ОИ 2024 Archives - Република https://republika.mk/tema/oi-2024/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Sep 2023 16:33:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОИ 2024 Archives - Република https://republika.mk/tema/oi-2024/ 32 32 Макрон: Не може да се вее руско знаме на ОИ во Париз https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makron-ne-mozhe-da-se-vee-rusko-zname-na-oi-vo-pariz-2/ Sun, 10 Sep 2023 16:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=679721

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска за парискиот спортски весник „Л’Екип“ изјави оти „не може да има руско знаме на Олимписките игри (ОИ) во Париз во време кога Русија извршува воени злосторства“.

Очигледно не може да има руско знаме на Игрите во Париз, верувам дека постои консензус, бидејќи на Русија не ѝ местото на ОИ во време кога врши воени злосторства, кога депортира деца, истакна Макрон.

Одговарајќи на новинарско прашање околу можноста ограничен број руски спортисти да настапат на Игрите во Париз, шефот на француската држава одговори:

Се надевам дека ова е совесна одлука во олимпискиот свет. Не треба државата домаќин да одлучува што треба да прави Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Имам целосна доверба во (претседателот на МОК), Томас Бах, рече тој.

Спортистите од Русија и Белорусија се соочени со санкции во многу спортови од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари лани. И покрај војната, МОК препорача дека руските и белоруските спортисти можат да се натпреваруваат под неутрално знаме на меѓународните натпреварувања.

The post Макрон: Не може да се вее руско знаме на ОИ во Париз appeared first on Република.

]]>

САД: Руските и белоруските спортисти на ОИ 2024 да настапуваат под неутрално знаме https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sad-ruskite-i-beloruskite-sportisti-na-oi-2024-da-nastapuvaat-pod-neutralno-zname/ Fri, 03 Feb 2023 08:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=604113

САД ги поддржаа напорите на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да им биде овозможен настап на руски и белоруски спортисти на Олимписките игри 2024 во Париз под неутрални знамиња, соопшти синоќа Белата куќа.

САД од самиот почеток поддржуваа исклучување на националните спортски тела на Русија и Белорусија од меѓународните спортски федерации. Во случаи кога спортските организации и организаторите, како што е во случајов МОК, ќе одлучат да им дозволат на спортистите од Русија и Белорусија да учествуваат во спортски настани, тоа треба да биде на јасен начин дека не ги претставуваат Русија или Белорусија, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, додавајќи оти официјален Вашингтон и натаму се противи на какво и да е истакнување национални симболи.

Американскиот одговор доаѓа нешто помалку од една недела откако МОК одлучи, и покрај руската инвазија врз Украина, да ја разгледа можноста да им дозволи на спортисти од Русија и Белорусија настап на официјалните натпреварувања меѓу кои и на Олимписките игри идната година во Париз, без истакнување на нивните национални симболи.

Најавата на МОК наиде на жестоки реакции од Украина, која најави можен бојкот на Игрите во Париз, додека балтичките земји и Полска во заедничка изјава побараа забраната за настап на руските и белоруските спортисти на сите меѓународни натпреварувања да биде на сила додека трае војната во Украина.

The post САД: Руските и белоруските спортисти на ОИ 2024 да настапуваат под неутрално знаме appeared first on Република.

Русија и Белорусија ќе бидат суспендирани и на ОИ 2024!? https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/rusija-i-belorusija-kje-bidat-suspendirani-i-na-oi-2024/ Tue, 12 Jul 2022 20:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=527797

Спортистите од Русија и Белорусија најверојатно нема да може да се натпреваруваат на Олимписките игри (ОИ) во Париз во 2024 година поради војната во Украина.

Членот на Меѓународниот олимписки комитет, Крејг Рид кажа дека спортистите од двете држави нема да може да се натпреваруваат, освен ако не се донесе друга одлука во меѓувреме.

Ќе мора да се донесе одлука за тоа што ќе се случи со овие две земји, а моја претпоставка е дека тие нема да се натпреваруваат во Париз, кажа Рид.

The post Русија и Белорусија ќе бидат суспендирани и на ОИ 2024!? appeared first on Република.

]]>

Спортистите од Русија и Белорусија најверојатно нема да може да се натпреваруваат на Олимписките игри (ОИ) во Париз во 2024 година поради војната во Украина. Членот на Меѓународниот олимписки комитет, Крејг Рид кажа дека спортистите од двете држави нема да може да се натпреваруваат, освен ако не се донесе друга одлука во меѓувреме.