Океани Archives - Република https://republika.mk/tema/okeani/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Mar 2024 11:49:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Океани Archives - Република https://republika.mk/tema/okeani/ 32 32 Температурата на океаните соборува рекорди, во март биле измерени 21,2 степени https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/temperaturata-na-okeanite-soboruva-rekordi-vo-mart-bile-izmereni-21-2-stepeni/ Tue, 19 Mar 2024 11:49:56 +0000 https://republika.mk/?p=756281

Њујорк, 19 март 2024 (МИА) - Просечната дневна температура на површината на океаните во светот во март го собори рекордот поставен во 2023 година, достигнувајќи ја „највисоката температура досега забележана“ од 21,2 степени.

Според податоците од Климатскиот реанализатор на Универзитетот во Мејн и Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA), глобалното затоплување исто така доведе до зголемување на температурите на површината на океаните.

Според податоците, највисоката температура на океаните во 2023 година е измерена во август од 21,1 степен, додека овогодинешниот рекорд на температурата на површината на океанот од 21,2 степени е соборен уште во март.

Вработен во NOAA, Грегори С. Џонсон изјави за Си-Ен-Ен дека просечната глобална температура на океаните измерена во 2023 година е за 0,25 степени повисока отколку во 2022 година, а ова зголемување одговара на 20 години затоплување за една година.

Џонсон изјави дека очекуваат овие рекордни температури да продолжат да се бележат со зголемување на концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата.

 

The post Температурата на океаните соборува рекорди, во март биле измерени 21,2 степени appeared first on Република.

]]>

Њујорк, 19 март 2024 (МИА) - Просечната дневна температура на површината на океаните во светот во март го собори рекордот поставен во 2023 година, достигнувајќи ја „највисоката температура досега забележана“ од 21,2 степени. Според податоците од Климатскиот реанализатор на Универзитетот во Мејн и Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA), глобалното затоплување исто така доведе до зголемување на температурите на површината на океаните. Според податоците, највисоката температура на океаните во 2023 година е измерена во август од 21,1 степен, додека овогодинешниот рекорд на температурата на површината на океанот од 21,2 степени е соборен уште во март. Вработен во NOAA, Грегори С. Џонсон изјави за Си-Ен-Ен дека просечната глобална температура на океаните измерена во 2023 година е за 0,25 степени повисока отколку во 2022 година, а ова зголемување одговара на 20 години затоплување за една година. Џонсон изјави дека очекуваат овие рекордни температури да продолжат да се бележат со зголемување на концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата.  

The post Температурата на океаните соборува рекорди, во март биле измерени 21,2 степени appeared first on Република.

]]>
Температурата на површината на океаните се искачи на 20,96 степени Целзиусови https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/temperaturata-na-povrshinata-na-okeanite-se-iskachi-na-20-96-stepeni-tselziusovi/ Thu, 10 Aug 2023 07:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=670591

Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија.

Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник.

Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони.

Океаните апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човековата активност од почетокот на индустриската ера, предупредуваат научниците.

Таа топлина продолжува да се акумулира додека стакленички гасови, главно од согорувањето на нафта, гас и јаглен, се собираат во атмосферата на Земјата.

Просечната температура на океаните од април ги урива сезонските рекорди ширум светот.

„Топлинскиот бран на океанот е непосредна закана за некои морски животни“, рече Пирс Форстер од Меѓународниот центар за клима на Универзитетот во Лидс.

„Веќе сме сведоци на директен резултат од избелувањето на коралите во Флорида и очекувам да се појават повеќе последици“, додаде тој.

Се предвидува дека затоплувањето на океаните ќе има други влијанија врз подводниот живот, вклучувајќи ја миграцијата на одредени видови и ширењето на инвазивните видови. Ова може да ги загрози рибните резерви, а со тоа и безбедноста на храната во делови од светот

The post Температурата на површината на океаните се искачи на 20,96 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>

Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија. Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник.
Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони. Океаните апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човековата активност од почетокот на индустриската ера, предупредуваат научниците. Таа топлина продолжува да се акумулира додека стакленички гасови, главно од согорувањето на нафта, гас и јаглен, се собираат во атмосферата на Земјата. Просечната температура на океаните од април ги урива сезонските рекорди ширум светот. „Топлинскиот бран на океанот е непосредна закана за некои морски животни“, рече Пирс Форстер од Меѓународниот центар за клима на Универзитетот во Лидс. „Веќе сме сведоци на директен резултат од избелувањето на коралите во Флорида и очекувам да се појават повеќе последици“, додаде тој. Се предвидува дека затоплувањето на океаните ќе има други влијанија врз подводниот живот, вклучувајќи ја миграцијата на одредени видови и ширењето на инвазивните видови. Ова може да ги загрози рибните резерви, а со тоа и безбедноста на храната во делови од светот

The post Температурата на површината на океаните се искачи на 20,96 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>
Во езерата има сразмерно повеќе микропластика отколку во океаните https://republika.mk/vesti/svet/vo-ezerata-ima-srazmerno-poveke-mikroplastika-otkolku-vo-okeanite/ Mon, 24 Jul 2023 12:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=664745

Меѓународен тим истражувачи го испитуваше загадувањето со пластика во езерата на светско ниво. Резултатите говорат дека микропластиката сè уште е присутна и во оние водните површини - навидум недопрени од човекот и, во споредба со океаните, во помалите копнени води има сразмерно поголеми количества микропластика.

Лимнологот Катрин Атермаер од Универзитетот на Виена, Австрија, заедно со Истражувачката група за водна екологија и управување со водите од Универзитетот на Милано-Бикока во Италија зедоа примероци од 23 езера од 38 земји. Езерата се избрани така што нивните хидроморфолошки одлики како длабочина, должина на брегот, зафатнина, но и присуството на пречистителни станици, густина на населеност со луѓе - покажуваат најголема разновидност и се географски дисперзирани. Затоа, примероците може да се сметаат за глобално репрезентативни.

Земени се, на пр. и примероци од единственото езеро во Австрија - Лунцер Си, релативно мало езеро, чиј брег е ретко населен, спаѓа во помалку загадените езера со помалку од една пластична честичка на кубен метар.

Пластиката во примероците вода потоа е групирана по облик, боја и големина. Сѐ тоа говори дека речиси 94 отсто од пластичните честички во водата се микропластика. Тие го анализирале и хемискиот состав на честичките и дошле до изненадувачки заклучок дека повеќето од нив се полиестер, полипропилен или полиетилен.

Последните два материјали сочинуваат повеќе од половина од светското производство на пластика. Така, два вида езера се особено загрозени - оние густо населени, урбанизирани области и оние со големи водени површини, објаснува Атермаер.

Истражувањето покажа и дека езерата Лугано, Лаго Маџоре и Тахо се веќе позагадени и од најзагадените суптропски океански струи во светот. Покрај тоа, пластични честички се пронајдени дури и во водите навидум „недопрени“ од човековото влијание. Научниот труд укажува дека езерата можат да бидат добар показател за степенот на загадување со пластика на светско ниво, а и езерата, и реките треба да се земаат предвид во борбата против микропластиката.

The post Во езерата има сразмерно повеќе микропластика отколку во океаните appeared first on Република.

]]>

Меѓународен тим истражувачи го испитуваше загадувањето со пластика во езерата на светско ниво. Резултатите говорат дека микропластиката сè уште е присутна и во оние водните површини - навидум недопрени од човекот и, во споредба со океаните, во помалите копнени води има сразмерно поголеми количества микропластика. Лимнологот Катрин Атермаер од Универзитетот на Виена, Австрија, заедно со Истражувачката група за водна екологија и управување со водите од Универзитетот на Милано-Бикока во Италија зедоа примероци од 23 езера од 38 земји. Езерата се избрани така што нивните хидроморфолошки одлики како длабочина, должина на брегот, зафатнина, но и присуството на пречистителни станици, густина на населеност со луѓе - покажуваат најголема разновидност и се географски дисперзирани. Затоа, примероците може да се сметаат за глобално репрезентативни. Земени се, на пр. и примероци од единственото езеро во Австрија - Лунцер Си, релативно мало езеро, чиј брег е ретко населен, спаѓа во помалку загадените езера со помалку од една пластична честичка на кубен метар. Пластиката во примероците вода потоа е групирана по облик, боја и големина. Сѐ тоа говори дека речиси 94 отсто од пластичните честички во водата се микропластика. Тие го анализирале и хемискиот состав на честичките и дошле до изненадувачки заклучок дека повеќето од нив се полиестер, полипропилен или полиетилен.
Последните два материјали сочинуваат повеќе од половина од светското производство на пластика. Така, два вида езера се особено загрозени - оние густо населени, урбанизирани области и оние со големи водени површини, објаснува Атермаер.
Истражувањето покажа и дека езерата Лугано, Лаго Маџоре и Тахо се веќе позагадени и од најзагадените суптропски океански струи во светот. Покрај тоа, пластични честички се пронајдени дури и во водите навидум „недопрени“ од човековото влијание. Научниот труд укажува дека езерата можат да бидат добар показател за степенот на загадување со пластика на светско ниво, а и езерата, и реките треба да се земаат предвид во борбата против микропластиката.

The post Во езерата има сразмерно повеќе микропластика отколку во океаните appeared first on Република.

]]>