оклопно возило Archives - Република https://republika.mk/tema/oklopno-vozilo/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jun 2024 13:33:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оклопно возило Archives - Република https://republika.mk/tema/oklopno-vozilo/ 32 32 Погледнете ја албанската гордост „Шота“ https://republika.mk/zivot/tehnologija/poglednete-ja-albanskata-gordost-shota/ Wed, 19 Jun 2024 13:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=789089

Првиот прототип на првото оклопно воено возило „Шота“, произведено во Албанија, е претставен на меѓународниот саем EUROSATORY што се одржува во Париз.

Албанија за првпат учествува претставена со 100% албанска компанија на овој саем на кој учествуваат околу 2 илјади компании од целиот свет, што министерот за одбрана Нико Пелеши го смета за многу важен момент.

-Претставен на саемот EUROSATORY во Париз, првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија“, вели Пелеши.

„Претставен на саемот EUROSATORY во Париз, првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија, напиша Пелеши во објава на Фејсбук.

Додава дека возилото е опремено со напредна технологија и може да се користи во широк опсег на воени и цивилни операции, вклучувајќи транспорт на војници, спасувачки операции и безбедносни мисии, нагласувајќи дека „целта на создавањето на оваа машина е зајакнување на албанската воена индустрија и не само тоа“.

На саемот EUROSATORY во Париз учествуваат делегации од различни земји како и претставници од САД и НАТО и ќе трае до 21 јуни.

Прототипот е дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, а произведено е во компанијата „Тимак“, чија сопственичка Арјета Пуца, претходно рече дека бил произведен околу 3 месеци.

Оваа компанија, во која 75 отсто од вработените се жени извезува санитетски возила во 20 земји низ светот.

The post Погледнете ја албанската гордост „Шота“ appeared first on Република.

]]>

Првиот прототип на првото оклопно воено возило „Шота“, произведено во Албанија, е претставен на меѓународниот саем EUROSATORY што се одржува во Париз. Албанија за првпат учествува претставена со 100% албанска компанија на овој саем на кој учествуваат околу 2 илјади компании од целиот свет, што министерот за одбрана Нико Пелеши го смета за многу важен момент. -Претставен на саемот EUROSATORY во Париз, првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија“, вели Пелеши. „Претставен на саемот EUROSATORY во Париз, првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија, напиша Пелеши во објава на Фејсбук. Додава дека возилото е опремено со напредна технологија и може да се користи во широк опсег на воени и цивилни операции, вклучувајќи транспорт на војници, спасувачки операции и безбедносни мисии, нагласувајќи дека „целта на создавањето на оваа машина е зајакнување на албанската воена индустрија и не само тоа“. На саемот EUROSATORY во Париз учествуваат делегации од различни земји како и претставници од САД и НАТО и ќе трае до 21 јуни. Прототипот е дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, а произведено е во компанијата „Тимак“, чија сопственичка Арјета Пуца, претходно рече дека бил произведен околу 3 месеци. Оваа компанија, во која 75 отсто од вработените се жени извезува санитетски возила во 20 земји низ светот.

The post Погледнете ја албанската гордост „Шота“ appeared first on Република.

]]>
Ова е „Шота“: Презентирано првото оклопно возило дизајнирано и направено во Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-shota-prezentirano-prvoto-oklopno-vozilo-dizajnirano-i-napraveno-vo-albanija/ Wed, 12 Jun 2024 19:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=786923

Албанската компанија „Тимак“ го комплетираше првото албанско оклопно возило, кое ќе биде претставено на изложбата за одбрана и безбедност „Еуросатори“ во Париз.

Во претставувањето на прототипот, дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, се наведува дека името на првиот ваков автомобил е „ШОТА“.

Арјета Пуца, сопственичка на компанијата вели дека автомобилот бил произведен за многу кратко време, околу три месеци, како и дека веќе имало голем интерес од странски земји и за производство на дронови.

Возилото ќе биде претставено на саемот во Париз од 17 до 21 јуни. Отсега имаме голем интерес бидејќи ни резервираа многу состаноци, не само за ова возило, туку и за другите наши производи. Многу голема побарувачка имаме за дронови. Компании од Полска, Чешка, Украина со задоволство градат фабрики овде во Албанија за производство на воени дронови, изјави Пуца.

Оваа компанија, во која 75 отсто од вработените се жени, извезува санитетски возила во 20 земји низ светот.

Албанската влада подготви Нацрт-закон за производство на оружје „Made in Albania“ со кој се уредува индустријата за производство, истражување и развој на оружје, муниција, опрема и воени технологии, како и нивна трговија.

Сите албански или странски компании кои ќе аплицираат за лиценцирање ќе треба да планираат почетна инвестиција од најмалку 25 милиони евра, а во период од 10 години, се ослободени од данок на добивка а ќе плаќаат ДДВ од 10 отсто.

The post Ова е „Шота“: Презентирано првото оклопно возило дизајнирано и направено во Албанија appeared first on Република.

]]>

Албанската компанија „Тимак“ го комплетираше првото албанско оклопно возило, кое ќе биде претставено на изложбата за одбрана и безбедност „Еуросатори“ во Париз. Во претставувањето на прототипот, дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, се наведува дека името на првиот ваков автомобил е „ШОТА“. Арјета Пуца, сопственичка на компанијата вели дека автомобилот бил произведен за многу кратко време, околу три месеци, како и дека веќе имало голем интерес од странски земји и за производство на дронови.
Возилото ќе биде претставено на саемот во Париз од 17 до 21 јуни. Отсега имаме голем интерес бидејќи ни резервираа многу состаноци, не само за ова возило, туку и за другите наши производи. Многу голема побарувачка имаме за дронови. Компании од Полска, Чешка, Украина со задоволство градат фабрики овде во Албанија за производство на воени дронови, изјави Пуца.
Оваа компанија, во која 75 отсто од вработените се жени, извезува санитетски возила во 20 земји низ светот. Албанската влада подготви Нацрт-закон за производство на оружје „Made in Albania“ со кој се уредува индустријата за производство, истражување и развој на оружје, муниција, опрема и воени технологии, како и нивна трговија. Сите албански или странски компании кои ќе аплицираат за лиценцирање ќе треба да планираат почетна инвестиција од најмалку 25 милиони евра, а во период од 10 години, се ослободени од данок на добивка а ќе плаќаат ДДВ од 10 отсто.

The post Ова е „Шота“: Презентирано првото оклопно возило дизајнирано и направено во Албанија appeared first on Република.

]]>
Пелеши: Првото оклопно воено возило „Made in Albania“ ќе биде претставено на саемот во Париз https://republika.mk/vesti/svet/peleshi-prvoto-oklopno-voeno-vozilo-made-in-albania-ke-bide-pretstaveno-na-saemot-vo-pariz/ Sat, 25 May 2024 11:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=781624

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши најави дека по три недели на саемот Eurosatory во Париз, ќе го претстави првото оклопно воено возило.

Тој на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од автомобилот на кој се појавува заедно со сопственичката на компанија која работи за ова достигнување на неговата земја.

Албанија има капацитет да истражува, наоѓа, создава и патентира. Заедно со нејзината компанија „ТИМАК“, Арјета работи на прототипот на првото воено оклопно возило, „MadeInAlbania“. Многу сум среќен што нашиот Центар за иновации се приклучи на оваа прекрасна иницијатива. Сигурен сум дека после 3 недели во Париз на саемот „Eurosatory“ успешно ќе го претставиме овој албански производ, напиша Пелеши.

Додава дека компанијата во која 75 отсто од вработените се жени извезува санитетски возила во 20 земји низ светот, а сега „храбро влегува на пазарот во воената индустрија“.

Министертвото за одбрана на Албанија веќе има подготвено Предлог-закон со кој ќе го реактивира производството на оружје и муниција, преку формирање државна компанија, која ќе го контролира овој сектор.

Ова нема да биде единственото вложување во областа на одбраната, бидејќи долгорочниот 10-годишен план има за цел зголемена мобилизација во армијата и формирање на неколку воени бази.

Во Албанија по 1970 година се изградени три претпријатија за производство на оружје и муниција, во Мјекс кај Елбасан, во Грамш и во Поличан, но во истите со децении е запрено произведството.

The post Пелеши: Првото оклопно воено возило „Made in Albania“ ќе биде претставено на саемот во Париз appeared first on Република.

]]>

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши најави дека по три недели на саемот Eurosatory во Париз, ќе го претстави првото оклопно воено возило. Тој на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од автомобилот на кој се појавува заедно со сопственичката на компанија која работи за ова достигнување на неговата земја. Албанија има капацитет да истражува, наоѓа, создава и патентира. Заедно со нејзината компанија „ТИМАК“, Арјета работи на прототипот на првото воено оклопно возило, „MadeInAlbania“. Многу сум среќен што нашиот Центар за иновации се приклучи на оваа прекрасна иницијатива. Сигурен сум дека после 3 недели во Париз на саемот „Eurosatory“ успешно ќе го претставиме овој албански производ, напиша Пелеши. Додава дека компанијата во која 75 отсто од вработените се жени извезува санитетски возила во 20 земји низ светот, а сега „храбро влегува на пазарот во воената индустрија“. Министертвото за одбрана на Албанија веќе има подготвено Предлог-закон со кој ќе го реактивира производството на оружје и муниција, преку формирање државна компанија, која ќе го контролира овој сектор. Ова нема да биде единственото вложување во областа на одбраната, бидејќи долгорочниот 10-годишен план има за цел зголемена мобилизација во армијата и формирање на неколку воени бази. Во Албанија по 1970 година се изградени три претпријатија за производство на оружје и муниција, во Мјекс кај Елбасан, во Грамш и во Поличан, но во истите со децении е запрено произведството.

The post Пелеши: Првото оклопно воено возило „Made in Albania“ ќе биде претставено на саемот во Париз appeared first on Република.

]]>
На косовско оклопно возило му падна тркалото https://republika.mk/vesti/balkan/na-kosovsko-oklopno-vozilo-mu-padna-trkaloto/ Thu, 25 Aug 2022 14:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=544036

Граничната единица на приштинската полиција, која патролира во близина на преминот Зубин Поток на Косово и Метохија, денеска доживеа несреќа.

Тркалото испадна од блиндирано возило откако изгубило контрола и удрило во работ од страна на патот.

Во патролата имало две оклопни возила кои сообраќаат во близина на преминот, а кога првото возило наеднаш закочило на знакот за застанување, второто возило за придружба, обидувајќи се да избегне судир, удрило во блиската рабница.

The post На косовско оклопно возило му падна тркалото appeared first on Република.

]]>

Граничната единица на приштинската полиција, која патролира во близина на преминот Зубин Поток на Косово и Метохија, денеска доживеа несреќа. Тркалото испадна од блиндирано возило откако изгубило контрола и удрило во работ од страна на патот. Во патролата имало две оклопни возила кои сообраќаат во близина на преминот, а кога првото возило наеднаш закочило на знакот за застанување, второто возило за придружба, обидувајќи се да избегне судир, удрило во блиската рабница.

The post На косовско оклопно возило му падна тркалото appeared first on Република.

]]>