ОЈО ГОКК Archives - Република https://republika.mk/tema/ojo-gokk/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 15:26:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОЈО ГОКК Archives - Република https://republika.mk/tema/ojo-gokk/ 32 32 „Фамилија“, „Синџир“, „Беланоца“ дел од предметите работи ОЈО ГОКК https://republika.mk/vesti/makedonija/familija-sindhir-belanotsa-del-od-predmetite-raboti-ojo-gokk/ Fri, 01 Mar 2024 15:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=750132

На денешниот брифинг со новинари, шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и обвинителите од ова Обвинителство информира за текот на повеќе предмети кои се работат во ОЈО ГОКК, помеѓу кои „Империја“, „Трансмет“, „Грчец“, „Бехтел и Енка“, „Соравија“ и „Еуростандард банка“.

Во однос на договорот со „Бехтел и Енка“, обвинителката која постапува по предметот, Катерина Коларовиќ, информираше дека има предмет по допрен глас отворен во врска со јавна набавка која што била распишана за избор на фирма која што треба да врши надзор на изградба.

Таа посочи дека одлучувањето по овој предмет трае долго бидејќи на него работи еден истражител со помош од другите истражители.

Во однос на овој предмет имаме соработка и со Државниот завод за ревизија за кој најавивме дека во скоро време ќе излезе со објава на извештаи. Целосно се анализирани двете јавни набавки, извршени разговори, одземен голем дел на документација, кога ќе имаме конкретен момент дали ќе се отвори истражна постапка ќе бидете информирани, рече таа.

Во врска со предметот „Империја“, кој се однесува на „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“, Абази информираше дека постапка е во фаза на судење за преостанатите обвинети од предметот.

Тој ги спомена завршените предмети за случаите со поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за кои информираше дека има првостепена пресуда и предметите се наоѓаат во Апелациониот суд, каде се одлучува по жалба.

Шефот на ОЈО ГОКК денеска информираше за повеќе предмети кои се однесуваат на криумчарење на луѓе, мигранти, дрога и оружје. Тука ги спомена предметот „Фамилија“ кој се однесува на организирана група со криумчарење луѓе и мигранти за кој рече дека била голема акција за заплена на оружје во која прв пат после неколку години склучиле заеднички истражни тимови со други држави.

Ја сподели и пресудата за „Беланоца“, потврдена во Апелација и спомена за предмет со кој имаат соработка со Грција каде се опфатени четири наши државјани како меѓународна група за трговија со дрога.

На денешниот брифинг Абази сподели информации и за случаите со трговија со деца, помеѓу кои за случувањата во Велес, за кои постапката е во тек.

Спомена дека се работи на предмет за трговија со дрога во Струга и Охрид, и го сподели и предметот „Синџир“ за злосторничко здружување каде има повеќе обвинето со предизвикана штета од околу 8 милиони евра.

Во врска со истрагата за „Грчец“, од ОЈО ГОКК информираа дека се доставени известувања, наредби за распишување на национални и меѓународни потерници и едно лице е во екстрадиционен притвор во Шпанија.

Во врска со сомнежите за корупција во затвор Идризово, за кои обвинител сослушал извесен затвореник кој зборувал за тортура, обвинителите информираа дека предметот е во предистражна постапка и вербалните наводи треба да се поткрепат материјално за истрагата да продолжи.

За случајот „Соравија“, отворен по допрен глас, информираа дека по отворање дополнително стигнале поднесоци, а предметот е во фаза на предистрага.

Обвинителството се обрати до повеќе институции, од страна на МВР постапуваат единица за корупција и единица за финансиска истрага. Вклучена и управа за финансиско разузнавање и Управата за јавни приходи. Обвинителството овој предмет го разгледува сериозно од повеќе аспекти, не само од аспект во продажба на Соравија, туку, во сите дејствија поврзани на конкретни лица за кои покажувате интерес се со цел да се утврди дали овие лица се вклучени во какви било активности поврзани со државни институции, појаснија оттаму, дополнувајќи дека по полициски интерни канали се побарани податоци од трети земји.

За случајпо со модуларната болница во Тетово, информациите беа дека е уште во предистрага и е обезбедена документација, преземени се дејствија за донесување на јавнообвинителска одлука.

Сме во фаза на донесување на одлука, јавниот обвинител го проучува предметот, сакаме да го запознаеме Републичкото јавно обвинителство и да донесеме соодветна одлука, велат од ОЈО ГОКК.

Оттаму информираа и за предметот „Трансмет“ каде што посочија дека постапката е во голем дел завршена, а откако новиот републички јавен обвинител ќе биде запознаен со предметот, ќе информираат за одлуката.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска споделија дека постапувале и по иницијативата на ДКСК за „Холидеј ин“, односно за донесен ДУП од Општина Центар за која, како што соопштија, се впуштиле во обемно истражување и е донесена јавнообвинителска одлука со која се утврдило дека нема место за јавнообвинителско постапување по 353 став 5, бидејќи, според нив, нема повреда, односно, нема сторено штета на буџетот.

ОЈО ГОКК Денеска информираше дека пред десетина дена го добиле вештачењето за случајот со „Еуростандард банка“ и го дале на одбраната.

На крајот од брифингот информираа дека поднеле обвинение против градоначалникот на Струга, Рамис Мерко.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-za-organiziran-kriminal-podnese-obvinenie-za-ramiz-merko-za-audito/

The post „Фамилија“, „Синџир“, „Беланоца“ дел од предметите работи ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>

На денешниот брифинг со новинари, шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и обвинителите од ова Обвинителство информира за текот на повеќе предмети кои се работат во ОЈО ГОКК, помеѓу кои „Империја“, „Трансмет“, „Грчец“, „Бехтел и Енка“, „Соравија“ и „Еуростандард банка“. Во однос на договорот со „Бехтел и Енка“, обвинителката која постапува по предметот, Катерина Коларовиќ, информираше дека има предмет по допрен глас отворен во врска со јавна набавка која што била распишана за избор на фирма која што треба да врши надзор на изградба. Таа посочи дека одлучувањето по овој предмет трае долго бидејќи на него работи еден истражител со помош од другите истражители.
Во однос на овој предмет имаме соработка и со Државниот завод за ревизија за кој најавивме дека во скоро време ќе излезе со објава на извештаи. Целосно се анализирани двете јавни набавки, извршени разговори, одземен голем дел на документација, кога ќе имаме конкретен момент дали ќе се отвори истражна постапка ќе бидете информирани, рече таа.
Во врска со предметот „Империја“, кој се однесува на „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“, Абази информираше дека постапка е во фаза на судење за преостанатите обвинети од предметот. Тој ги спомена завршените предмети за случаите со поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за кои информираше дека има првостепена пресуда и предметите се наоѓаат во Апелациониот суд, каде се одлучува по жалба. Шефот на ОЈО ГОКК денеска информираше за повеќе предмети кои се однесуваат на криумчарење на луѓе, мигранти, дрога и оружје. Тука ги спомена предметот „Фамилија“ кој се однесува на организирана група со криумчарење луѓе и мигранти за кој рече дека била голема акција за заплена на оружје во која прв пат после неколку години склучиле заеднички истражни тимови со други држави. Ја сподели и пресудата за „Беланоца“, потврдена во Апелација и спомена за предмет со кој имаат соработка со Грција каде се опфатени четири наши државјани како меѓународна група за трговија со дрога. На денешниот брифинг Абази сподели информации и за случаите со трговија со деца, помеѓу кои за случувањата во Велес, за кои постапката е во тек. Спомена дека се работи на предмет за трговија со дрога во Струга и Охрид, и го сподели и предметот „Синџир“ за злосторничко здружување каде има повеќе обвинето со предизвикана штета од околу 8 милиони евра. Во врска со истрагата за „Грчец“, од ОЈО ГОКК информираа дека се доставени известувања, наредби за распишување на национални и меѓународни потерници и едно лице е во екстрадиционен притвор во Шпанија. Во врска со сомнежите за корупција во затвор Идризово, за кои обвинител сослушал извесен затвореник кој зборувал за тортура, обвинителите информираа дека предметот е во предистражна постапка и вербалните наводи треба да се поткрепат материјално за истрагата да продолжи. За случајот „Соравија“, отворен по допрен глас, информираа дека по отворање дополнително стигнале поднесоци, а предметот е во фаза на предистрага.
Обвинителството се обрати до повеќе институции, од страна на МВР постапуваат единица за корупција и единица за финансиска истрага. Вклучена и управа за финансиско разузнавање и Управата за јавни приходи. Обвинителството овој предмет го разгледува сериозно од повеќе аспекти, не само од аспект во продажба на Соравија, туку, во сите дејствија поврзани на конкретни лица за кои покажувате интерес се со цел да се утврди дали овие лица се вклучени во какви било активности поврзани со државни институции, појаснија оттаму, дополнувајќи дека по полициски интерни канали се побарани податоци од трети земји.
За случајпо со модуларната болница во Тетово, информациите беа дека е уште во предистрага и е обезбедена документација, преземени се дејствија за донесување на јавнообвинителска одлука.
Сме во фаза на донесување на одлука, јавниот обвинител го проучува предметот, сакаме да го запознаеме Републичкото јавно обвинителство и да донесеме соодветна одлука, велат од ОЈО ГОКК.
Оттаму информираа и за предметот „Трансмет“ каде што посочија дека постапката е во голем дел завршена, а откако новиот републички јавен обвинител ќе биде запознаен со предметот, ќе информираат за одлуката. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска споделија дека постапувале и по иницијативата на ДКСК за „Холидеј ин“, односно за донесен ДУП од Општина Центар за која, како што соопштија, се впуштиле во обемно истражување и е донесена јавнообвинителска одлука со која се утврдило дека нема место за јавнообвинителско постапување по 353 став 5, бидејќи, според нив, нема повреда, односно, нема сторено штета на буџетот. ОЈО ГОКК Денеска информираше дека пред десетина дена го добиле вештачењето за случајот со „Еуростандард банка“ и го дале на одбраната. На крајот од брифингот информираа дека поднеле обвинение против градоначалникот на Струга, Рамис Мерко. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-za-organiziran-kriminal-podnese-obvinenie-za-ramiz-merko-za-audito/

The post „Фамилија“, „Синџир“, „Беланоца“ дел од предметите работи ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>
ЈО: Заврши процесот на адаптација и реконструкција на новиот објект на ОЈОГОКК https://republika.mk/vesti/makedonija/jo-zavrshi-protsesot-na-adaptatsija-i-rekonstruktsija-na-noviot-objekt-na-ojogokk/ Sat, 23 Dec 2023 10:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=725889

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) до крајот на месецов ја започнува постапката за префрлање во новиот објект кој беше целосно реновиран и прилагоден за потребите на обвинителството, информира денеска Јавното обвинотелство.

Обиколка на зградата во која во иднина ќе биде сместено ова обвинителство вчера извршиле јавниот обвинител Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на ОЈОГОКК Ислам Абази.

Со одлуки на Владата во 2012 и во 2021 година, делот од поранешната зграда на Државниот архив му беше доделен на трајно користење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Градежните работи за реконструкција и адаптација на објектот започнаа во 2016 година, но кон крајот на 2022 година конечно беа спроведени сите активности за обезбедување на потребна документација за спроведување на јавна набавка за градежни активности неопходни за непречено преселување на обвинителството во новите простории.

Објектот е опремен преку Инструментот за претпристапна помош н ЕУ (ИПА), а дел од опремата и мебелот се преземени и од поранешното Специјално јавно обвинителство. Во новите простории на ОЈОГОКК ќе биде сместена и современа форензичка лабораторија опремена со поддршка на Амбасадата на САД. Во објектот на приземје и два ката, покрај работните простории за јавните обвинители и стручната служба, има посебен дел каде што ќе биде сместен Истражниот центар на ОЈОГОКК, сала за сослушување на деца-жртви и заштитени сведоци, како и конференциска сала, информира ЈО.

The post ЈО: Заврши процесот на адаптација и реконструкција на новиот објект на ОЈОГОКК appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) до крајот на месецов ја започнува постапката за префрлање во новиот објект кој беше целосно реновиран и прилагоден за потребите на обвинителството, информира денеска Јавното обвинотелство. Обиколка на зградата во која во иднина ќе биде сместено ова обвинителство вчера извршиле јавниот обвинител Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на ОЈОГОКК Ислам Абази. Со одлуки на Владата во 2012 и во 2021 година, делот од поранешната зграда на Државниот архив му беше доделен на трајно користење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Градежните работи за реконструкција и адаптација на објектот започнаа во 2016 година, но кон крајот на 2022 година конечно беа спроведени сите активности за обезбедување на потребна документација за спроведување на јавна набавка за градежни активности неопходни за непречено преселување на обвинителството во новите простории.
Објектот е опремен преку Инструментот за претпристапна помош н ЕУ (ИПА), а дел од опремата и мебелот се преземени и од поранешното Специјално јавно обвинителство. Во новите простории на ОЈОГОКК ќе биде сместена и современа форензичка лабораторија опремена со поддршка на Амбасадата на САД. Во објектот на приземје и два ката, покрај работните простории за јавните обвинители и стручната служба, има посебен дел каде што ќе биде сместен Истражниот центар на ОЈОГОКК, сала за сослушување на деца-жртви и заштитени сведоци, како и конференциска сала, информира ЈО.

The post ЈО: Заврши процесот на адаптација и реконструкција на новиот објект на ОЈОГОКК appeared first on Република.

]]>
Организиран криминал и корупција ќе истражуваат две нови обвинителки https://republika.mk/vesti/makedonija/organiziran-kriminal-i-koruptsija-ke-istrazhuvaat-dve-novi-obvinitelki/ Wed, 12 Jul 2023 11:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=660421

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби две нови обвинителки, а на една ѝ беше продолжен мандатот.

Станува збор за обвинителките Оливера Проеска, Верица Бержетска Крстева и Милица Гаврилова, која и досега беше обвинител во ОЈО ГОКК.

Помеѓу останатите пријавени кандидати кои не беа избрани се Газменд Мехмети, Елизабета Јосифовска, Александар Марковски и Владимир Милошески.

Претходно, на денешната 82 седница, Советот на јавни обвинители ги избра Наташа Гоџоска и Артан Ајро за јавни обвинители во Вишо Јавно обвинителство Скопје и Наталија Тасевска и Елвин Вели во Јавното обвинителство.

The post Организиран криминал и корупција ќе истражуваат две нови обвинителки appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби две нови обвинителки, а на една ѝ беше продолжен мандатот. Станува збор за обвинителките Оливера Проеска, Верица Бержетска Крстева и Милица Гаврилова, која и досега беше обвинител во ОЈО ГОКК. Помеѓу останатите пријавени кандидати кои не беа избрани се Газменд Мехмети, Елизабета Јосифовска, Александар Марковски и Владимир Милошески. Претходно, на денешната 82 седница, Советот на јавни обвинители ги избра Наташа Гоџоска и Артан Ајро за јавни обвинители во Вишо Јавно обвинителство Скопје и Наталија Тасевска и Елвин Вели во Јавното обвинителство.

The post Организиран криминал и корупција ќе истражуваат две нови обвинителки appeared first on Република.

]]>
Агелер: Збунети сме по изборот на Ислам Абази, особено зошто САД тука потрошија милиони долари за обука на обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-zbuneti-sme-po-izborot-na-islam-abazi-osobeno-zoshto-sad-tuka-potroshija-milioni-dolari-za-obuka-na-obviniteli/ Fri, 18 Nov 2022 13:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=575467

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер, остро го критикува изборот на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на барањето на „360 степени“ за став за целиот процес и епилогот од него.

Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните, одговори амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на прашањето на „360 степени“.

Повеќе на 360 степени

The post Агелер: Збунети сме по изборот на Ислам Абази, особено зошто САД тука потрошија милиони долари за обука на обвинители appeared first on Република.

Марковска: Нашето јавното обивнителство е комплетно под капа на власта https://republika.mk/vesti/makedonija/markovska-nasheto-javnoto-obivnitelstvo-e-kompletno-pod-kapa-na-vlasta/ Thu, 10 Nov 2022 10:36:50 +0000 https://republika.mk/?p=572217

Во државата, ако немате врски - ништо не можете да завршите. Ние сме апострофирани како една од државите со највисок степен на корупција и подмитеност на граѓаните. Во стручната расправа за предлогот на новот кривичен законик ке учествуваат луѓе кои го правеа и претходниот кривичен законик и кои ги знаат сите дупки. Со тоа ги подучуваат адвокатите, односно она што се вика мафија - врзаност на адвокати, судии и обвинители кој што се во повиските кругови. Тоа е рецептот како ке добиете еден предмет, со колку пари и колку брзо тоа ке го направате. Јас сум паталец на судскиот систем. Имам граѓанска постапка која трае 10 години, вели за „Студио 10“ Ѓулистана Марковска.

Ние направивме специјално обивнителство кое имаше средства и пари. Во изборот учествуваа и странци. Имаше и добар кадар. Од еднаш тие луѓе не чинат, додава Марковска.

Кога ќе се охрабри некој од обивнителството за организиран криинал да поднесе пријава и почне акција против носители на власта, тогаш се огласува јавниот обивнител кој вели имате грешка во постапката, врши суспензија на лицата. Тоа значи дека тој што се охрабрил треба да биде казнет. Проблем е кога треба да гоните актулени функцониери бидејки тие тогаш го прават криминалот. Има криминал и во опозицијата, ама тогаш ги факаат, па ги носат во притовор, некои ги носат во Струга, па си уживаат луѓето, вели Ѓулистана Марковска.

Гласањето за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше тајно. Тоа значи дека нашето јавното обивнителство е комплетно под капа на власта. Тука нема поделба. Потенцира дека на луѓето им било речено како да гласаат и упатува прашање - што им е ветено за да гласаат.

На луѓето им било речено како да гласаат. А ние очекуваме од нив да водат борба против корупција. Не осудувам никој. Но, целата игра е толку проѕирна што не можеме да го осудиме човекот кој беше одбран. Апсолутно знаел дека ке биде избран. Треба да ги прашате сите оние кои гласале за него, што им било ветено дека ке им биде дадено. Сум растела во држава која била средена и во која постоела висока култура и гледање на нештата. Жалам за она што сега не можеме да воспоставиме ред во државата. Во се погрешивме. Во Македонија толку се заоструваат работите и некои луѓе мислат дека можат се. И оние кои мислат дека тоа што го прават е нормално, потенцира Марковска.

The post Марковска: Нашето јавното обивнителство е комплетно под капа на власта appeared first on Република.

]]>

Во државата, ако немате врски - ништо не можете да завршите. Ние сме апострофирани како една од државите со највисок степен на корупција и подмитеност на граѓаните. Во стручната расправа за предлогот на новот кривичен законик ке учествуваат луѓе кои го правеа и претходниот кривичен законик и кои ги знаат сите дупки. Со тоа ги подучуваат адвокатите, односно она што се вика мафија - врзаност на адвокати, судии и обвинители кој што се во повиските кругови. Тоа е рецептот како ке добиете еден предмет, со колку пари и колку брзо тоа ке го направате. Јас сум паталец на судскиот систем. Имам граѓанска постапка која трае 10 години, вели за „Студио 10“ Ѓулистана Марковска. Ние направивме специјално обивнителство кое имаше средства и пари. Во изборот учествуваа и странци. Имаше и добар кадар. Од еднаш тие луѓе не чинат, додава Марковска.
Кога ќе се охрабри некој од обивнителството за организиран криинал да поднесе пријава и почне акција против носители на власта, тогаш се огласува јавниот обивнител кој вели имате грешка во постапката, врши суспензија на лицата. Тоа значи дека тој што се охрабрил треба да биде казнет. Проблем е кога треба да гоните актулени функцониери бидејки тие тогаш го прават криминалот. Има криминал и во опозицијата, ама тогаш ги факаат, па ги носат во притовор, некои ги носат во Струга, па си уживаат луѓето, вели Ѓулистана Марковска.
Гласањето за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше тајно. Тоа значи дека нашето јавното обивнителство е комплетно под капа на власта. Тука нема поделба. Потенцира дека на луѓето им било речено како да гласаат и упатува прашање - што им е ветено за да гласаат.
На луѓето им било речено како да гласаат. А ние очекуваме од нив да водат борба против корупција. Не осудувам никој. Но, целата игра е толку проѕирна што не можеме да го осудиме човекот кој беше одбран. Апсолутно знаел дека ке биде избран. Треба да ги прашате сите оние кои гласале за него, што им било ветено дека ке им биде дадено. Сум растела во држава која била средена и во која постоела висока култура и гледање на нештата. Жалам за она што сега не можеме да воспоставиме ред во државата. Во се погрешивме. Во Македонија толку се заоструваат работите и некои луѓе мислат дека можат се. И оние кои мислат дека тоа што го прават е нормално, потенцира Марковска.

The post Марковска: Нашето јавното обивнителство е комплетно под капа на власта appeared first on Република.

]]>
Јолевски: Од новиот шеф на ОЈО ГОКК очекуваме повеќе завршени предмети https://republika.mk/vesti/makedonija/jolevski-od-noviot-shef-na-ojo-gokk-ochekuvame-povekje-zavrsheni-predmeti/ Mon, 07 Nov 2022 18:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=571084

Очекуваме дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе си ја завршува работата онака како што треба и оти новиот шеф ќе си ги преземе сите мерки за да функционира според оние задачи и задолженија кои ги има. Дека ќе се гони криминалот, односно ќе се завршуваат повеќе предмети кои се во надлежност на тоа Обвинителство, изјави вечерва претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, откако беа соопштени разултатите од гласањето за нов шеф на ОЈОГОКК, според кои Ислам Абази доби најмногу гласови.

Комисијата за избори при ОЈО, соопшти дека најмногу гласови, 66, добил Ислам Абази. Втор, од четворицата кандидати по број на гласови е Ермон Незири со 64 гласови. Деса Пауновска има добиено 10 гласови, а Вилма Русковска 14.

По објавувањето на резултатите претседателот на Комисијата Влатко Ѓеоргиев, за Абази кажа дека е исклучително добар човек и исклучително добар професионалец.

Од Комисијата наведоа дека во рок од седум дена Ислам Абази треба да биде именуван за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Согласно Законот, како што укажаа од Комисијата, четворицата кандидати, како и избирачите имаат право на приговор во однос на резултатите од гласањето.

Комисијата информираше дека на Изборно место 1 – Вишо јавно обвинителство Битола гласале 20 обвинители. Ислам добил 13 гласови, Незири Ермон – четири гласови, Пауновска Деса нема ниту еден глас, Вилма Рускоска – еден глас. Наважечки ливчиња има две.

Изборно место број 2 – Вишо јавно обвинителство Гостивар, 18 гласачи. Ислам 16 гласови, Незири нема добиено ниту еден глас, Пауновска два гласови и Рускоска ниту еден глас.

Изборно место број 3, Вишо ЈО Скопје, гласале 91 обвинител. Ислам 24 гласови, Незири 47 гласови, Пауновска пет гласови и Рускоска 12 гласови. Едно неважечко ливче, двајца обвинители не гласале.

Изборно место број 4 – Вишо ЈО Штип – 21 гласач гласале, од 23. Ислам доби седум гласови, Незири 12 гласови, Пауновска два гласа, Рускоска нема добиено гласови.

Изборно место број 5 – ЈО на РСМ – 11 гласачи, Ислам шест гласови, Незири еден глас, Пауновска еден глас, Рускоска еден глас. Едно ливче е неважечко, еден обвинител не излегол на гласање.

The post Јолевски: Од новиот шеф на ОЈО ГОКК очекуваме повеќе завршени предмети appeared first on Република.

]]>

Очекуваме дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе си ја завршува работата онака како што треба и оти новиот шеф ќе си ги преземе сите мерки за да функционира според оние задачи и задолженија кои ги има. Дека ќе се гони криминалот, односно ќе се завршуваат повеќе предмети кои се во надлежност на тоа Обвинителство, изјави вечерва претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, откако беа соопштени разултатите од гласањето за нов шеф на ОЈОГОКК, според кои Ислам Абази доби најмногу гласови. Комисијата за избори при ОЈО, соопшти дека најмногу гласови, 66, добил Ислам Абази. Втор, од четворицата кандидати по број на гласови е Ермон Незири со 64 гласови. Деса Пауновска има добиено 10 гласови, а Вилма Русковска 14. По објавувањето на резултатите претседателот на Комисијата Влатко Ѓеоргиев, за Абази кажа дека е исклучително добар човек и исклучително добар професионалец. Од Комисијата наведоа дека во рок од седум дена Ислам Абази треба да биде именуван за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Согласно Законот, како што укажаа од Комисијата, четворицата кандидати, како и избирачите имаат право на приговор во однос на резултатите од гласањето. Комисијата информираше дека на Изборно место 1 – Вишо јавно обвинителство Битола гласале 20 обвинители. Ислам добил 13 гласови, Незири Ермон – четири гласови, Пауновска Деса нема ниту еден глас, Вилма Рускоска – еден глас. Наважечки ливчиња има две. Изборно место број 2 – Вишо јавно обвинителство Гостивар, 18 гласачи. Ислам 16 гласови, Незири нема добиено ниту еден глас, Пауновска два гласови и Рускоска ниту еден глас. Изборно место број 3, Вишо ЈО Скопје, гласале 91 обвинител. Ислам 24 гласови, Незири 47 гласови, Пауновска пет гласови и Рускоска 12 гласови. Едно неважечко ливче, двајца обвинители не гласале. Изборно место број 4 – Вишо ЈО Штип – 21 гласач гласале, од 23. Ислам доби седум гласови, Незири 12 гласови, Пауновска два гласа, Рускоска нема добиено гласови. Изборно место број 5 – ЈО на РСМ – 11 гласачи, Ислам шест гласови, Незири еден глас, Пауновска еден глас, Рускоска еден глас. Едно ливче е неважечко, еден обвинител не излегол на гласање.

The post Јолевски: Од новиот шеф на ОЈО ГОКК очекуваме повеќе завршени предмети appeared first on Република.

]]>
Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска, ова е новиот шеф на ОЈО ГОКК https://republika.mk/vesti/makedonija/islam-abazi-izbran-za-naslednik-na-vilma-ruskovska-ova-e-noviot-shef-na-ojo-gokk/ Mon, 07 Nov 2022 17:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=571061

По сублимирањето на гласовите од денешното гласање  за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Комисијата за избори соопшти дека најмногу гласови, 66, добил Ислам Абази.

Втор, од четворицата кандидати по број на гласови е Ермон Незири со 64 гласови. Деса Пауновска има добиено 10 гласови, а Вилма  Русковска 14.

Од Комисијата наведоа дека во рок од седум дена Ислам Абази треба да биде именуван за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Согласно Законот, како што укажаа од Комисијата, четворицата кандидати, како и избирачите имаат право на приговор во однос на резултатите од гласањето.

Согласно со Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаат сите јавни обвинители во земјава. Гласањето се спроведуваше во тек на работното време на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Според избирачки список, 163 јавни обвинители од земјава имаат право на глас за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК.

На кандидатската листа под број 1 е Ислам Абази, број 2 Незири Ермон, број 3 е Деса Пауновска и под број 4 е Вилма Русковска.

На огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беа пријавени петмина кандидати, но Енѓелуше Кадриу – Леши ја повлече пријавата.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава.

Советот на ЈО по денешното гласање, согласно законот, во рок од седум дена треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

The post Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска, ова е новиот шеф на ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>

По сублимирањето на гласовите од денешното гласање  за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Комисијата за избори соопшти дека најмногу гласови, 66, добил Ислам Абази. Втор, од четворицата кандидати по број на гласови е Ермон Незири со 64 гласови. Деса Пауновска има добиено 10 гласови, а Вилма  Русковска 14. Од Комисијата наведоа дека во рок од седум дена Ислам Абази треба да биде именуван за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Согласно Законот, како што укажаа од Комисијата, четворицата кандидати, како и избирачите имаат право на приговор во однос на резултатите од гласањето. Согласно со Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаат сите јавни обвинители во земјава. Гласањето се спроведуваше во тек на работното време на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Македонија. Според избирачки список, 163 јавни обвинители од земјава имаат право на глас за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК. На кандидатската листа под број 1 е Ислам Абази, број 2 Незири Ермон, број 3 е Деса Пауновска и под број 4 е Вилма Русковска. На огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беа пријавени петмина кандидати, но Енѓелуше Кадриу – Леши ја повлече пријавата. Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава. Советот на ЈО по денешното гласање, согласно законот, во рок од седум дена треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

The post Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска, ова е новиот шеф на ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>