Охридско лето Archives - Република https://republika.mk/tema/ohridsko-leto/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 09:16:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охридско лето Archives - Република https://republika.mk/tema/ohridsko-leto/ 32 32 Анита Алоска е нова в.д директорка на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/anita-aloska-e-nova-v-d-direktorka-na-ohridsko-leto/ Wed, 04 Sep 2024 09:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=812993

Анита Алоска е новата в.д. директорка на Националната установа „Охридско лето. Со решение на Министертвото за култура и туризам, Алоска е назначена на раководната функција по неотповикливата оставка на досегашната директорка, Наташа Поповиќ, која изминативе шест години беше на чело на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација во државата.

Алоска е од редот на вработените а во институцијата работи од 2007 година. Таа и во 2012 година ја извршуваше функцијата в.д директорка на НУ „Охридско лето.

The post Анита Алоска е нова в.д директорка на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Анита Алоска е новата в.д. директорка на Националната установа „Охридско лето. Со решение на Министертвото за култура и туризам, Алоска е назначена на раководната функција по неотповикливата оставка на досегашната директорка, Наташа Поповиќ, која изминативе шест години беше на чело на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација во државата. Алоска е од редот на вработените а во институцијата работи од 2007 година. Таа и во 2012 година ја извршуваше функцијата в.д директорка на НУ „Охридско лето.  

The post Анита Алоска е нова в.д директорка на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Наташа Поповиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/natasha-popovik-podnese-neotpovikliva-ostavka-od-funktsijata-direktor-na-ohridsko-leto/ Thu, 22 Aug 2024 13:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=809108

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска во Министерството за култура и туризам поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Оставката ја достави лично до министерот Зоран Љутков.

Поповиќ ја раководи најзначајната музичко-сценска манифестација изминативе шест години во кои се реализира квалитетна уметничка програма со светски и домашни уметници кои оставија белег во богатата фестивалска програма.

Во нејзин мандат Фестивалот „Охридско лето“ одбележа значаен јубилеј-60 години од постоењето во време на пандемијата со коронавирусот. Се реализира квалитетна програма со учество на домашни и странски уметници, но и со почитување на мерките и препораките за заштита на публиката и учесниците кога сите културни манифестации беа откажани.

Во 2020 година Поповиќ како директор на „Охридско лето“ ја прими Светиклиментовата награда, повелба со која Фестивалот како наш најголем културен бренд, еден од главните чинители на музичката и театарската култура на земјава беше издвоен за најголем промотор на националното музичко творештво и амбасадор на македонската уметност во светот.

Значаен проект во изминативе шест години е и проектот „Годови“ реализиран во соработка со националниот сервис МРТ. Станува збор за колаж од снимени фрагменти од концерти и изјави и личности кои се вградиле во развојот на овој најреномиран фестивал во регионот.

Исто така, под нејзино раководство, архивската документација, културното пишано богатство на манифестацијата, за првпат е предадена на трајно чување во Архивот-Охрид.

Во техничко- сценскиот дел комплетно нов лик доби сцената на Долни Сарај каде се извршија поголеми реконструктивни зафати а се обезбеди и нов објект за продажба и маркетинг, сувенирницата која комплетно се опреми и од оваа година треба да биде пуштена во употреба.

Поповиќ пред оставката кажа дека е горда на сработеното, на квалитетната програма богата со бројни звучни имиња. Заблагодарувајќи се на вработените кажа дека е горда што имала прилика да работи со посветен и професионален тим кој се справува со сите предизвици.

„Посебно сум горда за високиот квалитет на програмата и успешните шест фестивалски изданија кои се позитивно оценети од стручната критика, од делегатите на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) кои беа тука на Свечените отварања на Фестивалот, но и од нашата верна публика. Ми беше огромна чест и задоволство да работам на оваа функција со еден прекрасен тим којшто многу ми помогна за да бидам успешен директор и менаџер, тим кој е за пример и почит, не само во Охрид, туку и пошироко во државата, но и со селекторките на музичката и на драмската програма на фестивалот, Бисера Чадловска и Сања Арсовска“, кажа Поповиќ која годинава доби признание-благодарница од Амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Невена Јовановиќ, за големиот придонес во промоцијата на српската култура во земјава. Од Амбасадорката на САД, Анџела Агелер ѝ беше врачено Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Македонија кое беше одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон. Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја одликува директорката Поповиќ со Орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“.

Минатата година Поповиќ, како директорка на „Охридско лето“ беше избрана за жена на годината од областа на културата, во рамките на конференцијата „Жени претприемачки“ што се одржа по шести пат во Македонија.

Таа најави дека професионалната кариера ќе ја продолжи во културата, во уметноста која е и нејзина професија.

The post Наташа Поповиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска во Министерството за култура и туризам поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Оставката ја достави лично до министерот Зоран Љутков. Поповиќ ја раководи најзначајната музичко-сценска манифестација изминативе шест години во кои се реализира квалитетна уметничка програма со светски и домашни уметници кои оставија белег во богатата фестивалска програма. Во нејзин мандат Фестивалот „Охридско лето“ одбележа значаен јубилеј-60 години од постоењето во време на пандемијата со коронавирусот. Се реализира квалитетна програма со учество на домашни и странски уметници, но и со почитување на мерките и препораките за заштита на публиката и учесниците кога сите културни манифестации беа откажани. Во 2020 година Поповиќ како директор на „Охридско лето“ ја прими Светиклиментовата награда, повелба со која Фестивалот како наш најголем културен бренд, еден од главните чинители на музичката и театарската култура на земјава беше издвоен за најголем промотор на националното музичко творештво и амбасадор на македонската уметност во светот. Значаен проект во изминативе шест години е и проектот „Годови“ реализиран во соработка со националниот сервис МРТ. Станува збор за колаж од снимени фрагменти од концерти и изјави и личности кои се вградиле во развојот на овој најреномиран фестивал во регионот. Исто така, под нејзино раководство, архивската документација, културното пишано богатство на манифестацијата, за првпат е предадена на трајно чување во Архивот-Охрид. Во техничко- сценскиот дел комплетно нов лик доби сцената на Долни Сарај каде се извршија поголеми реконструктивни зафати а се обезбеди и нов објект за продажба и маркетинг, сувенирницата која комплетно се опреми и од оваа година треба да биде пуштена во употреба. Поповиќ пред оставката кажа дека е горда на сработеното, на квалитетната програма богата со бројни звучни имиња. Заблагодарувајќи се на вработените кажа дека е горда што имала прилика да работи со посветен и професионален тим кој се справува со сите предизвици. „Посебно сум горда за високиот квалитет на програмата и успешните шест фестивалски изданија кои се позитивно оценети од стручната критика, од делегатите на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) кои беа тука на Свечените отварања на Фестивалот, но и од нашата верна публика. Ми беше огромна чест и задоволство да работам на оваа функција со еден прекрасен тим којшто многу ми помогна за да бидам успешен директор и менаџер, тим кој е за пример и почит, не само во Охрид, туку и пошироко во државата, но и со селекторките на музичката и на драмската програма на фестивалот, Бисера Чадловска и Сања Арсовска“, кажа Поповиќ која годинава доби признание-благодарница од Амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Невена Јовановиќ, за големиот придонес во промоцијата на српската култура во земјава. Од Амбасадорката на САД, Анџела Агелер ѝ беше врачено Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Македонија кое беше одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон. Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја одликува директорката Поповиќ со Орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“. Минатата година Поповиќ, како директорка на „Охридско лето“ беше избрана за жена на годината од областа на културата, во рамките на конференцијата „Жени претприемачки“ што се одржа по шести пат во Македонија. Таа најави дека професионалната кариера ќе ја продолжи во културата, во уметноста која е и нејзина професија.  

The post Наташа Поповиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Слобода Миќаловиќ го прослави роденденот на сцена во Охрид: Се случи магија, ова никогаш нема да го заборавам! https://republika.mk/scena/sloboda-mikalovik-go-proslavi-rodendenot-na-stsena-vo-ohrid-se-sluchi-magija-ova-nikogash-nema-da-go-zaboravam/ Wed, 21 Aug 2024 18:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=808824

Слобода Миќаловиќ на Инстаграм објави видео од претставата „Алиса во земјата на стравовите“ со која синоќа во Охрид се затвори 64. „Охридско лето“.

Актерката го прослави својот роденден на сцената, бидејќи претставата почна подоцна поради временските неприлики и траеше по полноќ, а колегите ја пречекаа зад завесата и ѝ приредија изненадување.

Синоќа се случи магија. Никогаш не замислував дека роденденот ќе го прославам на сцена. Точно на полноќ. Им благодарам на моите драги колеги за љубовта. Вакво нешто никогаш не може да се заборави, напиша Слобода.

The post Слобода Миќаловиќ го прослави роденденот на сцена во Охрид: Се случи магија, ова никогаш нема да го заборавам! appeared first on Република.

]]>

Слобода Миќаловиќ на Инстаграм објави видео од претставата „Алиса во земјата на стравовите“ со која синоќа во Охрид се затвори 64. „Охридско лето“. Актерката го прослави својот роденден на сцената, бидејќи претставата почна подоцна поради временските неприлики и траеше по полноќ, а колегите ја пречекаа зад завесата и ѝ приредија изненадување.
Синоќа се случи магија. Никогаш не замислував дека роденденот ќе го прославам на сцена. Точно на полноќ. Им благодарам на моите драги колеги за љубовта. Вакво нешто никогаш не може да се заборави, напиша Слобода.

The post Слобода Миќаловиќ го прослави роденденот на сцена во Охрид: Се случи магија, ова никогаш нема да го заборавам! appeared first on Република.

]]>
„Ова е ноќна мора, но истовремено е и живот“-моќната реплика на Кралицата во „Алиса во земјата на стравовите“ одекна во Центарот за култура во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/ova-e-nokna-mora-no-istovremeno-e-i-zhivot-moknata-replika-na-kralitsata-vo-alisa-vo-zemjata-na-stravovite-odekna-vo-tsentarot-za-kultura-vo-ohrid/ Wed, 21 Aug 2024 17:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=808756

Претставата „Алиса во земјата на стравовите“ во режија на Александар Поповски и текст на Ева Махковиќ, драматург од Словенија синоќа ја раскажа приказната за растегливоста на времето, како што рече Поповски пред изведбата.

Публиката која синоќа го гледаше затворањето на 64. издание на „Охридско лето“, имаше можност да го види магичниот свет на Поповски во кој низ беспаќата на заблудите на денешницата, младите луѓе ги чекаат секакви востановени рамки на општествени околности - од теророт на политичка коректност и се поголеми барања на работодавачите, до откажување од сопствено семејство.

Главниот лик , Алиса го толкува Милена Радуловиќ, која воопшто не ја напушти сцената цели два часа, и во текот на претставата како што рече, излезе зоната на комфорот, и пееше...

После многу години се вратив во Охрид и многу ми е драго. Ова е моја прва поголема улога во театар. Мислам дека темета е мошне интересна бидејќи се говори за судбината на една млада жена во денешно време и искушенијата пред кои е исправена. особено она што постојано ни се наметнува дека мораме да станеме се до 35 години- и успешни жени и мајки и да имаме љубов на својот живот и потполно да ги дефинираме идеалите... Од првиот ден до денес колку повеќе ја играм претставата толку повеќе се наоѓам себе си во неа. Има се повеќе паралели, се поврзувам со ликот што го играм. Мислам дека и публиката тоа го препознава и мислам дека е прекрасно што Александар како маж сето тоа го препозна и што го заинтересирала оваа тема и драго ми е што сум дел од актерската екипа, рече пред синоќешната изведба во Охрид, Радуловиќ.

Текстот за претставата е инспириран од „Алиса во земјата на чудата“ на Луис Керол и од неа Махковиќ го зела најпознатите мотиви и ликови за преку нив да го даде своето видување на современата, урбана, еманципирана жена која има 35 години и се наоѓа на животна пресвртница. Оваа Алиса и припаѓа на генерацијата милениумци кои многу бргу растат, но истовремено остануваат вечни деца. Таа е релативно успешна жена, главно ситуирана, има сопруг и дете, а можеби и нема, но има и стравови- страв дека нема да има доволно време за своите амбиции и дека и чука биолошкиот часовник, дека нема да биде доволно успешна, дека нема да има дете или дека ќе има дете, но токму тоа ќе ја спречи во кариерата...

Секоја од сцените во претставата прикажа конкретна состојба и страв. Актерите играа мошне хармонично, а неколкумина толкуваа и по неколку улоги: Радован Вујовиќ ги игра Додо и Риба, Милан Мариќ - Мачката и Шапкарот, Јована Беловиќ- Глувчицата и Седумка, Тамара Сустиќ, Денис Муриќ- Мартовскиот зајак, Пеликанот и Бебето, а Ива Манојловиќ игра еден од најинтересните ликови- Гасеницата.

Меѓу ликовите можеби највпечатливи се Кралицата која ја толкува Слобода Миќаловиќ и Белиот Зајак, кој го игра Небојша Љубишиќ. Репликата на Кралицата „Ова е ноќна мора, но истовремено е и живот“ ја запамети секој гледач синоќа на „Охридско лето“.

Сонговите на Маријан Неќак во интерпретација на актерите на Југословенско драмско позориште придонесуваа да се промени значително атмосферата на сцената.

Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар како што беше планирано и претставата се одигра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

The post „Ова е ноќна мора, но истовремено е и живот“-моќната реплика на Кралицата во „Алиса во земјата на стравовите“ одекна во Центарот за култура во Охрид appeared first on Република.

Претставата на ЈДП „Алиса во земјата на стравовите“ на Александар Поповски го затвори годинашното издание на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-na-jdp-alisa-vo-zemjata-na-stravovite-na-aleksandar-popovski-go-zatvori-godinashnoto-izdanie-na-ohridsko-leto/ Wed, 21 Aug 2024 12:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=808646

Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенско драмско позориште (ЈДО) од Белград, вчеравечер беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кусо време беше префрлена во Ценатарот за култура „Григор Прличев“. Режисерот Александар Поповски ѝ се извини на публиката за оваа промена и се заблагодари за трпениетосо оглед на новонастанатата ситуација.

Извинете за сè што поминавте. Знам дека не е едноставно да се чека, но Верувајте, направивме сè. Овде има една неверојатна екипа и од Белград, и од Македонија кои направија чудо да се преселиме за час и половина од горе, на Антички театар до долу во Центарот за култура. Два дена работеа на Антички за да биде претставата таму, но ете, небото сакаше да биде поинаку. Навистина е преубаво човек да види дека Охрид има публика за театар и за култура. Тоа е најубавата работа, рече Поповски пред почетокот на претставата.

Инаку, актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија на сцената покажаа извонредна театарска игра. Драматичкиот текст на „Алиса во земјата на стравовите“ е инспириран од книгата „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол.

Тоа е едно патување низ потсвеста на една млада девојка која се сретнува со сите прашања, од вработување, успешност, љубов…и од нешто што за мене е трагедија, условно речено за младите луѓе, а тоа е штоако на 35 години не си успешен, тогаш е готово со тебе. Ако не направиш нешто до 35 години веќе не те бидува. Јас на 32 години уште немав завршено факултет. Тогаш времето се мереше на поинаков начин. Имавме време. Денеска децава ги учиме-нема време. Им го скратуваме времето и мислам дека тој феномен на притисок е многу интересна тема и мислам дека успеавме да ја раскажеме приказната за растегливост на времето, истакна режисерот Поповски.

Годинава, 64. Издание на фестивалот „Охридско лето“ донесе 36 настани од кои 25 концерти од областа на класичната музика, шест театарски претстави, по една изложба и промоција на книги, стенд-ап шоу, а во дополнителната програма се бараше карта повеќе за светскиот а наш виртуоз на гитара, Влатко Стефановски. Роденденот на фестивалот годинава беше одбележан со концерт на салса ансамблот „Меркадонегро“.

The post Претставата на ЈДП „Алиса во земјата на стравовите“ на Александар Поповски го затвори годинашното издание на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенско драмско позориште (ЈДО) од Белград, вчеравечер беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“. Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кусо време беше префрлена во Ценатарот за култура „Григор Прличев“. Режисерот Александар Поповски ѝ се извини на публиката за оваа промена и се заблагодари за трпениетосо оглед на новонастанатата ситуација.
Извинете за сè што поминавте. Знам дека не е едноставно да се чека, но Верувајте, направивме сè. Овде има една неверојатна екипа и од Белград, и од Македонија кои направија чудо да се преселиме за час и половина од горе, на Антички театар до долу во Центарот за култура. Два дена работеа на Антички за да биде претставата таму, но ете, небото сакаше да биде поинаку. Навистина е преубаво човек да види дека Охрид има публика за театар и за култура. Тоа е најубавата работа, рече Поповски пред почетокот на претставата.
Инаку, актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија на сцената покажаа извонредна театарска игра. Драматичкиот текст на „Алиса во земјата на стравовите“ е инспириран од книгата „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол.
Тоа е едно патување низ потсвеста на една млада девојка која се сретнува со сите прашања, од вработување, успешност, љубов…и од нешто што за мене е трагедија, условно речено за младите луѓе, а тоа е штоако на 35 години не си успешен, тогаш е готово со тебе. Ако не направиш нешто до 35 години веќе не те бидува. Јас на 32 години уште немав завршено факултет. Тогаш времето се мереше на поинаков начин. Имавме време. Денеска децава ги учиме-нема време. Им го скратуваме времето и мислам дека тој феномен на притисок е многу интересна тема и мислам дека успеавме да ја раскажеме приказната за растегливост на времето, истакна режисерот Поповски.
Годинава, 64. Издание на фестивалот „Охридско лето“ донесе 36 настани од кои 25 концерти од областа на класичната музика, шест театарски претстави, по една изложба и промоција на книги, стенд-ап шоу, а во дополнителната програма се бараше карта повеќе за светскиот а наш виртуоз на гитара, Влатко Стефановски. Роденденот на фестивалот годинава беше одбележан со концерт на салса ансамблот „Меркадонегро“.

The post Претставата на ЈДП „Алиса во земјата на стравовите“ на Александар Поповски го затвори годинашното издание на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Милан Мариќ: Среќен сум што толку многу уметници поминале оваа година во Охрид, токму во време кога уметноста веќе не ја игра главната улога https://republika.mk/vesti/kultura/milan-marik-sreken-sum-shto-tolku-mnogu-umetnitsi-pominale-ovaa-godina-vo-ohrid-tokmu-vo-vreme-koga-umetnosta-veke-ne-ja-igra-glavnata-uloga/ Tue, 20 Aug 2024 12:08:58 +0000 https://republika.mk/?p=808292

Јас сум прв пат во Охрид, поаѓам  од сосема поинаков агол. Се надевам денеска ќе имам можност повеќе да го разгледам градот, бидејќи вчера имавме проба и нема можност за прошетка, рече актерот Милан Мариќ, кој игра во претставата „Алиса во земјата на стравовите“ и вечерва на Античкиот театар во Охрид ќе го затвори 64. издание на „Охридско лето“.

Многу сум среќен што слушнав дека толку голем број уметници поминале оваа година во Охрид, колку многу претстави и концерти токму во време кога уметноста веќе не ја игра главната улога, бидејќи ова време не сака такви луѓе. Уметноста просто слепо верува во идеали и неверојатна слобода, а нашето време не сака такви луѓе. Сака луѓе без кичма, лицемери итн...но театарот преживеал и полоши времиња, ќе го преживее и ова, рече Мариќ.

Во поглед на претставата која ќе ја одиграат денеска рече дека има посебен однос кон претставата бидејќи ангажманот да работи на претставата се поклопил со некоја негови лична одисеја, негова трансформација, преживување на некои лични нешта во животот, отворање на некои негови стравови за кои дотогаш не бил свесен дека се тука.

Кога размислувам за оваа претстава никогаш немам јасен однос затоа што ме враќа на тој период. Таа е претстава за стравовите, за чекањето, за времето кое страшно брзо поминува и не меле сите нас, но сите сме се согласиле на тоа, за препознавањето и за борбата да го преживееме. Всушност приказната е универзална, тоа е приказна за секој од нас и се надевам дека ќе успееме да ја пренесеме вечерва приказната, рече Мариќ. Античкиот театар е спектакл сам по себе, немам податок колку е стар, но таму има се, има магија. Синоќа на пробата одеднаш се појави Полна Месечина кога ја пробувавме љубовната сцена и веднаш добивате некое повисоко ниво, а тоа во театар не може да го доживеете, заврши актерот.

The post Милан Мариќ: Среќен сум што толку многу уметници поминале оваа година во Охрид, токму во време кога уметноста веќе не ја игра главната улога appeared first on Република.

Слобода Мичаловиќ: Александар ни ги сруши сите бариери кога ни рече „Вие само скокнете, ова  е еден голем бунар и летајте, сигурни сте, долу јас ве чекам нема ништо страшно да ви се случи“ https://republika.mk/vesti/kultura/sloboda-michalovik-aleksandar-ni-gi-srushi-site-barieri-koga-ni-reche-vie-samo-skoknete-ova-e-eden-golem-bunar-i-letajte-sigurni-ste-dolu-jas-ve-chekam-nema-nishto-strashno-da-vi-se-sluchi/ Tue, 20 Aug 2024 11:39:13 +0000 https://republika.mk/?p=808281

Охрид многу добро го познавам, доаѓавме овде со семејството кога бев мала и ми се чини дека во овој град има еден велисенствен спој на култура и светилиште што мене лично многу ми значи, рече денеска Слобода Мичаловиќ, актерка во Југословенско драмско позориште која вечерва во претставата „Алиса во земјата на стравовите“ со која се затвора „Охридско лето“ ја толкува улогата на кралицата.

Овде се гледа дека публиката е негувана со години, доаѓа на убави претстави, посетува концерти. Така пред две години овде имав можност да претстава и се сеќавам дека публиката толку беше прекрасна и посветена што после изведбата останавме и разговаравме за  претставата, што не се случува многу често, рече Мичаловиќ.

Во пресрет на вечерашната изведба раскажа дека кога била млада актерка во Атеље 212 се играла претстава во режија на Александар Поповски и тие постојано оделе таму со надеж дека ќе успеат да го сретнат, дека како млади актери ќе успеат да влезат во неговиот видокруг и еве по неколку години подоцна игра во негова претстава.

Ова звучи како да не е вистина, но вистина е. Ние актерите обично правиме некаква бариера околу себе. Знаеме што очекуваме од себе и знаеме тие од спроти што очекуваат од нас и Александар сега нас ни ја сруши таа бариера и се она што сме учеле на академија се тоа -не важи. Може, но не мора...Се сеќавам на првата читачка проба за претставата кога ни рече: „Вие само скокнете, ова  е еден голем бунар и летајте, сигурни сте, долу јас ве чекам нема ништо страшно да ви се случи“. И тоа некако ми е мантра секој пат кога се подготвувам за некој проект, рече Мичаловиќ.

The post Слобода Мичаловиќ: Александар ни ги сруши сите бариери кога ни рече „Вие само скокнете, ова  е еден голем бунар и летајте, сигурни сте, долу јас ве чекам нема ништо страшно да ви се случи“ appeared first on Република.

Александар Поповски: Охрид е за мене едно од најзначајните места на македонската култура, а вечерва со „Алиса во земјата на стравовите“ раскажуваме приказна за растегливоста на времето https://republika.mk/vesti/kultura/aleksandar-popovski-ohrid-e-za-mene-edno-od-najznachajnite-mesta-na-makedonskata-kultura-a-vecherva-so-alisa-vo-zemjata-na-stravovite-raskazhuvame-prikazna-za-rasteglivosta-na-vremeto/ Tue, 20 Aug 2024 11:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=808260

Голема чест е и големо задоволство да се биде повторно тука. Охрид е за мене едно од најзначајните места на македонската култура, секогаш сум подготвен да дојдам и многу ми значи што претставата ќе се игра овде вечерва, рече на денешната прес конференција Александар Поповски, режисер на претставата „Алиса во земја на стравовите“ со која денеска се затвора 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“.

Би сакал да кажам дека оваа претстава е настаната по ковид пандемијата зборувајќи со помладата генерација се почесто се користеше зборот „страв“-страв од една работа, страв од друга...страв од светот околу нив, една инхибиција на стравот. Разговарајќи со драматургот од Словенија со која соработувам дојдовме на идеја дека би било добро за една цела генерација која влегува во еден свет ваков каков што е, да се напише еден текст кој ќе биде инспириран од Алиса, но не во земјата на чудата, туку во земјата на стравовите. Затоа што, за мојата генерација постоеше страв, но не на тој начин на кој оваа нова генерација го добива од сите страни. Особено за работи како што се успех или неуспех во животот. Ние за тоа малку размислувавме, ние само сакавме да работиме. Настана еден многу интересен текст, а Југословенско драмско позориште е некако моја куќа и таму секогаш со големо задоволство се враќам и ми се чинеше дека тоа е токму просторот каде што може да се направи една ваква претстава, рече Поповски.

Поповски ги претстави актерите кои учествуват во претставата велејќи дека имале прекрасна соработка со оглед на тоа дека станува збор за една мошне комплексна претстава.

Тоа е едно патување низ потсвеста на една млада девојка која се сретнува со сите прашања, од вработување, успешност, љубов...и од нешто што за мене е трагедија, условно речено за младите луѓе, а тоа е што ако на 35 години не си успешен тогаш е готово со тебе. Ако не направиш нешто до 35 години ваќе не те бидува. Јас на 32 години уште немав завршено факултет. Тогаш времето се мереше на поинаков начин. Имавме време.  Денеска децава ги учиме-нема време.Им го слратуваме времето и мислам дека тој феномен на притисок е многу интересна тема и мислам дека успеавме да ја раскажеме приказната за растегливост на времето, истакна Поповски.

The post Александар Поповски: Охрид е за мене едно од најзначајните места на македонската култура, а вечерва со „Алиса во земјата на стравовите“ раскажуваме приказна за растегливоста на времето appeared first on Република.

Наташа Поповиќ: Годинава „Охридско лето“ беше домаќин на над 800 врвни уметници и докажани театарски куќи од 24 земји https://republika.mk/vesti/kultura/natasha-popovik-godinava-ohridsko-leto-beshe-domakin-na-nad-800-vrvni-umetnitsi-i-dokazhani-teatarski-kuki-od-24-zemji/ Tue, 20 Aug 2024 10:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=808255

Годинешнава фестивалска програма донесе едно необично и возбудливо издание со кое го задржавме квалитетот кој е препознатлив за Фестивалот изминативе 64 години, рече на денешната завршна прес конференција директорката на Фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Со голема одговорност, но и обврска максимално се вложивме да бидеме добри домаќини на над 800 врвни уметници и докажани театарски куќи од 24 земји.

Гледалиштата на Античкиот театар, црквата Св.Софија, предворјето на Св. Софија, Долни Сарај, и Центарот за култура беа исполнети до последно место а тоа ни дава за право да кажеме дека понудивме квалитет со кој го оправдавме епитетот на препознатлив и единствен Фестивал. За повеќето настани се бараше карта повеќе, а бележиме и рекордна посетеност на странската публика.

Дозволете да изразам огромна благодарност до сите изведувачи кои преку своите настапи докажаа дека сцената на Охридско лето припаѓа само на најдобрите.

Квалитетната програма зависи и од умешноста на самите селектори. Огромна благодарност за Бисера Чадловска и Сања Арсовска, две истакнати уметници  и културни работници, добро познати на домашната и меѓународната музичка и театарска јавност, кои зад себе имаат богата професионална кариера. Благодарност и до тимот на „Охридско лето“, тим кој умее и знае како треба да се работи професионално, знае како да се справи со сите предизвици.

Неспорен е фактот дека за вака врвен Фестивал кој е презентер на македонската култура и уметност огромно значење има поддршката од Претседателот на државата кој е и Покровител на Фестивалот, Министерството за култура како институција која финансиски го подржува Фестивалот, Општина Охрид, како и нашите верни спонзори и пријатели. Нивната поддршка претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал.

Големината на Охридско лето е секако заслуга и на поддршката од Амбасадите во Република Македонија. Годинава на мое огромно задоволство имавме 13 дипломатски вечери што секако е доказ дека бележиме успех и во делот на меѓународната размена на уметниците и културата.

Фестивалот „Охридско лето“  како дел од Европската Фестивалска Асоцијација ќе продолжи да ги негува високите културни вредности за да го задржи епитетот на високо реномиран европски фестивал.

Да се биде на чело на една вака врвна манифестација, која повеќе од половина век е собиралиште на  најпознатите уметници и врвните театарски куќи, да се сочуваат  високите критериуми и богатата традиција, значи макотрпна работа, многу труд, многу откажувања но значи и огромна чест и привилегија. Токму затоа, на крајот од ова 64 фестивалско издание со гордост можам да кажам дека ваквата посветеност донесе изминативе 40 вечери да имаме исклучително квалитетна програма.

Во духот на богатата меѓународна традиција, реноме и значење на „Охридско лето“ на Свеченото затворање, вечерва на Античкиот театар, ви најавувам грандиозен театарски проект  „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ во изведба на  Југословенски драмски театар од Белград, Република Србија а во режија на еден од нашите најдобри режисери кој има светска слава,  Александар Поповски, рече Поповиќ.

The post Наташа Поповиќ: Годинава „Охридско лето“ беше домаќин на над 800 врвни уметници и докажани театарски куќи од 24 земји appeared first on Република.

„Алиса во земјата на стравовите“ на Александар Поповски за затворање на 64. Охридско лето https://republika.mk/vesti/kultura/alisa-vo-zemjata-na-stravovite-na-aleksandar-popovski-za-zatvorane-na-64-ohridsko-leto/ Tue, 20 Aug 2024 07:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=808117

Со претставата „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на
Александар Поповски, а продукција на Југословенско драмско позориште – Белград, вечерва во 21 часот во Античкиот театар во Охрид ќе биде затворено 64. Охридско лето.

Улогите ги толкуваат: Милена Радуловиќ, Небојша Љубишиќ, Слобода Миќаловиќ, Радован Вујовиќ, Милан Мариќ, Јована Беловиќ, Ива Манојловиќ, Тамара Сустиќ и Денис Муриќ. Музиката е на Марјан Неќак, костимите се на Миа Поповска, сценографија – Numen/For Use и Вања Магиќ. Претставата не се препорачува за деца под 14 години.

Драматичниот текст на „Алиса во земјата на стравовите“ е инспириран од епизоди од книгата „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол. Кога била мала, Алиса верувала дека дури и пред појадокот може да се случат шест невозможни работи. Таа сега е возрасна жена во своите триесетти. Треба да има кариера, семејство. Треба да биде исполнета, стабилна, порасната. Она што го има е нов психотерапевт со кој патува во главата. Кога беше мало девојче, таму ја чекаа чуда, гасеници со наргиле, карти за разговор, насмеани мачки, колачи и чај, хистерични птици. Тоа беше свет во кој секој чекор беше ново возбудување, свет на можности за бескрајни чуда. Сега има само земја исполнета со сомнежи и стравови. Сепак, се уште постои можност за чудо…

Тик-так, тик-так, часовникот отчукува. Биолошки или вистински, не е важно, времето вечно лета. Освен ако не стои. Дали се вклопува? Дали е можно да се запре? Колку време има и за што, и дали сите го имаме подеднакво? И дали се плашиме од времето затоа што околината ни го наметнува тој страв или навистина го чувствуваме? Во земјата на стравот, како и во земјата на чудата, сè се случува одеднаш, предвреме или истовремено, сите брзаат, но секогаш доцнат. Низ таков и таков свет, новите Алиси се обидуваат да го трасираат својот пат.

Александар Поповски е роден во Скопје во 1969 година. Дипломира филмска и театарска режија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а професионалното деби во театарот го прави во 1992 година кога режира претстава на текст на Дејан Дуковски. Многу од претставите кои ги режирал се во националните театри во Р.С Македонија но и во Данска, Србија, Словенија, Хрватска, Австрија, Велика Британија, Италија, Шведска, Грција и др. Неговата кариера како филмски режисер започнува во 1993 година со омнибусот „Светло сиво“ (Митревски-Поповски-Јанаќиевиќ) продуциран од ТРФЗ Пегаз, Македонија. Во 1995 година е ко-режисер на ТВ серијата „Уа, шнајдери!“ (со Дарко Митревски) за МРТВ. Во 1998 година заедно со Дарко Митревски го режира филмот „Збогум на 20-от век“ во продукција на Прва Партизанска Продукција. Овој филм е прикажан на фестивалите во Стокхолм, Барселона, Порто Рико, Сан Франциско, Дрезден, Њујорк, Хелсинки, Цирих, Калкута, на ФЕСТ во Белград, во Палм Бич, Палм Спрингс, Котбус, Тромсо, Љубљана, Сраево, Рим, Милано, Брисел и Штутгарт. Во 1999 година овој филм ја добива наградата на Фестивалот во Хелсинки за најдобар фантастичен Европски филм како и награда на фестивалот во Њујорк за најдобра монтажа и сценографија, наградата „Крал Нобел“ на првиот Интернет филмски фестивал во Брисел, како и награда за најдобро актерско остварување на Фанта Фестивалот во Рим. Во 2008 година Александар Поповски го режира краткиот филм „Метаморфози“ ко-продукција на Кино Око и Прва Партизанска продукција, а го снима и филмот „Балканот не е мртов“ за Кино Око. Визитинг професор е на Универзитетот за уметности во Грац, а од сезоната 2018/19 е уметнички директор на Драмата при народниот театар во Марибор. Од 2003 година е професор на Универзитетот за драма во Будимпешта каде предава театарска режија.

The post „Алиса во земјата на стравовите“ на Александар Поповски за затворање на 64. Охридско лето appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а продукција на Југословенско драмско позориште – Белград, вечерва во 21 часот во Античкиот театар во Охрид ќе биде затворено 64. Охридско лето. Улогите ги толкуваат: Милена Радуловиќ, Небојша Љубишиќ, Слобода Миќаловиќ, Радован Вујовиќ, Милан Мариќ, Јована Беловиќ, Ива Манојловиќ, Тамара Сустиќ и Денис Муриќ. Музиката е на Марјан Неќак, костимите се на Миа Поповска, сценографија – Numen/For Use и Вања Магиќ. Претставата не се препорачува за деца под 14 години. Драматичниот текст на „Алиса во земјата на стравовите“ е инспириран од епизоди од книгата „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол. Кога била мала, Алиса верувала дека дури и пред појадокот може да се случат шест невозможни работи. Таа сега е возрасна жена во своите триесетти. Треба да има кариера, семејство. Треба да биде исполнета, стабилна, порасната. Она што го има е нов психотерапевт со кој патува во главата. Кога беше мало девојче, таму ја чекаа чуда, гасеници со наргиле, карти за разговор, насмеани мачки, колачи и чај, хистерични птици. Тоа беше свет во кој секој чекор беше ново возбудување, свет на можности за бескрајни чуда. Сега има само земја исполнета со сомнежи и стравови. Сепак, се уште постои можност за чудо… Тик-так, тик-так, часовникот отчукува. Биолошки или вистински, не е важно, времето вечно лета. Освен ако не стои. Дали се вклопува? Дали е можно да се запре? Колку време има и за што, и дали сите го имаме подеднакво? И дали се плашиме од времето затоа што околината ни го наметнува тој страв или навистина го чувствуваме? Во земјата на стравот, како и во земјата на чудата, сè се случува одеднаш, предвреме или истовремено, сите брзаат, но секогаш доцнат. Низ таков и таков свет, новите Алиси се обидуваат да го трасираат својот пат. Александар Поповски е роден во Скопје во 1969 година. Дипломира филмска и театарска режија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а професионалното деби во театарот го прави во 1992 година кога режира претстава на текст на Дејан Дуковски. Многу од претставите кои ги режирал се во националните театри во Р.С Македонија но и во Данска, Србија, Словенија, Хрватска, Австрија, Велика Британија, Италија, Шведска, Грција и др. Неговата кариера како филмски режисер започнува во 1993 година со омнибусот „Светло сиво“ (Митревски-Поповски-Јанаќиевиќ) продуциран од ТРФЗ Пегаз, Македонија. Во 1995 година е ко-режисер на ТВ серијата „Уа, шнајдери!“ (со Дарко Митревски) за МРТВ. Во 1998 година заедно со Дарко Митревски го режира филмот „Збогум на 20-от век“ во продукција на Прва Партизанска Продукција. Овој филм е прикажан на фестивалите во Стокхолм, Барселона, Порто Рико, Сан Франциско, Дрезден, Њујорк, Хелсинки, Цирих, Калкута, на ФЕСТ во Белград, во Палм Бич, Палм Спрингс, Котбус, Тромсо, Љубљана, Сраево, Рим, Милано, Брисел и Штутгарт. Во 1999 година овој филм ја добива наградата на Фестивалот во Хелсинки за најдобар фантастичен Европски филм како и награда на фестивалот во Њујорк за најдобра монтажа и сценографија, наградата „Крал Нобел“ на првиот Интернет филмски фестивал во Брисел, како и награда за најдобро актерско остварување на Фанта Фестивалот во Рим. Во 2008 година Александар Поповски го режира краткиот филм „Метаморфози“ ко-продукција на Кино Око и Прва Партизанска продукција, а го снима и филмот „Балканот не е мртов“ за Кино Око. Визитинг професор е на Универзитетот за уметности во Грац, а од сезоната 2018/19 е уметнички директор на Драмата при народниот театар во Марибор. Од 2003 година е професор на Универзитетот за драма во Будимпешта каде предава театарска режија.  

The post „Алиса во земјата на стравовите“ на Александар Поповски за затворање на 64. Охридско лето appeared first on Република.

]]>
„Лихнида кајче веслаше“ и традиционална српска композиција беа изведени на Српската вечер на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/lihnida-kajche-veslashe-i-traditsionalna-srpska-kompozitsija-bea-izvedeni-na-srpskata-vecher-na-ohridsko-leto/ Mon, 19 Aug 2024 11:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=807925

Извонредните гласови на мецосопранот Љубица Вранеш и басот Драгољуб Бајиќ придружувани од пијанистот Миливоје Велјиќ одекнаа вчеравечер под сводовите на акустичната црква „Света Софија“.

Реномираните српски уметници  настапија во рамки на Српската вечер на фестивалот „Охридско лето“ изведувајќи познати арии од оперите на Бизе, Гершвин, Верди, Моцарт Сен-Санс, Маскањи, Пучини, како и дела од  Пјаф, Елета Алмаран, ди Куртис, Рота и ди Капуа за што беа наградени со бурни овации. Прекрасната ноќ беше затворена со феноменална изведба на познатата македонска народна композиција  „Лихнида кајче веслаше“  и со традиционална српска композиција.

Концертот за кој се бараше карта повеќе се одржа во преполната црква „Света Софија“ , а во редовите на публиката беше и Министерот за култура во Владата на Република Македонија, Зоран Љутков и српската амбасадорка, Невена Јовановиќ.

Отворајќи ја Српската вечер, амбасадорката на Република Србија во земјава, Невена Јовановиќ, истакна дека повеќе од шест децении  реномираниот фестивал „Охридско лето“ нуди богата сценска лепеза која, како што рече,  со квалитетно и внимателно избрана понуда на изведувачи и дела прерасна во најпознат културен бренд  во чија програма денес  учествуваат врвни имиња од светот на уметноста кои со своите спектакуларни изведби , овде, во епицентарот на македонската култура ги оставаат без здив сите почитувачи  и љубители на уметноста.

Бескрајно сме горди што во текот на сите овие години, на сцената на „Охридско лето“ поминале бројни великани на српската култура и уметност кои со својот вонсериски талент оставија трага на фестивалските сцени. Сити тие со своите уметнички бравури несебично оставија дел од себе на  сцените во Долни Сарај, Света Софија и Антички театар,  истовремено градејќи ги нераскинливоте македонско-српски спомени и придонесувајќи на тој начин во промовирањето на културно-уметничкото богатство од целиот Балкан, рече амбасадорката Јовановиќ.

Како што додаде амбасадорката, Република Србија придава големо внимание на односите со Република Македонија.

Подготвени сме и натаму, со заеднички сили да ги продлабочиме нашите билатерални релации и да градиме односи засновани исклучиво на пријателство и соработка. Зајакнувањето на културна соработка  со нашите две држави, дополнителното поврзување на нашите две култури и граѓани, како и непрекинатото подигнување на културно-уметничките врски помеѓу нашите народи, секако се од суштинско значење во процесот на понатамошно унапредување на нашите блиски  и пријателски односи , нагласи српската амбасадорка Невена Јовановиќ.

Српската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се организира трета година по ред со поддршка на Амбасадата на Република Србија во земјава. Таа претставува вистинско уметничко доживување за фестивалската публика  со настапите на најдобрите уметници  од  српската сцена.

The post „Лихнида кајче веслаше“ и традиционална српска композиција беа изведени на Српската вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Извонредните гласови на мецосопранот Љубица Вранеш и басот Драгољуб Бајиќ придружувани од пијанистот Миливоје Велјиќ одекнаа вчеравечер под сводовите на акустичната црква „Света Софија“. Реномираните српски уметници  настапија во рамки на Српската вечер на фестивалот „Охридско лето“ изведувајќи познати арии од оперите на Бизе, Гершвин, Верди, Моцарт Сен-Санс, Маскањи, Пучини, како и дела од  Пјаф, Елета Алмаран, ди Куртис, Рота и ди Капуа за што беа наградени со бурни овации. Прекрасната ноќ беше затворена со феноменална изведба на познатата македонска народна композиција  „Лихнида кајче веслаше“  и со традиционална српска композиција. Концертот за кој се бараше карта повеќе се одржа во преполната црква „Света Софија“ , а во редовите на публиката беше и Министерот за култура во Владата на Република Македонија, Зоран Љутков и српската амбасадорка, Невена Јовановиќ. Отворајќи ја Српската вечер, амбасадорката на Република Србија во земјава, Невена Јовановиќ, истакна дека повеќе од шест децении  реномираниот фестивал „Охридско лето“ нуди богата сценска лепеза која, како што рече,  со квалитетно и внимателно избрана понуда на изведувачи и дела прерасна во најпознат културен бренд  во чија програма денес  учествуваат врвни имиња од светот на уметноста кои со своите спектакуларни изведби , овде, во епицентарот на македонската култура ги оставаат без здив сите почитувачи  и љубители на уметноста.
Бескрајно сме горди што во текот на сите овие години, на сцената на „Охридско лето“ поминале бројни великани на српската култура и уметност кои со својот вонсериски талент оставија трага на фестивалските сцени. Сити тие со своите уметнички бравури несебично оставија дел од себе на  сцените во Долни Сарај, Света Софија и Антички театар,  истовремено градејќи ги нераскинливоте македонско-српски спомени и придонесувајќи на тој начин во промовирањето на културно-уметничкото богатство од целиот Балкан, рече амбасадорката Јовановиќ.
Како што додаде амбасадорката, Република Србија придава големо внимание на односите со Република Македонија.
Подготвени сме и натаму, со заеднички сили да ги продлабочиме нашите билатерални релации и да градиме односи засновани исклучиво на пријателство и соработка. Зајакнувањето на културна соработка  со нашите две држави, дополнителното поврзување на нашите две култури и граѓани, како и непрекинатото подигнување на културно-уметничките врски помеѓу нашите народи, секако се од суштинско значење во процесот на понатамошно унапредување на нашите блиски  и пријателски односи , нагласи српската амбасадорка Невена Јовановиќ.
  Српската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се организира трета година по ред со поддршка на Амбасадата на Република Србија во земјава. Таа претставува вистинско уметничко доживување за фестивалската публика  со настапите на најдобрите уметници  од  српската сцена.

The post „Лихнида кајче веслаше“ и традиционална српска композиција беа изведени на Српската вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Вечерва на „Охридско лето“ концерт на Ками Тома-виолончело и Жулиен Брокал-пијано https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-ohridsko-leto-kontsert-na-kami-toma-violonchelo-i-zhulien-brokal-pijano/ Mon, 19 Aug 2024 07:11:21 +0000 https://republika.mk/?p=807801

Вечерва, со почеток во 21:00 часот во црквата Св. Софија во Охрид, во рамките на 64-то издание на фестивалот Охридско лето, ќе имате можност да го проследите концертот на Ками Тома-виолончело и Жулиен Брокал-пијано.

Ками Тома е возбудлива челистка чија што ведра личност излегува на површина преку музиката која ја изведува. Ками верува дека музиката има моќ да ги спојува луѓето и да ги инспирира независно од нивните културни различности. Сезоната 2023/2024 за неа е интензивна со концерти на Фестивалот Шлевиг-Холштајн, настапи со рецитали во Душники, Биариц и на фестивалот „Кронберг“. Ќе настапува со Националниот оркестар во САД и диригентот Густаво Гимено, а како резидентен артист со Еременскиот државен оркестар ќе има четири настапи под диригентската палка на Сергеј Смбатјан. Ќе биде солист со Симфонискиот оркестар во Портланд, оркестрите во Ахен и Штутгарт, како и со Филхармониајта на Јужна Холандија. Како ексклузивен уметник на издавачката куќа Дојче Грамофон, во март 2023 го издава „Проект Шопен“, трилогија од 3 ЦД-а посветени на музиката на овој композитор чиј омилен инструмент било виолончелото. Ками е родена во 1988 година во Париз, и започнува да учи виолончело на четири годишна возраст. Нејзиниот брз напредок во класата на Марсел Бардон резултира со преселба во Берлин каде во 2006 година започнува да студира во класата на Штефан Фрок и Фаранс Халмерсон на Високата школа за музика „Ханс Ајслер“, а постдипломските студии ги завршува на Високата школа „Франц Лист“ во Вајмар. Има соработувано со диригенти како Пааво Јерви, Мико Франк, Марк Сустро, Дарел Анг, Кент Нагано, Стефан Денев и со оркестри меѓу кои Германската камерна филхармонија во Бремен, Академијата „Санта Чечилија“, „Симфониа Варшовија“, Државиниот оркестар во Хамбург, фестивалскиот гудачки оркестар во Луцерн, Националниот оркестар во Бордо и Бриселската филхармонија. Ками Тома свири на инструментот Страдивари „Фојерман“ од 1730 година кој ѝ е позајмен на користење од фондацијата „Нипон“.

Францускиот пијанист Жулиеан Брокал музичкиот магазин Би-Би-Си го прогласува за откритие на годината во 2018, и тој од тогаш настапува во познати концертни сали низ целиот свет. Има издадено неколку албуми, еден посветен на Шопен и еден на Равел и Момпу, како и трилогија заедно со виолончелистката Ками Тома посветена на Ф. Шопен. Оваа сезона го очекува промоција на нов албум со наслов „Тука“ кој содржи негова авторска музика и уште едно издание заедно со Ками Тома со која настапува и на бројни концерти. Покрај неа тој соработува со виолинистот Даниел Хоуп, како и со Розан Филипенс. Традиционалната концертна кариера, Брокал ја комбинира со работата во неговото студио наречено „Музичка градина“ кое е креативен еко-систем и ги рефлектира принципите на перма-култура овозможувајќи простор за изведби во живо, снимања и резиденции.

The post Вечерва на „Охридско лето“ концерт на Ками Тома-виолончело и Жулиен Брокал-пијано appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток во 21:00 часот во црквата Св. Софија во Охрид, во рамките на 64-то издание на фестивалот Охридско лето, ќе имате можност да го проследите концертот на Ками Тома-виолончело и Жулиен Брокал-пијано.
Ками Тома е возбудлива челистка чија што ведра личност излегува на површина преку музиката која ја изведува. Ками верува дека музиката има моќ да ги спојува луѓето и да ги инспирира независно од нивните културни различности. Сезоната 2023/2024 за неа е интензивна со концерти на Фестивалот Шлевиг-Холштајн, настапи со рецитали во Душники, Биариц и на фестивалот „Кронберг“. Ќе настапува со Националниот оркестар во САД и диригентот Густаво Гимено, а како резидентен артист со Еременскиот државен оркестар ќе има четири настапи под диригентската палка на Сергеј Смбатјан. Ќе биде солист со Симфонискиот оркестар во Портланд, оркестрите во Ахен и Штутгарт, како и со Филхармониајта на Јужна Холандија. Како ексклузивен уметник на издавачката куќа Дојче Грамофон, во март 2023 го издава „Проект Шопен“, трилогија од 3 ЦД-а посветени на музиката на овој композитор чиј омилен инструмент било виолончелото. Ками е родена во 1988 година во Париз, и започнува да учи виолончело на четири годишна возраст. Нејзиниот брз напредок во класата на Марсел Бардон резултира со преселба во Берлин каде во 2006 година започнува да студира во класата на Штефан Фрок и Фаранс Халмерсон на Високата школа за музика „Ханс Ајслер“, а постдипломските студии ги завршува на Високата школа „Франц Лист“ во Вајмар. Има соработувано со диригенти како Пааво Јерви, Мико Франк, Марк Сустро, Дарел Анг, Кент Нагано, Стефан Денев и со оркестри меѓу кои Германската камерна филхармонија во Бремен, Академијата „Санта Чечилија“, „Симфониа Варшовија“, Државиниот оркестар во Хамбург, фестивалскиот гудачки оркестар во Луцерн, Националниот оркестар во Бордо и Бриселската филхармонија. Ками Тома свири на инструментот Страдивари „Фојерман“ од 1730 година кој ѝ е позајмен на користење од фондацијата „Нипон“.   Францускиот пијанист Жулиеан Брокал музичкиот магазин Би-Би-Си го прогласува за откритие на годината во 2018, и тој од тогаш настапува во познати концертни сали низ целиот свет. Има издадено неколку албуми, еден посветен на Шопен и еден на Равел и Момпу, како и трилогија заедно со виолончелистката Ками Тома посветена на Ф. Шопен. Оваа сезона го очекува промоција на нов албум со наслов „Тука“ кој содржи негова авторска музика и уште едно издание заедно со Ками Тома со која настапува и на бројни концерти. Покрај неа тој соработува со виолинистот Даниел Хоуп, како и со Розан Филипенс. Традиционалната концертна кариера, Брокал ја комбинира со работата во неговото студио наречено „Музичка градина“ кое е креативен еко-систем и ги рефлектира принципите на перма-култура овозможувајќи простор за изведби во живо, снимања и резиденции.  

The post Вечерва на „Охридско лето“ концерт на Ками Тома-виолончело и Жулиен Брокал-пијано appeared first on Република.

]]>
Стоечки овации за култната претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/stoechki-ovatsii-za-kultnata-pretstava-let-nad-kukavichkoto-gnezdo-na-belgradsko-dramsko-pozorishte-na-ohridsko-leto/ Sat, 17 Aug 2024 23:18:38 +0000 https://republika.mk/?p=807579

Белградско драмско позориште гостуваше на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ на годинешното „Охридско лето“ со својата култна претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ во режија на Жанко Томиќ.

Овој текст на Кен Кизи и Дејл Васерман, кој пред полни 18 години го режираше Жанко Томиќ го означи големиот камбек на Драган Бјелогрлиќ на театарските штици.

Претставата која од својата праизведна на Бродвеј во 1963 година, а особено од појавата на филмот на Милош Форман со Џек Николсон во незаборавната улога, во светот претставува синоним за борба на поединецот за слобода во репресивниот систем, ја воодушеви публиката во Центарот за култура во Охрид. Целиот ансамбл, особено Бјелогрлиќ беа наградени со долг аплауз и стоечки овации.

Улогите ги играат Драган Бјелогрлиќ, Предраг Бјелац, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Јово Максиќ, Саво Радовиќ, Душан Ковачевиќ, Владан Милиќ, Милица Зариќ, Андреа Џина, Урош Јанковиќ, Милош Лазаров, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша, Александра Ања Алач, Нада Мацанковиќ и Маја Ранџиќ.

Иако „Лет над кукавичкото гнездо“ веќе 18 години е на репертоарот на Белградско драмско позориште и е изведене преку 250 пати, претставата секогаш се игра пред полна сала, а од актерите од првата постава се останати само Бјелогрлиќ и Даниел Сич. Наместо Марко Живиќ улогата на Мартини ја презеде Младен Совиљ, улогата на Чезвик ја игра познатиот актер Мима Караџиќ, кој во екипата е последниве две години, додека Слободан Бода Нинковиќ го игра поглавицата Бродмен, наместо починатиот Милорад Мандиќ-Манда.

Претставата беше обновена во 2022 година и има своја магија, има некоја своја тајна и фантастична приказна, а пред се го има Драган Бјелогрлиќ кој со својот тален и силата на неговото уметничко битие ја води претставата долги години наназад.

Прашањето за слободата е темелно за оваа претстава.

[caption id="attachment_807589" align="alignnone" width="2268"] фото: Охридско лето[/caption]

Преставата е ода на слободата и со секое кратење на слободата во некој јавен простор во животот, претставата станува сѐ поактуелна, рече Бјелогрлиќ пред вечерашниот настап на „Охридско лето“.

„Лет над кукавичкото гнездо“ беше изведена и во Скопје во рамките на турнејата на Белградско народно позориште и тогаш претставата можеше да ја види и публиката во Подгорица, Загреб и Љубљана.

The post Стоечки овации за култната претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Белградско драмско позориште гостуваше на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ на годинешното „Охридско лето“ со својата култна претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ во режија на Жанко Томиќ. Овој текст на Кен Кизи и Дејл Васерман, кој пред полни 18 години го режираше Жанко Томиќ го означи големиот камбек на Драган Бјелогрлиќ на театарските штици. Претставата која од својата праизведна на Бродвеј во 1963 година, а особено од појавата на филмот на Милош Форман со Џек Николсон во незаборавната улога, во светот претставува синоним за борба на поединецот за слобода во репресивниот систем, ја воодушеви публиката во Центарот за култура во Охрид. Целиот ансамбл, особено Бјелогрлиќ беа наградени со долг аплауз и стоечки овации. Улогите ги играат Драган Бјелогрлиќ, Предраг Бјелац, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Јово Максиќ, Саво Радовиќ, Душан Ковачевиќ, Владан Милиќ, Милица Зариќ, Андреа Џина, Урош Јанковиќ, Милош Лазаров, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша, Александра Ања Алач, Нада Мацанковиќ и Маја Ранџиќ. Иако „Лет над кукавичкото гнездо“ веќе 18 години е на репертоарот на Белградско драмско позориште и е изведене преку 250 пати, претставата секогаш се игра пред полна сала, а од актерите од првата постава се останати само Бјелогрлиќ и Даниел Сич. Наместо Марко Живиќ улогата на Мартини ја презеде Младен Совиљ, улогата на Чезвик ја игра познатиот актер Мима Караџиќ, кој во екипата е последниве две години, додека Слободан Бода Нинковиќ го игра поглавицата Бродмен, наместо починатиот Милорад Мандиќ-Манда. Претставата беше обновена во 2022 година и има своја магија, има некоја своја тајна и фантастична приказна, а пред се го има Драган Бјелогрлиќ кој со својот тален и силата на неговото уметничко битие ја води претставата долги години наназад. Прашањето за слободата е темелно за оваа претстава. [caption id="attachment_807589" align="alignnone" width="2268"] фото: Охридско лето[/caption]
Преставата е ода на слободата и со секое кратење на слободата во некој јавен простор во животот, претставата станува сѐ поактуелна, рече Бјелогрлиќ пред вечерашниот настап на „Охридско лето“.
„Лет над кукавичкото гнездо“ беше изведена и во Скопје во рамките на турнејата на Белградско народно позориште и тогаш претставата можеше да ја види и публиката во Подгорица, Загреб и Љубљана.

The post Стоечки овации за култната претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Драмскиот театар од Белград со „Лет над кукавичјото гнездо“ вечерва на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/dramskiot-teatar-od-belgrad-so-let-nad-kukavichjoto-gnezdo-vecherva-na-ohridsko-leto/ Sat, 17 Aug 2024 08:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=807419

Култната претстава „Лет над кукавичјото гнездо“ во изведба на бројна актерска екипа на Драмскиот театар од Белград вечерва за сладокусците на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето“.

Главниот лик во претставата Рендал МекМарфи го толкува актерот Драган Бјелогрлиќ,  добро познат на овие простори зад кого стојат бројни театарски и филмски улоги. За овој лик, од вечерашната драма Бјелогрлиќ во изјавата дадена за МИА рече дека таа улога веќе е дел од него...

Кога толкувате еден таков лик во претстава што толку долго е на сцената, тоа станува дел од вашиот живот. За оваа претстава повеќе не можам ниту да зборувам како за уметничко дело, туку како за дел од мојот живот. Кога и ќе го облечам косимот на МакМарфи, напросто станувам „Тој“, а кога ќе го соблечам костумот тој останува во мене...изјави Бјелогрлиќ.

За самата претстава што е напишана некаде во 60-тите години на минатиот век, рече дека е ода на слободата, дека таа добива на актуелност во секој миг кога има појави на скратување на слободите во општеството.

Појавите на масовно скратување на слободата во Србија, однеднаш повторно го оживуваат МекМарфи. Претставата и само по себе како е квалитетна, добра, опстојува, но секој миг на посегнување по слободите, по демократијата, само придонесува токму оваа претстава да остане актуелна на сцената, рече Бјелогрлиќ.

Актерот Мима Караџиќ рече дека многу ја сака улогата и претставата, која е вели, хит на белградската драмска сцена.

Тука сме прекрасна актерска екипа, уверен сум дека вечер ќе имаме една извонредно убава приказна. Публиката ќе ужива, рече тој.

Милица Зариќ вели дека оваа претстава е нешто повеќе од театарот, повеќе и од самиот живот...

Претставата за нас е многу значајна...Доживеа многу промени, а сепак опстана, што е еден од показателите дека е посилна од животот. Она што за мене е посебно важно за оваа претстава, тоа е тој колективитет, свртеноста на луѓето едни кон други што ни недостасува во овие времиња. Претстава осмислена да ја врати човечноста кај луѓето, емпатијата, некои работи на кои треба да се потсетиме и за што уметноста и постои и за што треба да служи, рече таа.

Актерот Слободан Нинковиќ кој во претставата го толкува ликот на индијанецот кој прозборува на самиот крај на приказната, вели дека се работи за таков тип претстава од која тешко е да се одвоиш...

Претставата за жал доживеа многу измени во актерскиот состав, многу од актерите на првата постава и веќе не се меѓу нас. Но, сепак, ценам дека претставата не што ништо нема загубено, дури можеби нешто и добила. Индијанецот кој го толкувам е ликот кој ја разрешува приказната, кој проговорува на самиот крај, за со главниот лик да ја завршиме претставата. Тој го претставува она што навистина се случило на неговиот народ во САД, да им е одземена земјата на домородните луѓе во Америка, да не смеат ниту да зборуваат...рече Нинковиќ кој првпат настапува пред публиката во Охрид, изразувајќи уверување дека публиката ќе ужива онолку колку што очекува да ужива и целокупната актерска екипа на Драмскиот театар од Белград.

Претставата „Лет над кукавичјото гнездо“ е драмски текст на Дејл Васерман, работен според роман на Кен Кесеј, а во режија на Жанко Томиќ.

На Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва од 21 часот уште ќе се појават актерите Предраг Бјелац, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Младен Совиљ, Јово Максиќ, Саво Радовиќ, Владан Милиќ, Андреа Џина, Урош Јанковиќ, Милош Лазаров, Зоран Ѓорѓевиќ, Ана Гаќеша, Александра Ања Алач и Неда Мацановиќ.

Потврда за големиот интерес за претставата е што билетите се целосно распродадени уште пред неколку дена. 

The post Драмскиот театар од Белград со „Лет над кукавичјото гнездо“ вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Култната претстава „Лет над кукавичјото гнездо“ во изведба на бројна актерска екипа на Драмскиот театар од Белград вечерва за сладокусците на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето“. Главниот лик во претставата Рендал МекМарфи го толкува актерот Драган Бјелогрлиќ,  добро познат на овие простори зад кого стојат бројни театарски и филмски улоги. За овој лик, од вечерашната драма Бјелогрлиќ во изјавата дадена за МИА рече дека таа улога веќе е дел од него...
Кога толкувате еден таков лик во претстава што толку долго е на сцената, тоа станува дел од вашиот живот. За оваа претстава повеќе не можам ниту да зборувам како за уметничко дело, туку како за дел од мојот живот. Кога и ќе го облечам косимот на МакМарфи, напросто станувам „Тој“, а кога ќе го соблечам костумот тој останува во мене...изјави Бјелогрлиќ.
За самата претстава што е напишана некаде во 60-тите години на минатиот век, рече дека е ода на слободата, дека таа добива на актуелност во секој миг кога има појави на скратување на слободите во општеството.
Појавите на масовно скратување на слободата во Србија, однеднаш повторно го оживуваат МекМарфи. Претставата и само по себе како е квалитетна, добра, опстојува, но секој миг на посегнување по слободите, по демократијата, само придонесува токму оваа претстава да остане актуелна на сцената, рече Бјелогрлиќ.
Актерот Мима Караџиќ рече дека многу ја сака улогата и претставата, која е вели, хит на белградската драмска сцена.
Тука сме прекрасна актерска екипа, уверен сум дека вечер ќе имаме една извонредно убава приказна. Публиката ќе ужива, рече тој.
Милица Зариќ вели дека оваа претстава е нешто повеќе од театарот, повеќе и од самиот живот...
Претставата за нас е многу значајна...Доживеа многу промени, а сепак опстана, што е еден од показателите дека е посилна од животот. Она што за мене е посебно важно за оваа претстава, тоа е тој колективитет, свртеноста на луѓето едни кон други што ни недостасува во овие времиња. Претстава осмислена да ја врати човечноста кај луѓето, емпатијата, некои работи на кои треба да се потсетиме и за што уметноста и постои и за што треба да служи, рече таа.
Актерот Слободан Нинковиќ кој во претставата го толкува ликот на индијанецот кој прозборува на самиот крај на приказната, вели дека се работи за таков тип претстава од која тешко е да се одвоиш...
Претставата за жал доживеа многу измени во актерскиот состав, многу од актерите на првата постава и веќе не се меѓу нас. Но, сепак, ценам дека претставата не што ништо нема загубено, дури можеби нешто и добила. Индијанецот кој го толкувам е ликот кој ја разрешува приказната, кој проговорува на самиот крај, за со главниот лик да ја завршиме претставата. Тој го претставува она што навистина се случило на неговиот народ во САД, да им е одземена земјата на домородните луѓе во Америка, да не смеат ниту да зборуваат...рече Нинковиќ кој првпат настапува пред публиката во Охрид, изразувајќи уверување дека публиката ќе ужива онолку колку што очекува да ужива и целокупната актерска екипа на Драмскиот театар од Белград.
Претставата „Лет над кукавичјото гнездо“ е драмски текст на Дејл Васерман, работен според роман на Кен Кесеј, а во режија на Жанко Томиќ. На Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва од 21 часот уште ќе се појават актерите Предраг Бјелац, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Младен Совиљ, Јово Максиќ, Саво Радовиќ, Владан Милиќ, Андреа Џина, Урош Јанковиќ, Милош Лазаров, Зоран Ѓорѓевиќ, Ана Гаќеша, Александра Ања Алач и Неда Мацановиќ. Потврда за големиот интерес за претставата е што билетите се целосно распродадени уште пред неколку дена. 

The post Драмскиот театар од Белград со „Лет над кукавичјото гнездо“ вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Француска вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Софија Вајан https://republika.mk/vesti/kultura/frantsuska-vecher-na-ohridsko-leto-so-pijanistkata-sofija-vajan/ Fri, 16 Aug 2024 06:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=807045

Француската вечер на „Охридско лето“ на вљубениците во класичната музика ќе им понуди несекојдневно естетско доживување со концертот на уметничката на пијаното Софија Вајан.

Софија Вајан е пијанистка со богато минато. Започнува да учи пијано во класата на Женевјев Ибанез, дипломира со највисоки оценки во класата на Пјер Понтие на Конзерваториумот во Лион, и продолжува да се усовршува на високата школа за музика „Гилхол“ во Лондон каде магистрира во класата на Пол Берковиц, ученик на легендарниот Рудолф Серкин. Студиите ја водат и во центарот „Банф“ во Канада, како и на универзитетот Стони-Брук во САД.

Учествува на семинари предводени од Ѓерги Себок, Бернард Гринхаус, Жан-Клод Пенетје, Александар Волков и др. Носителка е на награди и признанија на неколку меѓународни натпревари.

Репертоарот на оваа пијанистка е широк и содржи дела од барокниот период, па сè до дела на современи композитори (со особен акцент на новата француска композиторска школа). Фасцинирана од танго музиката, таа долго настапува со оркестарот на Хуан Седрон, но и во други групи кои ја изведуваат оваа музика. Во 2013 година ги започнува докторските студии на Универзитетот во Париз „Сен Дени“ со тема посветена на музичката интерпретација на дела за пијано и електроника.

Настапува како солист и камерен музичар во „Концертгебау“ во Амстердам, во Париз, Украина, Италија, Германија, Унгарија, Венецуела и САД. Таа е и уметнички раководител на фестивал во Северна Франција, претседател е на организацијата „Жени во музиката“ и предава на Конзерваториумот „Фредерик Шопен“ во Париз.

За француската вечер резервирана е сцената на Катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот. На програмата се избрани дела за пијано на К. Шуман, Моцарт, Лист, Дебиси, Рамо, Шопен.

The post Француска вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Софија Вајан appeared first on Република.

]]>

Француската вечер на „Охридско лето“ на вљубениците во класичната музика ќе им понуди несекојдневно естетско доживување со концертот на уметничката на пијаното Софија Вајан. Софија Вајан е пијанистка со богато минато. Започнува да учи пијано во класата на Женевјев Ибанез, дипломира со највисоки оценки во класата на Пјер Понтие на Конзерваториумот во Лион, и продолжува да се усовршува на високата школа за музика „Гилхол“ во Лондон каде магистрира во класата на Пол Берковиц, ученик на легендарниот Рудолф Серкин. Студиите ја водат и во центарот „Банф“ во Канада, како и на универзитетот Стони-Брук во САД. Учествува на семинари предводени од Ѓерги Себок, Бернард Гринхаус, Жан-Клод Пенетје, Александар Волков и др. Носителка е на награди и признанија на неколку меѓународни натпревари. Репертоарот на оваа пијанистка е широк и содржи дела од барокниот период, па сè до дела на современи композитори (со особен акцент на новата француска композиторска школа). Фасцинирана од танго музиката, таа долго настапува со оркестарот на Хуан Седрон, но и во други групи кои ја изведуваат оваа музика. Во 2013 година ги започнува докторските студии на Универзитетот во Париз „Сен Дени“ со тема посветена на музичката интерпретација на дела за пијано и електроника. Настапува како солист и камерен музичар во „Концертгебау“ во Амстердам, во Париз, Украина, Италија, Германија, Унгарија, Венецуела и САД. Таа е и уметнички раководител на фестивал во Северна Франција, претседател е на организацијата „Жени во музиката“ и предава на Конзерваториумот „Фредерик Шопен“ во Париз. За француската вечер резервирана е сцената на Катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот. На програмата се избрани дела за пијано на К. Шуман, Моцарт, Лист, Дебиси, Рамо, Шопен.  

The post Француска вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Софија Вајан appeared first on Република.

]]>
Вечер за паметење на полските пијанистки Ана Миерник и Јоана Сохачка на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecher-za-pametene-na-polskite-pijanistki-ana-miernik-i-joana-sohachka-na-ohridsko-leto/ Thu, 15 Aug 2024 11:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=806877

Традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер под сводовите на црквата „Света Софија“ донесе концерт за четирирачно пијано со уметниците Ана Миерник и Јоана Сохачка.

На репертоарот беа внимателно одбрани композиции од Роберт Шуман, Петар Илич Чајковски, Игор Стравински, Сергеј Рахмањинов и од полскиот композитор Јан Падеревски, а прекрасната вечер беше заокружена со познатата композиција „Либертанго“ од Астор Пјацола.

Пијанистката Јоана Сохачка, стручната критика ја опишува како уметник кој „Не само што свири, туку и живее во музиката“. Таа е пијанистка која ги истражува звучните светови со интелигенција и пијанистичка култура.

-За репертоарот се потрудивме да одбереме дела кои ги сакаме, но и дела кои се интересни за публиката. Бидејќи настапуваме на Полската вечер на фестивалот, сакавме да вметнеме и полски композитор и затоа го ставивме и Падеревски, вели пијанистката Сохачка која првпат настапува на фестивалот „Охридско лето“.

Пијанистката Ана Миерник вторпат се претставува пред фестивалската публика и вели дека секое доаѓање за неа претставува огромно задоволство.

-Како што паметам од минатиот пат, црквата има неверојатна акустика, особено за пијано. Додека ги одржувавме пробите во црквата влегуваа и туристички групи преку чии водичи имав можност да научам повеќе за овдешната историја. Ваквите места како што е црквата „Света Софија“, комбинирани со видот на делото можат да бидат многу инспирирачки за еден уметник.

Години наназад, „Охридско лето“ заедно со Амбасадата на Република Полска и Почесниот конзулат на Република Полска во Охрид организираат Полска вечер во рамки на фестивалската програма, со настапи и концерти на реномирани уметници и музичари од Полска.

The post Вечер за паметење на полските пијанистки Ана Миерник и Јоана Сохачка на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер под сводовите на црквата „Света Софија“ донесе концерт за четирирачно пијано со уметниците Ана Миерник и Јоана Сохачка. На репертоарот беа внимателно одбрани композиции од Роберт Шуман, Петар Илич Чајковски, Игор Стравински, Сергеј Рахмањинов и од полскиот композитор Јан Падеревски, а прекрасната вечер беше заокружена со познатата композиција „Либертанго“ од Астор Пјацола. Пијанистката Јоана Сохачка, стручната критика ја опишува како уметник кој „Не само што свири, туку и живее во музиката“. Таа е пијанистка која ги истражува звучните светови со интелигенција и пијанистичка култура. -За репертоарот се потрудивме да одбереме дела кои ги сакаме, но и дела кои се интересни за публиката. Бидејќи настапуваме на Полската вечер на фестивалот, сакавме да вметнеме и полски композитор и затоа го ставивме и Падеревски, вели пијанистката Сохачка која првпат настапува на фестивалот „Охридско лето“. Пијанистката Ана Миерник вторпат се претставува пред фестивалската публика и вели дека секое доаѓање за неа претставува огромно задоволство. -Како што паметам од минатиот пат, црквата има неверојатна акустика, особено за пијано. Додека ги одржувавме пробите во црквата влегуваа и туристички групи преку чии водичи имав можност да научам повеќе за овдешната историја. Ваквите места како што е црквата „Света Софија“, комбинирани со видот на делото можат да бидат многу инспирирачки за еден уметник. Години наназад, „Охридско лето“ заедно со Амбасадата на Република Полска и Почесниот конзулат на Република Полска во Охрид организираат Полска вечер во рамки на фестивалската програма, со настапи и концерти на реномирани уметници и музичари од Полска.

The post Вечер за паметење на полските пијанистки Ана Миерник и Јоана Сохачка на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Француска вечер на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/frantsuska-vecher-na-ohridsko-leto/ Thu, 15 Aug 2024 09:10:49 +0000 https://republika.mk/?p=806752

Утре во 21 часот во Црква „Св. Софија“ во Охрид, во рамките на Охридско Лето, ќе се одржи рецитал на пијанистката Софија Вајан.

Софија Вајан е пијанистка со богато минато. Започнува да учи пијано во класата на Женевјев Ибанез, дипломира со највисоки оценки во класата на Пјер Понтие на Конзерваториумот во Лион, и продолжува да се усовршува на високата школа за музика „Гилхол“ во Лондон каде магистрира во класата на Пол Берковиц, ученик на легендарниот Рудолф Серкин, а студиите ја водат и во центарот „Банф“ во Канада, како и на универзитетот Стони-Брук во САД. Учествува на семинари предводени од Ѓерги Себок, Бернард Гринхаус, Жан-Клод Пенетје, Александар Волков и др. Носителка е на награди и признанија на неколку меѓународни натпревари. Репертоарот на оваа пијанистка е широк и содржи дела од барокниот период, па сè до дела на современи композитори (со особен акцент на новата француска композиторска школа). Фасцинирана од танго музиката, таа долго настапува со оркестарот на Хуан Седрон, но и во други групи кои ја изведуваат оваа музика. Во 2013 година ги започнува докторските студии на Универзитетот во Париз „Сен Дени“ со тема посветена на музичката интерпретација на дела за пијано и електроника. Настапува како солист и камерен музичар во „Концертгебау“ во Амстердам, во Париз, Украина, Италија, Германија, Унгарија, Венецуела и САД. Таа е и уметнички раководител на фестивал во Северна Франција, претседател е на организацијата „Жени во музиката“ и предава на Конзерваториумот „Фредерик Шопен“ во Париз.

The post Француска вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Утре во 21 часот во Црква „Св. Софија“ во Охрид, во рамките на Охридско Лето, ќе се одржи рецитал на пијанистката Софија Вајан. Софија Вајан е пијанистка со богато минато. Започнува да учи пијано во класата на Женевјев Ибанез, дипломира со највисоки оценки во класата на Пјер Понтие на Конзерваториумот во Лион, и продолжува да се усовршува на високата школа за музика „Гилхол“ во Лондон каде магистрира во класата на Пол Берковиц, ученик на легендарниот Рудолф Серкин, а студиите ја водат и во центарот „Банф“ во Канада, како и на универзитетот Стони-Брук во САД. Учествува на семинари предводени од Ѓерги Себок, Бернард Гринхаус, Жан-Клод Пенетје, Александар Волков и др. Носителка е на награди и признанија на неколку меѓународни натпревари. Репертоарот на оваа пијанистка е широк и содржи дела од барокниот период, па сè до дела на современи композитори (со особен акцент на новата француска композиторска школа). Фасцинирана од танго музиката, таа долго настапува со оркестарот на Хуан Седрон, но и во други групи кои ја изведуваат оваа музика. Во 2013 година ги започнува докторските студии на Универзитетот во Париз „Сен Дени“ со тема посветена на музичката интерпретација на дела за пијано и електроника. Настапува како солист и камерен музичар во „Концертгебау“ во Амстердам, во Париз, Украина, Италија, Германија, Унгарија, Венецуела и САД. Таа е и уметнички раководител на фестивал во Северна Франција, претседател е на организацијата „Жени во музиката“ и предава на Конзерваториумот „Фредерик Шопен“ во Париз.  

The post Француска вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Концерт за четирирачно пијано со Ана Миерник и Јоана Сохачка од Полска https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-za-chetirirachno-pijano-so-ana-miernik-i-joana-sohachka-od-polska/ Wed, 14 Aug 2024 07:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=806324

Концерт за четирирачно пијано ќе се одржи вечерва во 21 часoт во црквата „Св. Софија“ во рамките на фестивалот Охридско лето. Ќе настапат пијанистиките Ана Миерник и Јоана Сохачка.

Миерник настапувала на пет континенти и во 38 земји во светот. Во 2015 година настапила во Карнеги Хол во Њујорк во салата за рецитали „Вајл“. Одржува концерти во престижни концертни сали како во Сиднејската опера, Националниот театар во Лима, Палатата „Белес Артес“ во Мексико и др. Како дел од програмата „Ел Система“ настапува со симфонискиот оркестар „Хуан Хосе Ландаета“, како и со Националниот симфониски оркестар во Аргенитна, Државниот оркестар во Мексико, оркестарот во Јукатан, Црногорскиот симфониски оркестар, Оркестарот на РТВ Албанија, Филхармонијата во Марчигиана, како и повеќе оркестри во Полска, Аргентина, Шпанија, Бугарија, Венецуела и Перу. Настапувала во Отава и Калгари во Канада, во Канбера, Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн и Перт во Австралија, Велингтон во Нов Зеланд, во Виена, Париз, Рим, Бари, Мајами, Сао Паоло, Бразилија, Буенос Аирес, Богота, Лима и Сантијаго де Чиле.

Јоана Сохачка веќе ја има освоено публиката во многу земји Англија, Франција, Австрија, Бугарија, Германија, Чешка, Шпанија, Швајцарија, Естонија, Холандија, Италија, Молдавија, Израел. Настапувала во престижни концертни сали како Карнеги Хол во Њујорк, Националниот форум за музика во Вроцлав, Ројал Алберт Хол во Лондон, Бетовен хаус во Бон, Националната филхармонија во Кишињев, Националната филхармонија во Варшава. Јоана е носителка на награди и признанија од повеќе од 30 меѓународни натпревари за пијано во Англија, САД, Естонија, Франција, Германија, Австрија, Унгарија, а во 2019 година се закитува со прва награда и со сите специјални награди на натпреварот за пијанисти во Падова, Италија.

The post Концерт за четирирачно пијано со Ана Миерник и Јоана Сохачка од Полска appeared first on Република.

]]>

Концерт за четирирачно пијано ќе се одржи вечерва во 21 часoт во црквата „Св. Софија“ во рамките на фестивалот Охридско лето. Ќе настапат пијанистиките Ана Миерник и Јоана Сохачка. Миерник настапувала на пет континенти и во 38 земји во светот. Во 2015 година настапила во Карнеги Хол во Њујорк во салата за рецитали „Вајл“. Одржува концерти во престижни концертни сали како во Сиднејската опера, Националниот театар во Лима, Палатата „Белес Артес“ во Мексико и др. Како дел од програмата „Ел Система“ настапува со симфонискиот оркестар „Хуан Хосе Ландаета“, како и со Националниот симфониски оркестар во Аргенитна, Државниот оркестар во Мексико, оркестарот во Јукатан, Црногорскиот симфониски оркестар, Оркестарот на РТВ Албанија, Филхармонијата во Марчигиана, како и повеќе оркестри во Полска, Аргентина, Шпанија, Бугарија, Венецуела и Перу. Настапувала во Отава и Калгари во Канада, во Канбера, Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн и Перт во Австралија, Велингтон во Нов Зеланд, во Виена, Париз, Рим, Бари, Мајами, Сао Паоло, Бразилија, Буенос Аирес, Богота, Лима и Сантијаго де Чиле. Јоана Сохачка веќе ја има освоено публиката во многу земји Англија, Франција, Австрија, Бугарија, Германија, Чешка, Шпанија, Швајцарија, Естонија, Холандија, Италија, Молдавија, Израел. Настапувала во престижни концертни сали како Карнеги Хол во Њујорк, Националниот форум за музика во Вроцлав, Ројал Алберт Хол во Лондон, Бетовен хаус во Бон, Националната филхармонија во Кишињев, Националната филхармонија во Варшава. Јоана е носителка на награди и признанија од повеќе од 30 меѓународни натпревари за пијано во Англија, САД, Естонија, Франција, Германија, Австрија, Унгарија, а во 2019 година се закитува со прва награда и со сите специјални награди на натпреварот за пијанисти во Падова, Италија.  

The post Концерт за четирирачно пијано со Ана Миерник и Јоана Сохачка од Полска appeared first on Република.

]]>
Завршен концерт на семинарот по виолина предводен од Емилио Перцан во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/zavrshen-kontsert-na-seminarot-po-violina-predvoden-od-emilio-pertsan-vo-ohrid/ Tue, 13 Aug 2024 06:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=806010

Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан што постои 15 години, денеска во 17 часот, во Света Софија ќе организира завршен концерт. Настапот е во рамките на Охридско лето.

Првите три години се одржува во Истра, Р. Хрватска, за од 2014 година со поддршка на Министерството за култура на Македонија и на градот Охрид, да продолжи да се одржува во Охрид. Семинарот го посетуваат млади виолинисти од Русија, Германија, Австрија, Хрватска, Грција, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и земјава, а досега на семинарите учествувале повеќе од 150 ученици и студенти од овие и други земји. На семинарите, исто така, редовно учествуваат педагози и изведувачи, професионални музичари кои доаѓаат на усовршување. Како дел од семинарот традиционално се организираат и завршни концерти на најуспешните учесници, па така и оваа година тие ќе се претстават со концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Македонскиот виолинист Емилио Перцан има активна педагошка и изведувачка кариера и соработува со уметници како: Викторија Мулова, Даниел Хоуп, Кент Нагано, Чен Реис, Рафаела Миланези, Михаел Рол, Јулија Лежнева, Ксавиер де Местре и др. Преку различни ангажмани Перцан настапува во најпознатите сали и на најпознатите фестивали низ светот како: салата на Берлинската филхармонија, салата на фестивалот во Баден-Баден, Оперската сала во Токио, концертната сала во Сао Паоло итн. Снима за дискографските куќи Deutsche Gramophone, Sony, Decca, Harmonia Mundi, Pan Classics, Onyx Classics. Од март 2015 година предава виолина на Универзитетот за уметност во Грац – Австрија, а од октомври 2020 година и на универзитетот „Калаидос“ во Цирих. Држи семинари по виолина, виола, камерна музика и предавања по историска изведба, методика во Германија( Schloss Akademie Hamburg), Русија (Чајковски конзерваториум, Гнесинска академија, Иполитовски институт), Австрија(Gifted in music), Италија, Киргистан, Украина итн. Неговите студенти се добитници на повеќе од 150 меѓународни награди.

Пијанистката Тамила Гулијева дипломира и магистрира со почести на музичката академија во Баку (Азербејџан), а продолжува да се усовршува на Универзитетот Фолкванг во Есен, каде од 2007 година е ангажирана и како предавач. Гулијева е добитничка на повеќе награди меѓу кои прва награда на националниот Фестивал за млади пијанисти и награда за Најдобар пијано-соработник во 1999 година. Со рецитали настапува како солист,но и со симфониски и камерни оркестри, а е официјален пијано соработник на мајсторските курсеви на Мстислав Ростропович, Табеа Цимерман, Квартетот „Форе“ и др.

The post Завршен концерт на семинарот по виолина предводен од Емилио Перцан во Охрид appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан што постои 15 години, денеска во 17 часот, во Света Софија ќе организира завршен концерт. Настапот е во рамките на Охридско лето. Првите три години се одржува во Истра, Р. Хрватска, за од 2014 година со поддршка на Министерството за култура на Македонија и на градот Охрид, да продолжи да се одржува во Охрид. Семинарот го посетуваат млади виолинисти од Русија, Германија, Австрија, Хрватска, Грција, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и земјава, а досега на семинарите учествувале повеќе од 150 ученици и студенти од овие и други земји. На семинарите, исто така, редовно учествуваат педагози и изведувачи, професионални музичари кои доаѓаат на усовршување. Како дел од семинарот традиционално се организираат и завршни концерти на најуспешните учесници, па така и оваа година тие ќе се претстават со концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Македонскиот виолинист Емилио Перцан има активна педагошка и изведувачка кариера и соработува со уметници како: Викторија Мулова, Даниел Хоуп, Кент Нагано, Чен Реис, Рафаела Миланези, Михаел Рол, Јулија Лежнева, Ксавиер де Местре и др. Преку различни ангажмани Перцан настапува во најпознатите сали и на најпознатите фестивали низ светот како: салата на Берлинската филхармонија, салата на фестивалот во Баден-Баден, Оперската сала во Токио, концертната сала во Сао Паоло итн. Снима за дискографските куќи Deutsche Gramophone, Sony, Decca, Harmonia Mundi, Pan Classics, Onyx Classics. Од март 2015 година предава виолина на Универзитетот за уметност во Грац – Австрија, а од октомври 2020 година и на универзитетот „Калаидос“ во Цирих. Држи семинари по виолина, виола, камерна музика и предавања по историска изведба, методика во Германија( Schloss Akademie Hamburg), Русија (Чајковски конзерваториум, Гнесинска академија, Иполитовски институт), Австрија(Gifted in music), Италија, Киргистан, Украина итн. Неговите студенти се добитници на повеќе од 150 меѓународни награди. Пијанистката Тамила Гулијева дипломира и магистрира со почести на музичката академија во Баку (Азербејџан), а продолжува да се усовршува на Универзитетот Фолкванг во Есен, каде од 2007 година е ангажирана и како предавач. Гулијева е добитничка на повеќе награди меѓу кои прва награда на националниот Фестивал за млади пијанисти и награда за Најдобар пијано-соработник во 1999 година. Со рецитали настапува како солист,но и со симфониски и камерни оркестри, а е официјален пијано соработник на мајсторските курсеви на Мстислав Ростропович, Табеа Цимерман, Квартетот „Форе“ и др.

The post Завршен концерт на семинарот по виолина предводен од Емилио Перцан во Охрид appeared first on Република.

]]>
Во црквата „Света Софија“  одекна  прекрасниот глас  на Ванже Жанг https://republika.mk/vesti/kultura/vo-tsrkvata-sveta-sofija-odekna-prekrasniot-glas-na-vanzhe-zhang/ Mon, 12 Aug 2024 09:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=805767

Кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ  вчеравечер одржаа концерт во рамките на музичкиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“.

Во црквата „Света Софија“  одекна  прекрасниот глас  на Жанг во пијано придружба  на нејзиниот колега Синадиновиќ кој остварува настапи  во престижни концертни сали.

-Навистина поминавме прекрасна вечер. Јас ги сакам Македонците и Македонија затоа што целото детство го поминав во Скопје. Тоа е многу емотивна врска и овде секогаш се  чувствувам како дома, па дури  по малку и зборувам македонски. Но што се однесува до концертот на „Охридско лето“, тој е  еден од низата кои јас и госпоѓата Ванже Жанг ги организираме. Следува голема турнеја низ  Европа и се надевам дека ваквото темпо ќе продолжи затоа што сметам дека имаме што да понудиме. Таа е навистина извонреден пејач, вели пијанистот Синадиновиќ.

Двајцата уметници имаат свои кариери, но  соработуваат околу пет години.

-Јас сум професор на академија, но секогаш кога времето ќе ми дозволи правиме различни концерти низ целиот свет, Кина, САД, Европа..., додава пијанистот Синадиновиќ.

Ванже Жанг е истакната кинеска сопранистка чија вонвременска убавина на нејзиниот глас ги надминува географските граници.  Како прва кинеска носителка на главна ролја во Белградската опера, Жанг е визионер и голем поборник за културна размена и образование на младите. Преку нејзиното делување како претседател на Фондацијата „Universal Artists“ и заменик претседател на Кинеско – српскиот центар за научна и културна размена, таа е предводник на иницијативата зa соработка помеѓу Далечниот исток и Западот преку универзалниот јазик на музиката.

Дејан Синадиновиќ е пијанист и професор на Факултетот за музичка уметност во Белград. Преку педагошките влијанија на неговите професори Арбо Валдма и Елисо Вирсаладзе тој е поврзан со значајните традиции на Артур Шнабел од една, и на Јаков Зак и Хајнријх Нојхаус од друга страна.Остварува настапи во престижни концертни сали одржувајќи преку 100 рецитали на фестивали во Италија, Франција, Шпанија, Полска, Германија, Белгија, Швајцарија, Англија, Црна Гора, Грција, Северен Кипар, Турција, Данска, Романија, Русија како и во САД, Канада и Кина.

The post Во црквата „Света Софија“  одекна  прекрасниот глас  на Ванже Жанг appeared first on Република.

]]>

Кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ  вчеравечер одржаа концерт во рамките на музичкиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“  одекна  прекрасниот глас  на Жанг во пијано придружба  на нејзиниот колега Синадиновиќ кој остварува настапи  во престижни концертни сали. -Навистина поминавме прекрасна вечер. Јас ги сакам Македонците и Македонија затоа што целото детство го поминав во Скопје. Тоа е многу емотивна врска и овде секогаш се  чувствувам како дома, па дури  по малку и зборувам македонски. Но што се однесува до концертот на „Охридско лето“, тој е  еден од низата кои јас и госпоѓата Ванже Жанг ги организираме. Следува голема турнеја низ  Европа и се надевам дека ваквото темпо ќе продолжи затоа што сметам дека имаме што да понудиме. Таа е навистина извонреден пејач, вели пијанистот Синадиновиќ. Двајцата уметници имаат свои кариери, но  соработуваат околу пет години. -Јас сум професор на академија, но секогаш кога времето ќе ми дозволи правиме различни концерти низ целиот свет, Кина, САД, Европа..., додава пијанистот Синадиновиќ. Ванже Жанг е истакната кинеска сопранистка чија вонвременска убавина на нејзиниот глас ги надминува географските граници.  Како прва кинеска носителка на главна ролја во Белградската опера, Жанг е визионер и голем поборник за културна размена и образование на младите. Преку нејзиното делување како претседател на Фондацијата „Universal Artists“ и заменик претседател на Кинеско – српскиот центар за научна и културна размена, таа е предводник на иницијативата зa соработка помеѓу Далечниот исток и Западот преку универзалниот јазик на музиката. Дејан Синадиновиќ е пијанист и професор на Факултетот за музичка уметност во Белград. Преку педагошките влијанија на неговите професори Арбо Валдма и Елисо Вирсаладзе тој е поврзан со значајните традиции на Артур Шнабел од една, и на Јаков Зак и Хајнријх Нојхаус од друга страна.Остварува настапи во престижни концертни сали одржувајќи преку 100 рецитали на фестивали во Италија, Франција, Шпанија, Полска, Германија, Белгија, Швајцарија, Англија, Црна Гора, Грција, Северен Кипар, Турција, Данска, Романија, Русија како и во САД, Канада и Кина.

The post Во црквата „Света Софија“  одекна  прекрасниот глас  на Ванже Жанг appeared first on Република.

]]>