошевиќ видеоснимката со честитки за јубилејот, наведува Панкина.

The post Проект „Читај ја Маедонија“: Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во Москва appeared first on Република.

]]>
Промовирана руската објава на македонскиот роман „Бродот. Конзархија“ од Томислав Османли https://republika.mk/vesti/kultura/promovirana-ruskata-objava-na-makedonskiot-roman-brodot-konzarhija-od-tomislav-osmanli/ Fri, 24 May 2024 12:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=781414

По повод Денот на словенските просветители, синоќа во Москва беше промовирана новата, руска објава на романот на македонскиот писател Томислав Османли „Бродот. Конзархија“, која е дел од меѓународната едиција „100 словенски романи“. Романот е во превод на преведувачка Олга Панкина, а го објави издавачката куќа Центар за книга „Рудомино” од Москва.

За време на промоцијата, авторот Томислав Османи преку видеоснимка рече дека станува збор за книга која не се базира само на изразувањето на сопственото авторско его, на интимата, тука се обидува да ја опфати и да ја согледа и судбината на современиот свет.

-Станува збор за книга којашто ми донесе голема сатисфакција со оглед на тоа, дека се изразив себеси - сметам на еден начин којшто, еве, барем мене како автор ме задоволува: не се базира само на изразувањето на сопственото авторско его, на интимата и така натаму, тука се обидува да ја опфати и да ја согледа и судбината на современиот свет, за прво на човекот во современото загрижувачки отуѓено општество, посочи Османли.

Проектот „100 словенски романи” со посебен акцент на најновиот роман на Томислав Османли на промоцијата го претстави Jулија Созина, соработник во Библиотеката за странска литература, координатор на овој меѓународен проект од руската страна.

На настанот присуствувал и Евгениј Резниченко, директорот на Издавачката куќа Центар за книга „Рудомино” кој истовремено е и директор на Институтот за превод во Москва. Тој го оцени романот „Бродот. Конзархија” како значајно дело кое покренува низа проблеми многу важни за цивилизацијата.

Панкина го претстави романот подетално, зборувајќи за неговите особини, за жанрот, естетиката и поетиката, за јазикот и литературните квалитети.

Инаку „Бродот. Конзархија“ е шестиот по ред роман од македонски автор кој се појавува на руски јазик во едицијата „100 словенски романи“, сите во превод на Олга Панкина.

The post Промовирана руската објава на македонскиот роман „Бродот. Конзархија“ од Томислав Османли appeared first on Република.

]]>

По повод Денот на словенските просветители, синоќа во Москва беше промовирана новата, руска објава на романот на македонскиот писател Томислав Османли „Бродот. Конзархија“, која е дел од меѓународната едиција „100 словенски романи“. Романот е во превод на преведувачка Олга Панкина, а го објави издавачката куќа Центар за книга „Рудомино” од Москва. За време на промоцијата, авторот Томислав Османи преку видеоснимка рече дека станува збор за книга која не се базира само на изразувањето на сопственото авторско его, на интимата, тука се обидува да ја опфати и да ја согледа и судбината на современиот свет.
-Станува збор за книга којашто ми донесе голема сатисфакција со оглед на тоа, дека се изразив себеси - сметам на еден начин којшто, еве, барем мене како автор ме задоволува: не се базира само на изразувањето на сопственото авторско его, на интимата и така натаму, тука се обидува да ја опфати и да ја согледа и судбината на современиот свет, за прво на човекот во современото загрижувачки отуѓено општество, посочи Османли.
Проектот „100 словенски романи” со посебен акцент на најновиот роман на Томислав Османли на промоцијата го претстави Jулија Созина, соработник во Библиотеката за странска литература, координатор на овој меѓународен проект од руската страна. На настанот присуствувал и Евгениј Резниченко, директорот на Издавачката куќа Центар за книга „Рудомино” кој истовремено е и директор на Институтот за превод во Москва. Тој го оцени романот „Бродот. Конзархија” како значајно дело кое покренува низа проблеми многу важни за цивилизацијата. Панкина го претстави романот подетално, зборувајќи за неговите особини, за жанрот, естетиката и поетиката, за јазикот и литературните квалитети. Инаку „Бродот. Конзархија“ е шестиот по ред роман од македонски автор кој се појавува на руски јазик во едицијата „100 словенски романи“, сите во превод на Олга Панкина.

The post Промовирана руската објава на македонскиот роман „Бродот. Конзархија“ од Томислав Османли appeared first on Република.

]]>
Во Москва литературна средба „Малку за Македонија и за нејзините жени-писатели“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-moskva-literaturna-sredba-malku-za-makedonija-i-za-nejzinite-zheni-pisateli/ Sun, 21 Apr 2024 15:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=768939

Во Москва вчера е одржана литературната средба во рамки на отворениот проект „Читај ја Македонија!“, што Олга Панкина, поетеса и преведувач, претседател на невладината организација „Македонски културен центар“ во Москва успешно го реализира од 2014 година, запознавајќи ја руската читателска публика со творби како од класиците на македонската литература, така и од современите прозаици, поети и драматурзи.

Овој пат, соопшти денеска Панкина, главно внимание му било посветено на романсиерското творештво на македонските жени-писатели кое помалку им е познато на читателите. Олга Панкина врз примерите од книгите што ги има преведено на руски ги запознала присутните со афирмацијата и развојот на женското писмо во Македонија.

Тргна од писателките кои ги положија неговите темели, какошто за пример Драгица Најческа, автор на еден од првите македонски романи напишани од жена, продолжи со романите на Оливера Николова, Тања Урошевиќ, Лилјана Пандева, Оливера Јовановска – се до помладите автори какошто Ксениjа Николова. Нејзините романи „Незадоволна“ и „Емотивен манипулатор“ каде станува збор за современи амбициозни жени кои бараат свое достојно место во животот ги објавија реномираните издавачки куќи „Ексмо“ (2023) и „У Никитских ворот“ (2024), се наведува во соопштението.

Артистите на театарот „Город“ прочитале извадоци од низа романи, што предизвикало големо одушевување и восхит кај публиката. На крајот, се додава во соопштението, на сите заинтересирани Олга Панкина им подарила книги од македонските автори.

 

The post Во Москва литературна средба „Малку за Македонија и за нејзините жени-писатели“ appeared first on Република.

]]>

Во Москва вчера е одржана литературната средба во рамки на отворениот проект „Читај ја Македонија!“, што Олга Панкина, поетеса и преведувач, претседател на невладината организација „Македонски културен центар“ во Москва успешно го реализира од 2014 година, запознавајќи ја руската читателска публика со творби како од класиците на македонската литература, така и од современите прозаици, поети и драматурзи. Овој пат, соопшти денеска Панкина, главно внимание му било посветено на романсиерското творештво на македонските жени-писатели кое помалку им е познато на читателите. Олга Панкина врз примерите од книгите што ги има преведено на руски ги запознала присутните со афирмацијата и развојот на женското писмо во Македонија.
Тргна од писателките кои ги положија неговите темели, какошто за пример Драгица Најческа, автор на еден од првите македонски романи напишани од жена, продолжи со романите на Оливера Николова, Тања Урошевиќ, Лилјана Пандева, Оливера Јовановска – се до помладите автори какошто Ксениjа Николова. Нејзините романи „Незадоволна“ и „Емотивен манипулатор“ каде станува збор за современи амбициозни жени кои бараат свое достојно место во животот ги објавија реномираните издавачки куќи „Ексмо“ (2023) и „У Никитских ворот“ (2024), се наведува во соопштението.
Артистите на театарот „Город“ прочитале извадоци од низа романи, што предизвикало големо одушевување и восхит кај публиката. На крајот, се додава во соопштението, на сите заинтересирани Олга Панкина им подарила книги од македонските автори.  

The post Во Москва литературна средба „Малку за Македонија и за нејзините жени-писатели“ appeared first on Република.

]]>
Во Москва омаж посветен на академик Влада Урошевиќ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-moskva-omazh-posveten-na-akademik-vlada-uroshevik/ Sun, 27 Aug 2023 08:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=676231

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Олга Панкина вчера во Москва организира омаж посветен на академик Влада Урошевиќ - македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година.

Настанот се одржа во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!“ што успешно го реализира од 2014 година.

Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е познато на руските читатели благодарение на преведените од неа романи „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други.

Посебно во своето излагање таа се задржа на новата поетска збирка насловена „Jужна sвезда“, која содржи над 200 песни на истакнатиот македонски поет. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија.

„Jужна sвезда“ излегува по збирката „Пејач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“.

Двете поетски книги проследени со исклучителни колажи на Влада Урошевиќ ги објави реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“.

Пред бројните гости беше прочитан дел од поезијата на Влада Урошевиќ во оригинал и во препев.вј/

 

The post Во Москва омаж посветен на академик Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Олга Панкина вчера во Москва организира омаж посветен на академик Влада Урошевиќ - македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година. Настанот се одржа во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!“ што успешно го реализира од 2014 година. Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е познато на руските читатели благодарение на преведените од неа романи „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други. Посебно во своето излагање таа се задржа на новата поетска збирка насловена „Jужна sвезда“, која содржи над 200 песни на истакнатиот македонски поет. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија. „Jужна sвезда“ излегува по збирката „Пејач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“. Двете поетски книги проследени со исклучителни колажи на Влада Урошевиќ ги објави реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“. Пред бројните гости беше прочитан дел од поезијата на Влада Урошевиќ во оригинал и во препев.вј/  

The post Во Москва омаж посветен на академик Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Олга Панкина ја преведе Силјан Штркот од Цепенков на руски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/olga-pankina-ja-prevede-siljan-shtrkot-od-tsepenkov-na-ruski-jazik/ Tue, 16 May 2023 09:21:56 +0000 https://republika.mk/?p=641264

Приказната на Марко Цепенков „Силјан Штркот“ е објвена на руски јазик во превод од Олга Панкина. Книгата беше промовирана во библиотеката „А.Н. Толстоj”  во Москва, во рамките на проектот „Читаj ја Македонија!”.

Панкина, која е позната како популаризатор на македонската литература и култура во Русија, вели дека „Силјан Штркот“ е единствено дело од Цепенков досега објавено на руски јазик.

Покрај самата приказна, во книгата е обjавен и есеj насловен „Штркот единак и неговото јато” на Митко Маџунков кој, меѓу другото, истакнува дека „тоа не е волшебна приказна, бајка во која сè е можно (или барем таквите елементи се сведени на минимум), туку прецизна парабола за човековата судбина во која сите детали се во функција на основната идеја”.

The post Олга Панкина ја преведе Силјан Штркот од Цепенков на руски јазик appeared first on Република.

]]>

Приказната на Марко Цепенков „Силјан Штркот“ е објвена на руски јазик во превод од Олга Панкина. Книгата беше промовирана во библиотеката „А.Н. Толстоj”  во Москва, во рамките на проектот „Читаj ја Македонија!”. Панкина, која е позната како популаризатор на македонската литература и култура во Русија, вели дека „Силјан Штркот“ е единствено дело од Цепенков досега објавено на руски јазик. Покрај самата приказна, во книгата е обjавен и есеj насловен „Штркот единак и неговото јато” на Митко Маџунков кој, меѓу другото, истакнува дека „тоа не е волшебна приказна, бајка во која сè е можно (или барем таквите елементи се сведени на минимум), туку прецизна парабола за човековата судбина во која сите детали се во функција на основната идеја”.

The post Олга Панкина ја преведе Силјан Штркот од Цепенков на руски јазик appeared first on Република.

]]>
Олга Панкина со „женска“ литературна вечер во Москва https://republika.mk/vesti/kultura/olga-pankina-so-zhenska-literaturna-vecher-vo-moskva/ Mon, 06 Mar 2023 13:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=616443

Олга Панкина, претседател на невладината организација „Македонски културен центар” во Москва, вчера во Библиотеката „А.Н. Толстој” во главниот град на Русија, организира литературната средба во рамките на неjзиниот проект „Читај ја Македонија!” коj успешно го реализира од 2014 година.

Првиот дел на литературната средба, како што информира Панкина, му беше посветен на современото женско писмо во Македонија.

Празникот 8 Mарт е добар повод за пошироко презентирање пред руската читателска публика на литературни творби на македонските жени-писатели. За жал, не можев да ги претставам сите (над 50) авторки кои ги имам преведено на руски. Затоа морав да направам избор, рече Олга Панкина.

Таа ги запозна читателите со романите „Омраза – длабоко” и „Друга мајка” на Драгица Најческа, „Аквамарин” на Тања Урошевиќ, „Вежби за ибн Пајко” на Оливера Николова, „Доилката” на Лилјана Пандева и „Незадоволна” на Ксенија Николова. Потоа следуваше поетското читање. Песните на македонските поетеси почнувајќи од Светлана Христова-Jоциќ и Гордана Михаилова-Бошнакоска до Елена Пренџова во изведба на артистите на театарот „Город” ги восхитија присутните. Посебно внимание им беше доделено на поетските книги „Кога ни гореше под нозе” на Катица Ќулавкова и на најновата, објавена во 2022 година, поетска збирка под наслов „8 поетики” – двојазична антологија во која се застапени осум современи писателки членки на Битолскиот книжевен круг. Такво групно претставуање на битолските писатели во странство е направено за прв пат.

Во вториот дел на настанот посветен на Светскиот ден на поезијата (се одбележува на 21 март) Олга Панкина ја претстави поезијата на Блаже Конески – уникатен творец и во науката за македонскиот јазик, и како раскажувач и, пред се, како поет. Присутните имаа можност да слушнат песни на Конески како во превод на руски, така и во оригинал благодарение на краткиот филм за поезијата на Конески презентиран на екранот.

Блаже Конески е фигура од џиновска димензија, а делото на Блаже Конески е значајно и вредно остварување во рамките на светското културно наследство и треба нашироко по светот да се наведува како силен аргумент за значењето и суштината на македонскиот јазик, за македонскиот национален идентитет, истакна Панкина.

Настанот предизвика голем интерес на публиката, траеше над два часа и помина во топла, навистина пролетна, атмосфера. На крајот Олга Панкина на сите заинтересирани им подари книги на македонските автори.

The post Олга Панкина со „женска“ литературна вечер во Москва appeared first on Република.

]]>

Олга Панкина, претседател на невладината организација „Македонски културен центар” во Москва, вчера во Библиотеката „А.Н. Толстој” во главниот град на Русија, организира литературната средба во рамките на неjзиниот проект „Читај ја Македонија!” коj успешно го реализира од 2014 година. Првиот дел на литературната средба, како што информира Панкина, му беше посветен на современото женско писмо во Македонија.
Празникот 8 Mарт е добар повод за пошироко презентирање пред руската читателска публика на литературни творби на македонските жени-писатели. За жал, не можев да ги претставам сите (над 50) авторки кои ги имам преведено на руски. Затоа морав да направам избор, рече Олга Панкина.
Таа ги запозна читателите со романите „Омраза – длабоко” и „Друга мајка” на Драгица Најческа, „Аквамарин” на Тања Урошевиќ, „Вежби за ибн Пајко” на Оливера Николова, „Доилката” на Лилјана Пандева и „Незадоволна” на Ксенија Николова. Потоа следуваше поетското читање. Песните на македонските поетеси почнувајќи од Светлана Христова-Jоциќ и Гордана Михаилова-Бошнакоска до Елена Пренџова во изведба на артистите на театарот „Город” ги восхитија присутните. Посебно внимание им беше доделено на поетските книги „Кога ни гореше под нозе” на Катица Ќулавкова и на најновата, објавена во 2022 година, поетска збирка под наслов „8 поетики” – двојазична антологија во која се застапени осум современи писателки членки на Битолскиот книжевен круг. Такво групно претставуање на битолските писатели во странство е направено за прв пат. Во вториот дел на настанот посветен на Светскиот ден на поезијата (се одбележува на 21 март) Олга Панкина ја претстави поезијата на Блаже Конески – уникатен творец и во науката за македонскиот јазик, и како раскажувач и, пред се, како поет. Присутните имаа можност да слушнат песни на Конески како во превод на руски, така и во оригинал благодарение на краткиот филм за поезијата на Конески презентиран на екранот.
Блаже Конески е фигура од џиновска димензија, а делото на Блаже Конески е значајно и вредно остварување во рамките на светското културно наследство и треба нашироко по светот да се наведува како силен аргумент за значењето и суштината на македонскиот јазик, за македонскиот национален идентитет, истакна Панкина.
Настанот предизвика голем интерес на публиката, траеше над два часа и помина во топла, навистина пролетна, атмосфера. На крајот Олга Панкина на сите заинтересирани им подари книги на македонските автори.

The post Олга Панкина со „женска“ литературна вечер во Москва appeared first on Република.

]]>
Македонска литературна вечер во Москва https://republika.mk/vesti/kultura/makedonska-literaturna-vecher-vo-moskva/ Mon, 26 Dec 2022 08:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=589913

Руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина продолжува со активностите поврзани со реализација на проектот „Читај ја Македонија!“.

Според Панкина, крајот на годината е добро време за сумирање на резултатите од изминатата година и споделување планови за наредната.

„2022-та година во таа смисла беше многу успешна. Во организациjа на невладината организациjа Македонски културен центар основана во Москва пред 12 години беа одржани низа активности со цел поширока промоција на македонските културни вредности: тркалезни маси, изложби на книги, претставување на творештвото како на писатели-класици на македонската литература (на пример Блаже Конески, Радован Павловски), така и на млади автори (Иван Антоновски, Ефтим Клетников, Елена Пренџова и други во рамки на прославата на Денот на словенската писменост и култура). Jа претставив современата македонска литература и надвор од Москва: на Меѓународниот фестивал на културата „Степска лира 2022“ одржан во станицата Новопокровскаја во Краснодарскиот краj, на Театарскиот фестивал во градот Долгопрудни, на литературните средби со жители на градовите Внуково и Звенигород во Подмосковје, изјави Панкина.

Во библиотеката „А.Н. Толстој“ во Москва Олга Панкина ги запозна читателите со изданија на македонските автори чии дела излегоа во Русија во 2022 година.

Во центарот на вниманието беа романите: „Незадоволна“ на младата писателка Ксенија Николова (Ексмо) и „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски, веќе шеста книга во едицијата „Македонскиот роман на 21 век“ и романот „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски објавен на руски вторпат, но овоj пат придружен со изворниот македонски текст (Центар за книга „Рудомино“).

Голем интерес на публиката предизвика поетскиот зборник „Господарот на перото. Поезија на Радован Павловски“ издаден на иницијатива и на средства на Олга Панкина како израз на нејзина почит кон делото на големиот македонски поет. Пред публиката настапи и московскиот уметник Александар Белугин кој направи илустрации за зборникот. Списанието „Преведувач“ и алманахот „Степска лира“ објавија песни на Влада Урошевиќ, кој благодарение на поетската книга „Пеач во кулата“ објавена порано има многу почитувачи во Русија. Неколку песни на тие двајца автора беа рецитирани во оригинал и во превод пред присутните на настанот.

Панкина наведува дека оваа година не остана без внимание и драмата. По повод 120-годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство“ во 1902 година во Санкт Петербург, издавачката куќа „У Никитских ворот“ ја објави пиесата „Последниот ден на Мисирков“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш.

Зборувајќи за плановите, Олга Панкина истакна дека во 2022 година би сакала да им претстави на читателите и македонски приказни од ризницата на македонското народно творештво.

Олга Панкина информира дека на сите заинтересирани им подари книги на македонските автори.

 

The post Македонска литературна вечер во Москва appeared first on Република.

]]>

Руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина продолжува со активностите поврзани со реализација на проектот „Читај ја Македонија!“. Според Панкина, крајот на годината е добро време за сумирање на резултатите од изминатата година и споделување планови за наредната.
„2022-та година во таа смисла беше многу успешна. Во организациjа на невладината организациjа Македонски културен центар основана во Москва пред 12 години беа одржани низа активности со цел поширока промоција на македонските културни вредности: тркалезни маси, изложби на книги, претставување на творештвото како на писатели-класици на македонската литература (на пример Блаже Конески, Радован Павловски), така и на млади автори (Иван Антоновски, Ефтим Клетников, Елена Пренџова и други во рамки на прославата на Денот на словенската писменост и култура). Jа претставив современата македонска литература и надвор од Москва: на Меѓународниот фестивал на културата „Степска лира 2022“ одржан во станицата Новопокровскаја во Краснодарскиот краj, на Театарскиот фестивал во градот Долгопрудни, на литературните средби со жители на градовите Внуково и Звенигород во Подмосковје, изјави Панкина.
Во библиотеката „А.Н. Толстој“ во Москва Олга Панкина ги запозна читателите со изданија на македонските автори чии дела излегоа во Русија во 2022 година. Во центарот на вниманието беа романите: „Незадоволна“ на младата писателка Ксенија Николова (Ексмо) и „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски, веќе шеста книга во едицијата „Македонскиот роман на 21 век“ и романот „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски објавен на руски вторпат, но овоj пат придружен со изворниот македонски текст (Центар за книга „Рудомино“). Голем интерес на публиката предизвика поетскиот зборник „Господарот на перото. Поезија на Радован Павловски“ издаден на иницијатива и на средства на Олга Панкина како израз на нејзина почит кон делото на големиот македонски поет. Пред публиката настапи и московскиот уметник Александар Белугин кој направи илустрации за зборникот. Списанието „Преведувач“ и алманахот „Степска лира“ објавија песни на Влада Урошевиќ, кој благодарение на поетската книга „Пеач во кулата“ објавена порано има многу почитувачи во Русија. Неколку песни на тие двајца автора беа рецитирани во оригинал и во превод пред присутните на настанот. Панкина наведува дека оваа година не остана без внимание и драмата. По повод 120-годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство“ во 1902 година во Санкт Петербург, издавачката куќа „У Никитских ворот“ ја објави пиесата „Последниот ден на Мисирков“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш. Зборувајќи за плановите, Олга Панкина истакна дека во 2022 година би сакала да им претстави на читателите и македонски приказни од ризницата на македонското народно творештво. Олга Панкина информира дека на сите заинтересирани им подари книги на македонските автори.  

The post Македонска литературна вечер во Москва appeared first on Република.

]]>
Не сме имале до сега таков пријател кој толку многу направил за македонската литература како Олга Панкина https://republika.mk/vesti/kultura/ne-sme-imale-do-sega-takov-prijatel-koj-tolku-mnogu-napravil-za-makedonskata-literatura-kako-olga-pankina/ Mon, 07 Nov 2022 08:36:16 +0000 https://republika.mk/?p=570673

Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ)  одржа литературна средба посветена на преведувачкиот опус на руската авторка Олга Панкина, насловена „Ден на македонската книга на руски јазик“.

Претседателот на ДПМ, Христо Петрески во своето обраќање на средбата посочи дека Олга Панкина е амбасадор на македонската книжевност. Нејзиното име и презиме, како што рече, е синоним за неуморен трудбеник и работник.

Ние вакви луѓе како Олга Панкина не можеме да платиме со пари, можеме само со љубов, со позитивна енергија и со убави пригодни зборови. Оној кој што не преведувал, не знае колку е тешко да се преведува. Преведувачката дејност, преведувачката работа е една од најтешките и најмакотрепните, рече Петрески.

Тој напомена оти верува дека Олга постојано ќе ја љуби македонската литература и ќе ја преведува.

Поетот, романописец, есеист и преведувач академик Влада Урошевиќ рече дека последниве две децении, резултатите на трудот на Олга Панкина насочен кон преведувањето на македонските писатели на руски јазик стануваат се повидливи, а бројот на тие дела што ги превела и објавила во Русија до ден денес, станува се поимпресивен.

Македонската литература и македонската култура имале и досега пријатели од други земји кои со преводи и на други начини придонесувале кон афирмацијата на македонската литература. Но, не сме имале до сега таков пријател кој толку многу направил за македонската литература како Олга Панкина, рече Урошевиќ.

Според Урошевиќ, со точност и прецизност од една страна, и со слобода и инвенција од друга страна, преводите на Панкина остануваат како траен белег за книжевните достигнувања на македонската книжевност, но и како документ за интересирањето на една друга средина, за македонската култура и литература.

Занаетот на преведувањето поезија, како што потенцира писателот, е еден извонредно тежок и мачен занает. Кога станува збор за поезија, вели Урошевиќ, не е доволна само почитта кон онаа формално техничка точност при преведување.

За да се постигне еден висок преведувачки или препејувачки резултат, освен познавањето на двата јазика, што е само почетен услов, несомнено е дека е неопходна инвенција, моќ за пресоздавање, чувство за интензитетот на поетичноста, скриен во зборовите и во едниот и во другиот јазик, и многу често неопходна е и смелоста да се открие еден друг пат, кој води кон пренесувањето на тој интензитет во друг јазик, додава Урошевиќ.

Тој додава дека во текот на преведувачкиот процес, Олга Панкина покажува исклучителна способност за пренесување на книжевните содржини од еден јазик кон друг.

Нејзините песни посветени на Македонија несомнено спаѓаат во најубавите песни кои се испеани од некој странски поет во слава на Македонија и на нејзините светлини, потенцира Урошевиќ.

Според писателот, есеист, критичар и книжевен теоретичар Венко Андоновски, Олга Панкина е институција на македонската книжевност.

Олга  го работи и уште го држи Македонскиот културен центар во Москва, невладина организација без ниту еден денар финансиска поткрепа ниту од наша, ниту од нивна страна. Тоа е таква љубов кон македонска литература што Олга Панкина за мене е Македонка. Се сметам себе си за човек кој работи, но се поклонувам пред енергијата на Олга Панкина, рече Андоновски.

Според него, Панкина сето ова го прави затоа што е свесна оти книгата од една мала по број на жители, но обемна по култура како што е македонската, не смее да остане во подрумска просторија кај издавачот.

Олга Панкина е позната руска македонистка и преведувачка, поетеса, сликарка, популаризатор на македонската култура во Русија.

Има над 100 објавени трудови: преводи на руски од македонски и од други словенски јазици, како и од руски на македонски. За повеќето автори напишала и белешки во изданијата. Панкина е автор на повеќе статии за Македонија во разни руски списанија.

Автор е на преводите на над 60 книги од македонски писатели, како и на преводите на творби (поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички) од 270 македонски писатели, презентирани во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.

The post Не сме имале до сега таков пријател кој толку многу направил за македонската литература како Олга Панкина appeared first on Република.

]]>

Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ)  одржа литературна средба посветена на преведувачкиот опус на руската авторка Олга Панкина, насловена „Ден на македонската книга на руски јазик“. Претседателот на ДПМ, Христо Петрески во своето обраќање на средбата посочи дека Олга Панкина е амбасадор на македонската книжевност. Нејзиното име и презиме, како што рече, е синоним за неуморен трудбеник и работник.
Ние вакви луѓе како Олга Панкина не можеме да платиме со пари, можеме само со љубов, со позитивна енергија и со убави пригодни зборови. Оној кој што не преведувал, не знае колку е тешко да се преведува. Преведувачката дејност, преведувачката работа е една од најтешките и најмакотрепните, рече Петрески.
Тој напомена оти верува дека Олга постојано ќе ја љуби македонската литература и ќе ја преведува.
Поетот, романописец, есеист и преведувач академик Влада Урошевиќ рече дека последниве две децении, резултатите на трудот на Олга Панкина насочен кон преведувањето на македонските писатели на руски јазик стануваат се повидливи, а бројот на тие дела што ги превела и објавила во Русија до ден денес, станува се поимпресивен.
Македонската литература и македонската култура имале и досега пријатели од други земји кои со преводи и на други начини придонесувале кон афирмацијата на македонската литература. Но, не сме имале до сега таков пријател кој толку многу направил за македонската литература како Олга Панкина, рече Урошевиќ.
Според Урошевиќ, со точност и прецизност од една страна, и со слобода и инвенција од друга страна, преводите на Панкина остануваат како траен белег за книжевните достигнувања на македонската книжевност, но и како документ за интересирањето на една друга средина, за македонската култура и литература. Занаетот на преведувањето поезија, како што потенцира писателот, е еден извонредно тежок и мачен занает. Кога станува збор за поезија, вели Урошевиќ, не е доволна само почитта кон онаа формално техничка точност при преведување.
За да се постигне еден висок преведувачки или препејувачки резултат, освен познавањето на двата јазика, што е само почетен услов, несомнено е дека е неопходна инвенција, моќ за пресоздавање, чувство за интензитетот на поетичноста, скриен во зборовите и во едниот и во другиот јазик, и многу често неопходна е и смелоста да се открие еден друг пат, кој води кон пренесувањето на тој интензитет во друг јазик, додава Урошевиќ.
Тој додава дека во текот на преведувачкиот процес, Олга Панкина покажува исклучителна способност за пренесување на книжевните содржини од еден јазик кон друг.
Нејзините песни посветени на Македонија несомнено спаѓаат во најубавите песни кои се испеани од некој странски поет во слава на Македонија и на нејзините светлини, потенцира Урошевиќ.
Според писателот, есеист, критичар и книжевен теоретичар Венко Андоновски, Олга Панкина е институција на македонската книжевност.
Олга  го работи и уште го држи Македонскиот културен центар во Москва, невладина организација без ниту еден денар финансиска поткрепа ниту од наша, ниту од нивна страна. Тоа е таква љубов кон македонска литература што Олга Панкина за мене е Македонка. Се сметам себе си за човек кој работи, но се поклонувам пред енергијата на Олга Панкина, рече Андоновски.
Според него, Панкина сето ова го прави затоа што е свесна оти книгата од една мала по број на жители, но обемна по култура како што е македонската, не смее да остане во подрумска просторија кај издавачот. Олга Панкина е позната руска македонистка и преведувачка, поетеса, сликарка, популаризатор на македонската култура во Русија. Има над 100 објавени трудови: преводи на руски од македонски и од други словенски јазици, како и од руски на македонски. За повеќето автори напишала и белешки во изданијата. Панкина е автор на повеќе статии за Македонија во разни руски списанија. Автор е на преводите на над 60 книги од македонски писатели, како и на преводите на творби (поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички) од 270 македонски писатели, презентирани во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.

The post Не сме имале до сега таков пријател кој толку многу направил за македонската литература како Олга Панкина appeared first on Република.

]]>
Изложба и предавање на тема „Современ македонски роман“ во Москва по повод чествувањето на сесловенските просветители https://republika.mk/vesti/kultura/izlozba-i-predavanje-na-tema-sovremen-makedonski-roman-vo-moskva-po-povod-chestvuvanjeto-na-seslovenskite-prosvetiteli/ Sun, 15 May 2022 13:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=502530

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина до крајот на месецов ќе организира серија литературни настани во Москва.

Одбележувањето на големиот празник посветен на Солунските браќа, започнува денеска во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во 16 часот каде Панкина ќе одржи предавање на тема „Современ македонски роман“, а ќе биде отворена и книжната изложба „20 македонски романи на руски“.

Над 300 милиони луѓе во светот зборуваат и пишуваат на словенските јазици. Токму словенскиот збор им дава живот и чувства на словенската душа, на словенските обичаи и начинот на живеење. Писмото што го користиме почна да се шири токму од македонската земjа, благодарение на значајната мисиjа на Солунските браќа. Денес е многу важно дијалогот меѓу народите да се одвива на ниво на културите, на основа што ја содржат во себе како традициите и историјата, така и литературните и уметничките дела, порачува Панкина.

Во рамки на прогрмата, на 18 мај во Московскиот дом на националностите во 17 часот предвидено е да се одржи тркалезна маса „Литература на словенските народи: историjа, традиции, современост“ на која Панкина ќе говори за македонската книжевност.

Во Библиотеката за странска литература на 28 маj во 12 часот ќе се одржи литературна средба „Сто словенски романи“ во рамки на која Панкина ќе ги претстави македонски романи застапени во едициjата: „Вежби за Ибн Паjко“ на Оливера Николова, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски, „Дива лига“ на Влада Урошевиќ, „Недела“ на Ермис Лафазановски, кои се преведените на руски јазик.

Истиот ден, ќе има јавни читања по повод 130-годишнината на Марина Цветаева, а песни во препев на македонски јазик ќе рецитира Олга Панкина. Во рамките на проектот на Панкина насловен „Читаj jа Македониjа!“ ќе се одржи литературна вечер „Нови имиња. Литература на младите“.

Активностите во чест на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј ќе финишираат на 29 маj во московската библиотека „Пабло Неруда“ во 17 часот со промоција на книгата „Господарот на перото. Поезиjа“ на Радован Павловски. Книгата ќе jа промовираат Панкина, која е инициjатор на проектот, составувач и преведувач и Александар Белугин, илустратор на книгата.

The post Изложба и предавање на тема „Современ македонски роман“ во Москва по повод чествувањето на сесловенските просветители appeared first on Република.

]]>

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина до крајот на месецов ќе организира серија литературни настани во Москва. Одбележувањето на големиот празник посветен на Солунските браќа, започнува денеска во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во 16 часот каде Панкина ќе одржи предавање на тема „Современ македонски роман“, а ќе биде отворена и книжната изложба „20 македонски романи на руски“.
Над 300 милиони луѓе во светот зборуваат и пишуваат на словенските јазици. Токму словенскиот збор им дава живот и чувства на словенската душа, на словенските обичаи и начинот на живеење. Писмото што го користиме почна да се шири токму од македонската земjа, благодарение на значајната мисиjа на Солунските браќа. Денес е многу важно дијалогот меѓу народите да се одвива на ниво на културите, на основа што ја содржат во себе како традициите и историјата, така и литературните и уметничките дела, порачува Панкина.
Во рамки на прогрмата, на 18 мај во Московскиот дом на националностите во 17 часот предвидено е да се одржи тркалезна маса „Литература на словенските народи: историjа, традиции, современост“ на која Панкина ќе говори за македонската книжевност. Во Библиотеката за странска литература на 28 маj во 12 часот ќе се одржи литературна средба „Сто словенски романи“ во рамки на која Панкина ќе ги претстави македонски романи застапени во едициjата: „Вежби за Ибн Паjко“ на Оливера Николова, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски, „Дива лига“ на Влада Урошевиќ, „Недела“ на Ермис Лафазановски, кои се преведените на руски јазик. Истиот ден, ќе има јавни читања по повод 130-годишнината на Марина Цветаева, а песни во препев на македонски јазик ќе рецитира Олга Панкина. Во рамките на проектот на Панкина насловен „Читаj jа Македониjа!“ ќе се одржи литературна вечер „Нови имиња. Литература на младите“. Активностите во чест на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј ќе финишираат на 29 маj во московската библиотека „Пабло Неруда“ во 17 часот со промоција на книгата „Господарот на перото. Поезиjа“ на Радован Павловски. Книгата ќе jа промовираат Панкина, која е инициjатор на проектот, составувач и преведувач и Александар Белугин, илустратор на книгата.

The post Изложба и предавање на тема „Современ македонски роман“ во Москва по повод чествувањето на сесловенските просветители appeared first on Република.

]]>